а св.апостол Јаков што бил? не бил свет отец? свештеникот кога ја завршува Литургијата вели " По молитвите на СВЕТИТЕ ОТЦИ НАШИ ИСУСЕ ХРИСТЕ ПОМИЛУЈ НЕ"
Не. Тој уште во воведот на своето писмо понизно се нарекува „слуга на Бога и на Господ Исус Христос“ (Јаков 1:1, Библијата) А потоа секаде Бог го нарекува Свој Отец, а никаде не се нарекува себе си „отец“, ниту пак некој друг го нарекува така. Си има и посебна тема за Цитати од Библијата или за Поуки од Светото Писмо. Таму е најсоодветно да постираш библиски цитати.
хаха и шо треба сега ова да значи? Бидејќи он се сметал за Божји слуга и ние не треба да го сметаме за светител? како што реков.... по молитвите на СВЕТИТЕ ОТЦИ НАШИ ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ ПОМИЛУЈ НЕ! Во овие свети отци ( вклучени се сите кои се канонизирани ,и тоа светители,апостоли,маченици,преподобни,пустиножители)
Абе ти можеш да го сметаш за што сакаш, ама јас ти кажувам дека Јаков бил Исусов следбеник, што пак подразбира дека бил и следбеник на Исусовото учење кое, меѓу другото, забранува христијаните да се нарекуваат еднио со други со великодостојнички титули. Јаков му бил послушен на Исус, а тоа вклучува и послушност кон следнава Исусовата заповед запишана во Светото Писмо - Библијата: „И никого на земјата не нарекувајте го свој ‘отец’, зашто е Еден вашиот небесен Отец.“ (Исус Христос во ев. Матеј 23:9, Библијата) Во оваа Божја заповед верувале сите апостолите и сите Исусови ученици. Тутилата „свет отец“ и учењето за некаква посебна VIP класа на небото која луѓето од Земјата треба да ја обожаваат и да им се молат, тоа учење се јавува со векови подоцна и нема врска со учењето на овој Јаков кого ти го цитираше. Затоа велам дека си има посебни теми за цитати од Библијата, а како што гледаш и другите на оваа тема цитираат само „свети отци“, а не и Христови апостоли или Библијата.
Браќа, почитувајте ги своите свештеници. Тие се слуги Христови и претставници на апостолите Христови. Нивната служба е тешка и нивната одговорност пред Бога е огромна. Тие се молат на Бога за сите нас. Тие со своите раце и молитви ја подготвуваат светата Причест, преку која вие се соединувате со Бога. Тие ве дочекуваат кога се раѓате, тие ве испраќаат кога ќе умрете. Тие за вас пред Бога одговараат. Св. Сава рекол: „Ако попот е грешен, неговата молитва не е грешна“. Не осудувајте го својот свештеник, не омаловажувајте го, не гонете го. Тој за своите гревови ќе одговара пред Бога повеќе отколку вие за вашите, затоа што е свештеник на живиот Бог. Ако свештеникот е грешен, почитувај го и со почитта ќе го засрамиш и тој ќе се поправи. Но ако го осудуваш и омаловажуваш, тој ќе стане уште полош. Браќа, почитувајте ги своите свештеници. Не правете се попаметни во духовните нешта од свештеникот. Иако не прави сé како што треба да прави, по својата слабост, тој знае што треба да зборува. Прашајте го за патот на спасението и слушајте ги неговите зборови. Молете го да ви објасни и тој ќе ви објасни. Јас имам исповедувано такви кои се каеја што го осудувале својот свештеник. Свештеникот има свој суд и свој судија. И ако греши, знајте дека казната нема да го заобиколи. Но, не бидете му вие судија. Тој носи тешко бреме и голема одговорност има. Поради тоа и неговото спасение е потешко отколку вашето. Затоа, браќа, ве молам, почитувајте ги своите свештеници. - Св. Николај Велимировиќ
Ќе пазам на патиштата мои, за да не згрешам со јазикот свој, ќе ја зауздам устата моја додека е грешникот пред мене.- Псалм 38 ПС. Читајте ги Давидовите псалмите
Христос нè поучува во вистината, а ѓаволот во лагата, и се труди на секој начин да ѝ се противи на секоја вистина, изнаоѓајќи разни клевети против неа. Ѓаволот се труди на секаков начин да го чува човека во грев, во острастеност, во помрачен ум и срце; во блудни и прељубодејни прегрешенија, во гордост, лакомост, завидливост, омраза, изопачена нетрпеливост и раздразливост; во зла потиштеност, во грабеж, лага, хула, несовесност, мрзеливост и омлитавеност. Св. Јован Кронштатски
Не можеш да станеш голем човек се додека не поверуваш дека си мртов, се додека не поверуваш дека смртта била нешто што поминало, не нешто што ќе се случи. - Старец Арсениј Бока
Кога малото дете е нападнато од некого во присуство на својот родител,тоа не враќа со напад,туку гледа во родителот и плаче. Тоа знае дека родителот ќе го заштити. Како ти не го знаеш тоа што малото дете го знае?Твојот Небесен Родител непрестајно е покрај тебе.Затоа,не се осветувај,не враќај зло за зло,туку гледај во родителот и плачи. Само така ќе си осигураш победа нa себе си во сукобот со злите луѓе. Свети Николај Велимировиќ+
Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера, што и планини да поместувам -ако љубов немам, ништо не сум. - Aпостол Павле до Коринтјаните
“Кoј сака oд сeбe да ги oтстрани иднитe бeди, мoра сo радoст да ги пoднeсува сeгашнитe”, Преподобен Маркo Пoдвижник.
