1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Побегна од соочување со мене

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од fotografija20, 15 септември 2011.

  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ma денес се исчурело.Мојов е лут на мене заради тоа што му го кажав а знам дека бев во право.И сега бега се крие.Ау убаво ке ме научи и тој мене.Не вреди да го молеш.Остави го.
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Немој со женкар ќе се разочараш од искуство ти кажувам :( чекај тој да те побара да се извини, ако е тој вистинскиот за тебе и ако те сака како што и сама кажа ќе те побара и ќе направи еднаш во животот исклучок и ќе признае дека згрешил :)
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не попуштај, според ова што го напиша тој не заслужува ни да помислиш на него. Крајно глупаво се однесувал. Алкохолот е проблем плус, и тоа многу сериозен. Затоа размисли дали вреди да си го комплицираш животот заради него... Нешто ми кажува дека тој нема да се смени, а само ти ќе си страдаш и ќе трпиш. Па сама избери си дали го сакаш тоа.
     
  4. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    Сакам да кажам само едно нешто,ако него не му дошол умот и повторно и повторно пие, девојко бегај ТВОЈОТ ЖИВОТ ВРЕДИ ПОВЕЌЕ ОД СЕ ОСТАНАТО. :!: :!:
     
  5. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Те разбирам бидејки сум поминала низ тие guilt трипови, кога татко ми не ми збореше што сум раскинала врска од 4.5 години, за да подоцна разберат дека паралелно одел со друга цела година. Баш денеска пишував за истово само во друга тема.
    Ке ти кажам да си го следиш инстинктот. Батали кој што зборува бидејки ти си таа што ке го живее животот со него. Сега се нервираш а замисли утре кога ке формирате семејствоте и ке имате обврски и обврски. И тогаш ли ке го чекаш по една недела да му помине хирот па да се договорите за млекото, пелените, сметките и сл? Работиве што те мачат се карактерни особини на дечкото кои не верувам дека ке се сменат. Размисли си убаво........
     
  6. fotografija20

    fotografija20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    10
    јас само сакам да напоменм дека СЕ заврши преку порака...3год врска се раскина преку порака.дечкото неможеше ни да се соочи.премногу сум грешела,премногу грешел и се откажа.а мене за чудо периодов не ми е тешко и дури се прашувам зошто е тоа така.во денот еднаш само помислувам на него но немам солзи..пред некој ден дури како со сила да сакав да "жалам".дали е нормално се ова? или сеуште не сум свесна дека го изгубив засекогаш?
     
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Самата си одговори - или нема повеќе што за жалење, едноставно и тебе ти се смачило од се`...
    Или - допрва кога ќе фатат есенските дождови ќе почнеш интензивно да мислиш на него и ќе ја пееш `јесен у мени`....