1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полицистични јајници

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од lovefashion, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    3.772
    da ti kazam deka nema.vrska so tezinata gi imam od 16 god a znaes.koj broj na.farmerki nosev xxs i xs pa sega.vidi si sama :) taka.site velat ali od sopstveno iskustvo kazuvam
     
  2. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    вака пред 2 отприлика год на ехо на стомак ми најдоа полицистични поточно пишеше PCO наод уреден и кажа гинекологот како демек тоа било нормално секоја жена скоро го имала и ме испрати на интернист ама ваљда за бешиката и на контрола на контрола не отидов па дали ке треба да идам а да на интернист
    ке идам само ме интересира што може да се исправи на контрола кога тие си се веќе полицистични јајници значи циклусот ми ередовен со нормални понекогаш појаки болки ама само првите 2 дена е сеа знае да ми се исфли лицево некогаш ко печурки па за 2 3 дена се повлекува и имам повремено понекогаш и јаки болки во крстот дали е од прехлада или од цистиве па сакам да прашам дали со чај од невен коприва иајдучка ке се ублажи нешто дали пак треба да ги проверам на ехо а иначе матичнава ме разочара кога ми рече као демек овие јајници ми биле од хашимотото
     
  3. StEfAnIjA-84

    StEfAnIjA-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    33
    Пред неколку години моја пријателка беше на гинеколог и му кажа дека има полицистични јајници, но таа воопшто не се трогна од тоа и не ја интересираше бидејќи не знаела дека тоа би можело да влијае на бременоста.
    Пред година дена кога беше на гинеколог тој повторно и напоменал дека има полицистични јајници и дека е можно да имам потешкотии да останам бремена :( Тогаш се смени се, почна посериозно да се интересира за проблемот го смени гинекологот отиде во Плодност и редовно беше под нивни надзор.
    За неколку месеци остана бремена :D и сега постојано си оди на контроли и за некоја недела треба да се породи :lol:
     
  4. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Кај бенигните цисти, симптомите се слични. Се појавува болка во стомакот и непријатен притисок на дебелото црево или на бешиката. Исто така, се јавува пореметување во менструалниот циклус и пореметување во јадењето
     
  5. Milena-111

    Milena-111 Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    12
    Можеби прашањево не е за оваа тема ама пак ќе го поставам :$ имав проблем со полицистични јајници и претходно имав напишано во врска со тоа... откако престанав со терапијата после 12 ден одкако добив почнав да имам јаки болки на десниот јајник..не знам дали е тоа овулација и дали е нормално бидејќи до сега не сум осетила ништо вака слично и како да ја намалам болката зашто чувствувам како некој со нож да ме боцка .. :(
     
  6. ladybug1

    ladybug1 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    Здраво феминки, денес ми констатираа полицистичен десен јајник и тоа во некоја си блага форма и докторката ми даде Diane 35, многу сум загрижена и сакам да ве прашам дали потешкотии за забременување има дури имаш полицистични јајници или пак и откако би се излечиле тоа останува последица,или пак после се е во ред??? Ве молам за помош,совет,искуство,мислење???
     
  7. Koneko144

    Koneko144 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    Здраво ве молам ако знаете да ми одговорите
    Со полицистични јајници се раѓаш или се добиваат?
     
  8. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Се добиваат, значи не се вродени :)
     
  9. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    3.772
    и јас мислев дека се добиваат ама испадна не е така, докторот ми рече дека вака сум родена со вакви јајници и дека тие да се сменат не можат само да се регулира нивната состојба ама дека исти ке останат со многу цистички и зголемени
     
  10. ladybug1

    ladybug1 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    Здраво,сакам да прашам... Десниот јајник ми е полицистичен и тоа во блага форма,така ми кажа матичната и ми даде Diane 35,сакав да прашам дали се добри и дали би ми се решил проблемот,зошто некои не се задоволни воопшто од нив а некои се задоволни..немам почнато да ги пијам зошто немам добиено,а тие се пијат кога ке добијам... Дали одкако би се излечиле полицистични јајници и понатаму остануваат потешкотиите за забременување како резултат на предходни полицистични јајници???
     
