Еј девојче ти праша за тоа дали да му дадеш,а не да се мажиш Да не те наведовме на погрешен пат ??? Мислам ако си сигурна за мажењето добро и нека ви е со среќа ,ама па размисли си убаво имаш само 19 години
Мислам дека го обожава карањето и постојано наоѓа нешто да се налути и да се кара! Таа карактеристика му ја мразам. Згора на тоа, ако јас почнам караница, ако нешто згрешам, многу тешко простува.... Што да правам не знам!!! Сум зборела милион пати и ништо не помага.... Ако ви паѓа на памет некаква идеа и совет, ве молам девојки КАЖУВАЈТЕ!!!
@Портокалова Јас имав раскинато со дечко кој го сакав заради караници безброј кои биле за глупости,но подзадината беше нашето незадоволство од взаемното однесување..Мој совет-ако навистина се сакате,седни го и искрено кажи му дека ти е доста од карање,дека љубовта не е карање,туку милион бакнежи,поддршка кога е потребна,топла прегратка,убав збор,пожртвуваност...се само карање не.Прашај го што му пречи кај тебе,нормално и ти кажи си,само ИСКРЕН и СМИРЕН муабет со мило обраќање а не урлање ќе ја среди работата,верувам во тоа.Обиди се најискрено да му кажеш се што мислиш,што ти пречи и да се договорите вишокот енергија која ја троши на карање да ја канализира на друго место или на друг начин да ја исфрла од себе-на пример да те гушне,да сподели со тебе ако има проблем па е нерасположен и бидете тука еден за друг,не ја уништувајте љубовта со погрдни зборови и караници,ќе се каете и ќе ви недостига,а после илјада караници ништо нема да биде исто-од лично искуство ти давам најискрен совет. Ти пуштам среќа и чекам да пишеш.Поздрав.