1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од Dr.Kochoski, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Д-р Горан Кочоски одговара на прашања поврзани со породување.
     
    На Mince1988, Sara.C, Nurhan и 3 други им се допаѓа ова.
  2. viki-viktorija

    viki-viktorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Д-р Горан Кочоски pozdrav do vas. femina sekgas znaela da go pogodi momentot pa zato e sekogas lider.imam prasanje:bremena sum vo 6 mesec odnosno 24 nedeli.ovaa mi vtora bremenos od prvata imam kerka stara 3 godini koja ja porodiv so carski rez zosto bese pominat terminot a jas ne se otvarav i nemav nekoj golemi kontrakci za poroduvanje,pa deteto bese oslabnato mnogu [ se rodi 220kg ] :) sea e super .ama ne znam dali ke mora so ovaa vtorata bremenos da se porodam so carki rez,bidejki vo prvata nemav nikakvi sansi da se otvoram neznam dali imam tesna karlica i dali pak ke mozam da se otvoram dali e mozno sam da mi pukne vodenjakot. mojot ginekolkog veli deka ne moze da znae ,deka mozni se i dvete varijanti.kazete mi ako imam tesna karlica ke mozal li da se otvoram?i ute edno pod prasanje:Dve nedeli imam jaki bolki vo predelot na polovinata na levata i vo predelot na kicmata pred tri cetri dena imav jaki bolki vo stomakot pa bev na ginekolog i doktorot mi rece deka mozebi e do bubrezite i besikata i mi prepisa vitaminski apcinja i uven caj. pa sega se odmaram poveke ne rabotam po doma i stav mi e ako zemam da se arzrabotam niz doma deka ke pocnat bolkite pak ,zatoa lezam zosto taka mi e po dobro . mozno li e pak ako rabotam niz doma da me fatat bolki?odnapred blagodaram i pozdrav do vas .:)
     
  3. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18

    Прво да ви одговорам на вториот дел од прашањето, кој во моментот е актуелен, и на прв поглед посериозен. Болките во долниот дел од грбот во текот на бременоста, најчесто се од коскено-зглобна природа, од бубрежно потекло или се поврзани со присуство на контракции на матката. Коскено-зглобните болки не представуваат посебен проблем во однос на текот на бременоста т.е не го загрозуваат нејзиниот тек, но се извор на нелагодност и не треба да се занемаруваат. Обично се повлекуваат после покус или подолг одмор. Болките од бубрежно потекло се веќе посериозен клинички знак на кој треба да се обрне по сериозно внимание. Болката може да биде тапа, но може да биде и така наречена коликообразна болка која е силна и надоаѓа во бранови (како убоди со нож). Обата типа на болка обично се поврзани со воспалителни процеси или присуство на камен во мочните патишта. Доколку болката што ја чувствувате е по потекло од уринарниот тракт, обично е проследена со дополнителни симптоми како што се често мокрење, печење при мокрење, лажен нагон за мокрење. И како последно, но најважно, реков дека болкаат може да е последица на контракции на матката. Во секој случај, неопходно е да се направи следново - да се направи анализа на мокрачата со бактериолошка контрола, т.е да се провери дали има бактерии во мокрачата, и доколку има да се направи уринокултура и по потреба да се ординира антибиотик, понатаму да се направи вагинален преглед, по потреба, доколку постојат знаци за вагинална инфекција да се направат микробиолошки брисеви и да се даде соодветна терапија. Вагиналните инфекции се најчеста причина за предвремена појава на контракции. Доколку се потврди сомнението за присуство на контракции на матката, треба да се направи и ехосонографско мерење на должината на цервикалниот канал, за да се види дали истиот е скратен. Во секој случај потребно е понатамошно следење на состојбата од матичниот гинеколо.
    Што се однесува до царскиот рез, не би можел да ви одговорам зошто при првото породување не сте се отвориле. Причините може да се повеќе, но најчести се две и тоа, неефективност на контракциите, што значи дека болките не се доволно интензивни, не траат доволно долго или не се со соодветен ритам, или може да се работи за крупен плод кој воопшто не налегнува т.е не притиска на грлото на матката па не доаѓа до отварање на истото, што не верувам дека е случај со вашата прва бременост со оглед на малата родилна тежина на детето. Тесната карлица може да биде причина за ненапредување на породувањето, но во тој случај најчесто доаѓа до нормално отварање на грлото на матката, но не доаѓа до правилно спуштање на плодот во родилниот канал. Во секој случај, тоа што првиот пат сте породена со царски рез заради т.н дистокија, не значи дека во оваа бременост ќе се повтори истата ситуација. Во случај кога пациентката има нормални контракции, но и покрај тоа не се отвара, од помош може да биде епидуралната аналгезија. Би ви препорачал, во понатамошниот тек на бременоста да се консултирате со матичниот гинеколог окулу опциите кои стојат на располагање во ситуација кога доаѓа до прскање на воденикот, а нема присуство на контракции, и грлото на матката не е отворено. Во тој случај, кај пациентките со претходен царски рез, можностите за делување се поограничени.

