1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полипи на матката

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од SunnyGirl2, 1 ноември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Полипите на матката се најчесто бенигни израстоци кои се развиваат во ендометриумот (слузокожата на матката). Тие можат да бидат единечни (еден полип) или да бидат мултипни, т.е. да ги има повеќе на број.Полипот може да се реши и со раѓање на дете.Полипот е вишок на ткиво на матката. Тие се доста чести и се развиваат како последица на одбраната на организмот во текот на инфекциите на матката, или во текот на бременоста, како последица на хормонални промени кои го стимулираат растот на ткивото во грлото и телото на матката. Полипите може да бидат со различна големина, од неколку милиметри, па да достигнат големина на детска глава. Ако се развијат во близина на фалопиевата туба, тие може да бидат причина за неплодоност кај жената. Полипите можат да се јават во било кој период од животот, но најчесто се јавуваат кај жени во 40-тите и 50-тите години од животот. Често не даваат никакви симптоми, но можни се нередовни менструации како и интензивни крварења при менструација. Кај жените во менопауза можат да доведат до благи или поинтензивни крварења.
    Доколку се мали и не крварат, не е потребно хируршко одстранување на полипите. Во тој случај, доволни се само редовни гинеколошки контролни прегледи.Доколку полипите почнат да растат или да интензивно крварат, тие треба хируршки да се отстранат.Полипите на матката се многу ретко малигни. Во многу ретки случаи полипите може да личат на малигном. Во тој случај треба да се направи ПАПА тест и да се земе биопсија од полипот, со што ќе се исклучи сомневањето за малигном.
    Полипите се одстрануваат хируршки. Но, понекогаш, и по хируршкото одстранување на полипите, тие можат повторно да израснат.


    Ме интересира дали има некој поупатен во темава....да ми напише некој симптом,искуство...
     
  2. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Мене два пати хируршки ми отсртануваа полипи на матка ( со метод на хистроскопија, под целосна анестезија). Првиот пат интервенцијата беше пред да останаам трудна на ГАК, а вториот пат откакако се породив , после 1 година ми се појави повторно полип и во Ремедика ми го отстранија. Инаку интервенцијата е кратка оклку 15 минути и истиот ден си одиш дома.
    За жал после 4 години од последната интервенција, повторно ми се појави полип на матка кој е големина на орев. Безопасни се, но ми прават проблем најчесто обилно крварење во циклуси , крварење меѓу циклуси ( кое не е многу обилно). Еднаш дури имав и напад на болка во долниот дел од стомакот. Гинеколгот ми рече дека е многу нормална реакција присуство на болка ( како породилни болки), бидејќи матката полипот го чувствува као страно тело и се труд да го исфрли.
    Инаки гинеколот ми предложи и овој пат хируршк да го отстранам, а потоа на 3 месеци да пијам Дабростон ( прогестерон таблети), да убаво се исчисти матката при циклус, да нема евентуални задржувања од циклусот.
    Така да сега треба само да се решам кога да биде интервенцијата.
     
  3. iva-na-na

    iva-na-na Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    SunnyGirl2 јас имав полип на матката и ми претставуваше проблем за забременување. Бевме во брак година и пол и никако да видиме две цртички. Почнавме со нормален преглед на гинеколог и секогаш одговорот на докторите беше дека е се во ред. Еден од симптомите кај мене беше крварење измеѓу два циклуса минимално, точно во најплодните денови. Правев испитувања папа тест, микробиолошки брисеви, хормони, и кога стигнав до проодност на јаници, по препорака од колешка отидов на преглед во птиватната болница Плодност и се установи дека имам полип на матката, многу мал полип кој прави голем проблем. Најпрво ми беше препишана терапија, меѓутоа немаше подобрување па затоа бев на хистероскопија. Се помина одлично уште истиот ден бев дома, одмарав неколку денови и наскоро се усрекив благодарение на спремниот тим на оваа болница денес јас и Матеј си се гушкаме.
     
