Патријахално воспитан и шовинистички настроен дечко

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од amyleee666, 19 август 2011.

  1. amyleee666

    amyleee666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    хи прв пост :)
    имам еден проблем идам со дечково 10 месеци ама сме тотално два различни света тој постојано се труди да ме смени као демек тоа ќе било подобро за мене тој знаел се знаел што треба да правам во животот едноставно сака да ме промени од корен. Вчера зборевме за брак онака општо ми вика дека на жената местото и е у кујна и треба да го служи мажот требала да му готви да му чисти да му чува деца да му мие нозе и незнам уште што а за кариера според него секоја жена треба да се е*е за да постигне нешто затоа што е жена и неможе поинаку. А јас не сум како него имам сосема поразлични ставови и за живот и за се општо неможам да го поднесам тоа што ми го збори. Плус тоа тој смее да има другарки а јас несмеаам да имам другари зашто сум била женско и немало да можам да се контролирам и ќе сум се еб*ела со нив (се извинувам на изразиве) а не сум таква тој е единствен дечко со кој сум имала односи невина бев до пред некој месец. Поентава е дека ми треба совет не сакам да бидам со таков цовек неможам да го поднесам понекогаш ама го сакам многу и неможам да му раскинам неможам ни со него а неможам ни без него. Друга работа е што еден друг дечко веќе неколку месеци ме моли да му раскинам на овој бидам бидам со него.Незнам дали да почнам нова врска или да останам во оваа ве молам девојки за совет, ве молам
     
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    49.073
    Пол:
    Женски
    премногу патријахално воспитан и шовинистички настроен дечко

    Леле имам еден ист ваков другар како овој дечко ти што го опишуваш...
    Цел живот колку што го знам, се карам со него поради ваквите размислувања...
    Мене коса ми се крева од вакви машки искрено и не сум му преќутувала дека по грдо размислување не може да има....
    Сум му објаснувала на секаков можен начин дека „умре тоа време“... И никако не сфаќа....
    Ваквите машки, според мене ти се страшно тврдоглави створења и се водат според тоа што го виделе дома!!!!
    не ти сугерирам да му раскинеш, ама ако стварно ти смета таквото размислување и не размислуваш така, со тек на време нема да се подобри неговото мислење, само тебе ќе ти смета се повеќе и повеќе неговото....
    Ако мислиш дека ќе можеш... продолжи со него!
     
  3. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    716
    премногу патријахално воспитан и шовинистички настроен дечко

    Јас ова за ништо не би можела да да го истрпам. Друго немам што да додадам, одлуката е твоја. Ете лично јас ни месец дена не би издржала со ваков тип. Он ти попува цело време над глава, тебе те смета за глупава, а со извинение ако дозволуваш он да ти кажува што и како да правиш, глупава и си. Женски сме, ама не сме робови и никој, ама буквално никој не смее нешто да ни брани заради родот.
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.318
    премногу патријахално воспитан и шовинистички настроен дечко

    Девојче, најискрено ти велам, бегај од дечково што побргу.Мислиш дека не можеш без него зашто ти бил прв и претпоставувам звезди ти симнува, ама биди разумна и разбери дека дечково нема шанси да го смениш.Ме радува што си паметна да заклучиш дека размислувањата не му се во ред и што си свесна дека не сакаш така да го живееш животот.

    Уште еднаш ќе ти речам, бегај, не си ја троши младоста на вакви глупави муабети кои недај боже може да ти ги внесе во глава ;) Ако останеш со него животот ќе ти биде баш како што он ти го раскажал, додека он ќе шета и ужива со жени, друштво по цели денови и ноќи.Убаво кажи му дека имате различни сфаќања и дека ти не можеш да живееш така како што тој замислил :)
     
    На sesilija, BoaVista и Panicarka им се допаѓа ова.
  5. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    86
    Премногу патријахално воспитан и шовинистички настроен дечко

