1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полицистични јајници

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од lovefashion, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. beauty.princess

    beauty.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2015
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски

    Миличка таа е примариус и ни е многу блиска пријателка и затоа и поверував но неможам сепак да си дозволам така да ги пијам, бидејки тоа не е обичен аналгетик или било што па ајде, во прашање се хормони и затоа ми е страв па сакав да се информирам малку повеќе овде и да споделам со вас мислење... кога бев во ре медика ми кажаа дека немало никакви цисти но мене стомакот и понатаму ме боли нон стоп, но мислам дека имаш право, треба повторно да се консултирам со гинеколог. Фала ти многу :l::l:
     
  2. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Девојки, ме фаќа паника...
    Гледам колку многу парови имаат проблем со забременување и колку многу време, обиди и стрес тоа ги кошта... Е сега, јас имам полицистични јајници и намалено лачење на тироидната жлезда.. За жлездата земам терапија а за јајниците гинекологот ми кажа дека подобро е ништо да не земам се дури немам намера да останам бремена.. Моментално не размислувам за бебе, но почнувам сериозно да се грижам дали кога ќе биде време јас ќе можам да останам бремена и плодот да ми биде здрав..? Ме грижи тоа што и полицистичните јајници и хипотиреоидеата влијаат многу на хормоналниот статус, со тоа и на забременувањето и на разбојот на бебето... :worried:

    Многу ќе ми значи да разменам мислење со некој на форумов со слична ситуација, како и со некоја што веќе го поминала процесот на забременување а има слична здравствена состојба како мојата..

    Ми фали поддршка и реална претстава за тоа што ме чека... Важно ми е секое искуство...
    Фала Ви! :hug:
     
  3. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Долги години се борам со полицистични јајници а самото тоа ми предизвикува хормонски дизбаланс и вечна борба со влакнетост и акни. Бев долги години и под терапија со хормони и контрацептивни таблети но сето тоа беше привремено, кога ја прекинував терапијата пак одново истиот проблем.
    Единствено што ми помогна и што веќе го пијам неколку месеци е чај за женски тегоби од билна аптека на Матија. За рекордно време ми се повлекоа акните и ми се исчисти лицето и јајниците и хормоните ми се доведоа во некој ред. Сега не користам никаква крема за лице ниту пак имам потреба од козметичари. Само повремено ставам јекодерм крема на места кај што ми избиваат ситни акни пред менструација.
    Чајот е природен и содржи кантарион, нане и ајдучка трева. Ви го препорачувам на сите кои го имате истиот проблем, поготово оние девојки кои се трујат со хормонски терапии поради акните и зголемената влакнетост.
     
    На AURUA и Doozy им се допаѓа ова.
  4. Anonymous275

    Anonymous275 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2016
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Редовно имав менструација, ако ми доцнело тоа било 3/4 дена max, но сега, ми доцни 12/13 дена, не сум бремена, направив два теста и двата беа негативни, не сум била под стрес освен деновиве затоа што многу ми доцни, исхраната ми е добра... Инаку имам 17 години и подолго време имам односи со дечко ми, не е од сега брзо за да имам вакви промени... Дали е можно да имам полицистични јајници и како би можела да дознаам? Благодарам :)
     
  5. winter flower

    winter flower Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2016
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    12.214
    Пол:
    Женски
    Ќе си отидеш на гинеколошки преглед и ќе си го кажеш проблемов, а за да ти открие дали имаш полицистични јајници мора да те прегледа доктор со вагинално ехо,иако доцнење на менструација може да биде последица и од многу други причини, така да не донесувај заклучоци без мислење од стучно лице.
     
  6. anadimitrova14

    anadimitrova14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    7
    Zdravo devojki,deneska bev na ginikolog I mi kazaa deka imam polixisticni jajnici,no jas nemam takvi simptomi kako so se neredovni ciklusi,jas dobivam sekoj mesec tocno na 28 dena no se obiduvame da staneme roditeli I nikako da uspeeme,ginikologo mi rece deke nema potreba od taraipja iv kazete mi nekoe iskustvo ili care pozdravv
     
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Каде се наоѓа оваа аптека, што цена е чајот и како го конзумираш?
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    @Rubiii не знам каде се наоѓа токму таа билна аптека, но чајот го има и во останатите билни и подобро снабдени обични аптеки. Цената е некаде околу 250-300 денари.
    На кутијата има начин на употреба, се пие свежо приготвен два до три пати на ден. Јас варам само еднаш и го делам на два дела и го пијам наутро кога станувам и навечер пред легнување.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    А кажи ми дали имаше проблем со нередовен циклус?
    Милион чаеви прочитав на форумов, и не знам што попрво....
     