    На nokti му/ѝ се допаѓа ова.
  4. iva-na-na

    iva-na-na Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    Женски гледам дека оваа тема некако не е активна, сепак јас имам прашање можеби некој ќе ми одговори. Како што кажав погоре имав полип и правев интервенција, е сега неколку месеци после породување ги имам истите симптоми како пред тоа, мн сум уплашена.. дали е можно пак да имам полип?? имате ли некакво искуство со повторуување, за колку време ?? Се надевам ке добијам одговор, а и морам да закажам на гинеколог... однапред ви благоддарам.
     
  5. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Ивана за жал полипите се повторуваат независно од интервенцијата. Мене двапати ми ги отстрануваа полипите и сега повторно ми се појави :( . Докторката предлага повторно со хистроскопија да ми го отстранат (особено што во план ми е втора бременост), а потоа на извесен времески период да пијам хормснки апчиња ( Дабростон или Примолут Нор) да не се појавуваат.
    Иако се безопасни, полипите се многу досадни и скоро 80% од жениве имаат полипи.
     
  6. iva-na-na

    iva-na-na Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    Ти благодарам за одговорот, Lexus, закажав кај истата докторка од минатиот пат, па ке видиме што ќе кажи се надевам дека немам, а и не сакам интервенција пак... имам мало бебуле... за друго ми е рано... мн ми сметат тие крварења.. се надевам ќе има некои апчиња за да се среди ова .. интервенција како што кажа ти ... пред втора бременост, поздрав
     
  7. Sudika

    Sudika Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    40
    Девојки мене за 2ри јануари ми е закажана хистероскопија ме фаќа паника некако а и со тоа ќе ми започне годинава, знам дека не е страшна интервенциајта но сепак буди немири во мене, инаку имам полип на матка чекав да падне, што не направив но не паѓа пустото, пијам иванска трева + една мешавина има баш за тоа чај, рен со мед и ракија што не пробав, но не падна, се надевам на чудо, кога ќе отидам на 2ри и кога ќе ме гледаат на ехо да го нема :) чуда се случуваат нели и ПУШТАЈТЕ МИ СРЕЌА. Поздравче
     
    На asdht му/ѝ се допаѓа ова.
  8. iva-na-na

    iva-na-na Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    sudika држам среќа да го нема ... хистероскопијата не е страшна... а годината ќе биде убава само со позитивни мисли, се ке биде во ред! не сум знаела дека овие напитоци помагаат...само не разбрав иванска трева? и каква е мешавината?? јас треба да одам понеделник на преглед дај боже да нема ништо .. ке ве известам..каде ќе правиш хостероскопија?
     
  9. Sudika

    Sudika Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    40
    Срцке сега немам да видам ама ке проверам и ќе ти кажам инаку има мешавина у билна аптека стојанови јас ја зимам мешавината и плус иванска трева има многу работи што помагаат а и голема вера во бога, инаку во систина закажано ми е задутре и малце ми еее страв а не било страшно али немири буди нормално е ти пуштам среќа бидеш ок hugs
     
  10. iva-na-na

    iva-na-na Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    Женски :( бев на преглед во Плодност, и баш како што се надевав дека нема да е... имам полип повторно за жал... се договорив со докторката сега за сега да не го третираме се додека не ми прави проблеми, ама крварењето неможам да го поднесам, те молам Sudika кажи ми каде се наоѓа таа аптека... инаку како помина ти мила?? поздрави и убава 2014 година!
     