    За мене твојот дечко е малку заостанат, без да се навредиш. Во денешен 21 век сите машки сакаат цивилизирана и образована жена да ги прати во животот, а не некоја од времето на баба ми од куќен праг понатака што не видела. Мислам, ало, жените со кариера се ебеле за да дојдат до тоа ниво??? Па во кој свет тој живи??? Ако има толку забегани мислења, па тогаш нека си фати некоја со основно или четврто одд и нека му изнароди едно стадо деца и баш си го средил животот...Боже!!
    Најдобро ти застани и зборувај со него. Едноставно кажи му ги твоте ставови за животот, твоите планови и гледишта. Дај му до знаење дека не може да те промени, секој си има свое мислење во животот и право на свој избор. Ако те сака, тогаш ќе те прифати таква каква што си со сите мани и доблести. Ако сака да биде со тебе, ќе се научи да го почитува твоето мислење и твоите цели во животот и ќе се помири со тоа дека не може да те контролира, па ќе смени нешто кај него да се усклади со тебе. Ти ни на крај памет да си ги занемариш твоите желби и планови во животот. Освен ако не сакаш да бидеш домаќинка и да му изиграваш измеќарка на некој неизживеан. Ако не се вразуми, раскини му и ослободи се од овој. Со среќа
    Позз
     
    На sonce777, Madonna, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. amyleee666

    amyleee666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Премногу патријахално воспитан и шовинистички настроен дечко

    баш како што викаш тој гледа дома неговите што прават сака да биде како татко му ист. а кај него дома мајка му трча цел ден го служи татко му иде на работа тој цел ден дома лежи оваа доѓа нозе му мие јадење му прави. се што ќе каже татко му е заповед на мајка му ама она се буквално. Јас тоа неможам да го поднесам. Па уште дечко ми вика дека не сум го заслужувала немало да му бидам добра жена ќе сум пропаднела во животот немало да успеам зашто не сум како мајка му. А факт е дека сум 100 пати подобра од него тој ни школо неможа да заврши поради некои негови глупи сваќања. Не можам да го поднесам ама многу го сакам.
     
  7. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Зарем сеуште не се истребени таквите размислувања?
    Па ти зошто го сакаш тој човек ако веќе сите тие работи не ти се допаѓаат кај него?
    Ајде кажи ни, наведи ни некои причини, што е тоа што те привлекува кај него?
    Не си можела без него, како да не. Проба да бидеш без него? -Не. Тогаш не зборувај на празно.
    Ако имате толку различни размислувања, од оваа врска можат да излезат само нервози, ништо друго.
     
    На anu666ka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.812
    Пол:
    Женски
    Премногу патријахално воспитан и шовинистички настроен дечко

    А кој е тој така да ти зборува и општо да не вреѓа нас како женски.... значи ние според него само за задоволување на машките потреби сме.... е не може така, ти треба да му докажеш дека не е така и да му речеш дека денес жените чесно заработуваат и тоа го прават многу подобро од мажите. Ако ти префрла така постојано и не можеш да го трпиш излези со другиот можеби ќе ти се допадне и ќе му дадеш шанса :)
     
  9. amyleee666

    amyleee666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Премногу патријахално воспитан и шовинистички настроен дечко

    незнам зашто го сакам незнам зашто сакам да бидам со него некоаш толку успева да ме изнервира што неможам да го поднесам. Ние сме сосема два различни света. А мене никој нема да успее да ме промени тој тоа го знае
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.707
    Премногу патријахално воспитан и шовинистички настроен дечко

    Мене косата ми се крева од вакви заостанати размислувања и многу се нервирам кога ќе слушнам ваков став, од било кој...
    Мој совет е да се тргнеш од него, и покрај тоа што тврдиш дека го сакаш. Тешко дека некогаш ќе го промени неговото заостанато размислување, а ако ти останеш со него во врска многу е веројатно да трпиш разни забрани и навреди, а никој тоа не го заслужува!
     
