1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полицистични јајници

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од lovefashion, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Мене чедо ми кажа и од овие ќе го снема микроаденомот а искрено чедо ми делува малку неозбилно јас бев кај бранкица ама ја сменив зошто еден ден отидов ама таа не беше тука и чедо ме прегледа и да не доаѓам пак во ск зошто сум од друг град и така почнав кај чедо. А достинекс слушнав дека го пијат оние што сакаат да забременат.
     
  2. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    3.772
    нема врска, достинекс баш не смее во бременост да се пие додека бромергон смее, достинекс го пијат оние кои сакаат брзо и лесно да го спуштат пролактинот, многу е ефикасен е не се ни осека дека го пиеш, ти кажувам многу поминав по лекариве, со висок пролактин не смееш да си, утре ден сигурно планираш семејство да створиш нели :) затоа закажи си преглед или кај крстевска или кај пемовска добри се и двете :)
     
  3. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас колку време имам висок пролактин и незнам зошто никој не ми кажа дека влијае на плодноста... :(
    Мирјана Пемовска ли?
    Ама мислам дека Мирјана е во детска... Многу ми е познато тоа Пемовска мислам дека сум била кај неа ама многу одамна. Јас сум слушнала дека и овие таблети што ги пијам Јасмин влијаат на плодноста ја сушат матката,а и ги покачуваат тромбоцитите и јас имам покачени тромбоцити ама штом Крстевска ми ги препиша поодамна претпоставувам дека се добри.
     
  4. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    3.772
    не гордана пемовска :) па види јас лично од контрацептивите господ го видов ако ме сфакаш и на никој не би ги препорачала зашто погадни од нив нема, ама кога се има проблеми вакви и кога не планираш сега деца да имаш ги даваат овие , а кога планираш даваат нешто друго т.е во повекето случаи кај пцос метформин. Инаку не чини да имаш високи тромбоцити зашто е зголемен ризиокот од појава на тромбоза а со ваквите таблети уште толку е зголемен..прочитај и во упатството пишува . Според мене јас на твое место би го пиела спиронолактонот ради тестостеронот, потоа достинекс ради пролактинот мораш задолжително да бараш терапија ( прочитај и на нет дека ја спречува овулацијата ) и толку, ако ти доага редовно не би се труела со контрацептиви во никој случај, многу се лоши ептен :worried:
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки! Подолго време имам неродовен месечен циклус, но последните месеци ептен ми се избрка, најпрво ми доцнеше дури 20 дена, па после тоа 6 дена, па добив два пати во месецот. Бев на гинеколог и тој ми рече дека имам полицистичен јајник и поради тоа циклусот ми е нередовен. Без никакви дополнителни прегледи и испитувања тој ми ги препиша Јаз и ми рече дека морам да ги пијам заради регулирање на циклусот. Ве молам да ми кажете дали е доволно само преглед на вагинално ехо за да се заклучи дека треба да пијам хормонски лекови. Инаку сум сеуште девојче во долга врска и со голема желба за многу дечиња :lol: и голем противник на сите вештачки лекови. Доколу има некој искуство Ве молам да ми каже совет дали постои природен начин за регулирање на циклусот и дали се потребни дополнителни испитувања за тоа дали имам потреба од примање на Јаз и слични хормоски лекови.

    П.С. Довербата во докторите ми е еднакво со нула :rofl:
     
