А како сакаш да заврши? Фати дечко кој ќе те цени и почитува, не верувај во лажни ветувања од неиживеана личност.
Зарем навистина се уште постојат девојки кои после еден куп понижувања, навреди, неверства веруваат дека дотичниот ги сака и му веруваат? Сериозно, девојко, можда имам нецели 17 години и немам зад мене еден куп врски, ама тоа не ми скратува на здрав разум! Толку не се цениш за да дозволиш некој да си игра со тебе? Не, не те сака! Не те цени! Не те заслужува! Не заслужува верност, ни љубов! Раскини му сега одма, и не прифаќај извинувања. Не прифаќај молби, ни жалби! Нема повеќе шанси! Сите ги потрошил! Остави го, батали го, најди си друг. Заслужуваш среќа заради сета љубов и трпение кои си му ги пружила на сегашниот!
Волкот влакната ги менува, ама паметот не! Ма ти момаков ниту ќе го смениш, нит па ќе прекине да те вара. Зошто да се ставаш во ситуација да мислиш дека не вредиш, за момакот да си праи к**ташак. Ајт таму ко последен момак да е на светов. Ова е понашање на типичен мачо мен-сељак. Бљак ми се гади од такви
Прво треба да сфатиш дека нормален човек не се однесува така, нема такви безвезни сфаќања - значи на дечко ти стварно нешто му фали во главата, сериозно Дека ќе се смени-нема, верувај. Затоа биди паметна и откачи го еднаш засекогаш, верувај по некое време кога ќе ти помине се ќе бидеш горда на себе си.
Нема да ти кажам да го оставиш, свесна си што ти се случува, и знаеш дали ти одговара врската или не. Ако не сакаш да си со него нема да го прифатиш извинувањето после раскинување, туку ќе продолжиш напред. Разумна си и знаеш со каков сељак си и повторно си со него. Јас ни минута време не би му посветила, а не пак тема на форум да отворам. Можеби грубо од моја страна ќе звучи следново, но мене ужасно ме нервира кога некој не се почитува себе, а ти го правиш токму тоа, се подгазуваш самата себе за да му удоволиш на некој неизживеан мочко. Веројатно очекуваше од девојкиве тапшање по рамо, и влевање надеж дека ќе биде подобар, ама не го доби. За среќа се потрудија да ти ги отворат очите кои ти упорно ги држиш затворени. Од мене толку, голема си и паметна, знаеш и самата што треба да направиш .
знаете што сакам сакам да му се одмаздам да му вратам за се и се што до сега кажавте одина и пол си го повторувам секој ден и се гледам да видам до кај ке оди со ова. Сакам исто да СВАТИ дека ова што го прави не е во ред. А мене секат после ми се враќа зашто неможе да најде друга што ќе го трпи и тој е свесен за тоа. Незнам можеби повеќе го пишав ова на форувов само за да излезе од мене да го споделам со некој зашто сум многу затворена нема шанси на некој да признаам дека не е во ред било што. И свесна сум дека не ме сака. Можеби имам слаб карактер затоа неможам да го оставам. Иначе посетувам психијатар зашто имам хронична депресија поентата е што вака дозволувам тој да се однесува со мене е поради тоа што имав многу тешко детство секој ден мајками ме тепаше ме понижуваше едноствано не ме сака (ќе кажете нема мајка што не го сака детето ама не е вистина тоа) и се уште трае тоа секој ден ми вика мајка ми умри сакам да те погребам и мн работи лоши а пред татко ми е сосема друго она е најголема светица, лицемерно суштество. И денес на 20 години ме тепа. Сакам да кажам дека сето ова што ми се случува со него е затоа што мајка ми мене ми направи да мислам дека не вредам ништо и затоа мислам дека оваа врска е нешто најдобро што можеби било и така никој пат немам почуствувано љубов ни од дома од нигде
Да сум на твое место ке раскинам со овој, и ке фатам некој кој ке биде спремен веднаш за брак и ке си одам и од дома. Со еден потег две муви ке утепаш. Малку звучи тешко но не се ретки таквите случаи.