    Со почит,
    Д-р Г. Кочоски
     
    На Peperutkaz му/ѝ се допаѓа ова.
  4. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Почитуван др.Кочоски,
    Би сакала да добијам консултација од Вас,за мојот случај.Во 30 та недела ми е направен огтт тест и откриен гестациски дијабетес,поради тоа морав седум пати дневно да вршам мерење на шеќерот..сите вредности беа добри,не користев никакви медикаменти,единствено мала промена во исхраната,претходно јадев премногу овошје(до 1-1,5 кг дневно) , потоа го намалив истото и се беше во ред .Поради гестацискиот дијабетес ми предложија доколку не се породам до терминот 30.04.2012 ,треба да одиме на индуцирано породување.Моментално сум 39 недела,со бебето е се во ред,нормално се развива , не е преголемо, со мене е се во ред и здебелена сум 6 кг.
    Би сакала мислење од Вас,дали е подобро индуцирано породување или царски рез? Која е постапката со провокациите? Колку долго може да трае индуцираното породување?Дали интензитетот на болките е поголем во споредба со природните болки? Дали има шанса да заврши со царски? Дали е тоа можеби стрес за бебето? И кои се условите кои притоа треба да бидат исполнети за ставање на епидурална анестезија?
    Ви благодарам однапред!
     
  5. tattoo.mama

    tattoo.mama Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    zdravo doktore :) jas sum bremena 34 nedeli,ama imam praveno konizacija pred 2 godini i sega ne mozea da mi pravat serklaz zasto mi bilo amputirano grloto na matkata,zatoa lezam celo vreme.Me interesira dali vakvite slucai se poroduvaat predvreme i kako gi poroduvate prirodno ili so carski zasto jas nemam skoro grlo na matkata :sweat: voedno i bebeto uste mi e so glavata nagore ne e svrteno dole,pozzzz
     
