Дечки, се случува катастрофа таму. Пожарот во Нов Истевник никако да го локализираат. Дува јужен ветер, кој утре ќе се засили до 80км на саат. Се движи накај север, кон селото Тработивиште, веќе има стигнато до некој рибник, сега гледав апели за помош од таму Ако ја помине Брегалница и тргне накај Разловци, цела шума ќе изгори, ќе стигне до Виница на север и Радовиш од другата страна. Штом не можат во Пехчевско да го стишат, ако го зафати Голак, ни 1000 авиони нема да го изгасат. Плус јужно Пехчево и Берово се уште под закана. Да не зборам ако ја помине Влаина и фати на бугарска страна. Шерувајте и праќајте помош, црно ни се пишува. Армијата, што помагаа со лопати, ми рекоа дека се повлекува
Ако ја помине Влаина ќе дојдат ЕУ и нато да гасат.. Дува тука луѓе.. сега сум во пехчево и носи ветер...а горе сигурно и повеќе дѕва
Снегот не изненади, комарците не изненадија, поплавите не изненадија, пожарот не изненади. Се нешто ја изненадува власта. Па мајку вам јебем колку години се изненадувате од се нешто? Битно на вас гзот да ви е седнат на ново столче, во нова службена кола и храна од буџет. За ништо не ве бива, сите кои седите во тој парламент. Што ви е планот? Знаете кај терате? Имате нешто во паметот? Или само слот машина ви се врти во главата?! Стока неспособна.
https://www.facebook.com/240497022759621/posts/2053108161498489/?sfnsn=scwspmo Препорака за евакуација на околу 3000 жители. Пехчевско малку е стишено, ама пожарот може да стигне до Каменица за 24 часа Утре луд ветер ќе дува Праќајте помош да се евакуира населението, ова е катастрофа невидена
На вестите на Канал 5, сега во 15 часот кажаа дека ЕУ ќе прати помош во Македонија и во Грција за гаснење на пожарите.
Словенечките пожарникари се веќе во Берово, каде што се распоредени да помогнат во гаснењето на пожарите во регионот, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на својот профил на „Фејсбук“. Во земјата се пристигнати 16 противпожарни возила и 46 пожарникари од Словенија за да помогнат во гаснењето на пожарите. Помош ќе стигне и од ЕУ. Помошта доаѓа од Шведска, Франција, Австрија, Бугарија и од сателитите за набљудување на ЕУ“, напиша Ленарчиќ.
Не можат да го стават под контрола Пехчево, се шири повеќе од ветров. Помош ако не стигне побргу лошо ќе биде. Бар да заврнеше.
Туку така за 2 дена, Македонија е цела во пламен? Случајност или... Ако не е, сметам на сите би ни годело јавно каменување на плоштад. Ало работи ли некој нешто? Т.е 5 саат е, работното време заврши, до следното утро.
Баш сега даваа на вести, во Кучково немало вода веќе 3 месеци, и еве сега пожар. Господ нека ни е на помош.
ama zosto pozannikarite od slovenija se vo berovo, vo berovo nemame pozar od ona to na fb gledam vo sosedno pehcevo e strasno t.e selata blizu do pehcevo, pred malku citam ciflik go evakuiraat kolku e tocno neznam a se gorelo vcera dijametar od 10km , sega sirurno e poveke a uste malku ke se stemni , helikopterite pak ke si otidat velat 3 dena gori , zosto ne ispratile vednas pomos tuku cekale znaci vlasta ni e uzas a toj angelovski podvizna karikatura
Пошто се способни за работата што ја работат колку јас што сум способна пожарникар да бидам. Значи 0. Не знам луѓе што чекале, валјда мислеле дека сам ќе се изгасне, дека дожд ќе падне, не пресметале ризик колкав има со оглед на тоа колкави се температурите и колку ветер дува. Пошто како и за се друго, немаат апсолутно никакви познавања, ги потценуваат пожарникарите со 18.000 денари плата, нема доволен кадар а и да вработат не им купуваат опрема, не им носат современи ствари за да можат да гасат пожар, туку се крстиме во возила што се стари 50 години. За кур не ги бива во организација и носење на одлуки во кризи. Само за пари крадење ги бива.
Ма каква случајност, како шо кажав и претходно се ми изгледа на организирано палење а се знај и која би била целта. Еве во Турција веќе се изјаснила некоја терористичка група дека намерно ги подметнувале пожарите за одмазда кон власта. Терористичката група „Деца на Огнот“ одговорна за пожарите во Анталија, Мармарис и Бодрум