  10. anadimitrova14

    anadimitrova14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    7
    Здраво девојки,ми кажаа дека имам полицистични јајници но не многу нагласени и матката ми била наназад,имам редовен месечен циклус,бев на гинеколог и не ми дадоа никаква тарапија бидејки немало потреба,сакам да станам мајка па дали некој ги користел капките Фемисан А ми кажаа дека биле корисни за побрзо зачнување,дали има некоја штета или последица да ги по пијам,да споделите некое искуство за нив поздраввв
     
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.719
    Допаѓања:
    145.080
    За полицистични јајници незнам, немам искуство.
    А свртена матка имам јас, проблем со зачнувањето немавме.

    Руби , а доктор што вели?
    Примаш ли некоја терапија?
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Руби не знам за чаеви, ама пробај среди ја исхраната. Повеќе продукти со природен естроген и мака како суплемент. Нема промашај. :)

    И нормално, минимизирај ниво на стрес затоа што стресот влијае на излачувањето на хормоните.

    Јас зезнав работа со храната во последно време, веднаш забележувам зголемена влакнатост. (facepalm) Буквално само неколку недели не јадев строго дисциплинирано и секој ден си наоѓам по некое ново влакно или забележувам повеќе згуснати. Ми се плаче, што правите луѓе за проблемов а да не се контрацептиви? Да барам спиронолактон да пијам, немам памет веќе.

    Циклусот ми е сосема среден, немам акни, со тежината сум океј, косата исто во ред ама влакнава ме вадат од такт. :devil:
     
  13. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Одамна имам примано Диане35 но ги прекинав зошто ми удрија на јетрата... После тоа со здрава храна се регулираше телото...
    И јас сум приметила дека циклусот и влакната ми се во корелација со стресот и храната.
    Кога вежбам и се хранам здраво се е во ред, и обратно...
    Кои се тие продукти кои ги конзумираш а се со природен естроген?
     
    Последна измена: 17 јули 2017
    На Doozy и duffi им се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    Немам полицистични јајници, меѓутоа неодамна имав одреден проблем па ми препорачаа да зголемам внес на естроген.
    Естроген има во лененото семе (меѓутоа консумирај го строго мелено, затоа што во спротивно организмот не може да го процесира), потоа во сончогледот, мешункастите зеленчуци, во сојата (јас ја избегнувам, не ја сакам), а ми препорачаа и чај од анасон.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    @Rubiii и јас наебав од тие Диане, буквално наебав, само тоа ќе кажам. Не знам зошто упорно ги препишуваат, најзастарени контрацептиви се и само кај нас ги даваат. (facepalm)

    Размислувам дали да земам да пијам Јаз некое време.... 5-6 месеци. Малку психички да се одморам од организирање на животот околу храна и вежбање. Имаш пиено некои други контрацептиви ти? Или воопшто, друга терапија? Јас моментално немам никаква дијагноза, не знаат што ми е и сама ако не си ги преземам работите во свои раце, ќе биде многу лошо затоа што од такт ме вадат влакната. Другите викаат дека си умислувам ама јас гледам кога има промени.

    Инаку покрај ленено семе, мене сојата ми е број еден. Не јадам јас соја шницли и такви ми ти работи, ама пијам млеко од соја. Можеш да купуваш тоа во прав или тетрапак, вршат работа и двете, барем кај мене.

    Јади хумус и варен наут, ако можеш да го поднесеш. Јас варен наут не можам ама хумусот ми е супер. Ленено семе мелено како што рекла Мишела, можеш и масло да купиш и во салати да го ставаш. Можеш навечер да вечераш кисело млеко со многу ленено семе, ќе забележиш и градите како ти стануваат пополни, чудна работа. :)

    Почни да пиеш мака, меѓутоа внимавај да ја пиеш наутро и не повеќе од една лажичка на ден. Мене почна едно време да ми се јавува тахикардија и престанав, мислам заради тоа се изреметив толку периодов. Сега пак почнав ама со усул. Ако имаш некој од Бг, нека ти донесе од таму, тука е поскапа, а брзо се пие. Јас купив пола кило од Бг за 10 евра.

