1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полицистични јајници

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од lovefashion, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    @Rubiii како си со циклусов овој месец? Ако ти е непријатно можеш да ми пишеш и ЛП.

    И другите што имате сличен проблем, дали месецов имате проблеми со циклусот? Промена на време, топло/ладно, итн?

    Не е возможно каков ПМС ме тепа, не можам да си дојдам сама на себе. :tmi:
     
  2. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Никако!
    Не сум добила, ПМС си работи делумно...
    Јас и претходно сум имала месеци да ме скока, или пак во друга крајност да добивам секој месец во ист час..
    Овој пат сум психички оптеретена, го чекам секоја секунда, а кога сум олабавена и не ни помислувам си добивам без проблем.
    Покрај тоа, имам премногу стрес последниов период, од повеќе страни, качив некое кило, бев малку и на море, очекуван е циклусов не знам веќе..
    Август ќе одам на нов гинеколог, иако гинеколог знае за мојов циклус, и самата ми има кажано да не се секирам зошто некои жени имаат само 2 пати годишно циклус, а одма останувале бремени, и обратно.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Јас не сакам да останам бремена ама толку ми влијаат хормониве на психа што не е возможно. Навистина си мислам дека мора да има нешто да се направи, не е нормално вака да се живее. Ме гледаат и другиве, овенав веќе втора недела. Тортура ми е секој месец, де ми се плаче, де нешто ме гуши, де тахикардија, концентрација нула, ми се спие само. :drunk:

    Ќе почекам до понеделник, ако не добијам, ќе закажам некаде во приватниве, затоа што ќе побудалам ако го почекам уште малку. Во последнава година вака последно ми прерипа во февруари, оттогаш доста редовно добивав, 29-30-32 дена. Баш кежуал чекав да добијам и месецов ама шипки.

    Си викам... да не има логика, ќе му дојде на шест месеци дека еднаш зеза и прави поголем лак. А нели, нормално е дури и 8-9 циклуси да имаш годишно само, па вака ќе му дојде дека јас годишно имам 10, што и не е така лошо.

    А и стомак ме искина, мислам дека ми вибрира матката. Подуена, подуена, 3 и пол кила сум поправена од задршка на течности. :worried:

    Ама ти се испожалив. (facepalm)
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Ти ваква фама за доцнење до 32 дена?
    Не драми и не кревај паники!
    Ако најдеш лек за олабавување кажи(lalala)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Јас претходните 2 лета буквално немав циклус 3 месеци.
    Немам полицистични јајници, ама едноставно така ми реагираше организамот на летната клима.
     
    На Rubiii и Doozy им се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Моментално 37.
    (facepalm)

    Со секој ден е се' полошо и полошо.
    :puke:
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    И јас сум во слични нервози. Циклусот ми е ко раштимана клавијатура - не пропушта месец, ама еднаш доаѓа на време три месеци по ред запазено дури до саат. Потоа ќе касни две недели без врска, па следниот месец ќе дојде недела дена порано. Журка.
    Немам полицистични јајници, хормоните ми се стабилни, не знам што е проблемот. Месецов најверојатно имав доцна овулација и се нафрлив ко пубететлика во пределот на виличната коска. Ама такви чудни и болни акни не сум имала во тинејџерските денови. Ужасна ситуација во секој поглед.
    Ќе земам мака од оваа Бугарската, Б-витамини ми помагаат да контролирам нерви колку толку и така.
     
    На Dust, Doozy и Sesil им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.719
    Допаѓања:
    172.706
    Пол:
    Женски
    Не се жалете..37 дена :)
    Да не пишам за себе:doh:
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anadimitrova14

    anadimitrova14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    7
    Здраво,пред некое време дознав дека имам полицистични јајници,но јас имам редовна менструација на 28 дена и немам симтоми на истите,веке 4 месеци се обидувам да останам бремена но не успева :(.Само овој месец ми засоцни 4 дена но менував клима си мислам дека е ид тоа.А мојот гиниколок не ми даде тарапија бидејки немало потреба.Ве молам за мислење и дали има некој слична ситуација како мојата поздрав
     
