Повремени контакти со бившиот...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од blackdeath, 15 мај 2011.

  1. blackdeath

    blackdeath Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    znaci vaka nemam pojma so da pravam so mojot ljuboven zivot,nisto posebno ne mi se slucuva, ne sam imala vrska edno 5 god. i pocnuva d a mi fali toa.kontaktiram so mojot bivsi(prvi) se uste i se imamo nekolku pati smotano i stalno kontaktirame misalm on samo mi zvoni.do pred nekoj mesec koga me izbirsa na fb zaradi eden komentar i togaj svativ deka ima zenska.i sakav da mi kaze a on nesakase.do pred da me izbirsa od fb vikase mi da se vidime kako i sekad a jas sekogas vikav deka nesakam.no koga me izbirsa jas mu rekov da se vidime i mu zvonev i poraki mu pisev pojma nemam poradi koja pricina i on togas me korpira.me stavi na ignore nekoe vreme i jas pocnav da i ja mavam glavata od zid i neznaeh so mu se slucuva.posle nekoj mesec pa pocna d ami zvoni i jas go stavih na ignore kazav mu deka on za mene e mrtov.ama posle koga mi zvonese vidovme se ednas i se smotavme za da dokazam nesto a i jas neznam sto i posle uste ednas i sega non stop me gnavi i saka da se povrneme ama jas ne sakam.a stalno ne digam slusalka i posle pak na kraj ke dignam.neznam so pravam so treba da pravam.nekoe mislenje ke moze???
    [mod-kirilica:kszf7798][/mod-kirilica:kszf7798]
     
  2. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    177
    so da pravam?

    па прашај го дали има девојка и што точно сака да има со тебе не можам да га разберам дали е подготвен јавно д абиде со тебе или пак да има женска ати втора да му бидеш?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    253
    јас го додадов тој ме избриша он ме додаде јас го избриша тој ме боцна ја го боцна , има женска нема женска , смотавне се ама се одмотавне да докажам нешо ама незнам што да докажам.
    Девојче јас ке ти кажам што да направиш излези на улица и првиот камион што ке наиде рипај , ке се спасиш и сама себе и светот ке го спасиш од себе, а може и ке те прифати или нема да те прифати пошто има или можда нема женска ама ти кажува или не ти кажува дека има женска.
    Абе ајде бре до кога со овије глупости жити се ? не погледнав колку години имаш ама по пишењево 13 ти стојат многу добро.
     
  4. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    929
    Блекдед девојко возрасна си, голема си, а посебно ако годините што ти се пишани ти се тие. Не бидете како децана мали, затоа што се плашите од искреност или можеби се плашиш од одговорот што ќе го добиеш доколку бидеш искрена.

    Мој совет седни си и разговарај со човекот. „Вака и вака јас сум озбилна, ако бидува со нас арно, ако не секој по свој пат“ и готово. Ете тоа е. Не е некој голем проблем, само изгледа ти не сакаш навистина да прекинеш со него. Се плашиш дека ќе ти рече не.

    Во секој случај треба да бидеш спремна за тоа, и доколку не сака не е ни прв ни последен, ќе си идеш даље.

    Вака мене ми изгледа дека стоиш во место и не се мрднуваш.

    Седни, напрај си муабет и види на што си.... Тоа е од мене. Поздрав.
     
  5. blackdeath

    blackdeath Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    6
    znaci jas koga ke idam da se vidam so nego da razgovaram i mu vikam deka ne sakam so nego nisto i sekoj pat se motam koga ke se vidam so nego.samo sto rabotata e so jas neznam sto sakam.toj saka pak da sme vo vrska ama jas nemozam nekoj raboti sa mu gi oprostam.nemozam da se otkacam od nego veke 5 god. a sega veke ne ni znam so sakam.a tocno e deka sedam u mesto.sepak fala:)
    он вика дека нема и бевме у јавност само што јас незнам дали сакам да бидам со него дали чуствувам нешто или само заради тоа што било некад
     
  6. Feminkabezshminka

    Feminkabezshminka Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    ГЛЕДАЊЕ СО БИВШИОТ ПОСЛЕ РАСКИНУВАЊЕ

