1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постигнато е решение за спорот со името

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 18 јуни 2018.

?

Како би се изјасниле на референдум за промена на името?

Анкетата е затворена на 23 април 2020.
  1. Да, за промена на името

    105 глас(а)
    37,2%
  2. Не, против промена на името

    104 глас(а)
    36,9%
  3. Нема да гласам

    73 глас(а)
    25,9%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.025
    Допаѓања:
    66.569
    Пол:
    Женски
    Како што сите знаеме потпишан е договор за промена на името, па ја отворам темава да продолжи тука дискусијата бидејќи веќе се знае кое ќе биде името. Поставена е и нова анкета за тоа како би се изјасниле на референдум. Старата тема е заклучена.

    И ве замолувам без навреди, бидете коректни во постовите, бидејќи ќе следуваат банови. :)
     
    На КикиМаус, Nigredo Odor, WildMk и 12 други им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.717
    Допаѓања:
    35.144
    Пол:
    Женски
    Нормално дека ќе гласам против. Ова што се случи е катастрофа. :x
     
    На some girl, koritsaki, honest girl и 7 други им се допаѓа ова.
  3. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.874
    Допаѓања:
    2.102
    Би гласалала 3а, сакам да гледам напред и 3а идните генерации.
     
    На Bela Vela, Gosh, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.492
    Допаѓања:
    78.370
    Пол:
    Женски
    Мислев да гласам против, но кога подобро размислив, нема да гласам. И сите што сте против, подобро е воопшто да не излезете, тогаш господата ќе го видат мислењето на народот и притоа нема да можат да направат местенки и пазар со гласовите.
     
    На VDT2906, kikikikirika, Victorian и 14 други им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.717
    Допаѓања:
    35.144
    Пол:
    Женски
    Јас мислам воопшто да не одам да гласам. Ако се премислам, се знае која ќе биде одлуката. Не би ме чудело да се фалсификуваат резултатите.
     
    На Justicija, КикиМаус, Цвет88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.845
    Допаѓања:
    32.354
    Пол:
    Женски
    И јас би гласала Да, бидејќи сакам да мрднеме од оваа мртва точка. Да гледам подобра иднина во нашата држава.
    Ако остане вака како што е , и тие што останаа ќе се иселат.
     
    На some girl, mssuniquee, Gosh и 21 други им се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    38.796
    Пол:
    Женски
    А што мислите дека ќе се смени сега со промена на името? Јас мислам ништо, пак исто ќе биде. Ама ајде ќе покаже времето
     
    На Juicy, H.VAGA, Цвет88 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.717
    Допаѓања:
    35.144
    Пол:
    Женски
    Ќе се смени нешто, ама на полошо. На овој не треба да му се верува.
     
    На Danchy, honest girl, Abeja и 6 други им се допаѓа ова.
  9. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    Некои прашања не заслужуваат одговор, така беше?
    Баш ме интересира колку одродниците би гласале за промена на името.
     
    На Danchy, SeaMermaid, Роберт 7 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    8.317
    Пол:
    Женски
    Ке гласам за! За влез во НАТО првин, отом потом и во ЕУ.
     
    На lovestoneddd, referentka, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Да, за промена.
    Јазикот и идентитетот остануваат, а за името воопшто не ми е битно дали ќе има додавка. Северна, Горна, Долна, не се чукам во гради дека сум патриот.
    Време е за некаков чекор, секако од Македонија никој добро не виде.
     
    На Bela Vela, Someonespecial, Gosh и 11 други им се допаѓа ова.
  12. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Против:devil:да не ме слушне некој џандар ќе ме искрши од ќотек,или ќе ми фрли шок бомба.:worried:
    Чунки така ќе те заплашат да бидеш ЗА а не Против.
    Ај бе смени си ја мајката,земи некоја милионерка за да ти биде убаво во животот,за да живееш поубав живот, демек.
    Ама таа ми е мајка,подобро леб и сол,одколку да ја сменам.

    За влез во ЕУ и Нато де(facepalm)


     
    На VDT2906, honest girl, Arthur и 11 други им се допаѓа ова.
  13. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Никогаш нема да бидам ЗА,промена за името.

