Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Патријахално воспитан и шовинистички настроен дечко

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од amyleee666, 19 август 2011.

  1. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Уффф ист ваков другар имам како овој твојот дечко. И сега ќе ти кажам што бидна со него и дали се сменил па ти размисли дали овој твојов можеш да го смениш.
    Според овој другаров кој има 29год. жената треба да седи дома, да готви, пере,чисти, што ќе барала да иде на факултет , ќе и направел 5-6 деца, ќе ги чувала тој ќе работел и ќе носел пари, колку ќе и дал толку, морала да го слуша, не смее да излегува без него, ни со другарки ни со другари. На работа не смее да оди.
    Кога ќе излезеше негова девојка( зборувам за сите девојки што ги имаше) ја следеше да види со кого скришно, секој чекор и го пратеше. Девојката требаше да биде невина, направи куќа што ја загради со голема ограда, да не му ја гледале комшиите жената кога ќе се оженел :tmi: ( се прашувам и дали ќе се ожени со вакви сфаќања) :^)
    Сите ние му укажувавме дека неговите сфаќања се застарени но не слушаше никого, си тераше по негово, секој другар на девојките негови не им ни праеше муабет зашто се дружеа со неа беше и многу посесивен, се тој да биде во право. Со секоја што се муваше одма другиот ден им кажуваше на мајка му и татко, му па од каде е од каква фамилија е , дали е невина дали е богата сиромашна анализи и правеа со неговите , дали ќе го слуша :^) Он можел да ја вара да искача со други, машко бил нели, :!: а таа мора да е невина и да нема другари и другарки :tmi:
    Сите негови девојки го оставија, тргна да иде по села ( демек девојките од село глупави па ќе се излажела некоја по него :o и дури и ова ни го кажуваше) но неговата потрага по ваква девојка сеуште трае, и тој воопшто не се смени со години, ниедна не можеше да го поднесе неговото однесување. Сеуште со мајка му и татко му си дискутираат како неговите девојки не биле за него, итн. итн.

    Затоа ти препорачувам да си се тргнеш од ваквиот дечко, заради тоа што колку и да се обидуваш да го промениш и да мислиш дека се променил нема да можеш...
     
    На okcenzi и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Знам дека сеуште постојат вакви мажи, но ако ти си со сосема различни размислување, за жал вашево не верувам дека уште долго ќе функционира. Бидејќи уште сте по тазе ти сеуште можеш да го трпиш, но еден ден кога ќе бидете долго време заедно, кај тебе може да прејде во фрустрација, едноставно нема да можете да најдете заеднички муабет поради толку различните ставови.
    Затоа уште на почеток кога се запознава нов дечко многу е важно да се процени како размислува и дали имате заеднички точки, слични гледишта на животот, амбиции и тн.

    Јас мислам поубаво да си размислиш за другиов дечко, бар додека е уште рано, додека не сте заоделе со патријахалниов :)
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Девојче, голем плус е тоа што си решила да го споделиш твојот проблем.
    Тоа докажува дека сепак не си толку заслепена и опседната со него за да не можеш да ја сфатиш реално ситуацијата.

    Ти него не го сакаш :!:
    Ти си само зависна од него- од неговото присуство, сигурно ти раскажува како тој го сфаќа животот, се претставува како некој мисионер чија задача е да те извади на прав пат, а ти занесено го слушаш правејќи си илузии колку тој те сака и колку се ќе биде совршено.

    Немој!

    Тоа кратко ќе трае. Не знам колку години имаш, ама со тек на време неговиот нарав и љубомората се повеќе ќе излегуваат на виделина и тој постепено ќе пробува колку можеш ти да издржиш се со цел на крај целосно да ти го “испере мозокот“ и да сфатиш дека неговите размислувања се во право.

    Не дозволувај! Те молам немој да влезеш во таа негова замка- свесна си дека тој не е човек каков што сакаш покрај тебе, знаеш дека не можеш да го смениш, затоа те молам тргни се од него додека е сеуште време.

    Не си свесна колку е потешко потоа да се оттргнеш од него кога тој повеќе ќе се врза за тебе. Те нашол таква како што сака- која во него гледа Господ, невина- и сега ќе се труди на секој начин да те задржи.

    Ти кажувам најпријателски, таквите типови се нешто најлошо- кај нив нема подобрување, можат само со тек на време уште потирански да се однесуваат со тебе, се додека на крај не се сомневаат дека ги изневеруваш со сите па нема да ти дадат од дома да излезеш.

    Јас знам дека ние можеме до утре да советуваме, а ти пак да викаш дека го сакаш- па затоа сакам да се свестиш, да размислиш убаво што те очекува во иднина со него и самата да донесеш одлука, бидејќи додека ти сама не сфатиш дека одиш во пат кон пропаст никој не може да ти помогне.

