Sega imase vonredni vesti del bil kako demek go drzele pod kontrola Sea se javuvav Kaj moj blisku vika imalo dim
Се тоа убаво... Ама... Ама.. Ама. Не е попаметно и пологично, таа одмазда да ја сконцентрираат кон власта. Колку треба да си отиден да палиш, за да имаш поента? Бардовци работи или со намален капацитет, јер пандемија?!
И не само пожарникарите, туку и од останатите институции вработените се оставени сами на себе. На пример близок кој работи во Македонски Шуми веќе неколку дена е на терен за пожарите. А 3 месеци плата им испраќаат по 10 000 денари, т.е. по половина плата, останатата половина ќе била исплатена кога ќе има пари во буџетот. Да напоменам и дека од месец Јануари 2021 до Април 2021 им префрлаа 1 денар плата. Да 1 денар. Како тие вработени и нивните фамилии преживуваа со 1 денар, само они си знаат. А треба да се знае и дека се константно под притисок од регионалните директори кои се менуваат на неколку месеци. За обичните вработени во АРМ и Пожарникарите излишно е и да се збори мислам. Во сите 3 наведени институции основната плата е минималец, па им крева ставката за 3-та смена, до 18 000 денари, што е премалку за работни позиции кои се високо ризични. Истотака, облеката и опремата за работа им е дотраена, скината или им задржуваат на платата, па сами ја покриваат. И повторно тие се во првите борбени редови, ризикувајќи ги животите. Треба сериозно да се преиспитаме како народ, бидејќи дното го пробушивме. Страшно сум изреволтирана од сите случувања и од неодговорноста на сите институции, политичари и политички партии. Мизерни сте и жално е што постоите воопшто. И за крај огромна благодарност и поддршка до сите оние коо се борат со пожарите во моментов. Бог нека е со вас и нас.
Сега во еден коментар на фб објавата на Канал 5 за пожарот во Охис, прочитав една имаше напишано дека пожар има и во Маџари кај Вардариште, луѓе сами гаснат. Инаку многу е лош воздухот во Скопје, не се дише.
Важно владата се поднови со 40 нови Пасатчиња и прослави за рамковен. Авиони, Хеликоптери и пожарникарски и амбулантски возила и не се важни толку.. Другите ќе гаснат за нас.
Затоа што полнат вода кај нас во Берово... право од езеро сите наеднаш наместо да чекаат сите на еден хидрант. Чифлик е најдалеку од овие пожари.. Црник не беше евакуиран до прееска ама до вечер може и да биде..зависи ветерот
Се надевам ќе фатат неколку пиромани од различни општини од различни пожари. Веќе јасно е дека е нарачано ова од нечија кујна и селективно се пали баш кај послабо развиените региони и општини. Не кривам ни власт ни опозиција а ни опремата на пожарникарите. Пироманите се герилци. Може кај сака да зспали оган и да замине. Па имај каква сакаш опрема. Една Турција со 2 и пол страни вода околу неа и каква не опрема персонал војска.... 1 третина од државата изгоре. И шпекулации..... Во најава се фатени неколку активисти а и можда замешана е одредена Х партија од државава. Ако се дознае чива нарачка е ова ќе биде доста весело за целата држава.
Пожарот во кругот на ОХИС е локализиран, потврди заменик командирот на противпожарната единица која се справуваше со огнот. Тој рече дека еден од пожарникарите е однесен на Клиниката за токсикологија кому му се слошило од вдишан чад. Остануваат екипи кај Управната зграда, бидејќи во неа имаше посилен оган. Оган горел и врз депонијата со линдан, но се претпоставува дека тоа не предизвикалo разгорување или активирање на опасната хемикалија. Дека нема опасност од труење на воздухот потврдуваат од Државниот инспекторат за животна средина.
Уште... ама го ставиле под контрола пожарот немало опасност... А за Пехчево и Делчево не е под контрола .... лошо многу лошо...ветерот е против нас Ќе евакуираат некои села @Dust Господ да ве (не) чува ситеее
Стварно не е можно да гори на толку места, а да не се подметнати пожарите. Не се палат шумите сами од себе. Не можам да сфатам како може некој пожар да подметне. Какви шуми беа тоа, не можам да поверувам.
Нема потреба веќе да помагаат, изгоре голем дел Евакуираа некои села, уште има заглавени жители, затворија патишта и не пуштаат никој. А не ни праќаат помош