    После долга врска, кога двајца партнери се сакаат а знаат дека не можат да функционираат и продолжуваат да се гледат затоа што не можат да си одолеат еден на друг...Споделете некое искуство..знам дека е апсурдно ама ете можеби тоа гледање ми дава надеж дека можеби пак ќе излезе шанса да бидеме заедно ама си викам што ако не? ако најде некоја у меѓувреме? што потоа? ах...да знам барем што му е во глава...ми вика не можел да иде со други, премногу сум го возбудувала и само јас сум му била во глава...обострано е..и јас го посакувам премногу...ама имам чувства за него ептен што после средба не комуницираме ниту порака ниту ништо а претходно не било така и тоа ме повредува на некој начин :doh: да глумам индиферентна? :worried: или да се тргнам скроз? :doh: Би ви била благодарна доколку споделете ваши искуства :*
     
  7. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    А после сексот како одма те вади од глава ? Па ни пораки ни ништо.Мислам не е крив човекот кога не ти е дечко нема ни што да ти пишува или да се слушате. Јас како што разбрав ти многу си го возбудувала значи те посакува, а не те сака , од друга страна ти го сакаш. Штом те повредува таквиот однос и штом не сте функционирале добро значи нема никогаш да функционирате добро како пар.А ти сакаш вечно да живееш во страв дека ќе најде некоја во меѓувреме ?Не мислиш дека ако доволно те сака ќе се плаши и воопшто да те изгуби?Ако толку сакаш да останеш сексуално активна најди си фак френд кон кој ќе немаш чувства и нема да ти смета што не комуницирате. Не сфаќам каква е потребата од секс со бившиот , како до вчера тој со кој водевте љубов од денес мислите дека можете само секс да имате ?Јас не можам и тоа за мене би било вистинско измачување. И не зборам на памет и јас сум се нашла во таква ситуација па културно сум одбила и сум му кажала се што имам на ум да си знае на што е и дека такво нешто за мене е апсурдно , тоа му доаѓа како ај ке се сексаме додека не дојде подобра прилика. Ај да немате чувства воопшто , сексот ви е супер и се решите само на тоа поле да се дружите да разберам ама вакво измачување не рабирам кога и самата велиш дека не ти е убаво значи самата си го даваш одговорот.
    И ти ги разгледав другите мислења , колку што разбрав имаш 25-6 години и уште само збориш те боли , не можеш да продолжиш напред , не можеш да издржиш. Како бе така девојко со 20и кусур години накај 30 со такво размислување? Мислиш никој од нас тука не бил оставен , изневерен , излажан , не раскинал некогаш во животот? Па сите сме прошле низ такви работи па благодарение што сме отишле напред многу од нас повторно се вљубиле и имаат убава нормална врска. Не може со тој став од небо на чекаш да се случи нешто . Мора да бидеш храбра да го оставиш минатото и личностите од минатото да си оставиш простор на себе да преболиш ,да си ги средиш чувстата и мислите , да бидеш способна да пуштиш некој нов во твојот живот.Извини што можеби малку бев груба ама не можам да поднесам како жените на секој чекор дозволуваат све и свашта да им се прави и одозгора уште криви се осеќаат.Тоа е мој совет и јас најискрено ти посакувам среќа и се најдобро , а останатото натаму е твое.
    Темата мислам дека е дупла , има ваква тема изгледа.
     
    На tessie и Feminkabezshminka им се допаѓа ова.
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.866
    Пол:
    Женски
    ГЛЕДАЊЕ СО БИВШИОТ ПОСЛЕ РАСКИНУВАЊЕ

    Те имам читнато некаде порано.. :^)
    Ако не се лажам ти имаше бивши насилник и сакаше да го преболиш? Ако зборуваш за истиот тој што е постар,на кој си му угодувала се за на крај да ти го удри ќотекот,стварно не знам какви искуства бараш.
    Секоја од нас имала ситуации со кои не сме се гордееле,ама да дозволам некој да ме понижи до таа мера,па потоа да го задоволувам сексуално,треба стварно да немам памет во главата.
    Извини вака,ама стварно лошо изгледа од објективната страна.Преболи го еднаш засекогаш и пресечи го контактот.
    Ако не е за истиот бивши,однапред се извинувам :)
     