    Нека си го смени Зајко името во долен Зајко.
     
    На Cka, VDT2906, Luciferovog zlo♧ и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.923
    Допаѓања:
    85.968
    Пол:
    Женски
    За
    Што би се сменило...
    За почеток
    Прво ке станете членка во еден моќен сојуз НАТО.
    А со тоа ке се сменат главите односно мозокот на идните генерации ,нема да растат ко нас со муабетот за Голема Албанија,Косово итд....со разноразни плашења дека сите сакаат да не делат.
    Ке влезат инвестиции,бидејки се инвестира во сигурни земји.
    Нашите деца барем ке идат по отворен пат ,а не со пречки и блокади ко што имавме ние...ке бидат припадници на мокен сојуз и унија ,а не отфрлени и пред врата како нас.
    Референдумот може да биде и консултативен,не знаеме колку жители има земјава...
     
    Последна измена: 19 јуни 2018
    На Bela Vela, Someonespecial, Gosh и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.923
    Допаѓања:
    134.095
    Пол:
    Женски
    ЗА!
    Минатото и историјата не можеме да ги вратеме. Можеме само да се бориме за подобра иднина.

    И малце ми е лицемерно да ми збори некој за идентитет на држава, а веќе се откажал од својот личен идентитет. 99% од жените во брак го заменуваат презимето со тоа на мажот, во најдобар случај го додаваат. Ама за шибање у гради дека името на државата мора да биде Македонија без никаква одредница, први се.
     
    На Lolo5, Bela Vela, LejlaD и 17 други им се допаѓа ова.
  16. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Да, за придвижување напред од мртва точка.
    За иднината, а не минатото:sun:.
     
    На Bela Vela, Someonespecial, theowndemon и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    54.471
    Пол:
    Женски
    ЗА.
    ЗА гледање напред кон иднината, а не назад во минатото.
    ЗА подобар живот тука, а не спасот да се бара некаде надвор.
    ЗА да не гледаме повеќе како наши роднини и пријатели се отселуваат и да се гледаме на скајп.
    ЗА промени.
    ЗА подобар живот на идните генерации тука.
    ЗА надежта дека нешто конечно ќе тргне на подобро.

    Ништо не е 100% загарантирано дека ќе биде рај ако се влезе во ЕУ, но 100% е сигурно дека ако не мрдниме од калта во која сме заглавени никогаш нема да не' биде. Никогаш.
    И понатаму остануваме Македонци, со македонски јазик и идентитет. Географската одредница не го менува тоа.
    Here's hoping. :)
     
    На Bela Vela, Someonespecial, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Демек ако гласате за ќе мрднете од место. :rofl: :rofl: :rofl: Некој мисли дека во ЕУ мед и млеко тече. И Бугарија е во ЕУ па катастрофа од држава е. Ако вие сакате да одите напрад и да мрднете од мртва точка, може да почнете да се образувате, да воведете ред во ''државава'' да се избере водич кој не е марионета, лопов или неписмен а не да менуваме име кое само тоа го имаме и тоа не прави уникатни, бидејќи ниту територија ниту море, ниту нафта ниту некое друго богатство има Македонија. Ако сакате да мрднете од место едноставно мрднете, а не име да менувате затоа што на некој друг не му се допаѓа бидејќи сака историјата да биде напишана како што тој сака. Македонија под уставното име е признаена од многу држави така да името не е проблем за да мрднете од место.
     
    На VDT2906, tace73, Scorpiongirl12 и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Matea Ballerina

    Matea Ballerina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    510
    Пол:
    Женски
    НЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
    НИШТО НЕМА ДА СЕ СМЕНИ АКО СЕ ПРОМЕНИ ИМЕТО!!!
     
    На honest girl, Arthur, koritsaki и 6 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.668
    Допаѓања:
    265.882
    Нема да гласам или ќе гласам за.

    Свесна сум дека треба за.

    Убаво да си објаснам сама на себе дека не секогаш го правиш тоа што сакаш, туку што мораш.

    А сметам дека мора и дека е време да се поместиме.
     
    На LejlaD, JuLleE, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.