1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Патријахално воспитан и шовинистички настроен дечко

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од amyleee666, 19 август 2011.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не се плаши, не ти може ништо. А зошто мислиш дека нема да те остави на мир? На крајот на краиштата, нема да бидете во никаков контакт, можеби прво ќе биде нервозен, ама ќе му помине...
     
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Совети нема да ти давам премногу ги има над мене и сите се во право...И, сега? Ќе му раскинеш?
     
  3. amyleee666

    amyleee666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    зашто му раскинав пред некое време свашта правеше да се смириме нон стоп ми се јавуваше се среќававме као случајно другари праќаше да ме молат викаше ќе се сменел и траеше таа промена месец дена и пак по старо.а братучедиве за секој случај од кај знам може ќе му текне па ќе ме натепа
    па сеа сме на пауза али немислам да се смирам некат со него он нека си мисли дека сме на пауза ја немам намера пак да преживувам иста тортура
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Само кратко, раскини и бегај од него.
    Викај тоа братучедите и нека средат. :!:

    Во иднина пази со кого влегуваш во врска и во никој случај немој да дозволуваш некој материјално да те искористува и психички да те малтретира.
    Да ги занемариме другите глупости кои си ги претрпела, ама зошто си му плаќала за се` и сешто, па уште и на другарите. :fubar: И се согласувам... треба да ти е срам што си дозволила да те понижува, искористува и да се иживљава со тебе. Жал ми е што си налетала на ваков кретен, дури и не ми се верува дека се` уште постојат вакви ликови. |(

    Ајде само храбро, млада си, имаш цели, идеали и планови, свесна си дека само ќе те кочи во животот, ќе ја деградира твојата личност и нонстоп ќе те понижува, нема да се смени, знаеш и самата...бегај.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    .............На жената местото и е у кујна и треба да го служи мажот требала да му готви да му чисти да му чува деца да му мие нозе и незнам уште што а за кариера според него секоја жена треба да се е*е за да постигне нешто затоа што е жена и неможе поинаку....
    Без навреди .....меѓутоа не можам да поверувам дека кај нас постојат луѓе со вакви заостанати сваќања. :@
    .......тој ни школо неможа да заврши поради некои негови глупи сваќања.... |( со ова донекаде ми објасни за кој профил на луге се работи - ...
    Затоа книга во рака,или на интернет по желба ...препорачај му повеке да чита да се едуцира да споредува , да ги исправи своте грешки и да стане личност со правилно изградени ставови за животот, а не да ми живее во среден век... И..., посакај му срека со тебе или без ...
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    :o да му плакам сметки на него и на негови другари, да му ставам кредит
    абе што се замислува дека е типов :^) уште и во иднина нозе да му мијам како мајка му на татко му :tmi:
    ти пререкува студирање :tmi: :o
    тој има памет во глава :fubar:

    бегај што е мозно подалеку, оти ваквите НЕ СЕ МЕНУВААТ,ти казувам од искуство оти бев пред извесен период со еден сличен на овој(само што не пракаше другари да ме молат , и не замараше по телефон ама како замена беше испрашување од страна на родителите-особено мајкаму што беше закон и устав во нивната кука, а наместо миење нозе беше понудено копање на нива :wasntme: ама :!: навреме го откачив, и си продолзив со својот зивот , како типов да не ни постоел :) :$
    биди одлучна, и не попуштај за твое добро, и повикај си ги братучедите (ако има потреба)
     
  7. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Грешка си, Оff. Во времето на Тито жените на овие простори доживеаја да ги сметаат за рамноправни на секое поле. Да не ги набројувам придобивките на жените од тој период, ама многу се. А тоа што сакаше да го кажеш се однесува на некое одамна заборавено време на овие простори. Побогу, баба ми на дедо ми никогаш нозе не му миела (а се венчале пред времето на Тито ;) ), и била домаќинка, но :!: почитувана и од мажот и од децата.
    Овој заглавил во некое психопатско однесување и во врските ја манифестира потребата за доминација и контрола, кај него надополнета со потребата да се понижува жената постојано (што веројатно му претставува потврда за доминацијата |( ). Од друга страна, ваквото однесување секогаш влече корени во погрешни модели на машкост преземени во раното детство.... а не мал број психолози би рекле дека е школски пример на сексуално изгубена личност, која веројатно се исплашила самата кога ја открила својата сексуална ориентација :) . Па колку примери на латентни хомосексуалци имало кои на секој начин малтретирале и ги понижувале жените затоа што не можеле да се помират со своите сексуални потреби?!
    Има тука мноогу материјал за дискусија за да се открие каде се корените на оваа патологија, тоа е работа на психолози и на психијатри, а не на девојката во една врска. Од вакви-што подалеку...
     