  11. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    197
    Премногу патријахално воспитан и шовинистички настроен дечко

    Како може да го сакаш? Ако толку си спротивна од него и те нервираат неговите размислувања тогаш неможеш да го сакаш. Можеби на почеток не си ја покажувал оваа страна, па тебе ти останала таа слика за него и ти тоа го сакаш , а не неговиот вистински карактер. Ако сакаш цел живот камо да му готвиш и переш и да чуваш деца, но и да заборавиш на искачање, на работа , на шопинг и на такви работи , тогаш ок , остани со него.
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.669
    Допаѓања:
    58.841
    Ајде де, девојчето ни е глупаво, ни е смотано. Нека го фрли прва каменот, таа што никогаш не згрешила во изборот на љубовта!

    Првата добра работа е што почнуваш да сфаќаш каков е. Верувај дека со тек на време ќе ти се одмили, нема да сакаш да го гушнеш. Колку повеќе го запознаваш, толку повеќе мааните му испаѓаат на виделина. И ова уствари неговово не е маана, туку е терсен карактер. Да го промениш нема. Од искуство. Ставам потпис дека овој нема да се промени, ами ќе си најде некоја женичка по негов терк. Па двајцата заедно ќе си живуркаат во нивниот совршен свет.

    Не сакам да навлегувам во тоа како си го засакала и дали го сакаш. Лесно е да засакаш некој, како што разбрав, неколку месеци сте заедно... Сите знаеме какви се почетоците на врските, се што лета се јаде и слично. Плус си сигурно многу емотивно поврзана за него како ,,прв,, ама тоа не треба да ти биде никаква причина да останеш со него. Овде, ќе ти дадам еден совет од брат ЕлеМентал, го прочитав пред некој ден - Мачок, без сваког се може. ;)

    И на крај, од лично искуство со еден ваков дечко, ти кажувам да бегаш што подалеку од него. Работите ќе стануваат се полоши и полоши. Никој не заслужува таков став спрема самата негова личност, а потоа и спрема неговиот пол. Па тој бре, будала ако има ќерки, зарем ќе сака неговите деца така да ги третираат ?! Мирно раскини му, објасни што и како и готово. Колку повеќе чекаш, толку покомплицирано ќе биде.
     
    На Hopeful, marama, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.537
    Ако останеш со него, можеш да бидеш сигурна во една работа - неговото размислување никогаш нема да се промени. Унга - бунга фраери со кромањонски менталитет никогаш нема да си ги осовременат размислувањата.

    Ако тебе ти одговара да бидеш деградирана и омаловажувана само затоа што си сопственик на женски полов орган, тогаш остани со него. Колку и да е тажно, има жени што си го пронаоѓаат местото исклучиво во кујна, пред даска за пеглање и како машина за бебиња.

    Ако не ти одговара, батали го веднаш.
     
    На JoxyTheFreak и XMaN им се допаѓа ова.
  14. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    75
    о душо!!!слушај сеа повозрасни од тебе-млада си батали го тој нема да се смени никогаш ама баш никогаш!
    тој уште сега те третира вака ам шо кога ке сте во брак????????????сега ти смета неговото размислување ами тогаш????????
    жал ми е што велиш дека го сакаш...можда дека ти е прв озбилен дечко што си имала односи ама то не е решение кога веке не ти се допага неговото размислување....
    незнам само како покрај такво мислење не ти рекол дека треба да си невина до прва брачна нок??????
    според мене седни го и на мирен начин објасни му дека иако го сакаш немаш иднина каква што си посакуваш со него..па после фино лепо фати си некој по цивилизиран дечко и види ја разликата....па ке се одлучиш што сакаш........
    секое добро ти посакувам и што и да одлучиш........ :)
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.897
    [​IMG]
    Овој дефинитивно има дома слика од Тито во аголот од ѕидот, рака во оган ставам :D Ај Господе, нозете да му ги миеш? Стави му доместос внатре или солна киселина кога ќе решиш да му ги миеш. Сериозно незнаев дека постојат овакви со сфаќања од времето на Тито, некогаш знам да се пошегувам на таа сметка ама ова е дефинитивно досега нечуено за новите времиња сеуште да постојат такви сфаќања и тоа од млад човек. Ај да е некој 50 годишен ќе сфатам - живеел во тоа време, ама млад човек да ги има тие сфаќања неможам да се изначудам.
     