    Избегнувај млечни производи во шииииииирок лак, многу влијаат врз хормоните. Ако веќе јадеш, јади урда и кисело млеко само. Млекото е најлошо, а јас овде имам киксови најголеми (млеко со кафе (facepalm)), само се трудам да ги минимизирам. Избегнувај и брокула, го вадела вишокот естроген од телото.

    Исфрли го шеќерот, шеќерот исто го менува лачењето на хормоните... мене затоа хроното ми е океј, со некои мали модификации за да можам да ги вметнам продуктиве од горе.

    Пробај да билдаш мускулна маса, салото лачи дополнително хормони.... значи не само вежбање заради слабеење туку баш да имаш мускули. Јас не сум до ова дојдена ама се трудам. :D

    И медитација/молитва, што и да ти одговара или како и да го гледаш тоа исфрлање на стресот. Има една група на фејсбук за поддршка на ПЈ, жени од цел свет се собрани и еднаш една типка имаше напишано дека докторот и' рекол дека додека не ја среди исхраната, вежбањето но најбитно УМОТ, можеме до утре сабајле да си играме со лекови без да има никаков ефект.

    Можеш да пробаш и со таа кето диета/хроно, ако ти се ПЈ заради инсулинот, веднаш ќе ти се среди со тоа. Кај мене е нешто со хормоните и еве..... буткаме. Некако. :(

    Мој совет, обавезно пиење на магнезиум, цинк и вит Ц, најквалитетни што можеш. Читав некоја статија за поврзаноста на цинкот со клетките на матката, со нивото на естроген и прогестерон, итн, итн... па можеш да пробаш. Ако пиеш лекови за железо, тогаш не цинк.

    А и да знаеш дека ако си често нерасположена/анксиозна или каква било друга промена на расположението, дека ти е од ниско ниво на женски хормони. Пробај напиј се лажичка мака во таков период и веднаш ќе забележиш како ќе ти се поправи. :D

    Иначе... сакате да отвориме некоја тема за поддршка или нешто така на форумов? Можеме да се советуваме за исхрана, да се радуваме на редовен циклус, секое ослабено кило, секое влакно помалку и слично. :D
     
    На Kathrynn, AURUA, sorbet и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    @Doozy исто е и кај мене, докториве не знаат што да кажат...Бившата докторка-гинеколог ме прашуваше дали сакам диане35?
    Ало жено, не дали сакам или не, туку дали треба или не?
    Резултатите од хормоните секогаш биле тука некаде, ехото од јајници покажувал дека и баш немам пј, а циклусот и влакната од каде такви пореметени? :D
    Искрено, немам верба во доктори, повеќе си верувам сама на себе и природните решенија, зошто се имам испечено неколку пати...
    За да ми ја исчистат јетрата која се замасти и и искокнаа вредностите како последица на примање диане, една докторка ми даде таблети кои ќе ме тераат на голема нужда, односно течна столица. Резултатот беше 10 пати на шоља дневно и хемороиди гратис...
    Дотогаш немав проблем...
    Епа докторке така не се слабее, подобро дај ми нешто поприродно, отколку провокации за нужда на човек што си има одличен метаболизам и нема проблем со голема нужда.
    После тоа, првично ете имав проблем со јетрата, па излезе ова второво со хемороидите како последица на таблетите и на своја рака ги прекинав зошто знаев дека не ми помагаат, телото осеќа и праќа знаци.
    Оттогаш сама се снаоѓам, кога сум посмирена, поослабена или вежбам циклусот е топ, влакна нема, ама кога ќе се поклопат работите како сега- сум крш...
    И моја блиска заглави со диане, ги зимаше долго време, а на контроли докторкава ок си пиј си, и после маки она си тргаше, сега со очи несака да види и чуе за нив или за гинекологот.