    На Jeanette му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simicka

    simicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    91
    Јас ги пиев дијането 3 години и два месеци ми беа диагностицирани полицистицни јаници и не ми доѓаше менструација два месеци но последната година од пиењето на апцињата почна могу да ми се лоши станав депресивна буквално бев како бремена жена ми беше лошо речиси секој ден гинекологот ме убедуваше дека не е од нив , добив алергија матчната од општа медицина кога дозна дека пијам дијане збесна лом ме направи и бидејки отидов за алергијата а оддамна не бев правела крвна слика ме натера да направам ми најдоа покачен шеќер во крвта 7,1 од дозволено 3,5 до 6,5 правев три месеци наназад и тој покачен 7,8 и матицната беше со зборовите ете ти реков ова е дијането одма ми ги прекина гинекологот дијането и право на ендокринолог ми дадоа само диета и беше зачудена како сум ги пиела 3 години без прекин и наредно испитување после едне месец шеќерот мерен три месеци уназат 4,9, инсулинот во ред кортизолот во ред се во ред дијабетис нема е сега сум уште на диета но откако ги прекинав дијането со менструацијата пак по старо поточно ги прекинав и добив менструација ,после 15 дена пак добив некое неовулационо крварње и од тогаш еве еден месец цел ми прескокна и на ехо повторно се јаниците полицистични ендокринологот ми вика да почнам да зимам примолут нор 3 месеци , гинекологот небеше баш за нив и ми се смачи нека поминат одмориве ке почекам зошто на нив пишува дека несмеат луге со дијабет да ги зимаат а мене на некој начин организмот во тој поглед лошо изреагира a пред некој ден осеќав како пупките од градите ме болат на допир сега престанаа ама да дојде нема абер , со се однесува до лосшењето дури сега се осекам подобро не ми се така лоши сакам да казам џабе апчињава кога вредат само додека ги пиеш и не ми е јасно овој синдром на полицистицни јајнци го имало оддамна и жените не ни знаеле дека го имаат не го ни лечеле сега само со хормони не троваат незнам веќе со да мислам а за бремена гинекологот ми рече дека нема проблем да се остане и сега ипага лечиме нешто што природава така го создала а знам еден куп жени и девојки од моето окружување со го имаат овој глупав проблем
     
  7. ladybug1

    ladybug1 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    Мене пред некое време ми рекоа дека имам полицистичен јајник и ми дадоа Диане 35 ,но бев кај друга докторка која е доста добра и ми рече дека не се работи за полицистичен јајник,туку ги изброја фоликулите и кажа дека се во границите на нормалата,зато јајникот не е полицистичен... Ми кажа дијагноза олигоменореа,и сега треба сите хормони да ги испитам па ке видиме какви лекови ке ми даде...Сакав да прашам дали тоа што малку имам зголемена влакнавост и тоа само на брадата ,дали мора да значи дека е од полицистични јајници или пак некој хормон си ја игра својата улога :worried:SS ???? и дали олигоменореата ( нередовна менструаација) влијае на плодноста ,и дали може да се излечи,да се доведи се во нормала?? :worried:SS
     
  8. EvalentAiden

    EvalentAiden Нов член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Имам синдром на полицистични јајници, никогаш во животот не сум имала редовен менструален циклус.
    Сум се обраќала и претходно уште како тинејџерка на гиниколог и сум примала хормонални терапии кои биле со краткотраен ефект.
    Редовно одам на гиниколог и направив хормонални испитувања и бактериски испитувања.
    Од страна на матичниот гиниколог најпрво ми беа препишани Примолут нор 5 м, по кои извршив хормонални испитувања, од кои според зборовите на д-р е видливо дека имам минимален дисбаланс на хормоните, по што ми ги препиша Dostinex 0.5 MG.
    При нареден циклус повторно изостана крварењето, а поради фактот што упорно се обидувам да го доведам циклусот во нормала, повторно се обратив кај гиникологот кој повторно ми ги препиша Примолут нор од 5 мг, по кои ми рече да продолжам да ги пијам Јаз. Јаз ги пијам 2 месец. Денес бев на контрола, на која д-р без да изврши преглед ми кажа да продолжам да ги пијам Јаз уште 4 месеци без прекин.
    Не ми е проблем да продолжам да ги пијам апчињата но сепак би сакала ваше мислење околу сево ова, затоа што за мене е веќе збунувачки.
     
  9. thebabylover

    thebabylover Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    Правев пап тест одличен е.Хормони испитав и тие се во граница на нормала. Но костатирани ми се полицистички јајници. Пробуваме 6 месеци,но ништо.Почнав да се нервирам.Ке ми казете некој совет?? Мозно ли е со полицистички јајници по природен пат да забременам и како? Благодарам до небо за секој совет.
     
