Со дечкоми (бившиот) одевме 2 години во врска. После раскинавме заради една глупава караница. Па после пак се смиривме . па пак се разделивме . После тоа он и побара мување на мојата братучетка знаејки дека јас го сакам .. А она уште ми се фали со тоа и ме прашува што да му каже еј мислм невидена работа а знае дека уште го сака и не можам да го заборавам .. и она му рекла на него као нешто ке размислам па ке ти кажам и после она му кажа да па се муваа .. али ај тоа помина .. И се детево ме моли да се смириме и пак да бидеме заедно јас навистина не знам што да правам .. Девојки ве молам за помош
јас би те советувала да не се смируваш. Па чекај он си го направил меракот со братучедка ти и на некој начин те исмеал и сега те моли да се смирите... па што си ти, на закачалка и кога ќе сака ќе те облече? епа не му го давај тоа задоволство... знам дека не е лесно да му кажеш не али животот продолжува понатака и докажи му дека си силна и дека си поминала преку неговите испади и дека нејќеш да му се вратиш. Минатото си е минато и треба да си остане таму, треба да и се посветиш на иднината
Како тоа и побарал мување? Па не е тоа дај ми две лажички кафе, ми треба а немам. Ако јас сум на твое место, не би попуштила. Сте се искарале, а после и фрлил мерак на братучетка ти, па сега сака да се смирите? Не! Не иде тоа така. Ако имаш свое „јас“ нема да попуштиш. Сфаќам дека го сакаш, ама зар сакаш да бидеш со човек кој по секоја ваша караница ќе трча кај друга? Таков не ти треба.
И мој совет ти е да не се смириш. Па неможе он да се игра со вас... а и братучедка ти, како можела? Остави ги и двајцата. Продолжи со својот живот, има и подобри прилики.
Не. Како смирување откако бил заедно и со братучетка ти? Па таа има воопшо памет? За него веќе ми е јасно дека нема. Не се смирувај, леле девојче од срце ти кажувам - не се врзувај со таков па уште и од 15 години си со него. Имаш само 17 , живеј малку, уживај си во животот и слободата, зашто еден ден ќе се каеш за пропуштената младост и време.
Да му ги мавниш клоците. Откако бил и со братучеда ти, јас и нејзе би ја отпишала од живите. А сепак што ќе се навраќаш кога и од напред сигурно знаеш дека пак на крајот ќе се скарате.
Не не .. Дефинитивно не .. немој да си помислила пак да му се вратиш. Сврти си нова страница од животот и заборавиго него а братучеткати на нејзе треба да и биде срам. Сепак ти си млада и можеш да најдеш многу подобри од него. Сепак он не е единствен на светот
Нема да му простам и нема да му се смирам .. иако го сакам . ... ако сега се смирам со него ке ми биде потешко следниот пат ..а и неможе он да ме врти како сака ... Девојки фала ви многу
Донесе паметна одлука барем по мие мислење ... ништо и за се што ти треба ние сме тука мислм ако можеме некако да помогнеме да ти дадеме по некое советче хихих поздравче
Срц, кога и да ти треба помош тука сме. Сега ти ја посакувам најголемата среќа на светот во потрагата за нова љубов
kolku i da go sakas, (a ne go sakas) ne bi se smirila, ti samo si zaljubena vo nego, da go saks bi bila tolku povredena od negovata postapjka i nikogas ne bi pomislila da se smiris so nego.Za nego nema da dadam komentar zosto toj ne vredi da bide spomenuvan, posle toa sto go napravil, a bratucetkati otkaci ja kako sto si go otkacila nego, duri taa e polosa od nego. on e masko, i kako poveketo postapuva i toa, ama taa... pozdravce i pred se ceni se sebe si inace imav vrska od 4 ipol god i znam sto ti pisuvam
Добра одлука... Види долга врска е релативна работа ... мислам во однос на времето поминато со партнерот. Јас да можам да се вратам назад во времето би си ја треснала главата баш тогаш на 2 или 3 години врска што очајно се трудев да оди напред и да успее и слепо верував во иднината и љубовта. Не си го троши времето на било кој што гледаш дека не вреди. Еве ти пример од мене ... јас имав 8 годишна врска и што се не претрпев за на крај дечко ми да ми каже дека не сака иднина и брак со мене.. дека сака само врска. Ако почнал да покажува рогови твојот на ваков начин... можеш ли да замислиш што ќе прави за неколку години за некој посериозен проблем? Не дозволувај да си го упропастиш времето за некој кој не заслужува. Поздрав
тој ако сакал да биди со тебе или ако мислел на твоите чувства немало да се мува со брчеда ти или со било која друга, мислам дека треба да продолжиш понатаму сигурно ќе најдиш некој кој ќе те сака и ќе се однесува спрема тебе како што заслужуваш позз