  10. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Четири месеци се релативно брзо за да докторот ти даде терапија а и за да останеш бремена. Знам луѓе здрави прави што се обидувале по година дена за дете. Најпрво ти е до мозокот треба да се опуштиш и да не мислиш на тоа. А во случај после подолго време да неможе да останеш бремена и ако сметаат цистите се прави лапараскопија за отстранување на цистите. Периодот без цисти трае 3-4 месеци и каде што треба да се работи на случајот, а после тие 4 месеци повторно си се прават цисти. Долготрајно решение за цисти нема. А исто другарка со цисти и каснење на циклус си остана бремена.
    Јас немам вакво искуство но ти зборувам од искуства на другарки и од разговор со гинеколог бидејќи и јас имам полицистични јајници.
    Читав по некоја група некаде дека имало некои што прават чај за женки болести, т.с цисти, миоми итн. Демек на некои помогнал. Малку сум скептична за вакви работи но што ако помогне би решил многу проблеми на женскиот организам. Има некој вакво искуство?
     
  11. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Те прочитав породена си и со бебенце, како ти успеа?
     
  12. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.778
    Пол:
    Женски
    Ни сама не знам. Бидна месецот кога правев хсг, во тек на подготовките за иуи. Плус со катастрофа спермогам. Знам дека тој месец редовно земав мака капсули и е витамин. И секое утро јадев по едно лажиче мед со матичен млеч, оти често настинував, не за друго. А маката ја пиев за да добијам циклус и да правиме иуи, па после да одиме на ин витро. Но, не стигнав до тоа. Ќерка ми веќе има 8 месеци :)
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Браво, значи природно успешна приказна. Јас почнав со мака таблети од почетокот на месецов и подобро се осеќам, плус овој месец добив на 29ти ден,а вообичаено ми касни 36-40ден. Мака прашок или таблети пиеше? Иако велат и хсг-то помага, по него многу природно забременуваат како тебе:clap::clap:.
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Купи си прашок мака, таблетите им се жими мајка. :nod:

    Јас претходниот месец избуткав до 44-45 дена, многу лошо. Жешко, хормони, стрес, нервоза, се поправив 4-5кг... Ќе видиме месецов.

    Не ме нервира што немам циклус, ме нервира што ми растат влакна со секој ден задоцнување. :devil:

    Стресов да го средам и топ ќе бидам. :whew:
     
    На Dust, AURUA, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.778
    Пол:
    Женски
    И прашок имам пиено. Конкретно тој месец земав капсули на хелт аид. И јас и мм. А хсг ако немаш, направи си, не знам колку време се обидувате сепак.
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kathrynn

    Kathrynn Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, еве и јас да ви се приклучам на групава :doh:
    Како се справувате со вишок на килограми ?Јас леб не јадам скоро ич 8-9 месеци, а и количински многу малку јадам ама џабе, секој залак ми се лепи на стомакот. Во останатите делови од телото сум слаба, ама стомакот многу ми смета.
    Летово циклусот ми е катастрофа, добив во мај, па наредно крај на јули, јуни не добив и цел месец расположението ми беше катастрофа, нервози, депресивни епизоди...
    Хормонална терапија не сум примала, земав само Бромергон за намалување на пролактин ама многу тешко ги поднесував.
    Го имам пробано Женскиот чај од билна аптека Стојанови, ама еве мене не ми делуваше :(
    За маката одамна читам дека е корисна ама не сум пробала, почнувам од понеделник сигурно :)
     
  17. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    A kontrola imaš li skoro praveno na prolaktinot skrien seker so insulinemija imas li ispitano maskite hormoni ispitani li ti se mislam na testosteron androstendion
     
  18. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Na endokrinolog si bila li za prolaktinot
     
  19. Kathrynn

    Kathrynn Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    983
    Пол:
    Женски
    Контрола немам одамна направено, пролактинот последно ми беше нормален па ги прекинав апчињата, машки хормони во нормала тестостерон а андростендион покачен и ми беше пореметен односот FSH:LH
    Инсулин немам испитано досега :|
     
  20. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    3.772
    i jas prirodno zabremeniv so pcos :) vo periodot koga zabremeniv piev metformin a pred toa pravev histeroskopija i kratko posle nea zabremeniv.
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.