Името не е само проблем зошто Македонија не доби датум за преговори, туку и ова: И секако сваровски судството што помилува премиер на држава за поткуп од 200.000 евра.
Ова на тие во Влада кажи им го. Не мене. Не е проблем договорот. Ами е проблем начинот на кој е формулиран истиот. Нешто поврзано со она што ти го цитирав претходно. Абе ајде. Од народот очекуваш да се вразумии, да не краде, да не брка врски. Ама и очекуваш да не реагира кога нешто правно е пречекорено. Интересна некоја логика.
Ами на сите, не кради и фаќа врски само владата, сите редум се подмитени. Ја прочитав спогодбата и мене не ми е спорно ништо.
Позитивни вести од ЕУ,конечно имаме датум по 9 препораки без датум. Позитивни вести и од НАТО.Во прилог денешната прес-конференција. Македонија е на вистинската патека.
Сега Владата после сите работи што ни ги кажаа да се фатат 3а работа, важните реформски 3акони да се донесуваат со опо3ицијата да не ја кочат работата, Претседателот Иванов да не ја кочи работата со договорот, ова е време каде ни се даде шанса нешто да направиме и да покажеме.Да ги 3асукаат ракавите властите и да почнат со 3адачите, и да се движиме во нормална насока, нешто што 27 години не го направивмеи и уна3адувавме, сега е шансата. Борбата со криминалот и реформите во судството да биде бр.1.и антикорупциска.
Ептен се концизни странчиштава. Црно-бело. Средете со името и тераме. Ако не средите, Господ знае кога уште еднаш ќе ви се пружа шанса. Имам малку забелешка за Заевчо наш Многу филозофира. Иако разбирам дека со муабетите се обраќа на македонските граѓани, ама барем да ја избрише таа насмевката од фацата, а не да се клешти цело време како да е на селска слава.
После секоја лага на тезгерето од Струмица и плакатолепачите негови треба да сме будали и да излеземе рејтинг да му билдаме. Како ќе излезе на митинг да бара гласови за промена коа лани се колнеше у деца и жена. Мада решено е однапред дека ќе се промени. И да не помине референдумот ќе сменат устав, закон и ќе излезат на избори сдс и сите албански партии у коалиција и ќе фатат 2/3 мнозинство т.е се надеваат дека ќе фатат. Па од тие 440 000 на парламентарни шо ги добија едно 30% беа од неопределени шо никогаш не би гласале за нив, а гласаа против гвујо. Истото беше и на локалните. Повеќе од 550 000-600 000 немаат моментално сдс и сите албански партии, а до 900 000 само другото тезгере мицко ќе биде крив ако ги довлечка за уши. А коа ќе ми текне дека убедував луѓе да гласаат за сдс т.е против гвујо без ништо да очекувам. За шо бе? За брат љубе советник да е? За гвујо наместо у затвор да брани докторати? За јово баџанакот на бате саше да биде советник на заев? Оној истиот ради кој избегаа двајцава во Грција? За кафанџијата директор да стане? За раст на економија од 0.1%? За шекеринска да вработува медиумски ламји што ја газеа додека беше у опозиција? За да укинат рекламирање на тв, а да плаќаат рекламни агенции чии шо газди пушеа фамилијарно 24/7 да им рекламираат реновирање на вц и скали? И да мислат дека некој им љубомори? Е после сите овие глупости како најнебитни доаѓаат име, идентитет и закони за јазици. И ми фали нешто...аха да, стојанче ангелов да излезе и да ги повика браќата албанци за референдумот Али веќе ја повика дијаспората албанска, ама стојанче делува посебно смешно.
Де бе пак ти! Сега ќе видиш ќе ги засучиме сите ракавите и има да ја преораме секоја дупка во земјава. Ајде, ајде... Ако сите работиме, ќе сработиме. Што е една држава од 2 милиони (нецели) народ???
Новото анкетно прашање на темата „Машки кои се шминкаат“ ме инспирираше за една брилијатна идеја која Заев и компанија може да ја искористат за 100% успешен референдум. А тоа е да го формулираат прашањето во негативна форма Дали имате нешто против договорот Заев-Ципрас? Да) Не) Па ако не излезат македонците на референдум, од тоа ќе се заклучи дека македонците немаат проблем со договорот и чао пријатно - успешен референдум и со 30% излезеност
@WildMk Нема лабаво,сликичката од Македонија во албумот “НАТО на Балканот” се бара. Оваа шанса ако не се искористи,по вода ќе не’ пуштат,односно сами ќе се пуштиме... Потоа ќе јадеме коприви,и ќе пееме национални песни за добробит на нацијата. Тоа не е последната забелешка за Заев.Јас имам цела листа на забелешки,зошто,објективно сметам дека не е најидеалниот избор за Премиер,ако постои воопшто идеален избор. Но,од друга страна,2 години да објавуваш бомби и да се лакташ со диктаторски режим,независно што очигледно е дека е западен играч,е ретка,позитивна карактеристика. Има личен влог и жртва во целиов овој процес,и тоа во време кога заштитата на личната безбедност е голем знак прашалник,ако се има во предвид дека на пример рускиот амбасадор во Турција,во галерија доби куршум.
Во главниот град на Македонија, на еден од главните булевари (Партизанска) веќе 15мин се тркаат мотори и уво не им чуе, а од полиција ни П. И вие мислите дека ако смениме име ќе сме иделе во Европа