Девојко јас мислам дека проблемот кој го имаш во семејството е многу пострашен и поболен од тој со дечкото.Со дечкото ти се поставуваш како жртва зашто така си научена од дома,очигледно со години си била жртва на садистички настроена психопатка мајка која своите психички проблеми ги истура врз своето дете,без да размисли какви последици ке има тоа.Веројатно затоа не се почитуваш себеси и не можеш да се одбраниш.. Спомна дека одиш на психијатар,што ти советува тој?Ако не ти одговара,промени го лекарот.Лековите се дадени за да ти помогнат а исто и психотерапијата е тука битна и не може некој да ти забранува да ги пиеш..Па ти си полнолетна а не дете..Мајка ти која толку одвратно се однесува за неколку години нема да биде битна фигура во твојот живот,ако се осамостоиш и почнеш самата да заработуваш,а тоа зависи пд твојата снаодливост,образование,среќа и психичка стабилност која во моментот ти недостига.. Прибери се и одлучи што е најважно за тебе и потоа однесувај се во согласност со тоа..Дечкото е ништо посебно,обична гнида која наишла на слаб противник па сега си игра играчки и се изживува.. во ситуацијава си важна ти и твојата иднина а психопативе отерај гио таму каде што заслужуваат.. Good luck!
Нема да должам многу, и мојот совет ке биде краток, ти заслужуваш да бидеш сакана, почитувана, и поддржана, го заслужуваш најдоброто, врската не е нешто најдобро што ти се случило, заслужуваш многу подобар маж, многу поубав живот, стремисе кон тоа, и ке го добиеш млада си, па можеш се да издржиш но прашање и до кога...... Ти посакувам се најдобро.Поздрав
сигурен сум дека деген како твојов тип, кога ке му кажеш дека сакаш да прекинете, или муабет поврзан со ваша разделба, секогаш ти вели дека ке те скрши ако си помислила на такво нешто, или недајбоже па друг да најдеш, одма ке ти прави проблеми тебе и на него...жалосно
во раво сте за се што кажавте до сега... најново е дека ми се закануваше ќе ме убиел и такви ствари али тоа е
немој да ми кажеш дека ти се плашиш од тие негови закани собери храброст оди во полиција поднеси тужба против него(да свати дека не му се плашиш) другото препушти го на законот, верувај има да бега од тебе како гавол од крст
Сигурно тој не планира да си го уништи животот и да лежи во затвор за убиство.Не му се плаши.Многу машки се јаки само на збор а кога треба нешто да направат нигде ги нема..Полека полека и ти ќе си го средиш животот.Ќе се омажиш за некој кој те сака,цени,почитува и те заслужува и ќе си излезеш од таа куќа.Ти посакувам многу многу среќа и искрејно те гушкам еве вака преку лап топ поздрав се најубаво собери храброст и се ќе се среди само треба да посакаш.Биди силна и имај достоинство и некој пред никој да потклекнуваш. Поздрав уште еднаш
Што ке ви е личност која постојано ке ве изневерува, таа незнае да сака Убавината привлекува карактерот задржува