1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постојано ги споредувам свршеникот и бившиот

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од crnamacka01, 9 декември 2011.

  1. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    можеби веќе има ваква тема,ако има знаете KANTA!!!имам проблем,,,голем,,,свршена сум со дечкото со кој идев 2 и пол години,али коа требаше да се свршам а и пред тоа мене пак ми се пушташе мојот бивш дечко(кој ми беше прв,а идевме само 1 месец,после тоа го снема без збор,,едноставно раскинавме,,иако јас премнопгу го сакав,никогаш не го молев)по цели 2 години откако раскинавме тој мене ме молеше да се омажам за него,се залјубил во мене(не знаеше дека имам дечко,јас бев во врска веќе 6 месеци))времето течеше а врската со дечково се заозбили...дојде време да ме бара за жена,у исто време ја контактирав со тој бившиот..ја прифатив да се сврсам со дечкоми,само неколку дена откако последно разговарам со другото момче,а не му кажав што ќе биде...многу мие тешко што му направив така,иако многу ме молеше,,кога ми текиња што му направив плачам,се карам со свршеникот,како сум можела така да му направам,подобро ќе беше да му кажев сама,отколку од други што разбра...кога ми се креваат нервите само се карам со свршеникот,паравм споредби меѓу нив двајцата,,со кого како би ми било(ова го мислам секогаш кога нешто се нервирам со свршеникот) а кога ми е убаво не се ни сеќавам на бившиот...мислам дека полудувам,не знам како да се приберам..ако продолжам вака,со карање нервози,,не знам како ќе продолжам понатаму...ве молам дајте ми некој совет!!!
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!

    Ако продолжиш вака со карања и нервози, може ништо не треба да правиш оти вереникот може сам ќе ја раскине врската. Не си само ти, и он сигурно си мисли што и е, не ни беше вака порано, а две и пол години не се малку да запознаеш некого. Тебе ти е криво што бившиот дознал вака од други дека си се верила. За него сочувствуваш како му било. А одговорот ти е пред очи ако не мислиш како ќе му е на твојот верен ако тој дознае, ете од други, оти и други знаат, дека си се гледала со бившиот додека он се залажува дека си само негова во срце?
    Според мене ако таа врска со бившиот ќе ја бидеше, ќе ја бидеше тој пат кога бевте заедно. Па што ако е прв?! Ама ако тебе повеќе те боли за него отколку момчето кое си мисли дека со тебе живот ќе гради, тогаш сама си знаеш дека не си спремна за овој брак, ај и за груба да се сметам ама не си спремна за брак воопшто, и тотално не си фер спрема твојот вереник кој не знае на каква база би тој брак почнал, ако се решиш да продолжиш со тој чекор.
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!

    Значи бившиот дознал дека ти си се свршила и што сега, врска од месец дена што не била сериозна ќе ти уништи цел иден живот? Ако си толку наивна дозволи го тоа. Бившиот ако те сакал немало да те остави без збор, туку можеби дознал дека имаш сериозна врска и од љубомора ги обновил контактите со тебе. Смири се, прекини ги контактите со бившиот и престани да се расправаш со свршеникот како невоспитана тинејџерка, не ти личи на годините да правиш такви работи. Ако контактите со бившиот останале само на муабет не е страшно но ако сте биле интимни, за време на врската со свршеникот, треба да се засрамиш. Се друго може да се среди ако си го прибереш паметот.
     
    На tinkerbelll и WildCherry им се допаѓа ова.
  4. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!

    Остави го бившиот тој е дел од твоето минато и нека остане таму и гледај да си во добри односи со свршеникот.Ќе треба да почнеш да живееш со него, не само што ќе делиш кревет туку ќе делиш све што ќе ти донесе животот понатаму, па овие расправии што сега ги имаш со него и не ти се баш некој плус.Гледај да расчистиш со минатото и да се сконцентрираш само на сегашноста.Контактите што ги имаш со бившиот гледај да ги прекинеш пред да те разбере сегашниот затоа што ако дознае ќе си навлечеш само плус проблеми.Не знам дали ти се верува но до некаде имам и јас сличен проблем.Идев со дечкото околу 2,5 години раскинавме и по 9 месеци решив да почнам друга врска, затоа што тој веќе имаше девојка.Е сега пред неколку дена ми се јавува да зборуваме да дојдел кај мене дома кафе да пиеме.Исто и мене како на тебе почна да ми шета низ мисли, да мислам на него кога сум со сегашниов дечко, па да правам планови да излезам да зборам со него и што ли не.Но, после 2-3 дена од тоа сега сваќам дека не вреди да го ставам на коцка сето ова што сега го имам ( мислам на безусловна љубов, ценење, разбирање, и ни грам љубомора )и да отидам со него.Па така и ти, чувај го и цени го она што моментално го имаш и размисли на опцијата дека тој бившиот те бара само за авантура а не за нешто повеќе како што се изјаснил овој што те побарал за жена.Од мене совет ,, не си ставај трн во здрава нога"
     
  5. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!