    Биди паметна за да не жалиш после некое време ;)

    Ти посакувам среќа од се срце. :*
     
    На baguf4e, Estelle и Sparks им се допаѓа ова.
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    девојко ти го сакаш ама реално од твојата љубов само не се живее
    според овие глупости и забрани што ти ги начукал си помислила каков живот ќе имаш ти со него каква иднина ќе бидеш само фигура покрај него а тој ќе те управува како сака и каде сака ти нема да имаш свое јас ќе бидеш понужувана и без право на глас па таков живот ли сакаш?мислам не
    и доста со таа приказна прв ми е го сакам абре аман сите сни имале некој прв па незначи дека ми одговарал за да останам со него до крајот на животот и дека не заслужил да му ги манам клоците не се базирајте на бабински муабети прв е и мора за маж да се земе аман бе :puke:
    размисли малку...
     
  5. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Зошто ти мислиш дека со него доживуваш љубов? Можеби јас сум поинаква ама за мене љубовта е многу повеќе од бакнежи. Не можеш некого да го сакаш, кога карактерот му го мразиш, кога посакуваш да го смениш од корен и кога секоја негова постапка те нервира.

    За врска каква што имаш сега, може да ти даде и друго машко, некој што како кралица ќе те гледа, а не да те тера ти да се смениш, заради тоа што тој не е флексибилен и сака девојка каква што те тера да бидеш. Тој нема широки видици во животот, тој не може да се навикне на поинаков карактер од оној каков што му го пикнале во главата.

    Погледни ја мајка му, тоа ти е всушност огледало за тоа каква ќе бидеш ти за некоја година. Сакаш ли да бидеш таква? Замисли па да има сестра тој, неа каков ќе и бил животот, цел живот дома учејќи од мајка си за да може да пери, пегла и готви, неможејќи да излезе надвор а ги гледа сите школски/комшии/познанички си излегуваат и се забавуваат.

    Од машки што не сакаат да просперираш, да заминеш и да пробаш нешто ново - бегај колку што те држат нозете. Зошто сега си уште млада и во не толку озбилна врска, натаму работите само ќе се комплицираат повеќе. Девојки сме, која од нас не сака да излезе и после напорната недела да се опушти. Која девојка не сака нејзиниот труд да биде признаен и да биде горда на сопствен успех. Која девојка не сака да направи една Секс енд д сити озборувачка средба со пријателките?

    Мило ми е што си се одлучила да го споделиш ова, гледам јасно ти е што те чека ако влезеш во таква врска а и верувам дека ќе ја донесеш правилната одлука.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. amyleee666

    amyleee666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    стварно има слика од тито дома, кај него постојано се гледаат филмови со тито документарци со него за нив тито е како господ. да не бидам офф топик прееска збориме нешто и му викам дека ќе учам пошто испити имам сега и ми вика па што не се откажеш нема потреба на факултет да идеш. а кога идев на предавања пред распустов стално проблеми ми правеше не сум требала да идам имало машки а па не дај боже да идам на кафе со нив. друго за него сите женски се курви на сите мани им наоѓа. а за мене свашта има зборено ама работи што стварно ме повредија кога го прашав за тоа тој као не е вистина па после намерно го реков тоа а машко сум треба и ја да се фалам ама не сум те варал и бла бла. и јас треба да сум била како мајка му што е светица за него. како и да е му кажав се што ми лежеше на душа и викаше пискаше и сеа неќе да раскинеме него сакал да праиме некоја пауза па после да сум се премислеа и да сме биле заедно. ама што знам јас со ваков човек неможам да замислам иднина. јас сум страшен феминист и неможам да поднесам некој како него на почетокот не беше таков се супер беше после си гопокажа вистинското лице ...
     
  7. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Подобро спречити, него лечити!!!
    Додека можеш и е рано бегај од негоооо. После ќе си ја удираш главата од ѕид ама џабе ќе ти биде. Штом тој ги покажал забите сега во врска и се сили и се обидува да те контролира и да ти диригира, епа замисли некој ден во брак како би ви било. Од ваквите ништо не бива.
    Ако мислиш да пробаш со пауза, би ти советувала немој. Од искуство ти кажувам дека таа пауза и се што си правела тогаш низ г'з ќе ти вади. Најди си некој со слични на твоите сфаќања и гради си живот каков што ти сакаш, зашто животот е испит на кој нема поправен. Не си ја троши младоста со нервози за некој недоветен. Па уште факултетот да го напуштиш за него??? Боже, па кое право си дава да ти го води твојот живот??? Тој доста неговиот го средил, па сега и твојот ќе го живи...
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Девојче, па искрено те прашувам, ти што заедничко наоѓаш со дечково?Не ми текнуваат теми на кое вие би разговарале, а тоа да не заврши со карање.
    Јас лично не би можела да ги слушам овие муабети ни две минути.Сите ти кажавме, остави го веднаш, а он само нека си се надева дека ќе се предомислиш.
    Ако имаш живци, играј си и малку мајтап со него и постојано повторувај му дека ќе учиш, дека ќе одиш во шопинг да се дотераш, дека ќе излезеш со друштво на кафе...така малку да му чури главата :lol: :lol:
     
