сега од како му раскинав постојано ми врти на телефон плаче ме ме моли ме замара постојано да се смириме му викам дека несакам тој пак ај па ај не ме остава на мира
Ма на му ни кревај на моб,игнорирај го максимално и ќе престане по некое време. Само мораш да издржиш,биди цврста,не попуштај.Биди себична малку,гледај прво за себе!
ццц... каков раат имаше претходно? од две зла избери го помалото! или......прави што сакаш, нема веќе простор за наши сугестии.
Кога веке неможеш самата да се справиш со него, разговарај со родителите и побарај помош од нив. Следниот пат кога ке ти ѕвони, дај го телефонот на татко ти кој би требало јасно да му даде до знаење дека ти веке несакаш да си во врска со него и да те остави на раат. Ако и ова не помогне, па има и полиција....
Премногу лесно се мешаат опсесивното однесување и љубовта. Ова е опсесивно однесување, нема врска со љубов. За жал, викаат дека трае сё додека „пациентот“ не си најде нов објект за опсесијата. Не се занесувај дека ова го прави од што многу те сака (тоа што постојано ти се јавува и сл.), психа е во прашање. Е сега, навистина има луѓе на кои им одговара оваа игра и перверзно уживаат во улогата на жртва, дали од потребата за драма, дали од некои Х други причини... Поентата е едноставна, ако немаш некоја луда намера да се смируваш, игнорирај го, кажи дома ако треба и воопшто не се замарај што плаче. (Имаше еден филм, типот ќе ја претепа, па после плаче и жал му е, сакаш до таму да стигнеш? )
Ако работата до толку ги преминала сите граници, крајно време е да разговараш со твоите родители и да им прераскажеш за дечкото и тоа, во најмала рака треба да го сториш (не размислувај како твоите ќе те гледаат потоа, бидејќи ти се родители и подобро со нив да зборуваш на темата, отколку нешто не дај боже да се случи и да разберат од други... боље спречи него лечи) А ако и тоа не помогне, за дечкото да престане со малтретирањето.. едноставно пријави го. Имаш дури и невладини организации од кои можеш да побараш бесплатен совет, нема да те чини буквално ништо, а ќе ти се подсреди животот, ќе можеш мирно да си продолжиш. Тоа се организации, кои што се занимаваат со токму вакви проблеми. Не е тоа ништо срамно ниту страшно, доколку ти се случило. Се случило, всушност секому може, бидејќи таквите луѓе, не веднаш си го покажуваат лицето (мало објаснување за оние кои од прва трчаат со рафали за ваквите проблеми “ти си виновна“, оф по што проценивте драги мои). Боже ме пази, никој не е виновен за тоа што го снашло, виновен ќе е само доколку и покрај таа ситуација, кога е веќе на јасно што створ има до себе да превземе нешто, за да тој створ му исчезне од животот и никогаш повеќе да не се врати. Затоа јас и ти велам, како и оние пред мене, девојче разговарај со твоите родители, пронајди на google преку search кои невладини ги има во Македонија, што работат со жени жртви на насилство и воопшто не размислувај на тоа дека ти не си една од нив. Бидејќи, тебе ти треба еден фин и за без пари совет. Но, ова е се разбира доколку и по разговорот со твоите проблемот си остане нерешен. Во крајна сметка полиција, па нека им објасни таму кој е што е. Само жал ми е што си ја имала таа несреќа да доживееш таква грда приказна.
знаеш како викаат.. ако се сопнеш два пати на ист камен, заслужуваш да си ја скршиш ногата ! Размислувај за себе само, тој сега нека плаче, нека моли, кога требало не се покажал, нема враќање назад, нема да се промени верувај.. кога тогаш повторно ќе си го покаже своето лице Затоа остави го, избриши го од животот и верувај дека поубави работи чекаат на тебе
Vo vrska sme veke 11 meseci ... vo posledno vreme pochna mnogu da mi dosaga.. kako na pr. kade bese,sto pravis ,koj ti se javi,nesaka da nosam fustanchinja i pochna da mu smeta da izleguvam so drugarkitea... go sakam amaa kolku i da ima ljubov on preteruva... veke ednas mu raskinav ali me molese veti deka ke sme smeni i pak e istoo... neznam kako da mu raskinam nesakam da go povredam ... ve molam pomosh
Познати ми се таквите типови-манипулатори, несигурни во себе, веројатно делуваат мачо однадвор а п..ки се во душата...штом почнал да ги покажува првите знаци на љубомора или контрола знај дека на полошо оди. Паѓаме на нивните солзи, патетики, уверувања дека сме им се, понекогаш дури и закани дека ќе си направат нешто ако ги оставиме...кога сето ова ќе се измеша со нашата попустливост, желба за простување, наивност, потреба за драма, за некој да не сака како во шпанските серии...ете ти врска каде што си во шах-мат позиција...но доколку сакаш да раскинеш а тој ти се заканува немој да се плашиш да направиш ако треба и скандал...обрати се кај родителите, постар брат, братучед, на крај краева и полиција, немој да го жалиш ниту пак да се плашиш..
Едноставно кажи му дека ти смета неговото однесување и дека е готово, дека си му дала шанса да се поправи, не ја искористил т.е. уплескал и дека немаш намера повеќе да се замараш со него, биди искрена со него, кажи му дека не ти е доволна само неговата љубов, дека имаш 16 год. и сакаш да се забавуваш, да излегуваш и со другарки, дека не си негова сопственост, ако сега не носиш кратки фустанчиња и ако му сметаат замисли што би било понатаму, утре ќе ти рече пази на деколте, штиклите ти се многу високи, косата направи си ја вака и вака, немој да се фарбаш итн. итн.... Имав и јас еден ваков глупак, по сто пати јавувања, кај си, со кого си, ајде да се видиме, па зашто со другуарки а не со мене, бла бла бла...во тоалет не можев од него да одам, ме угуши...му раскинав, па се смиривме после неговото мољакање и по некое време пак си се врати на истото (јас издржав 4 месеци+2 по смирувањето, алал да ти е што го трпиш скоро цела година, а имаш само 16 год.). ... Овие типови не се менуваат, еднаш ако проба да те контролира и види дека му успева, ќе продолжи со тоа, нема да се смени. Всушност во твојава ситуација треба да избереш- или ќе го повредиш ти него како што викаш (размисли си дали навистина и искрено те сака онолку колку што мислиш или само ја сака неговата доминација над тебе) или ќе се измачуваш и ќе се надеваш дека ќе се смени, верувај нема.
Типот те нарекува ку*ва и глупача, не можеш да одиш в продавница без да го известиш и ти се плашиш дека ќе останеш сама?! Па да и јас исто би направила, мислам полошо би било сама да седам мирно и да си одам в продавница без да барам дозвола, да си го живеам животов СЛОБОДНО без малтретирања и заканувања дека можеби и ќе ме убие , отколку закани и психички мачења! Сакаш да ти откријам една тајна? Спојлер Совршен живот е ако го живееш како што ти сакаш! Ете се надевам дека сфати што се мисли и уште нешто подобро да бидеш мразена поради она што си, отколку да бидеш сакана поради она што не си!
Побарај помош од некој и стави крај. чим не си направила ништо за он така да се однесува со тебе .. 5 месеци не се толку многу за да неможеш да го забравеш и да си најдеш друг. Ако бидеш со него - само ќе страдаш ништо повеќе .. Мој совет е да го оставеш и тоа колку можеш побрзо.. со среќа :/