  9. Feminkabezshminka

    Feminkabezshminka Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    ах..не е за истиот бивши...првата моја љубов беше овој и искрено ми ги одвлече мислите од насилникот и затоа се залетав пак...којзнае...можеби си умишљам водејќи се по убавите работи поминати заедно во минатото па очекувам пак да се повторам...Да знаете колку сум збунета и колку не можам да го решам овој хаос у кој сама се стаив. Јас сум многу строга кога е во прашање објективноста...меѓутоа таков неразумен слабак сум кога сум јас во прашање да се срамам од тоа колку мизерно изгледам од страна. :/ Нема љутиш...не се лутам за било каква навреда штом сама се офцам да пишам за својата ситуација секако дека сум спремна на критики...можеби токму тоа и барам..критки да ме испровоцираат да баталам се и да почнам све јово на ново. Ме фаќа паника со 25 години :doh:
     
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.866
    Пол:
    Женски
    Како и да е,секс со бивши никогаш не е добра работа,нема да излезе она што очекуваш,а ти очекуваш повторна врска.Едноставно расчисти со него,па земи си период да расчистиш со одредени емоции пред да навлезеш во љубовна врска со некој друг.
    И не си мала дефинитивно да имаш вакви дилеми,ниту пак да трпиш некои кретени.Малку сила и самодоверба и се ќе биде ОК.
     
  11. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.474
    Кога модераторот не можеш да го послушаш и да почнеш да се придржуваш по правилата и пишуваш кирилично, што понатаму?
    Нема никакво обострано сакање тука, туку си „тепате“ време двајцата дур не наиде нешто подобро, а со оглед на тоа дека се двоумиш, изгледа тој ќе биде првиот што кога ќе сретне нешто интересно ќе престане да те бара па ќе ти биде чудно!
    Затоа откачи го!
     
  12. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да те фаќа паника. Не си престарена , луѓе се решаваат да се разведат на поодминати години па продолжуваат понатаму. Подобро без врска отколку нездрава врска или врска која те измачува. Јас немам ништо против ти да си најдеш некој за неозбилно едноставно да се занимаваш од време на време , ама да немаш чувства кон него ако веќе е за неозбилно. Мора да бидеш храбра, јас совршено те разбирам дека ти е тешко и дека си збунета, ама не можеш вечно да чмаеш во таква фактичка состојба. Срамота е за една 25 годишна девојка од која се очекува веќе да е изграден карактер и со самодоверба , да не може еден бивши да преболи. Еве еден совет може ќе ти звучи смешно но пробај да размислуваш во таа насока. Како што се присеќаш на убавите работи , во исто време присеќај се и на негативните и на се што ти згрешил и те повредил и ќе сфатиш дека негативните се повеќе на број , пошто секогаш кога веќе не сте заедно мора да надвладеале негативните работи.
     
  13. Feminkabezshminka

    Feminkabezshminka Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Секој може без секого..но сигурно секоја или барем добар процент сме се нашле во ситуација СВЕСНО ДА БИДЕМЕ ГЛУПИ затоа што знаеш дека работите стојат поинаку и иако знаеш дека е крај ко мачка гребеш по ѕид за истото да потрае бар уште малку...ЈАС лично мислам дека не дека толку многу го уживам сексот со него, не дека е некој е**ч со извинење..туку она чувство дека сум пак негова...тоа е она со кое се залажувам јас а верувам и многу други. Тоа што ја користиш таа прилика да го гушнеш и за момент да си ја наполниш душата...Зарем е можно да бидеш разумен кога е во прашање љубовта? Мислам дека и тој чека пак да се видиме наводно за секс...знам дека му е повеќе од тоа...ова му е само некој посигурен начин да ме задржи покрај себе за у меѓувреме да не кренам раце скроз од нас и да се оттргнам скроз.
    Како да знам дека и тој не глуми како мене? Може и тој си мисли дека мене ми е сеедно па глуми и он а е подеднакво повреден како мене? Што знам..не сум разумна..признавам...хаос ми е све...не можам да се стабилизирам ама ич :(
     
  14. Consultant

    Consultant Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2014
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    101
    Ја сум бил бивш, и сметам дека една девојка која што ќе има сексуален однос со еден машко секогаш ке го има тој нагон за пак да има сексуален однос, додуша некогаш и човекот има потреба и се чуствува по близок со бившиот затоа што он више знае све за нејзе и обратно, некогаш нема многу време за стекнување на доверба во некој нов, па зависи ако раскинувањето на врската е направено со добро а некогаш и со лошо секогаш постои контакт макар и по неколку години :^)
     