  9. amyleee666

    amyleee666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    ма незнаете што ми има правено се што ќе направам јас не е доволно добро за него тој можел подобро тој знае се само ме потценува мене не ме бивало за ништо и почнува мајка му вака мајка му онака. се тие знаат никој не е подобар од нив. па уште и музиката што сум ја слушала не му чинела ми вика па не слушај читај го текстот само. и не е само со мене ваков општо со сите си има умислено нешто и така треба да биде, ако некој не му иде по ќев се тепа со него ради тоа ни средно неможел да заврши а јас од после дознав за тоа. имаше направено сосема друга слика за него на почетокот а после испадна неписмена будала. и се почна од кога имавме односи ми вика сеа ќе сум се ебела со кој стигнам не сум била невина веќе
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    И сега кога се ти е јасно, за што се одлучи? Всушност, нели, затоа и го постави прашањето. :)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Според ова што го прочитав ти него не го ни сакаш, но можеби си навикната со него и длабоко во себе ти е страв од промена да бидеш сама... незнам, но најдобро направете ја таа пауза и таман ќе се оддалечите и потоа расчистете и секој по својот пат.

    Ова сакав да го пишам, но ми излезе сега твојот нов пост и се вчудоневидив. Значи јас не можам да сфатам како го трпиш, јас да сум на твое место одма би раскинала. А за тоа дека те скинал сигурно ќе муабети на долго и широко, и за тебе ќе вика дека си курва, т.е. тој тоа и сега ти го вика... така да што побрзо тоа подобро подалеку од него.
     
  12. amyleee666

    amyleee666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    па уште кога искачаме морам ја да му плаќам да му ставам кредит да му плаќам такси па остај на него и за другарите негови требало. пишувам вака што ми текне да си ја истурам нервозава пошто некјам со никој друг да зборам за ова некако ми е и срам
     
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    И треба да се срамиш што имаш таков дечко. Јас незнам што мајка бараш со него.Знаеш што? Тој никогаш нема да се смене.А ти сигурно не сакаш да завршеш како мајка му. Или можеби сакаш?
     
  14. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Ејми дај веќе раскини со него те молам не можам више јас се нервирам на твоиве постови. Но не знам па и тебе што ти е???
    Од се што пишуваш, зошто сеуште си со него??? Наведи некоја разумна причина те молам...
    Те навредува, не те цени, за него не си доволно добра, те контролира, сака да те претвори во заморче...сеуште мислиш дека треба да бидеш со него???
    Те сака и го сакаш...па зар двајца нормални луѓе кои се сакаат вака се однесуваат еден кон друг?
    Ма од љубов не се живее...па млада си ќе си најдеш некој што те заслужува дај молим те. Не гледај толку површно на работите, го сакам и затоа сум со него.
    Па каде е самопочитта и почитта кон партнерот во вашата врска, каде е меѓусебното разбирање и поддршката на партнерот, каде е разбирањето, довербата, па не е се во љубовта...ако нешто од ова фали, љубовта сама од себе не може да ја опстои врската.
    Позз и малку размисли за советите на сите феминки. Ние добронамерно те советуваме, а ти сеуште не превземаш ништо
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Читам и неможам да поверувам...
    Девојко, остави го веднаш, без размислување. Тоа вашето не е врска, туку измачување. Не разбирам навистина, според тоа што го кажуваш тебе не ти е убаво со него. Па и на која би и било убаво... Која девојка би ги трпела сите тие понижувања, навреди и омаловажувања?
    Имаш достоинство, гордост, покажи го тоа. Тоа твоето е навика, а не љубов.
    Со среќа, и се надевам дека ќе ја донесеш вистинската одлука.
     
  16. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Девојко вака со кукање ништо не постигнуваш. Треба акција, не само да споделуваш мислења.
    Свесна си во каква си ситуација и затоа реагирај.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. amyleee666

    amyleee666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    не го видов постов да ти одговорам не сакам да бидам со таков човек ама пошто ме одалечи од сите немам другарки баш да го кажам ова а и срам ми е да зборам за ова. Решив болје сама да бидам цел живот него со некој ваков. а незнам ваљда бев со него пошто се осеќав некако должна према него зашто ми помогна во многу тежок период во животов а и го сакам, не тоа што е сеа туку тоа што беше пред тоа
     
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ццццц му плакаш такси,му ставаш кредит, what else? |(
    Te навредува а ти уште со него?Продолжи ако имаш сила да го трпеш сето ова :|
     
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Дали би имала проблем ако му раскинеш? Мислам дали ти се заканува?
     
  20. amyleee666

    amyleee666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    незнам искрено мислам дека нема да ме остави на мира, ама ако згусти нешто имам братучеди ќе средат