  11. Sudika

    Sudika Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    40
    Хелоо, мене вчера ми го вадеа, во систина, се што ми побараа уреден пап, крвна слика, крвна група, со анестезиолог нели историја пишуваат и снимките од ехо, отидов вчера сабајле во 8, ми дадоа да се истуширам со еден гел, у пижама и ми пуштија физиолошки раствор до 12 седев у 12 ми беше закажно, ме земаа во 12 малце се зезаа у операциона вицови ми кажуваа ми ставија штипаљки за екг ми ставија анестезија за 5 секунди заспав во 12 и 32 веке бев готова, се разбудив у шок и седев тамо некои 2 ипол саати, после ме спуштија у соба да дотече инфузија, ништо страшно болки осекав само кога се разбудив како за добивање после тоа сами си прекинаа немав потреба од антибиотик полежав у соба до кај 6 поручек и ме пуштија во 6 на контрола после прв циклус, не треба да се јаде дента тешка храна се почнува со вода, па со супа денеска сум ко нова конечно кафе пијам после 2 дена. Инаку има две аптеки карши зоил тука една е на ќош нема шанси да ја утнеш и во неа немаа инаска треца, а другата повнатре после казиното, во таа аптека Стојанови имаат мешвина од чаеви за полип инаку иванска трева помага, јас ја купив мешавината и плус уште една ќеса додадов од тоа се пие по пола литар на ден 2 лажици, ја пиев по литро, инку исто така јадев мед, рен и ракија, ренот ги гори, кај мене не падна но знам случаи каде помогнало со сигурност. Поздрав и среќно
     
    На iva-na-na му/ѝ се допаѓа ова.
  12. iva-na-na

    iva-na-na Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    фала ти судика ќе морам да почнам да го регулирам по природен пат барем додека не ми прави било какви проблеми... супер за тебе баш ми е мило се ослободи и полипот и дај боже повеќе никогаш да не севраќа... се надвам ке продолжиме да си даваме совети и мислења на оваа тема поздравче..
     
    На Sudika му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sudika

    Sudika Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    40
    Ете првиот ден после зафатот не ми течеше нишо сега овие два дена ми тече и тоа не малку се вадам од памет ама можеби мојот организам така реагирам ќе видам што како.
     
  14. iva-na-na

    iva-na-na Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    судика јави се и разговарај со докторот што ја правеше операцијата за секој случај ... најубаво е и да си извршиш преглед за да си се смириш, се надевам се е воред... чекам само позитивни и убави вести од тебе.. имај убави празници..
     
  15. Sudika

    Sudika Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    40
    Да да разговарав и нормално е може и цел месец да ми протекува нели пиев терапија а тоа е хормонскска така што во ред е се ♡
     
  16. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    И мене ми открија полип на ехо. Пребарувајќи на нет наидов на овој лек http://www.bozidarkalekovi.com/Genital_srpski.htm . Го порачав, го користев, не ми падна полипот, но докторкава рече е поконзистентен, што и да е тоа. Лекот сам по себе не е скап ама поштарината си го прави своето. Планирам пак да порачам. Ова колку да споделам со вас девојки кои ја имаат истата мака. Секој организам си е засебен, може на некоја од нас ќе и помогне.
     
  17. Sudika

    Sudika Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    40
    Јас чекам резултат од испитувањето нели се праќа на испитување утре треба да се јавам да ми кажат се надевам нема да има сериозно ништо,иако се бенигни сепак се секирам пуштајте среќа.
     
  18. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Не се грижи, ќе бидат резулатите во ред. Инаку и јас треба да одам на д-р за мојов полип.Секој месец се спремам да одам ( нели најдобро се гледа по завршување на циклус) и никако да отидам. Знам дека пак ќе ме прати на хистероскопија :( .
    Судика те молам ако може да ми кажеш колку е цената во Систина?
     
  19. iva-na-na

    iva-na-na Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    ти благодарам лемон за информацијата за лекот, кој има мака ке си бара чаре. судика ја пуштам сета среќа и знам дека резултатот ќе биде добар извести не... lexus се ке биде во ред доколку не прави проблеми баш и не мораш на хистероскопија... само треба да го следите редовно на ехо.. поздрав
     
  20. Sudika

    Sudika Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    40
    Ете резултатите ми се добри. Инаку те советувам да го извадиш а во систина платив 32 100 вечерта дома бев добро поминав докторката вика само што влеговме го видовме операцијата траеше се на се 15 мин со припрема. Сега после циклус на контрола треба да одам. Инаку lexus после циклус треба да се вади но од денот кога ке добиеш треба терапија да пиеш. Бацки до сите.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.