  15. Feminkabezshminka

    Feminkabezshminka Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
  16. disney.girl

    disney.girl Нов член

    Се зачлени на:
    10 август 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Не знам која тема е најсоодветна за овој мој несоодветен проблем, па ќе пишам тука.
    Имам дечко, заедно сме многу години, живееме заедно, се сакаме, прв ми е и единствен, цели денови ги поминуваме заедно. Едноставно се е супер. Секако некогаш постојат проблеми, но решливи.
    Да се вратам наназад, на мои 16,17 години имав врска со еден тип. Беше тоа врска од одприлика 1 месец, со тип од друг град. Де јас во неговиот,де тој во мојот град, сме се виделе колку што сме можеле. Јас средношколка, тој 23 години професионален војник, црн, крупен, мускулест, со најслатката насмевка на свет. Немавме којзнае каква врска, повеќе беше мување, ама немавме ни никаков проблем. Секогаш беше грижлив, и се однесуваше со почит према мене. Добро, пробуваше понекогаш да пушти рака ама откако убаво му објаснив дека неколку дена врска не ми се причина да ме допира на тој начин, го прифати тоа.
    Решена бев оваа врска да ја терам накај сериозно, ама пусто луди хормони, алкохол и се смував со друг. Утредента се освестив и решив кога ќе се вратам да му раскинам. Додека тој среќен ме чекаше додека одев накај неговиот град, јас му кажав дека ќе мора да разговараме кога ќе се видиме. Стана многу напнат, ме бараше сто пати по телефон и конечно се видовме. Не знаев што да му кажам, причина немав, беше прекрасен во секој поглед, па на крај ја искористив неговата напнатост. Му реков дека не е во ред така нервозно да се однесува со мене и дека не сакам да бидам со таков човек. Ме гледаше збунето, но толку беше.
    Не дека имаше некоја љубов, но секогаш во мене остана како најпочитуваниот бивши. Никогаш со ништо ниту ме навреди ниту ме повреди, а ми ја даваше најпрекрасната прегратка, така крупен, па уште за градите кога ќе го допрев... сон, и згора на тоа сладок поглед и насмевка.............
    Кратко време после тоа го запознав дечко ми. Во меѓувреме се случувало ете така кога ќе се присеќам на нешто да ми текне на бившиот и да ми изнуди една пријатна насмевка и едно убаво чувство. Ништо повеќе. Се до пред месец ипол.
    Налет на нервоза, монотонија, понекоја кавга низ дома и решив да го побарам бившиот на фб. Морам да напоменам дека сите овие години ниту сум погледнала друг, ниту сум помислила, а и него не решив да го барам со конкретна причина, чисто онака да видам како му оди во животот. Пошто и онака немам нешто другарки со кои можам да си разговарам, а ни дозвола за искачање сама.
    И така се изнамачив, ама го најдов и го аднав. Ја прифати понудата и после неколку дена ми пиша. Нормален муабет за после толку време, кај сме како сме, што сме постигнале во животот, а беше многу позитивно изненаден што сум помислила на него, сум се помачила и сум го нашла. Двајцата си кажавме дека сме во сериозни врски и мислев дека тоа е тоа. Но продолживме да си пишуваме. И воедно тоа почна да излегува од контрола. Ако беше ноќна смена останував будна и до 2,3 иако утредента на работа од сабајле, на работа исто цело време и се така додека не ми кажа дека ќе биде слободен десетина дена и ќе ги помине со девојка му од друг град и тој период нема да си пишуваме. Не ми беше драго, но го прифатив тоа.
    Поминаа 10 дена, а јас постојано зјапав во телефонот чекајќи го да ми пише. Ноќе се будев само за да проверам. И ете го се појави. Неколку реда муабет и покана за частење. Се верил :o .
    Добро нормално е да се земат, заедно се, се сакаат, он со неговата, јас со мојот, се е тоа нормално... 1 момент го викав ова, во наредниот ќе пукнев од бес, па пак првото, второто... цела вечер така. Никако не ми беше јасно што има тука што треба да ме нервира.
    И после тоа почна она што мене сега ме излудува. Накратко ми предложи да се видиме и да имаме секс. Не можел да ми одолее, многу сум му била привлечна и бла, бла, бла. Со денови му пишував дека тоа нема да се случи, ниту сум направила такво нешто, ниту ќе направам, како би го погледнала дечко ми после, како воопшто он ќе ја гледа неговата? За свадба се спремаат бре. А и која е потребата?
    Ама постоеа моменти кога почнав да се впуштам во неговата игра и да враќам на неговите "што би ти правел" пораки. Моменти на занес, лудило. Се додека да се раздени и да ми текне дека сум голема глупача. Но тоа не ми трае долго. Пак се почнува одпочеток кога ќе ми пише. Одприлика пред 2 недели пак беше слободен десетина дена, и повторно тоа исчекување. Девојки на одмор бев со дечко ми, а цело време гледав во телефонот, ме излуде и конечно почнав да се ладам и да го мразам тоа чувство што го предизвикува кај мене.
    И ете пред 2 дена ми пиша пак. И пак истите грди пеперутки (ги мразам) и пак истото задоволно чувство, за кога ќе се освестам да си се гадам сама на себе. Бев со дечко ми, а го замислував него. Не можев да заспијам цела вечер од вина, а тој ете го добро утро ;) .
    Не сакам да биде вака, не сакам да го правам ова, но штом ми пише се топам. Глупава сум знам, лесно се заљубувам и лесно се приврзувам за луѓето. И не знам што понатаму. Ете за неколку саати ќе ми пише, 3та смена е, јас ќе се лигавам колку ми фалел, а он што би ми правел. Мислам дека ја играм неговата игра за да му бидам интересна и да не престане да ми пишува затоа што станав зависна. Не сакам да престане да ми пишува :( . Ама некогаш се внесувам, замислувам како би било, и кога и каде би се виделе. Некогаш се осеќам спремна да се видиме, ама ме кочи срамот. Не сум била со друг, освен со дечко ми... После тоа пак се враќам во реалноста и си се гадам, за после некое време пак да ми недостига. Не сакам на никого да сум му играчка,а не знам кој чива би бил, кога двајцата свесно влегуваме во ова....
    Се извинувам за огромниов пост ама навистина ве молам за совети. Не сум била во ваква ситуација и не знам ни сама како се најдов.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  17. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    189
    Same shit here.. Батали, само проблеми ќе си отвараш. Нема фајде од ова, верувај..
     