    Сега почнав со маката, чајот за женски тегоби го земав, се трудам да балансирам преку УН со здрава и квалитетна храна, поправена сум доста за моево тело, планирам и да се вратам на џогирањето со него имам најголеми резултати...
    Повеќе си верувам сама на себе, отколку на докторите наши...
    Инаку ми има кажано гинеколог дека циклусот не е некој проблем, имало жени кои имале само 2 пати годишно па останувале бремени од прва, за разлика од оние со редовен како швајцарски саат па со маки одело забременувањето.
    Фала ти на инфото за маката од Бугарија, тука е стварно скапа, еве утре треба 3то тегличе од 75 гр да го купам, кое чини 265 денари, и ова ќе ми е третото а не е поминат цел месец како пијам мака.
    Каде во Бугарија го купуваш? Аптека или? Како се вика?
     
    Последна измена: 17 јули 2017
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    @Rubiii каква мака зеде? Ги гледав капсулите на Nature Essential ама некако мислам дека мака во прав би била поефикасна. :)
    Нека сподели било која, ме интересираат различни искуства.
     
    На Doozy и Rubiii им се допаѓа ова.
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    @Mishela јас зимам од Матија, ја купувам од Здравата куќа, во тегличка одат 75 гр за 265 ден, и ми трае 7-8 дена...
    Се работи за мака во прав, најобичната.
     
    На Doozy и Mishela им се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    @Rubiii маката е најевтина во Хелти фудс Зегин, 150 или 170 грама е околу 300 денари мислам, така нешто, што сепак е поисплатлива од твојата опција. Можеш да провериш и во Био Космос и Бако (во Скопје има на Рекорд), овие продавнициве за здрава храна.

    Мојата од половина кило ја купив од една рандом продавничка за здрава храна сред Софија, случајно ја забележав, не се сеќавам како се викаше точно. Платив со картичка така да со сигурност беше 10 евра. Не знам како би била цената во Грција, ако знае некој, може да сподели.

    Инаку мене ми е одвратна маката, со сила ја пијам. Едно време купив и таблети за пиење ама тие немаат никаков ефект, не се лажете со нив, а не се баш евтини, 5-7 денари е апче. Исто и тоа, има во Зегин едно како Женски микс, некои правови и билки со мака измешани, и тоа нема никаков ефект. Само чиста, органска мака.

    А, си испитувала ли инсулин и инсулинска резистенција? Мислам, настрана лекариве, јас веќе не верувам на никого и се' сама си читам и истражувам (и не, не од рандом страници на нет туку од проверени медицински журнали, студии, итн.) и гледам дека сама повеќе можам да си погодам. Имаш и по приватниве лаборатории тоа, мислам е околу 2-3 илјади денари.

    Друга работа, јас со години појадував овошје насабајле и никако ама никако не слабеев, а циклусов башка тема. Пробај да видиш со хроно или со кето-диетата каков ефект би имала, затоа што така ќе ти се регулира инсулинот. УН е океј, не дека е лоша, ама мислам дека како за нашиот проблем, има премногу јх и скроб.
     
  20. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Имам проверувано и инсулин и тироида, ти викам резултатите не биле со поголеми дисбаланси, повеќето беа во ред.
    Сега планирам јово на ново да испитам се, да поминат одморите, да се приберат докториве...
    Маката ми е одвратна и мене, ја пијам на екс во чаша вода 1 кафено лажиче, со стиснат нос и одма спремено нешто да лапнам. Но реков дека ќе бидам упорна и ќе ја пијам, еве и на форумов ми пишаа да пијам месец-два за да видам резултати. Моја пријателка има пј и променлив циклус, не и препишаа терапија, пие само мака и и се регулираше циклусот.
    Од денес ќе пијам и чај за женски тегоби од МАТИЈА, 100-150гр за 255 ден, а составен е од mint, hyperici, milefoli (не знам што значат последниве 2 билки, ако некој разбира нека каже), исто и него го прочитав на форумов дека бил спас за влакна, акни и циклус...
    Природни работи да, но таблети ептен ако морам, ќе видиме резултатите најнови што ќе речат. После проблемите со јетрата престанав да внесувам секакви таблети, освен витамин Ц, далерон ептен ако сум настината и не можам да се опраам со чаеви, мед, витамини...Аналгини исто не, вадев умник без аналгин, не сакам да внесувам таблети без потребно доколку можам да издржам.

    Највеќе од се е психата Дузи, кога не мислам на циклусот и влакната се е поинаку, а кога им барам чаре и ги мониторирам нон стоп, имам мака.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.