идам со дечково 5 месеци неможам да поднесам веќе постојано ме малтретира психички ме навредува ме вика ку*ва глупача и многу многу други работи. Постојано ми се заканува со убиства. Не смеам да излезам од дома без да знае ако не му кажам дека до продавница сум отишла прави скандали истото и кога ќе му кажам буквално не смеам да излезам од дома. Му смета мојот карактер прави се за да ме смени. Секогаш се е он во право ако му противречам исто пак прави скандали. Неможам да го поднесам веќе ама од друга страна ако му раскинам се плашам дека ќе останам сама. девојки стварно незмам што да правам ве молам помогнете ми
проблем во врската Сама си дозволила така да се однесува со тебе Како бе ти е страв да останеш сама? Па размисли што би било поубаво некој постојано психички да те малтретира или сама да си одлучуваш дали ќе искачаш или дома ќе седиш
проблем во врската Па,нема да останеш сама ако земеш пушка го убиеш,и тури си го неговото тело до тебе.И супер,пак по старо само што он ќе ќути. А сеа шала на страна,немој да се навредиш девојче,ама си откачила малку повеќе ако дозволуваш некој да те навредува,забранува и не знам ти што,само затоа што ти е страв сама да не останеш.Лелее,па излези надвор,не е изумрен машкиот род Ќе најдеш друг,другарки,семејство на крај краева...Не се мачи самата,ослободи се од него...
проблем во врската Како прво ова не е проблем во врската оти ова вашето и не е врска. Ваквото нешто се нарекува психичка тортура. Како прво мора да раскинеш со овој т.н. дечко твој и да разговараш дома, дека ти се заканува и слично.Верувај ова на подобро нема да оди, само ќе си го губиш времето и нервите со некој ваков. Секој залужува љубов и почит а ти овде го немаш додека не заглавиш уште подлабоко.
проблем во врската Па што ако останеш сама? Па и 50 години да имаш не заслужуваш психичко малтретирање и подобра е самотијата него тоа малтретирање. 19 години имаш како може така да размислуваш и да се плашиш од самотија. Ма око не треба да ти трепне за да прекратиш само 5 месечна врска која ти ја уништува психата. Па луѓе со долгогодишни бракови се разведуваат заради малтретирање, а ти самата тонеш заради 5 месечна врска. Па тој не те заслужува. Тој само едно заслужува, фала чао приетно за неубавите 5 месеци. Потоа му го вртиш грбот засекогаш и одиш по патот сама, додека не најдеш некој кој те заслужува и кој ти пружа љубов и ќе ја видиш убавината на животот. Збунета со среќа при раскинувањето, само тоа ќе ти кажам
проблем во врската ако си свесна што ти прави единствено паметно решение е да му раскинеш. Незнам што воопшто перавиш со ваков дечко. Од ваквите психопати се бега уште првиот миг кога ќе го забележиш таквото однесување. Никој не е должен да ги трпи тие луѓе. Па девојче ти имаш ли родители да ја споделиш се што доживуваш и да застане некој покрај тебе. За тоа дали ќе останеш сама верувај дека нема секое тенџерче си наоѓа капаче, а ова верувај не е твојот капак. Тргни се додека е време па сепак идете 5 месеци време кое е малку и полесно за преболување.
проблем во врската Остави го ВЕДНАШ !!! Па како можеш така да размислуваш .ц.ц.ц Зошто да останеш сама ?!?! Ти фали нешто ?!?! Тоа е твој живот,а не живот на твојот дечко па да управува тој со тебе !!! Како дозволуваш да те прави помалку вредна од тоа што си и да те нарекува ку*ва и глупача ?!?!!? Имај своее ЈАС,не смееш да дозволиш да газе по тебе !!! Размислии светот не се врти околу тој дечко ПРЕКИНИ СО НЕГОО тоа и не е врска,врска е кога и двајцата се согласни,имаат доверба еден во друг......а во твојот случај не е така ,барем јас така заклучив ! Извини ако сум малку нападна со мојот коментар,но сакам само да те натераам да одиш по својот пат каде што сакаш,а не каде те водат другите !!!
проблем во врската и гледај побрзо реши си го проблемов. стави крај на малтретирањето и препушти му се на убавините на животот.немој да си дозволиш да тонеш се подлабоко и подлабоко...
проблем во врската Тоа што си му дозволила да те навредува за тебе е ништо ? Расчисти си на време да не тргне работава после на нешто поголемо
проблем во врската решив ќе му раскинам неможам повеќе вака ова не врска не личи. само незнам како да му раскинам не сакам во живо ми е страв од реакцијата негова ...
Преку порака ако не,или телефон...Искрено,и јас би се плашела,како што кажуваш има прилично неурамнотежен карактер...
Цццц и сеуште контактираш со таков? Сама ќе останеш? Со такви размислувања и те како дечкото си дозволува да те малтретира. Раскини преку порака и толку
Како ти е страв да останеш сама??? Па вие сте заедно само 5 месеци Како можеш да дозволиш да те понижува и да те нарекува со погрдни зборови. Кај тебе мислам дека е проблем во самодовербата и затоа се плашиш да го оставиш. Подобро сама и среќна одколку да трпиш се и сешто!
Како што ти кажаа и погоре, да му раскинеш ВЕДНАШ. Сама нема да останеш, дај си шанса да си најдеш некој кој ќе те заслужува. Па макар и неколку години да бидеш сама. Мирот со ништо нема да си го купиш. Дека ќе ти направи нешто овој "јакиов" тешко ми се верува. Знаеш како викаат: Кучето што лае, не каса! Кажи им на родителите за сите закани и вознемирувања. Нека знаат, а него по кратка постапка уште овој миг раскини му. Насилник не ти треба во животот ни како познаник, не пак како твое момче. Ќе му напишеш: Готово е помеѓу нас. Јас не сум сама на овој свет, па да ти се плашам. Во страв не сакам да живам. Најди си друга што ќе ти дозволува ваков терор. Јас повеќе немам намера да те толерирам. Заборави дека постојам!
Ај и тука некако ќе помогнеме,иако сама треба да си размислиш за тоа. Мм,здраво,едно др....и одма оп,абе види,некако не се чувствувам добро во врскава,ме гуши,ова она,мислам дека секој треба да продолжи по својот пат...Сакам да се посветам на нешто друго (учење ,пример) и да размислам за се во животов...И тоа,чаопријатно. Илииииии... Копиле едно,ЖИВОТОВ ПЕКОЛ МИ ГО НАПРАВИ,МАМЕТО ТВОЕ,ГОНИ МИ СЕ У 3 ЛЕПЕ МАТЕРИНЕ,ТИ РАСКИНУВАМ,ЦРКНИ. и тоа.
Што има да му кажуваш и објаснуваш. Исчезни од неговиот живот избриши го неговиот број ... ало девојчеее, кој го врти бре. Да знаат сега твоите родители што те мачи би го задавиле СИЛНИОТ.
нема со да му објаснуваш има да бидеш јака да му кажеш дека е крај и да не те бара повеќе.ќе спуштиш и толку. и ако те бара после ќе го игнорираш.