"Погрешно велиш, пријателе, дека нема Бог. А правилно ќе кажеш ако речеш: немам Бог. Бидејќи и ти самиот гледаш дека останатите луѓе околу тебе Го чувствуваат Бога, па затоа и велат: има Бог. Значи, не дека нема Бог, туку ти Го немаш Бога. Погрешно велиш, како болен кој би рекол: нема здравје во светот. Тој единствено може да рече, без да лаже: јас немам здравје. Погрешно велиш, како и слепиот кој би рекол: нема светлина во светот. Има светлина, сиот свет е исполнет со светлина, само ти не ја гледаш. Погрешно велиш, како просјак кој би изустил: нема злато во светот. Има злато и на земјата и под земјата, само ти го немаш. Погрешно велиш, како злосторник кој би рекол: нема добрина на светов. Има добрина, само во тебе ја нема. Исто така погрешно зборуваш кога велиш: нема Бог! Бидејќи она што ти го немаш, не значи дека никој го нема. Кој те овластил да зборуваш во името на целиот свет? Кој ти дал право својата болест да им ја припишуваш на сите, и својата немаштија да им ја наметнуваш на сите? Ако пак признаеш и речеш: немам Бог, тогаш кажуваш вистина и се исповедаш“.... (Епископ Николај, 121. Мисионерско писмо: До поштарот Илија К. За доказот на Божјото битие. Битола, 1933)
Не полимизирај со отпадници од Православието. "Ев Ангелос " веројатно е од сектата Евангелисти. Сите кои отстапиле од единственото Православие не се достојни да се полемизира со нив.
Од богослужбата на света маченица Параскева Римска: Во гра́дѣ Бо́га на́шего, въ горѣ́ святѣ́й Его́, та́мо всели́ся свята́я, свѣти́льникъ неуга́сшій сохра́нши. Услы́шимъ дѣ́вы похвалу́: О дѣ́вство, хра́мъ Бо́жій! О дѣ́вство, му́чениковъ сла́ва! О дѣ́вство, а́нгеловъ содру́жество! Во градот на нашиот Бог, во Неговата света гора, таму се всели светата [Параскева], светилникот неизгаснат сочувувајќи го. Да ја послушаме пофалбата за девиците: О, девство, храму Божји! О, девство, на мачениците славо! О, девство, на ангелите другарство!
Намрази ги делата на грешното тело и бори се со храброст за придобивање на добродетелта. И доколку како човек паднеш, пак да станеш и никогаш да не се вратиш во претходниот гревовен живот. Секогаш чекори напред со радост и подготвеност во делата Божји. - Св.Исаак Сирин
Како резултат на падот на човекот, природниот ред на нештата станал хаотичен. Во природата постои ред за сите нешта, но со човекот постои хаос, се е извитоперено и испревртено. Поради нашето непослушание на заповедите на нашиот Небесен Отец, го изгубивме природниот ред. За повторно да се воведе тој ред, мора да имаме воздржание. - Старец Тадеј
Злото направено во минатото се исправува само со добро покајание и промена на животот. старец Јосиф Исихаст