Како што сите знаеме потпишан е договор за промена на името, па ја отворам темава да продолжи тука дискусијата бидејќи веќе се знае кое ќе биде името. Поставена е и нова анкета за тоа како би се изјасниле на референдум. Старата тема е заклучена. И ве замолувам без навреди, бидете коректни во постовите, бидејќи ќе следуваат банови.
Мислев да гласам против, но кога подобро размислив, нема да гласам. И сите што сте против, подобро е воопшто да не излезете, тогаш господата ќе го видат мислењето на народот и притоа нема да можат да направат местенки и пазар со гласовите.
Јас мислам воопшто да не одам да гласам. Ако се премислам, се знае која ќе биде одлуката. Не би ме чудело да се фалсификуваат резултатите.
И јас би гласала Да, бидејќи сакам да мрднеме од оваа мртва точка. Да гледам подобра иднина во нашата држава. Ако остане вака како што е , и тие што останаа ќе се иселат.
А што мислите дека ќе се смени сега со промена на името? Јас мислам ништо, пак исто ќе биде. Ама ајде ќе покаже времето
Некои прашања не заслужуваат одговор, така беше? Баш ме интересира колку одродниците би гласале за промена на името.
Да, за промена. Јазикот и идентитетот остануваат, а за името воопшто не ми е битно дали ќе има додавка. Северна, Горна, Долна, не се чукам во гради дека сум патриот. Време е за некаков чекор, секако од Македонија никој добро не виде.
Противда не ме слушне некој џандар ќе ме искрши од ќотек,или ќе ми фрли шок бомба. Чунки така ќе те заплашат да бидеш ЗА а не Против. Ај бе смени си ја мајката,земи некоја милионерка за да ти биде убаво во животот,за да живееш поубав живот, демек. Ама таа ми е мајка,подобро леб и сол,одколку да ја сменам. За влез во ЕУ и Нато де
За Што би се сменило... За почеток Прво ке станете членка во еден моќен сојуз НАТО. А со тоа ке се сменат главите односно мозокот на идните генерации ,нема да растат ко нас со муабетот за Голема Албанија,Косово итд....со разноразни плашења дека сите сакаат да не делат. Ке влезат инвестиции,бидејки се инвестира во сигурни земји. Нашите деца барем ке идат по отворен пат ,а не со пречки и блокади ко што имавме ние...ке бидат припадници на мокен сојуз и унија ,а не отфрлени и пред врата како нас. Референдумот може да биде и консултативен,не знаеме колку жители има земјава...
ЗА! Минатото и историјата не можеме да ги вратеме. Можеме само да се бориме за подобра иднина. И малце ми е лицемерно да ми збори некој за идентитет на држава, а веќе се откажал од својот личен идентитет. 99% од жените во брак го заменуваат презимето со тоа на мажот, во најдобар случај го додаваат. Ама за шибање у гради дека името на државата мора да биде Македонија без никаква одредница, први се.
ЗА. ЗА гледање напред кон иднината, а не назад во минатото. ЗА подобар живот тука, а не спасот да се бара некаде надвор. ЗА да не гледаме повеќе како наши роднини и пријатели се отселуваат и да се гледаме на скајп. ЗА промени. ЗА подобар живот на идните генерации тука. ЗА надежта дека нешто конечно ќе тргне на подобро. Ништо не е 100% загарантирано дека ќе биде рај ако се влезе во ЕУ, но 100% е сигурно дека ако не мрдниме од калта во која сме заглавени никогаш нема да не' биде. Никогаш. И понатаму остануваме Македонци, со македонски јазик и идентитет. Географската одредница не го менува тоа. Here's hoping.
Демек ако гласате за ќе мрднете од место. Некој мисли дека во ЕУ мед и млеко тече. И Бугарија е во ЕУ па катастрофа од држава е. Ако вие сакате да одите напрад и да мрднете од мртва точка, може да почнете да се образувате, да воведете ред во ''државава'' да се избере водич кој не е марионета, лопов или неписмен а не да менуваме име кое само тоа го имаме и тоа не прави уникатни, бидејќи ниту територија ниту море, ниту нафта ниту некое друго богатство има Македонија. Ако сакате да мрднете од место едноставно мрднете, а не име да менувате затоа што на некој друг не му се допаѓа бидејќи сака историјата да биде напишана како што тој сака. Македонија под уставното име е признаена од многу држави така да името не е проблем за да мрднете од место.
Нема да гласам или ќе гласам за. Свесна сум дека треба за. Убаво да си објаснам сама на себе дека не секогаш го правиш тоа што сакаш, туку што мораш. А сметам дека мора и дека е време да се поместиме.