Здраво, бремена сум 40-та седмица, терминот ми е на 31 август, а имав лажни болки од 20 до 25 август кои сега престанаа. Дали е можно бебето да го носам 42 седмици со оглед на тоа дека ми е прво и машко? Докторот ми правеше ЦТГ но не можеше да потврди дали породувањето ќе биде до терминот од прилика..
Додека некој стручен не ти одговори еве јас да ти потврдам дека може! Јас се породив во 42 недела со машко дете ,и бев прворотка .Нема врска дали е детето машко или женско со датумот на пораѓај .Поздрав и со лесно
Јас инаку знам дека може и во 42 седмица да се породам, али велат машките деца обично повеќе се носат.. Сепак фала за одговорот.. Поздрав
јас се породив 42,6 г н со женско бебе ама второ ми бешеинаку зависи и кога си останала бременадали веднаш по менст или пред наредната менстр јасостанав бремена на 23 ден од циклус па затоа и повеке си ја износив
Јас денес бев на цтг и докторот ми рече дека започнале контракциите на матката и дека може секој момент да се случи породувањето, а терминот ми е утре на 31 август... Па ќе видиме, само со Господ напред
хмм што убаво наскоро ќе си се држите со лесно нека ти е, и јас со нетрапение го оцекувам тој момент кога ќе си ја држам ќерќичката
Може ли некој да ми каже што се е потребно да се понесе во торбичката кога одиш на пораѓај во болница?
Спавача, прибор за хигиена, жилет за 1 употреба, хигиенски влошки (ама од оние што се од 100%памук), долна облека........и тоа мислам носев јас
Ако има некоја што се пораѓала во болницата во Куманово сега брзо нека ми пише што се понела за во болница во торбичката, поздрав