Најголема одмазда кон сите ќе биде да го оставиш и него а и на мајкати да и ја шлапнеш една следен пат кога ќе крене рака на тебе, а татко ти ако се замеша па и в полиција пријави ги бре, како смеат така да те малтретираат па не родители да ми се, има да ги заколам двајцата на спиење! А за дечко ти, ако се трудиш да му се одмаздиш на било каков начин, верувај дека само ти ќе си се повредиш, ништо друго. Батали го и посвети си внимание на себе си, изгради си самодоверба, и не дозволувај никој повеќе да те малтретира. Тоа ќе биде најголема одмазда за сите.
Браво, многу добар совет. Пријави ги и после оди под мост да живееш. Абе, многу гледате шпански серии.
Па добро не мора да ги пријави ама тука мора да се превземе нешто, нека побара помош од роднини некои, сигурна има некои понормални во фамилијата што би и помогнале. Кај до сега малтретирана па и навака ако биде ништо во животот не бива.
Стварно,како очекуваш сето ова да заврши? Да те сака - не те сака.Би ти предложила да го казниш да ставиш некое време пауза да му дојде умот,ама за разлика од тоа колку време те лажел мислам дека за тоа време ќе заборави дека постоиш.Сето ова личи како ти да си му резерва него и ја злоупотреува твојата љубов зошто знае дека не можип без него.Плус тоа,ако имаш малку гордост ќе се подразмислиш малку зошто сигурно сите виќе го знаат каков е а знаат и дека е со тебе единствено во тој случај ќе те сожалуваат тебе и ќе те сметаат за глупа.А верувај,ако ставиш пауза некое време да немаш никаков контакт со него ама и да не одиш со друг туку слободно да си излегуваш како секое девојче и да се забавуваш тој ако те сака ќе забелеежи што се случува и ќе се врати ама најискрено не ни верувам дека тоа ќе се случи Тој и да се смени, оваа врска нема да има мнгоу добра иднина ти сигурно ќе се потсетуваш каков бил тој и секогаш ќе сумљаш кај оди што прави зошто тој веќе знае дека ти за се си молчиш и си лууудо заљубена и ќе си продолжи ама можеби на потаен начин,едноставно фани раскини му зошто колку што си трпела до сега од твоите дома толку ќе трпиш и со него ! Мислиш дека немаш храброст ама ако се решиш на тоа никогаш нема да се покаеш понатаму. Што се тиче за мајка ти, не дозволувај и од таа страна да бидиш во таква лоша ситуација (како што си со дечко ти)Голема си и лека полека решавај ги проблемите, прво раскини му него па после и со мајка ти реши го проблемот затоа што не на психијатар вака ако продолжиш ќе споулавиш.И јас мислам дека кога ќе собереш храброст да му раскинеш него ќе ти се дигне многу моралот и полесно ќе ти биде со мајка ти.Докажи дека можеш само пази после неколку дена кога ќе ти се моли за прошка да не потпаднеш пак на истите лаги. Управи си го животот и продолжи да живееш нормално 1 и пол година не е ништо поготово во таков случај со неверства лаги и што ли уште не....никогаш за ништо не е доцна !