    но јас веќе не контактирам со бившиот,последно зборував со9 него една недела пред да се свршам,а после тоа на никаков начин не контактирам...но онака ми се мота во глава...колку страда ради мене,други ми кажуваа дека многу муе е тешко,се разочарал,на сите пред тоа им кажувал дека сака да се ожени со мене,друга не сака и не може да сака...но кога ќе размилсма пдообро,и мене ми беше така кога он без збор замина од мене кога виде дека не сум лесна девојка...и ја плачев,страдав..али останав во контакт другарски,само за да го слушам,цели две години он не ми спомна смирување,идеше со други девојки...па зошто ја го жалам????
     
  6. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!

     
  7. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!

    нееее.никогаш не сме биле интимни,ни кога сме биле во врска,ни сега,,нашата врска се состоеше само од неколку видувања и бакнежи,,ништо друго...затоа и избега од мене он,немаше тоа што сака,иако никогаш не ми спомна...а таа врска повејќе бесе од разговори на телефон,и на интернет..со огледа дека не сме од исто место...а мојот свршеник ми е прв во се...цели две и пол години немаше секс со мене,иако бевме во врска,а немавме,бидејќи јас не бев подготвена...
     
  8. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!


    па добро сама си даде веќе одговор нели ????
    Дај заеби го таму од кај шо дошол, остај го у минатото и продужи си го новиов живот.
    На бившион му било тешкоооо нееееемој бе ??? Гачки ке си играме тука абе ај ...
    Шо не мислел пред две години а ?

    Не се залажувај на тие негови солзи и разочарувања. Зашто живот ке си уништиш така .
     
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!

    Сега мислиш дека бившиот е подобар од свршеникот ти затоа што не си го запознала добро и затоа правиш споредби. На почетокот на врската сите се добри, а потоа ги дознаваме нивните маани и недостатоци.Првата грешка си ја направила кога си се свршила. Зошто, ако си контактирала со бившиот и си знаела дека тој те сака, те моли, си се свршила? :^) И зошто да ти е жал за бившиот? Па тој те оставил тебе, него го снемало после 1 месец од вашата врска и сега енос му текнало на тебе? Не си ја расипувај 2-годишната врска, поради бившиот. Остани си со свршеникот, а овој бишиот остави го во минатото. :)
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!

    Јас би се запрашала прво дали го сакам сегашниот вереник.
    Ако го сакаше, немаше што да правиш и да ти текнува на бившиот, и тоа некоја детска љубов од пред 100 години, кога заедно сте играле домино. Исто ме замисли и твојот коментар дека кога ти е убаво, не мислиш на други, ами само на свршеникот...

    Епа мачкице, животов не е само убавини, ќе ти идат многу неубави моменти и многу поголеми проблеми од овој, тек тогаш што ќе му правиш на свршеникот ?! Низ врата ќе го испудиш??

    А да си се запрашаш дали сакаш брак, дали си воопшто зрела за брак... :^) Мислам, некоја стабилна личност нема ни да помисли да прави вакви глупости, па и тој другиот не знаел дека се мажиш. Оти бе жено си го комплицираш животот, оти. :D

    Се некако мислам дека џабе пишувам и дека на крај пак ќе си направиш по твое. Што да ти кажам, почни малку со ладна глава да ги гледаш работите, прифаќај совети, сугестии и тоа е тоа.
     
    На Trendafilka и marama им се допаѓа ова.
  11. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!


    За се е крив бившиот//.тој не ми даде прилика да го запознаам подобро...кога имаше прилика з атоа тој замина од мене,,а кога с епојави јас веќе имав нов живот..па немаше да ризкувам,да го оставам сегашниов,да го запознаам бившиот..што ако тоа неговото беше само глума????..ако не беше толку внимателен,фин,чувствителен како кога ме молеше?...или машките с етакви само кога гледаат дека губат???.за се е крив тој,се каеше псоле тоа,зошто ме оставил,,но кажа бил млад и незрел..не сакал да ме повреди,бидејќи тогаш тој не можел со една девојка да седи...
     
  12. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!

    а што да правам?таква сум јас,брзо се разочарувам...кога нешто не ми чине,се разочарувам и мислам на работите какви би можеле да бидат?што сум пропуштила а што сум добила во животот?...многу девојки би сакале да ја имаат мојата срека,ама не знам,,,јас секогас очекувам премногу од животот,сакам се да постигнам оддеднаш...многу сум збунета...не знам што да кажам веќе...а многу ви благодарам на сите што ме посоветувавте..па ќе гледам да се смирам некако,да се стабилизурам..
     