    На anu666ka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.644
    Абе ти да не идеш со мојот бивши? :rofl:
    И тој беше таков, за него секоја жена која има кариера, која има пријатели, која излегува, се дружи и социјализира е к*рва. Арни се само оние што не излегуваат од дома, оние за кои мажот е светост, а тенџерињата, пеглата и машината за перење-најдобри пријателки.

    Стави крај на таквата врска, нема ништо добро да произлезе од тоа, прво што никогаш нема да те подржува кога ќе сакаш да инвестираш во твојата иднина, туку цело време ќе те уназадува. Второ и кога би била во брак со него, тоа ќе биде далеку од „нормален“ брак и семејство, затоа што твојот глас никогаш нема да се слуша, туку тој ќе одлучува секогаш за се.
    Ваквата врска едноставно нема иднина, особено не кога имате целосно различни планови за иднината, тој тебе ќе те гуши постојано,а ти нему нема да му ги задоволуваш потребите од миење нозе, правење секојдневно ручеци и сл.

    Можеби мислиш дека го сакаш и сето тоа, но размисли каков би ти бил животот покрај некој таков, а и да успееш да го смениш (што реално и искрено гледано не верувам) секогаш ќе бидат тука неговите родители кои ќе ви прават мал милион проблеми, зашто ти нема да бидеш идеалната снашка.
     
    На sesilija, anu666ka и XMaN им се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
    Нема да успееш да го смениш, ако останеш со него ќе те смени тој тебе.
    Исто како Најубава и јас сакав да напишам - да не одиш со мојот бивш дечко?
    Јааааа, ама женски сврте тој. :D

    Така почнува, полека си го покажува грдиот патријархален карактер... тато ја извади мама од работа, зошто да се мачи жената, местото и' е дома... аааа, оваа мајка ми пак не направила домашна торта, ќе види она убаво... не наместила како што треба, не е добро исчистено, испрано...
    Само за тоа беше кутрата жена. Роб, на мажот заповедник и на две деца воспитани во тој дух.

    Ти не смееш да имаш другари , да не дојдеш во искушение да легнеш со некого.
    Уште малку и другарки нема да можеш да имаш, зашто ако не си знаела - сите они се ку*ви, сакаат само да излегуваат, да се дотеруваат и да се плескаат наоколу.
    Па таа сукњичка ти стане многу кратка бре, каде ма во тоа, марш дома пресоблечи се.
    Кој ти е овој колега? Зошто остануваш прекувремено на работа? Аха, знам - вие таму сите се е*ете....

    |( |( |(

    Подалеку девојче додека не си го упропастила сопствениот живот.
    После од љубов ќе ја има таа слобода да ти мавне и шлаканица кога сака, а ти да му простиш.
    Од љубов де е тоа. Не од друго.
     
    На tessie, sesilija, unique123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    372
    И јас бев во истата ситуација. Потполно истата и од ден на ден стануваше се полошо и полошо. Сепак во мене тлееше надеж дека можеби може да се смени. Дека мојата љубов ќе го смени.

    • Епа не се смени!

    И моите мислења беа апсурдни, бидејќи тој 20 години растел во средина во која го убедувале дека жената е единствено добра како домаќинка и без пријатели. ПО можност врзана во дворот како куче, со ограничен радиус на движење.

    И јас го сакав премногу, целиот мој живот се вртеше околу него. Но тој мене не ме сакаше јас таква каква што сум. Само бараше промени и промени-на тоа нема крај. Најлошото е што јас бев подготвена да го направам тоа за него. Бев подготвена да бидам се за него, се до оној момент кога сфатив дека јас сум престанала да бидам ЈАС. Искрено не сакав повеќе да ме калапира по неговата воља и по вољата на неговата фамилија кои не гледаа подалеку од носот.

    Сега сум во фаза на преболување. Тешко ми е, но еден ден сигурно ќе бидам среќна што сум собрала сили и навремено сум се оттргнала од начинот на живот кој не го одобрувам ни под точка разно.

    Не го обвинувам ни него, тој незнае за поинаку. Затоа му посакувам се најдобро и се надевам дека ќе запознае некоја чијашто љубов ќе биде доволно силна, за да го промени неговиот начин на размислување кога во тоа веќе не успеав јас ....
     
