1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постојано се караме за ситници

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од A.a, 19 мај 2011.

  1. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Здр до сите јас сум нова на форумов и баш ми се допаѓа има доста убави совети и корисни секако,па затоа сега да ми помогнете некако :worried: Вака сега,имам дечко и сме заедно 2,5 год од почетокот не беше се најубаво,бидејќи моите постојано ми збореа да го оставам дека не е за мене,всушност тие не знаат дека е тој прекрасна личност,но јас не ги послушав и останав со него.Тој не доаѓа кај мене а јас одам и ме знаат и неговите,но проблемот е што во последно време постојано се караме за ситници а тоа стане поголемо,но на крајот пак се смиреме,јас веќе не можам така,кога и да се скараме секогаш сум јас виновна така вика тој,дека моите ми биле поважни од него и тн.и се обидов 2 пати да му раскинам но не успеав,бидејќи тој земаше нож,и такви глупости дека ќе се самоубил ако сум го оставила а не дај боже да носиш некој на душа :worried: и на крајот пак се смиривме но јас веќе не можам да продолжам во таква врска и сакам да сум слободна инаку тој е постар од мене 6 г.Ве молам дајте ми некој совет :worried:
     
    На danijela.dan4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ми треба помош !

    Леле. Свашта.

    Прво и основно ако сакаш крај стави си крај. Нека не те мота дека ќе се убие - лаже. Глумец влезен во филм. Нискобуџетен во случајов.

    А друго ... па кој будала ќе си помисли дека го сакам повеќе од мајка ми и татко ми ??? Да не заслужиле ајде де ... ама сега вака јок.
    Како може да прави такви споредби во љубовта кон него и љубовта кон твоите родители. Тоа се два сосема различни начини на сакање.

    Имаш 19 години, веќе си решена за крај и преземи го тој чекор и остани си силна и држи си до зборот. Друго не знам што да ти кажам ...

    Се ќе биде добро.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Ми треба помош !

    Вакви патетики до сега имало многу душо и верувај никој ама баш никој не си направил ништо. Ако си решена да раскинеш едноставно направи го тоа и не гледај назад. Не подлегнувај на неговите глупости. Нема да си направи ама баш ништош 100 %. Очигледно дечко ти е недораснато детиште штом ги решава работите со самоубиство. |( . Мој совет ти е да се тргнеш од него, не заради родителите, ами заради себе. Какво е тоа уценување, место да го цени тоа што се бориш за вашата љубов тој ја споредува вашата со љубовта кон родителите. Според мене многу си зема за право дечко ти и запрашај се колку те заслужува.
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    од искуство ти кажувам дека тој што вели дека ке се самоубие, нема да го стори тоа, само те заплашува
    ако навистина сакала да го стори тоа ке го стори тоа без да ти каже тебе :!:
    имав и јас еден ваков кој на секоја тажна песна ке си ги сечеше вените, и на секое раскинување ми се закануваше со самоубиство, но по некое време увиде дека не реагирам, па се откажа
     
  5. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Е како може да ти префрла за родителите демек ти се побитни(и сега за сега и треба да ти се најбитни тие се сега твое семејство), а од друга страна ќе се убиел. Кога станува збор за вистинска љубов, не се прават проблеми за родителите. А ти ако сакаш да раскинеш, ќе раскинеш..Не му дозволувај да те лаже со тие фори...Ќе сечел вени...Мажето што до пред некое време префрлал за родители и се правел силен??????
     
  6. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Се извинувам што упаѓам, ама зборовите „постојани“ и „ситници“ не ми одат вака во насловот.
    Друга работа, не е ситница што те става во ситуација да бираш помеѓу него и твоето семејство. А од овие очајните обиди да те врзи за него, претпоставувам дека ни еден нема да се оствари.
    Бегај и дувај девојко дури можеш.
     
  7. inna18

    inna18 Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    здр душички..како сте???Мојот проблем е во то тоа што врската ми виси на конец поради секојдневните караници...Со дечкоми сме заедно 5 месеци и сигурна сум дека и тој ме сака какко и јас него,но постојано се караме...незнам зошто но секогаш сакам се да биде по мое,кога слушнам дека некаде е седнат јас толку избувнам што во тој момент веке незнам што да правам едноставно неможам да се контролирам избувнам ненормално....прееска ми рече дека веке неможе да ме трпи без причина секој ден само да се караме и да си го променам моето понашање,но незнам како...зошто мора да се караме секогаш и зошто морам да избувнам до толку и да бидам љубоморна кога премногу верувам во него и го сакам највише како и тој мене...плс хелп ;)
     
  8. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Па и сама си знаеш дека не е во ред тоа што го правиш и што избувнуваш без причина. Очигледно тоа е проблемот и ако сакаш врската да ви опстане смени ја таа карактеристика... лоша. Никој не би сакал да има покрај себе 24 саати ЦСИ нели? Така да.. смени се додека не е прекасно.
     