Душо тој нема да се смени. Знам дека сакаш, знам дека ти е тешко но мораш да си признаеш на себеси дека тој секогаш ке продолжи да те изневерува.. Се случува, нема човек во овој свет што некогаш не изневерил но ако тоа постојано се случува он не те почитува. Од искуство кажувам дека изневерувањето нема никаква врска со љубовта, зошто и јас изневерив заради незадоволство во врската но многу се каев и послем плачев да го имам повторно.. И никогаш не би го направила повторно. Но на него не му се случило еднаш, па дури и се фали со тоа дека му е убаво.. Точно мажите најчесто изневеруваат заради секс ама аман уште да се фали Што е најтрагично он си ги покажува своите морални вредности и си кажува каква личност е.. На тебе ништо не ти прави. Ке си најдеш некој што ке бидеш среќна и ке те усреки.. Моралот, неговите вредности и семејната позадина играат голема улога. А он ги нема
знаете ли коку само ми е смачено од животов искрено неможам да поднесам веќе. И дечкото и дома и седе се е собрано веќе. Неможам веќе да го поднесам ова. Биквално сите се однесуваат со мене како со куче. Поради проблемите дома јас се фатив со овој буквално со првиот што ми дојде само зашто мисев дека барем ќе има некој што ќе ме сака и што ќе ме разбира ама не се случи тоа. Направив буквално се за да го задржам. Работата е што ако му раскинам јас буквално сама ќе останам. Мајка ми не ми дава да се дружам со никој. Порано морав да се кријам за да излезам со некој или носев другарки дома само коа немаше никој дома. Ако мајка ми видеше некој правеше скандал се дереше пред сите и поради тоа се изолирав од сите. Сеа немам никој близок освен дечко ми ако можам да го кажам така. Незнаете колу пат само сум мислела да се убијам и да заврши се и пробав вистински 3 пати завршив на ургентен. Знам дека ќе кажете тоа е само бегање од проблемите дека сум кукавица дека не вреди и такви работи. Ама има некои нешта што неможат да се издржат 20 години живеам со тоа а се што сакав беше мајка ми да ме сака да си го задржам друштвото и да си најдам дечко што ќе ме сака и ќе ме почитува сеа знам дека никогаш нема да се случи тоа. Дома никој не знае дека идам со него не ни сакам да знам што би се случило кога би дознале... Еве ви еден пример од обичен ден кај мене влегувам во кујна палам светло за да јадам и мајка ми ме претепува зашто сум запалила светло после тоа седам а таа ме навредува цело време како тој ден коа ми рече хаха тебе нема ни кој да те е*е. Многу тешки работи ми имакажано и многу имам изгѕбено поради нејзе. А згора на се е сега ова со дечкоми тоа само ја прелија чашата. Искрено сериозно мислам да се замонашам да живеам во манастир и таму да го прајдам животот подалеку од сите ...
Сврти се и замини си!Не погледнувај назад затоа што секогаш има некоја причина која би те поколебала!Биди одлучна!Стави крај можеби ќе биде болно еден период ама со тек на време ќе сватиш дека тоа е најправилната одлука во твојот живот!Тебе ти треба малку повеќе храброст,да кажеш НЕ!! Без разлика колку ќе моли!!!До сега било вака и ти си незадоволна од досегашното тогаш смени ја тактиката па ќе видиш како ќе биде,полошо верувам неможе!
Не може да те сака некој кој постојано заборава на тебе и оди кај друга, некој кој те повредува и не те поддржува кога ти е најтешко. А таков човек што ќе ти е? И ако веќе имаш проблеми дома, немој самата да си земаш уште еден проблем - таков дечко. Не си обврзана да си со него, остави го и продолжи понатаму - со една нервоза помалку! Во секој случај не губиш ништо, може само да ти е подобро.
ете ми раскина и сега што ... сега што треба да правам незнам знам дека е добро тоа ама пак ми е тешко сега и тоа многу ми е тешко
Офф,освести се де. Штета што он ти раскинал а не ти.Ама ајде „после дождот сонце иде“ ако те тешат зборовиве,ќе помине.Тука сме да се советуваме,помагаме и тешиме.
Сакам да те прашам нешто (се извинувам што ќе бидам малце груба,ама..) - По кој повод го сакаш? Поради тоа шо се однесува така спрема тебе? Џенцка, ајде бе Малце дај си додир со реалноста, нит ќе заврши ко на шпанска серија, нит ќе се смени, бар не така лесно. И ова :