    На sesilija и senjorita-v им се допаѓа ова.
  19. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    15.775
    Пол:
    Женски
    А дечкото да не има пеесче? Сериозно, колку години има? :|
    Најсериозно бре, баба ми и дедо ми биле млади во време на Тито па немале такви сфаќања.
    Замисли си ја иднината со таков. Само затвори очи и замисли.
    Ако типот е толку заостанат, како тоа практикува да има односи пред брак? Зарем не сака девица? Или за него е ок, сега тој ке си го лади на страна па после ке бара девица за брак, пошто првата брачна ноќ тате ке наслушува на вратата и сабајле цела фамилија ке се собере со златен опинок и ке чека да види бел чаршав со крв, која ако количински не ги задоволува потребите на фамилијата, или недај Боже, не прокрвариш, курва си и одма ке те истераат од таму.
    Ова со кујната ми е најјако значи. :rofl: Каков сеир терам на ова...ама стварно е таквото сфаќање трагикомично.
    Туку да се вратам на темата. Потоа замисли се себе во некој долг домашен фустан со престилка околу него (пошто се` друго ако носиш ке си курва), несредена (пошто ако се средуваш, се средуваш за да те гледа комшијата преку прозор и си курва), готвиш по цел ден, се чадиш во кујна за на крај ако не му се допадне јадењето ке испадне дека не си домаќинка, или ако загорело, зошто загорело, сигурно си зборела на телефон со швалерот курво една па си заборавила на јадењето. Уз пат трчаш да нагодиш на децата кои по цел ден плачат, и штом заплачат пред него, зошто плачеле, ти кај си се курвала па што не си ги пазела? Па ајде смири ги пошто он како прави мушкарац по цел ден работел и му смета плачот, а многу јасно дека тој нема да сака да ги крене во раце пошто нели, тоа е твоја работа. И дури ти го смируваш детето, истовремено грееш вода во лонец (пошто нели, така е попонижувачки а и му одговара на менталитетот), па после водата ке му е или претопла или преладна, па ке урла и за тоа како лошо си му ги наквасила ноџињата со нокти од 3cm, кои патем ке треба да ги сечеш или можеби грицкаш, ако веќе толку сака да понижува. Па ајде назад во кујна да му спремиш вечера дури тој на VHS го гледа свечениот момент кога Тито држи говор сред града Крагујевца и истовремено се восхитува на портретот на краљ Александар Караџорџевич.
    За тебе ТВ нема. Само некои курвински емисии даваат таму, со некои разголени ороспии за кои се знае како ја добиле работата. Потоа пак во кујна да му дадеш пиење или свариш кафе. Ако на комшиката (која патем е курва) можеш да и` вариш дури правите курвински муабети (а комшиката дошла 2 пати во годината), за него воопшто не правиме муабет. Должност е тоа! :!:
    Така преморена, мораш навечер и сексуалните потреби да му ги задоволиш. Ако неможеш, курва си, којзнае со кого си била дури тој бил на работа, па сега неможеш.
    Роднини? Пријателки? Комшики? Што беа тие? :?:
    Ааа оние ли курвите што по цел ден се фрцкаат и што завршиле факултет па нашле работа со помош на својот полов орган? Глупости, наместо да служат на мажот уште од 20 годишна возраст и да зависат од негова плата и милост, тие се курваат, па после некој „нормален“ како него ке ги земел. Ма ајде. |-)

    Незнам што да ти кажам, се распишав толкав реферат, ама ме нервира оваа појава бре! :swear:
    Ти размисли си најубаво, но овој тип не се менува. Од секое дрво не се прави свирче, а од овој богами ни шупелка. :x
     
    На ivana63, tessie, MSkorpionka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. butter..fly

    butter..fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Kолку само мразам вакви машки па ова не е 5 век па јас него нозе да му мијам!!дечко ти смее да има другарки а ти несмееш да имас другари,јас многу мразам кога некој ми наредува..но сепак ти се знаешш