    На malecka.16 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pajaceto

    pajaceto Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Па и да му кажеш дека родителите ти се побитни! А тоа што вика дека ке се самоубиел речи му "Ај пред мене да те видам барем!" П.С-Нема шанси да направи таква глупост. :D
    ......Или можеш смирено да разговараш со него да му кажеш дека вака не иде дека нема потреба од убивање. :rofl:
     
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.347
    Допаѓања:
    32.752
    Пол:
    Женски
    Караници од овој тип има во сите врски,само што кај некои се изразуваат повеќе,кај некои помалку. И самата знаеш дека тоа што го правиш не е во ред, но стави се на негово место,дали ти би издржала таква тортура,секој има право на свое јас,треба да застанеш малку и да помислиш дека можеби туѓото мислење е подобро од твоето.Секој може да се контролира,доколку сака се разбира,одите 5 месеци а постојано се карате.Што ќе се случи по година,две,три...ќе се тепате,ќе се оставате?Ти мора сама да си ставаш граница на работите,ако не можеш тогаш не треба да се мачиш залудно.
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Мислам дека зад тие караници за ситници, стои некој поголем проблем кој чека да биде решен, ако и двајцата сакате оваа врска да опстане. Можеби има некој проблем во однесувањето кај тебе или кај него, или нешто од минатото. Ти пробај да се контролираш, да не избувнуваш лесно, затоа што во таква состојба човек знае да каже нешта за кои после тоа се кае.
    Инаку за самоубиството-само те заплашува. Оној кој вистински има намера да се самоубие, никогаш не би ја споделил таа идеја со друг.
     
  12. Eli-.-s

    Eli-.-s Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Mislish ke se samoubie ?
    Site taka zborat, imav takva slucka porano toj imashe 21 ja 16
    nego mu beshe do zenenje mene ednostavno do obicna vrska
    mi se zakanuvase deka ako go ostavam ke se ubie, duri i da me isplasi
    si ja izgreba rakata i napravi golema rana, jas na toa padnav i oprostiv i prodolziv
    posle toa koga vidov kakvi ne ti finti prai za da me pridobie svativ i staviv oficijalno kraj.
    Ako non stop imash karanici i nemozes da prodolzis so taa licnost raskini , veruvaj nema
    nisto da napravi, site taka velat ;)
    [mod-kirilica:2negbv3q][/mod-kirilica:2negbv3q]
     
  13. srekata

    srekata Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    И јас имам таков проблем со караници за секакви ситници, смао што јас сум повеќе од 3 години...
    Ама колку што е тој виновен, толку сум и јас... но тој не признава дека е виновен.. и секогаш вината ми ја префрла мене... Секогаш ги слуша другарите одколку мене, кај што ќе речат тие таму ќе се оди..
    и незнам сега што да правам ? Дајте некој совет?
     
  14. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.170
    Пол:
    Женски
    здр со децко ми во врска сме девет месеци а последниве два нема ден да не се скараме.совет ве молам
     
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Причини за кавгите дали има?
    Кои се?
    Како ви завршуваат караниците?
    Дали ја смирувате топката или се лутите и не попуштате?
    Зошто не разговараш со него за тоа ?
    Да се обидете да ги решите проблемите :)
     
  16. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.170
    Пол:
    Женски
    за ситници за жал. Се смируваме секогас тој попуста но и јас некогас сепак сакам да претанат вееекее
     
  17. KimKey

    KimKey Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    здраво јас сум нова на форумов и сакам да прашам нешто т.е да побарам совет.
    Имам 17 години и имам дечко на моја воздраст и во врска сме 9 месеци. Последниве два месеци нема ден да помине а ние да не се скараме и тоа ме нервира и ме прави тажна. Синока малку фалеше да раскинеме но сепак пак се простивме. Обично се караме за ситници ( скоро секогаш), а кога се работи за смирување секогаш се смируваме немаме ни еднаш раскинато. Ве молам некој совет ако некој може да ми даде :) .
    Благодарам :) :) :)