  13. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!

    Е баш ме интересира што му направи за толку да плачеш?
    Читајќи го текстов некако изгледа како ти никогаш да не го заборави бившиот
    и дека влезе во нова врска со мислење дека новиот момак ќе ги залечи старите рани.
    Ама очигледно тебе емоциите и чувствата ти се помешале и сметам дека е најдобро
    да не влегуваш во нешто за кое не го знаеш крајниот резултат.
    Седни и размисли убаво што имаше со ексот, а што имаше со свршеникот!
    Колку вреди да се плаче за ексот пошто ти како повеќе да го сожалуваш него.
    После 2 години му текна дека постоиш и дека ќе се мажиш.
    Отвори очите и тргни емоциите на страна и размислувај со разум.
    Се надевам дека брзо ќе ги средиш работите.
    BTW честитки за свршувачката.
     
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!

    Прво не е фер кон свршеникот што му правиш вака ...
    второ се гледа колку е голема љубовта помеѓу вас двајца ... чим сеуште правиш споредби се мислиш со бившиот и ова е сериозен проблем ...

    Седни дома и размисли каде ќе иде твојата врска со сегашниот ... бидејќи ако побрзаш да се зимаш а сеуште имаш некое чуство за бившиот само ќе отиде на полошо и развод

    така да размисли за кој ги имаш правите чуства .. и не зборам за оние кој ќе те смеат и стоплат , туку за оние кој се длабоко во тебе кој ќе ти откријат на кого највише посакуваш

    ако испадне сегашниот ... тогаш прекини ги контактите со бившио оти само проблеми ќе си имате ,
    а ако испадне бившиот тогаш раскини му на сегашниот и не го мачи повеќе
     
  15. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!

    Навистина не е фер спрема свршеникот.Седни и размисли што сакаш.Ма да мислам дека бившиов не е ок, ти бил прв сте иделе еден месец и го снемало он размислил тогаш како ти било на тебе???И после толку време ти доага и сака да се смирите,прво мора да видиш колку е сериозен во намерите негови,нормално ако мислиш нешто со него,од каде да знаеш дека нема пак да те заебе па на крај да останеш и без него а и без свршеникот..Ако за ова време со сегашниот ти било убаво и не си мислела на бившиот мислам дека си збунета само откако тој ти се појавил.Размисли убаво немој на крај да останеш без ништо и после да се каеш.ГOСПOД некогаш не става во искушение,немој на свршеникот да му го направиш тоа што бившиот ти го направил на тебе,во животот се се врака бар јас така мислам сепак на тебе останува одлуката..poзз
     
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!

    Ме сака ли овој, или оној, кој повеќе ме сака? Вака јас размислував кога имав 15 години и си кинев ливчиња од вртипоп, и ќе го скинам последното да се погоди на `ме сака`, и ќе скакав во воздух уххху ме сака ме сака! :inlove: :inlove: Баш вака те гледам!

    После првиот пост ајде така и така, ама со наредните муабети ми делуваш ептен тинејџерски. Јас нема ни да те советувам да размислиш дали си спремна за брак, ќе те советувам кратко и јасно да не влегуваш во таква заедница оти не си созреана и спремна ни да размислиш озбилно за такво нешто, кога немаш поим што значи, а камо ли да го направиш тоа.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!

    Свршеникот ти е оној што се коцкаше во казино?
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!

    Не бе тој и беше тогашен дечко :x
    Ме сака, не ме сака, ме сака, не ме сака ;( ;( ;(
    До непознато другарче Црна мачкица би те прашала
    А ти што сакаш во животот?!? Трето подолго... порасни веќе еднаш.
     
  19. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!

    Бившиот те оставил пред 2 години без збор.
    Две години го нема никаде.
    Излегува со други девојки и си прави ќејфови.
    Ти имаш подолга врска.
    Вереникот очигледно те сака и те побарал за жена.
    Додека тој бившиот си правел што сака и не му ни текнувало на тебе твојот вереник бил до тебе.

    Суште сакаш да бидеш со бившиот???
    Само ќе ти кажам дека не е фер кон вереникот да се расправаш ради некој си таму скот кој од љубомора сега му текна на тебе,а ти како споулавена трчи по него и мисли на него и прави си кавги за створење што не заслужил ти ни тел. да му кренеш а не па во контакт да бидеш.
    Глупости,незрели работи.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    ве молам ако сака некоја нека ми помогне!!!

    Во право си,,,така е..не вреди ради него да се уништувам,,само не знам што ми стана последнава недела.ми се моташе тоа у глава....ќе пробам да се приберам...да биде се ок....фала ти уште еднаш
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.