    На disney.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.474
    Disney, не сум сигурна баш дали е така, но мислам дека тоа со бившиот што си го имала, било кратко и некако „невино“ и бидејќи не си го искусила искуството со него „до крај“-мислам да бидете подолго заедно, да имате и секс и кавги и сето тоа, токму тоа е она што ја прави некогашната врска со него не довршена и демек идеална. НЕ си имала време да го запознаеш во целост и затоа ти останало сеќавање дека се било во ред во таа врска и дека ти си згрешила можеби што си го оставила. ДА НЕ ЗАБОРАВАМ ДА НАПОМЕНАМ дека тука е и физичката привлечност, односно тој сигурно дека изгледа секси и неодоливо...и тоа е физичка привлечност исклучиво.
    НО сепак имате сериозни врски, тој се спрема за брак, можеби таа и бремена е па чекаат дете. А ти имаш долга врска која за еден флерт и радозналост мислам дека не е во ред да ризикуваш и фрлиш се во вода.
     
    На tessie и disney.girl им се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    19.095
    disney.girl, бившиот твој е едно тешко кретенчиште чиј контакт, да си паметна, ќе го избришеш веднаш. Типот спрема свадба а сака да те е*е, што повеќе не ти е јасно во врска со него? Или сакаш неговата вереница да ги начека вашите пораки па јавно да те избрука, да ти е срам да излезеш надвор од дома?

    Најди си некое интересно хоби, стекни си нови познанства или зајакни ги старите и направи си да ти биде интересно на нормален начин, а не преку флертување со човек пред брак. Исто така, ми падна во очи делот дека немаш дозвола за искачање сама, што сакаше да кажеш со тоа?
     
    На tessie и disney.girl им се допаѓа ова.
  20. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.022
    Пол:
    Женски
    disney.girl срце не си ја барај бељата сама. Тој само сакат секс со тебе и толку. Сигурно немат да ја остајт девојка му,пошо да имал таква намера немаше да се верит...Си имаш врска,уживај си, тие пеперутки шо идат толку брзо исто толку брзо и умираат,само многу ке те болит. избриши го од фб и сите други контакти,кажи му дек не сакаш појке да зборите и уживај во љубовта на дечко ти. Стави се на негово место,како ке ти биди тебе ако он повремено контактират со бившите??
     
    На disney.girl му/ѝ се допаѓа ова.