1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постојано ме изневерува

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од brokenharted1, 15 јануари 2012.

  1. brokenharted1

    brokenharted1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Долго време собирав храброст за да пишам... Се работи за мојот дечко ние сме заедно година и пол имаме голем проблем тој постојано ме навредува ме понижува ме потценува ме вара постојано и многу ме боли тоа а најтраично е што прави јас да сум крива што ме вара со која стигне. За тие девојки вика дека се супер дека супер си поминува со нив и цитирам Јас човек и јас можам со некоја. Неможам да ви опишам колку ме боли кога го прави тоа. Тој никогаш нема време за мене за сите наоѓа освен за мене, се е нервозен и на мене се истура постојано. Јас сум крива за се според него, јас сум женско немам поим од ништо, јас сум ништо. Незнаете колку пати пробав да му раскинам и секогаш после неколку дена ме моли вика ќе се смени ама ништо не се менува. Вика дека ме сака ама не верувам многу во тоа. Цело време е љубоморен не ми дава ни да излезам вика женско си нема да се контролираш ќе идеш со некој. Искрено да ви кажам многу го сакам и незнам зашто. Знам дека без него ќе ми биде тешко али со него ми е многу потешко. Се што сакам е нормална убава врска а не ова. Ве молам за совет незнам што да правам веќе како да направам да се смени се и се да биде како што треба да биде. Ве молам да ми помогнете :(
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ме вара постојано

    Hе-Hе те сака! Kратко и јасно!
    цени се малце себе си! Hекои работи повеќе болат, па што да правиме сега?
    ќе седиш со некој мочко што те вара со 100 и те навредува
    Hе биди глупава, ќе си најдеш друг
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    ме вара постојано

    [​IMG]
     
    На Brojce, booba, kate21 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    ме вара постојано

    Сакаш нормална и убава врска? Со него нема да ја имаш верувај. Кој еднаш варал, пак ке вара, а во твојот случај спас за вас не гледам. Раскини му и барај си некој кој ке знае да те цени и нема да те вара. Има и полоши нешта од тоа да се откажеш од некој кој го сакаш но кој не знае да те цени. :)
     
  5. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    ме вара постојано

    Добро бе девојко зарем веруваш ти во тие негови фрази дека ќе се сменел, па на секое му даваш нова шанса?!-Тој никогаш нема да се смени, прекини сега со него и не барај друг начин како да го средиш овој проблем, друг начин нема. Тој и да се “смени“ сето тоа ќе биде привремено само, после некое време пак ќе почне истата приказна. Најдиси некој кој стварно те заслужува ... Овој никако не те заслужува. И не го сакаш, биди сигурна, само фино те опседнал со него. Да видиш, да почне убаво да се однесува како ќе сфатиш дека се‘ ова со него не е вистинска љубов.
     
  6. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.497
    Допаѓања:
    1.579
    ме вара постојано

    Иии сама си го пишала одговорот. Ако сакаш убава и нормална врска, раскини му и нека остане така, што и да ти каже остани ти на тоа да раскинете пошо гледаш, те манипулирал коа си му раскинувала. Он да те вара, да искача, да доаѓа кај тебе коа нема каде? Ќе си најдеш друг што ќе те цени, што ќе те сака вистински, не само како збор, нема да те вара се ќе ти биде убаво. Ќе ти биде малку потешко ако му раскинеш, да, ама кога ќе дојде на негово место подобар од него ќе видиш колку убаво ќе ти биде. Со среќа за која одлука и да ја донесеш, мада и сама гледаш какви се одговори ти давале, не вреди да се мачиш (т.е. тој да те мачи) кога можеш да бидеш среќна и задоволна со некој друг. :)
     
  7. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    ме вара постојано

    Искрено не знам како го нарекуваш дечко? Или незнам како можеш да речеш дека ќе се смени или дека те сака или го сакаш? За мене ова што си го напишала искрено ќе ти пишам ми личи како да сака понекогаш типот да си ги олади со тебе кога ќе нема некоја нова :wasntme:. Не биди ,,будала,, откачи го не ти треба во животот :puke:, ма колку и да го сакаш и да ти прираснал за срце имај свое јас и достоинство сакај се прво себа па се околу тебе, тоа занчи не трчај по него не единствен. Размисли не си мала имаш 20години не дозволувај некој да те мота околу малиот прст.
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.880
    Допаѓања:
    102.911
    Пол:
    Женски
    ме вара постојано



    стварно , како може да не веруваш кога тој ти го потврдува тоа. Па не биди толу наивна , откачи го и најди си некој што ке се заслужува а не да се иживљава. И кој е тој да ти кажува ти да не излегуваш? Под итно да го оставиш , не ни треба да се мислиш , и кажуваш дека те вара тогаш како може тој да те сака? :^)
     
  9. brokenharted1

    brokenharted1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    незнма можеби сакам само да се смени се незнам ни јас што сакам само знам дека ми е тешко многу. Сакам да знам што вие би направиле да сте на мое место
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.519
    Па ете ти кажале,што сакаш повеќе?!
    Не е проблемот у него,поголем проблем гледам у тебе,што не можеш да си ја прифатиш реалноста.
     