  6. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Гестацискиот дијабет или шеќерна болест во текот на бременоста, е состојба на нарушен метаболизам на шеќерите во текот на бременоста. Состојбата се одржува во текот на бременоста, но најчесто се повлекува по породувањето. Регулацијата на нивото на шеќерот во крвта, во косултација со ендокринолог, се остварува со примена на диета, која подразбира ограничен калориски внес и редукција на внесот на шеќери, а во посериозните случаи и со примена на Инсулин. Како резултат на пореметениот метаболизам на јаглеродните хидрати во организмот на мајката, доаѓа до пореметување на транспортот на јаглеродните хидрати перку постелката. Како најчести последици на ова пореметување се јавуваат зголемување на количеството на окулу плодова вода или Полихидрамнион и прекумерен раст на плодот, кој по својата тежина ги надминува вредностите очекувани за дадениот период од бременоста. За среќа кај пациетнките, кај кои терапијата дава добри резултати и нивото на шеќерот во крвта се одржува во нормалните вредности, овие коммпликации не се јавуваат.
    Што се однесува до времето на породување, тоа зависи од повеќе фактори - растот на плодот, количеството на окулу плодова вода, функцијата на постелата која се контролира преку кардиотокографски мониторинг или „ЦеТеГе“ (CTG) кое треба да се прави еднаш неделно по наполнета 36 недела, и во голема мера од регулацијата на нивото на шеќерот во крвта. Доколку состојбата дозволува, породувањето може да се одложи до спонтана појава на болки или прскање на воденикот т.е до веројатниот термин за породување.
    Доколку состојбата не дозволува или доколку терминот е поминат, повеќе од една недела, и постои причина за вештачко отпочнување на породувањето популарно позната како „провокација“ т.е индукција на породувањето, на располагање стојат повеќе методи, од кои кај нас се употребуваат три - вагинални таблет (Простин), Инфузија (Синтоцинон) или механичко ширење на грлото на матката со катетер кој се поставува во каналот на грлото на матката. Која од овие методи ќе биде применета зависи од тоа каква е конзистенцијата на грлото на матката т.е колку е тоа размекнато и колку е отворен каналот на грлото на матката.
    За која метода и да се одлучи, докторот кој го води породувањето треба да ве информира за начинот на нејзиното изведување, начинот на делување, придобивките од методата и можните компликации.
    Откако со индукцијата ќе се постигне задоволителен степен на отворање на грлото на матката, и ќе се воспостават регуларни болки (контракции), може да се продолжи со прскање на воденикот. Контракциите кои што се воспоставуваат со индукцијата не се разликуваат по квалитет и јачина од природно или спонтано воспоставените контракции.
    Шансите, ваквото породување да заврши со царски рез зависат пред се од состојбата на грлото на матката во моментот на одпочнување на индукцијата. Ваквиот начин на водење на породувањето бара почесто, а не ретко и континуирано следење на плодот со CTG, што носи извесен степен на дискомфорт бидејќи ја ограничува подвижноста на пациентката. Исто така, ваквиот начин на водење на породувњето не претставува никаков дополнителен стерс за плодот, бидејќи во основа се работи за природен процес кој е отпочнат на малку поинаков, а не на природен начин.
    Што се однесува до епидуралната анестезија, таа може да се даде од моментот на воспоставување на контракции кои пациентката ги чувствува како болни, со тоа што, при добро планирање на породувањето поставувањето на системот преку кој анестетикот се внесува во кичмата, може да се направи порано од појавата на контракциите.
    И на крај, природното породување секогаш представува подобра алтернатива од породувањето со царски рез, се разбира се до моментот додека процесот се одвива безбедно по плодот и по мајката.

    Со почит,
    Д-р Г. Кочоски
     
    На professoressa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Конизацијата е хируршка постапка или оперативен зафат со кој се одстранува дел од грлото на матката. Кај овие пациентки, како и кај сите пациентки кај постои извесен ризик од предвремено породување, во текот на бременоста треба да се организира систематско следење на должината на грлото на матката со упореба на вагинален ултразвук (вагинално ехо), почнувајќи од 16 недела. Конизацијата сама по себе не представува индикација за серклаж, доколку измерната должина на грлото на матката не се намалува под 25 мм. Доколку должината на грлото на матката е над 25 мм, конизацијата не се зема како ризик фактор за предвремено породување. Исто така ниту конизацијата, ниту поставеноста на плодот во карлична презентација, т.е со газето надолу кон излезот на родилниот канал, не се индикација те. причина заради која што породувањето мора да се заврши со царски рез. Од друга страна, се до 36 недела во матката има доволно простор и доволно количество на окулу плодова вода да овозможат промена на положбата, што значи дека вашето дете сеуште може да ја смени поставеноста и да се сврти со главчето надолу.
    И уштедна охрабрувачка информација, бидејќи спомнавте дека сте веќе 34 недела (не напоменавте дали е полна или тековна). Студиите покажуваат дека после полни 34 недели способноста на плодот да се справи со условите во надворешната средина се исти како и кај доносено новороден. Поради тоа кај овие пациентки доколку се појават контракции и процесот на породување започне, не се превземаат мерки за негово спречување и одложување, туку се очекува раѓање на здраво и витално новородено.