  10. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Мене ми кажаа по природен пат не е можно да се забремени давале некои лекови. И несмеам да се здебелам затоа ако се здебелам ќе бидам стерилна, а кој има полицистични јајници склон е кон дебелеење. Ми кажаа оди си дома кога сакаш да имаш деца пак ќе дојдеш а ни лекови ми дадоа за тие јајници ни ништо, џабе и ги пиев оние до сега што ги пиев токлу години Јасмин и Диане. Ни ласерска депилација помага ни ништо. Имам другарка што има полицистични јајници дебела е и влакнаста. Чудно ми е што не м и дадоа лек, пијам еден женски чај што го купив ако помогне тоа нешто малку ама неверувам.
    Најмногу се загрижив за тоа што тешко се забременува и зголемената тежина многу влијаела на тоа плус. А што ми е најчудно овие години немав полицистични јаници кога ме прегледуваа на ехо. По две години ме прегледа гинекологот и ми кажа имам полицистични, истото го кажаа и во Скопје. Диане и Јасмин ги пиев за регулирање на хормоните само не за полицистични јајници кога немав, а сега одеднаш станаа полицистични ништо не ми е јасно...
     
    Последна измена: 6 ноември 2014
  11. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Скоро пишав некаде... Јас сум со PCO, бремена во 37 недела.
    Од малечка сум буцкаста, така што дека сум дебела од состојбата, не би рекла. PCO се наследна генетска состојба, и тоа е тоа. Не сум влакнеста, немам акни, но никогаш не сум имала редовни циклуси... Те на 32 дена, па следниот на 36... Некогаш ќе ми скокне по 2-3 месеци (еднаш на 2 години)... Во тие скокања сум кревала на килажа...

    Немам проблем со хормонален статус, немам проблем со тироида.
    Патем, пцо не значи ни дека имате цисти. Никогаш не сум имала ниту една циста.

    Она што погоре го викате дека не може да се остане бремена е погрешно. Работата со оваа состојба е дека не може да се предвиди овулацијата кога ќе се случи, или пак се случуваат ановулаторни циклуси почесто од обично... Затоа може да изгледа отежнато забременувањето...

    Обично доколку жената нема редовни циклуси, а сака да забремени, и се е во ред со неа, се даваат контрацептивни средства кои се пијат неколку циклуси со цел да се испровоцира организмот да се навикне на некој ред... Ако циклусите се редовни, се прави фоликулометрија за да се одреди дали има овулација и кога ќе е...

    Значи оваа состојба воопшто не е пречка.

    Исто така, скрос е неточно дека само заради PCO здебелувањето би водело кон стерилитет...


    Накратко - после пиење на 3 месеци апчиња, заради скокање на циклус од месец и пол, отидов на контрола - фоликулометрија за да се види дали ќе има овулација и дали се регулирал циклусот. Примарно беше да се среди тоа, бременост беше некој план за понатаму. Откако беше установено дека ќе има и кога, решивме да пробаме. Останав бремена одма - прв обид кога знаев дека ќе имам сигурно овулација. И би потенцирала дека останав бремена со мнооогу кила, плус качени од апчињата.
     
    На Ivaphkare му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    работата со пцос не е дека се има цисти, туку дека јајниците се полни со фоликули кои не пукаат, обично ваквите јајници се зголемени, со дебела кора, и затоа и се нема овулација. јас секогаш сум била слаба па имам пцос. Јас останав бремена со поагресивна стимулација и инсеминација, кај секого различно.
    Ти што конкретно пиеше за овулација?
     
  13. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Ништо за овулацијата. Кога се деси тој скок во циклусот, пиев дабростон за да добијам, а откако добив, требаше да пијам три месеци јасмин. Но, јасминот ми се покажаа како послаби бидејќи крварев по малку, па ги допив по две на ден. После пиев цикло прогинова два месеци и престанав. По престанувањето не пиев ништо за провоцирање на овулација, туку само одев на фоликулометрија за да се види дали организмот ми фатил некој ред...

    Кај пцо има сепак разлики во состојбата... Мене ми прават проблем еднаш на две години со големи скокови... Инаку, немам никогаш пратено претходно за да направам некоја анализа колку од циклусите ми биле ановулаторни.
     