    На tessie и Offspring им се допаѓа ова.
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Стварно бе, па и Тито кога „владеел“ било помодерно.
    Тебе очигледно ти е, да не речам, страв да го оставиш поради последиците и поради тоа што ти бил прв па после ofc ке испадне муабетот дека су курва, си му дала па си побегнала. Ама за овој што и да правиш, пак ке си курва, макар и видела полугол маж на ТВ. (Не само ти, туку која и да е „среќницата“.)
    Типов треба да се прогласи за маскота на темата „Симптоми of being а сељак“, па да му се плукнам, и овие се посовремени од него!
    Овој како да е реинкарнација на пештерскиот Џими Хумунумунукунапуа што толку сака да е доминантен.
    Остај до таму нека си го клати со татко му на друже Тито.
     
  9. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Што бе неможеш?
    Можеш без него, без секој се може мајку му стара, така викаше баба ми, стара фраерка.

    Јас сварно не сваќам што ќе ти е шовинист до тебе... can't seem to understand that...
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    На девојките со вакви дечковци едноставно можам да им кажам четири збора: НЕ ВИ ТРЕБА ТАКОВ.

    Патријахален е преубав збор да се опише такво чудовиште. Всушност не знам дали постои збор со кој може да се опише ваквото однесување. Бегање од ваквите како ѓавол од крст е единствено решение освен ако не сакате да бидете нечија робинка. Некој ќе рече ние сме општество со закоравени патријахални вредности. Законот наш не гледа на тоа така. И ваквите мажи не се патријахални, туку го присвоиле од патријахатот само она што ним им одговара затоа што факт е дека патријахатот има свои убави страни и негова минимална застапеност во едно општество може многу да придонесе. Така на пример, во попатријахални општества точно има случаи како маж зема поголема плата од жена иако држат работно место со 100% еднакви одговорности што не е случај кај нас, мажите и жените од овој аспект се подеднакво третирани, барем кога станува збор за јавниот сектор. Но, во таквите општества, при развод, не дај Боже, жената е максимално материјално заштитена од мажот (затоа што нели не се еднакво третирани и не им е еднакво вреднуван трудот, жената има право на максимална материјална поткрепа од мажот) ним не им се исплати да се разведуваат како нам :lol:
    Така да, нашите мажулиња од патријахатот си присвоиле она што ним им одговара, ид ест да имаат бесплатна перачка, чистачка, готвачка и она другото, робинка која не смее да противречи и мирно молчи кога мажот зборува иако тој не е во право, единствениот нејзин придонес е тоа што може да раѓа и то је то.
     
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Јас од ваков одма би избегала.Не би се ни трудела да го променам.А и немам коментар колку површен некој може да биде во паметот :fubar:
    Колку и да се трудиш тоа е воспитување и менување-нема.А и да сака,туку ќе бидат мама и тато кои ќе го потсетат на тоа. ]:)
    Сум сретнала и јас вакви. :puke: Често велам, ееееее кој век сме,кој?
     
  12. Cvet1

    Cvet1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    6
    Јас мислам да си бидеш природна и таква каква што си, неможе некој да знае како тебе ќе ти биде најдобро, тоа само ТИ си знаеш што е најдобро за тебе. Па ако тој неможе да прифати како ти размислуваш зошто ти да го прифатиш и да играш според негови некои размислувања. Имај во предвид дека ваквите два спротивставени ставови водат до сериозни проблеми понатаму во животот (пр. доколку на работно место те види со некој маж како раговараш и сл.).
     
  13. biciprilep

    biciprilep Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Мислам дека ова е сериозен проблем.Утеха е тоа што ти си веќе свесна за тој проблем,свесна си дека неговото размислување не е во ред.Меѓутоа мислам дека сега ти треба храброст да го оставиш.Јас не разбирам што си чекала 10 месеци?Кој е тој да ти кажува како треба да го живеес животот и што треба да правиш?Понастрана од него,зашто ако продолжиш со него ќе биде се потешко.додека е време остави го и бегај од него.Не ти треба таков.а уствари ја незнам и дали воопшто постојат жени на овој 21-и век што би фатиле работа со таков маж......ти посакувам многу среќа и се надевам дека ќе ни се јавиш со добри вести......