    Со почит,
    Д-р Кочоски Г.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Ви благодарам на исцрпниот и стручниот одговор,како и на одвоеното време.Поздрав
     
  9. viki-viktorija

    viki-viktorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    VI BLAGODARAM MNOGU DOKTORE ZA DETALNIOT ODGOVOR.I VI POSAKUVAM BLESKAVBA KARIETA.POZDRAV VIKI
     
  10. Ivanna7

    Ivanna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    SE PORODIV NAPRAVENA MI E EPIZOTOMIJA.STO PREPORACUVATE ZA BRZO ZARASNUVANJE? OSVEN HIPERMENGAN
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас само ќе го напишам она што мене ми го кажале, а ми помогнало....често одмивање со ладен/млак чај од камилица, мачкање со кантарион на раната (со памукче) и навечер пред да легнеш да спиеш на секојдневна влошка нанеси кантарион и преспиј ја ноќта со влошката. Ќе помине, за некој ден сами ќе си паднат и конците. Со лесно нека е. :)
     
  12. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    За зараснување на епизиотомијата потребни се 7-10 дена. Конците пак кој се користат за нејзиното шиење се ресорбираат т.е се распаѓаат и се впиваат за 1-6 недели што зависи од типот на конецот кој се користи за шиење. За побрзо и полесно заздравување на епизиотомијата пресудно е редовно и правилно одржување на хигиената на раната. Ранат од епизиотомијата треба да биде постојано сува и чиста. Се препорачува раната да се одмива со најобична топла вода или со стерилен физиолошки раствор кој може да се купи во секоја аптека. Раната треба да се одмива на секои 2 часа во првите 2-3 дена по породувањето. По одмивањето истата треба убаво да се исуши со сува и чиста крпа со тапкање, и да се стави сува и чиста влошка. Се препорачува употреба на влошки изработени од вата обложена со мрежа.
    Не се препорачува на раната од епизиотомијата да се нанесуваат никакви антисептични раствори, масла, креми или спрејови како што се Хиперманган, Кантарион, Павловиќева маст, Бивацин и.тн. Ваквите препарати од една страна не доволуваат соодветно проветрување на раната, ја замастуваат и прекумерно ја сушат, а од друга страна ги прават конците крути поради што тие повеќе се затегнуваат и се потенцира болката.
    Се надевам дека овие совети ќе ви помогнат.

    Со почит,

    Д-р Кочоски
     
    На fana, agapii, Unique.chick и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. tattoo.mama

    tattoo.mama Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    mene me interesira kako se poroduvaat zenite sto imaat karlicno postaven plod cela bremenost,jas sum vo 35 nedela od bremenosta,a inaku ova mi e 3 bremenost so toa sto imav 1 spontan abortus i pravena mi e konizacija
     
  14. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    јас бев породена карлично со 2то дете и убаво се породив како нормално породување,а ако во случај неможе по природен пат следи царски,мене докторот така ми рече и чекаше да видиме дали сум за царски или по природен пат.
     