  14. cinderella93

    cinderella93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    49
    dijagnosticirani mi se policisticni jajnici i ginekologot mi prepisa promoult nor 5mg, mi kaza 10 dena da gi pijam i ke treba da dobijam menstruacija i vednaz da prodolzam do drugi apcinja 6 meseci, vcera gi zavrziv nor-ot no nemam dobieno, bidejkji prv pat ja primam ovaa terapija, sakam da prasam dali koga ke gi ispijam vednas treba da dobijam ili moze i posle nekolku dena? no mislam deka doktorkata mi rece na 10-ot den, a jas nemam seuste nisto :/
     
  15. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    @cinderella93 За ден два ќе добиеш најверојатно. Јас имам пиено 5 дена и ми рекоа за 5 дена откако ќе престанеш да ги пиеш ќе добиеш и за толку и добив. Најверојатно и ти треба да почекаш некој ден. Не се напнувај,опушти се ќе ти дојди. Знам колку ти е мачно со тие апчиња.
     
    На cinderella93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.778
    Пол:
    Женски
    zdravo na site
    eve me i mene od utre pocnuvam so primolut nor ne sum dobila od oktomvri...doktorov mi rece da gi pijam 5 dena dva pati po 1 vo denot...ispitav hormoni i prolaktinot mi bese malku pokacen.pred da pocnam so terapija za nego doktorot mi rece da go ispitam uste ednas.na vtoroto ispituvanje bese normalen pa ne mi dade nisto. no zatoa vo meguvreme na brisot si otkriv hpv :( terapijata za hpv to ne odela zaedno so tableti za reguliranje na ciklus pa zatoa mi dade primolut nor tie ne regulirale ciklus tuku samo si mozela da dobies togas-za togas...koj znae kako ke izvlecam glava od ova :D nekoja da ne ima vakvo iskustvo?
     
  17. bridetobebt

    bridetobebt Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    146
    ехее искуства една куп, јас забременив со стимулација и инсеминација ама мензисот пред тоа го средив со метформин, оди си на ендокринолог или најди си асален гинеколог да ти ги направи потребните испитувања битни за полицистични јајници ( инсулин и скриен шеќер) кај мене овие беа покачени и пиев метформин со нив добивав редовно ама овулација немав и мораше да е стимулира. Илипробај со чаеви ( микс од ајдучка трева невен коприва) или ако сакаш да забремениш маацина трева сабајле и наутро, на пладне чај од здравец една чаша и ти и маж ти чаевиве ги има во билна аптека стојанови. И да со примулот нор не се регулира мензисот само се провоцира, затоа мајката му е метформин, и да не ти се покачени скриениот шеќер и инсулинот се даваат овие, влијаат могу поволно на јајниците, можеш и на интернет да прочиташ . ако имаш покачена килажа ослаби, исфрли благо од употреба, мрсно, тестенини, бел леб и сл. Што не ти е јасно слободно прашај ме . А за хпв само бета глукан од аптека и витамин ц, б комплекс, можеш ио цинк и селен уз тоа.
     
  18. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    24
    Здраво.
    Сакам да ве прашам кои се симптомите за жените што имаат полицистични јајници, јас се сомневам но не сум сигурна?
     
    На fatamorgana123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.778
    Пол:
    Женски
    душо фала ти многу ќе пробам со зајакнување на имунитетот, а по твој совет ќе земам и селен, само тоа не го земав. иначе од денес почнав со примолут нор, а за другиве таблети што ми ги пиша ќе се распрашам кај докторот. тој ми вели ти ги давам примолут нор зошто другите не одат со хпв-то. прво излечи го него, а после ќе го регулираме циклусот, а мене страв ми е да чекам.а овој е досега 3-ти доктор шо го консултирам, од претходните двајца не сум ич задоволна. па сега ќе видиме како ќе се движат работиве :) п.с. ако ова бт на твоето корисничко име значи дека сме од ист град тогаш веројатно знаеш кај кој доктор одам сега :D поздрав
     
    На Sarasaricka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.778
    Пол:
    Женски
    кај мене се јави ужасно нередовна менструација и така дознав за ова. докотот ми изброја 10 точки на јајниците и ми рече над 10 јајниците се сметат за полицистични.јас тоа не си го сфатив за сериозно, ама пошто сега ми излегоа триста проблеми. ако се сомневаш на нешто оди совреме да се провериш нема поубаво од тоа.
     
    На Ruza.Ruzica му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.