    На Sara123 и gwen им се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.880
    Допаѓања:
    102.911
    Пол:
    Женски

    Тој нема да се смни , никако. Би го оставила , знам дека ти си вљубена ама и вака да те искористува не е убаво. Не е убаво ти да сакаш а тој да те изневерува , понижува. Најубаво е чувтсвото кога знаеш дека и тебе некој те сака. Затоа откачи го ,што е твое ке си дојде, млада си немој да паднеш во депресија заради некој кретен. Јас би го откачила да сум на тове место, а ти не треба да размиослуваш многу многу
     
  12. brokenharted1

    brokenharted1 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    па нормално дека не сакам да ја прифатам реалноста година и пол сме заедно. Несакам да прифатам дека сум живеела во лага цело време... Знам дека треба да му раскинам знам ама тешко ми е многу поради тоа не сакам вака се да заврши ...
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Љубов се враќа со друг, време - не. Иако она што ти го опиша не асоцира ни најмалку на љубов.

    И после n пати по 1,5 година шансите да се смени ти се помали и од 0.01% секако слободна проценка. Изборот е твој, инаку каков друг завршеток очекуваш :^) ?!
     
  14. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски


    Јас би му раскинала, без око да ми трепне. ;)
     
  15. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Самиот наслов доволно зборува. Дечкото те вара а ти трчаш по него. Мислам хелоо свести се не е само тој на овој свет.
     
  16. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Што би направиле на твое место? :^)

    Па нормално дека ќе му раскинам,и дека ќе му кажам дека е најголемо ЃУБРЕ.

    Ама извини вака,не е само он крив,туку и ти си,бидејќи му дозволуваш да го прави тоа и да ти мачка очи како демек те сака многуу...љубов ли е,шо ли е :^)
     
    На malecka.16 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не ми е јасно како си година и пол со казанова, и љубоморен ко типов
    зошто си дизволуваш некој да те понижува и да прави будала од тебе :?: собери храброст, стави еднаш за секогаш точка на оваа т.н. врска и продолжи со својот живот, оти верувај дека таквите ко него
    НЕ СЕ МЕНУВААТ
     
  18. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Немој да очекуваш дека ќе почне да те почитува ако ни самата не се почитуваш. Подобро да сфатиш дека си живеела година ипол во лага отколку да продолжиш така. Соземи се што побрзо и подалеку од него зашто знаеш како викаат: Кој дозволил да се сопне повеќе од два пати на ист камен заслужува да си ја скрши ногата.
     
  19. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Девојче каде ти е достоинството? Незнам како си издржала година ипол со некој ваков сељак! Одма раскини му, затоа што повеќе од очигелдно е дека НЕМА да се смени. Ако се менувал тој до сега ќе се сменел.
    И извини вака, може е дирекно ама не те сака, јас мислам дека така ти вели да се вратиш затоа што сака да биде сигурен дека има некоја будала покрај него што го сака, пошо ретко која друга би издржала нешто вакво.
    Остави го одма веќе, колку и да го сакаш. Подобро неколку месеци да жалиш што не си со него одколку да го трпиш ова цел живот.
     
    На malecka.16 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    А сигурна си дека можеш да го наречеш дечко? Добро девојко знаеш дека те вара и да јак фраер он може да прави се, а ти дома дреми под Турско ропство сме. Ама знаеш што зависи од тебе. Некогаш треба да ги стиснеш забите, да ги затвориш очите за него и да ги затнеш ушите и да почнеш да дејствуваш, зошто верувам дел од твојата вина дека не си покажала став и карактер и дека си своја. А имаш само 20 години. замисли да би останела со таков цел живот? Или планираш да се навикнеш на патењето и да живееш со тоа цел живот? Постави си прашања и да дај си одговори.. ама немој никогаш да дозволиш да те погази некој макар бил твој родител! Посебна индивидуа си која си заслужува среќа, а тој не е твоја среќа! И не те сака!
     
    На malecka.16 му/ѝ се допаѓа ова.