  15. Dr.Kochoski

    Dr.Kochoski Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    18
    Карличната презентација подразбира поставеноста на плодот во матката при која надолжната оска на телото на плодот е паралелна со оската на матката, што представува основен предуслов за вагинално породување, но на влезот од родилниот канал наместо главчето на плодот се поставува долниот дел од телото т.е карлицата (газето на плодот) со нозете. Зависно од тоа како се поставени нозете на плодот, се разликуваат повеќе форми на карлична презентација меѓу кои најчести се: потполн карличен став, кога нозете на плодот се свиткани во колената и колковите, а стапалата се прекрстени под газето; чист карличен став, кога нозете се звиткани во коловите и во колената но стапалата се прекрстуваат од предната страна; став со испружени нозе, кога нозете се целосно испружени покрај телото, па стопалата доѓаат во висина на лицето; став со колена, кога плодот во родилниот канал навлегува со колената, како да е клекнат и став со стапал или т.н педалична презентација, при која во родилниот канал плодот навлегува со стапалта.
    Основен проблем кај карличната презентација е тој што глават како најголем дел од телото на плодот излегува последна. Тоа значи дека не е можно успешно завршување на породувањето без комплетно отворање на грлото на матката, што изнесува 10 см. Од таму, доколку плодот е поставен на влезот на родилниот канал со стаплата или со колената, најчесто породувањето се завршува со царски рез. Во останатите случаи, т.е кај потполн карличен став, чиста карлилна презентација и став со испружени нозе, може да се направи обид за вагинално породување. Предуслов е да се направи добра проценка на големината на плодот и широчината на родилниот канал т.е да се исклучи присуство на нивна меѓусебна несразмерност или диспропорција.
    Една од можните компликации при породувањето е испаѓање на папочната врвка при прскање на воденикот. Тоа практично значи дека папочната врвка може да биде притисната помеѓу телото на плодот и ѕидовите на родилниот канал при што настанува стоп во протокот на крв низ крвните садови на папочникот. Доколку настапи ваква компликација породувањето се завршува со царски рез.
    Основен предуслов за успешно, вагинално завршување на породувањето представуваат трпението на акушерот и соработката на пациентката.
    Не постои генерален став во однос на тоа дали карличната презентација на плодот треба да претставува ексклузивна причина за завршување на породувањето со царски рез. Генерално се прифаќа следниов став: Во оние центри каде што постои добро развиена и успешна школа за едукација на докторите за успешно завршување на вагинално породување на плод во карлична презентација, истата не претставува индикација за царски рез. Клиниката за гинекологија и акушерство има одлична школа за едукација на кадарот, кога е во прашање ваквиот тип на породување. Поради тоа кај секоја пациентка кај која постојат адекватни услови, породувањето на плод во карлична презентација се води вагинално. Секако дека не се инсистира на ваквиот завршеток, особено доколку породувањето не напредува со задоволителна динамика.
    Во вашиот случај, конизацијата не представува проблем во однос на породувањето, а фактот што сте второротка, дополнително оди во прилог на можноста за вагинално завршување на породувањето.

    Ви посакувам, лесно и успешно породување.

    Со почит,
    Д-р Г. Кочоски
     
  16. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Во поодмината бременост сум и ми најдоа кламидија. Пијам моментално сумамед. Дали ова ќе значи дека треба да се породам царски или?
    Благодарам
     
  17. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    7.437
    Пол:
    Женски
    Докторе сакав да ве прашам дали секоја родила ја шијат после породувањето?
     
  18. Brusalica

    Brusalica Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    zdr jas treba za eden mesec pomalce ili povejke da se porodam stara sum i prvo mi e so invitro i problemot e vo toa sto nemam nikakov problem vo bremenosta a mene mi e mnogu strav sovet
     
  19. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    да ,да така е,така многу бргу паѓаат конците и нема големи белеци по било какво сечење,изгореници ,операции- го кажувам ова од искуство
     
    На Igrata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. monika111

    monika111 Нов член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Posle poroduvanje krvavev 10 dena,potoa se do 40 dena imav zholt iscedok.na 41 den pochnav da krvaram,neshto kako menstruacija.toa traese edna nedela.se nadevav deka ke prestane.no potoa pak se pojavi zolt iscedok.dali ova e vo red?dali treba da posetam ginekolog?za sto se raboti?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.