  11. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас веќе пет години имам некои симптопи на полицистични јајници но полицистични јајници немам. Пред 4 години правев магнетна резонанца и ми открија микроаденом на хипофиза и слушнав дека можеби и од него имам такви симптоми.Сега само одам на контрола на ендокринологија во државна болница и пијам лекови ама многу долго време. Незнам дали тие се штетни ако се пијат подолго време? Некои велат штетни се некои не. Кога одам во аптека да земам лекови аптекарката ми е соседна и ми кажа еднаш како ти пиеш Спиронолактон на 20 години па млада си и кога ја прашав да не е штетен ми кажа секој лек е штетен колку и што лечи ништо повеќе. Некој од вас да не го пиел Спиронолактон ?
     
  12. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    3.772
    кој доктор ти го препиша? и мене ми го препишаа заради влакнавоста на лицето ( 50мг наутро) али искрено да ти кажам страв ми е да почнам да го пијам ради тие несакани ефекти што се спомнати во упатството :( нели ти кажа аптекарката зашто е штетеН? :?: иначе многу ендокринолози го препишуваат ама не разбирам зашто кога е за исфрлање на вишок течности од телото кај оние со висок притисок :?:
     
  13. Viktorii4e

    Viktorii4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    258
    некој да ми пообјасни за опасностите од полицисичниве јајници..?? дали влијаат на плодност?и на зголемување тежина?
     
  14. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Мене ми го препиша Чедомир Димитриевски во државна. Па зависи штетен е кој има низок притисок како мене, па затоа го пијам по половина, а и на овие пеколни горештини тешко се поминува. Затоа што тој лек е за исфрлање течности од организмот. Почни да го пиеш јас повеќе од година дена го пијам ама затоа пак и пијам многу вода за да надокнадам. Ми се случувало некогаш да ми се слоши ама поминувало. Само што кај мене нема некој резултат, се си е по старо. Снашка ми исто така има полицистични јајници ги пиеше јасмин и и помина, а јас и јасмин и спиронолактон па пак ништо. :(
     
  15. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Симтоми се: зголемување на тежина, појава на акни, зголемена влакнатост, исто така влијаат на плодност.
    Ама немора да ги имаш сите тие симптоми јас ги немам, а и немам полицистични јјајници мада не знам за сигурно. Можеби и микроаденом на хипофиза има врска со ова.
     
  16. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    3.772
    и јас имам низок притисок а и работава не ми дава да идам нонстоп во веце , цело време ли тера да мокриш? :( полицистичните јајници не исчезнуваат само работава е да се подобри нивната работа да добиваш циклус редовно овулации ако го имаш ова тогаш се е ок. А дали ти проверија инсулин? тоа е многу важно за пцос , јас имам инсулинска резистенција ( а велат многу жени со вакви јајници ја имаат) и пијам метформин долго време и ми се средија работите колку толку.
    Обично тие со микроаденом на хипофиза имаат висок пролактин тебе како ти е тој?
     
  17. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас само многу вода пијам устата ми се сушат по цела ноќ само вода пијам. Не сум приметила да ме тера цело време да мокрам. Само со водата е проблем ноќе што пијам и што сум како утепана од низок притисок и апчињата заедно.. :tmi:
    Имам висок пролактин и тестостерон а со инсулин немам проблем.
    Мој совет сепак пробај да ги пиеш па самата ќе видиш дали ќе можеш да ги пиеш или не не се толку страшни :) .
     
  18. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    3.772
    a za prolaktinot pies lu nesto? jas.dostinex pijam i mene mi bese visok, ama nemam mikroadenom, sega e ok so dostinexot
     
  19. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Не пијам ништо... Дали влијае на нешто висок пролактин ?
     
  20. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    3.772
    леле како така не пиеш мораш да пиеш, влијае како не , ја спречува овулацијата , мора да се регулира башка и тој микроаденом со достинекс ке почне да се смачжува нема да расне, не ми е јасно како може да не ти дале ништо за висок пролактин :o смени си го ендокринологот под итно , тој чедо димитриевски е повеке за машки проблеми така имам чуено, јас идам кај бранкица крстевска .
    И за пролактин најефикасен ти е достинекс малце е скап 340 ден таблетка ама се пие на неколку дена по една таблетка тоа на почеток , после се оди на доза на одржување ( јас пијам по пола таблетка на 14 дена знали една месечно) едно мало апченце со лупа да го гледаш ама ефикасно до немај каде е :lol:
    Можно е бромергон да ти дадат зашто е ефтин ама со тој терапијата е долготрајна, и има многу нус ефекти се пие секој ден по една, две таблетки, а со достинекс еднаш пиеш и раат си после долго време :P :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.