Почеток или враќање на старата љубов

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Valerin, 19 мај 2013.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.259
    Да, да секако дека ќе ве известам за сешто ќе се случи утре без гајле. ;)
     
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.259
    Бевме заедно цела ноќ. Тој цела ноќ гледаше во моите очи. Разговаравме за се и сешто, ми довери многу работи и ми откри дека му е тешко (поради неа) но, ќе помине и да не се секирам толку.
    Ми рече дека и покрај спомените од минатото убаво му е со мене вечерва. Ме гледаше во очи, а јас во еден момент си помислив ,,дали ме лаже'' и уште долго гледав во него но, тој не рече ништо.
    Начинот на кој ме држи за рака, ме прегрнува цврсто од една страна покажува дека му е тешко за минатото, но од друга дека настојува да ме задржи покрај себе.
    Веројатно е нормално да се сеќава на неа, не помина долго време, но страв ми е да не и се врати, мада каков е срцка, колку е искрен и колку емоционално се врзува не ми се верува дека ќе ја изневери мојата доверба.
    Веќе има планови во кои ,,случајно'' ме споменува и мене, често ми го споменува името, ме следи додека зборувам, и сл. тоа ми тера да помислам дека можеби му значам нешто и покрај тоа што не помина долго време, дека му имам оставено впечаток, што беше и целта нели?
    Но, сепак ќе бидам претпазлива и ќе оставам простор и за она што го реков претходно. Будно ќе ја следам состојбата меѓу нив двајца, и ќе дадам се од себе за од корен да го променам тоа.
     
  3. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.231
    Допаѓања:
    4.346
    Valerin јас имам еден друг предлог.
    Знае некоја другарка за ова?

    Велиш те гледал, те држел за рака, во очите му гледаш... Ти можеби погрешно ги расудуваш работите дека имаш одредени чувства (и тоа не се пријателски) спрема него.
    Затоа те прашувам дали знае некоја другарка за ова, за да види, со ладна глава, од страна, дали навистина тоа се случува.

    Јас најдобронамерно би те советувала да баталиш се, и да не се ставаш измеѓу нив двајца, зошто секако и да сте заедно утре ден, ти во нејзините очи ќе бидеш таа на средина, а да не сте заедно и да се дознае, пак ти ќе биде крива. Правда, нема.

    Како ти сакаш, ама млада си, ваквите врски носат последици болни кога се прекинуваат, ама после некое време ги забораваш и се смееш на помислата каква си била. 8)
    Многу е тешко да бидеш со некој кој имал долга врска позади себе, зошто ти ќе бидеш веднаш таа после врска. После и да не се смири со неа, може да има пак некоја друга. Обично тие врски не траат долго.
    Не може да знае тој што сака и да е сигурен со тебе кога претходно бил со некоја друга долго време.

    Не си прави терет на мозочето со преоптоварување што како се случува.
    Понекогаш работите се случуваат и без причина.
    Твоја е одлуката.
     
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.259


    Другарка ми вчера ја побарав да разговараме, а таа ми откажа бидејки беше заедно со дечкото под изговор дека треба да оделе на шопинг за тој да си купи маица. |(
    Така да не очекувам многу од неа и сешто ми преостанува е јас да размислувам трезвено и ти што велиш, да ѓи гледам работите од поинаква перспектива, а не само онаа која тој ја прикажува.

    Плус мене ми е јасно дека нема лесно да ја преболи но, сепак не е исклучена можноста и тоа да се случи, макар со минимален процент?
    Јас одлучив да одам на ризик, бар за некое време со цел да утврдам како ќе се одвиваат работите.
    На крај краева нема да ми биде ниту прв ниту последен, ако ми е тешко ќе се исплачам кога никој нема да биде овде, главата горе и ќе одам понатаму. Бидејки искрено и немам друг избор.
    Во спротивно ќе треба цело лето да останам дома и да се прашувам ,,што ако'' а вака бар ќе знам на што сум колку год и да несакам да бидам повредена.

    Башка јас не ја мразам неговата поранешна девојка, без оглед на тоа што било меѓу нив.
    Еве и да и се врати, тоа е тоа. Ќе прекинеме и крај, иако знам дека нема да биде толку лесно.

    И реално се ме збунува, ми се чини дека кој пат и да го одберам ќе биде погрешен ако во предвид ѓи земеме околностите, и се ќе биде на моја глава. :|
     
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.259
    Патем, никоја друга од вас девојки немала сличен случај на мојот? :|
     
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    4.038
    Допаѓања:
    46.313
    Пол:
    Женски
    Мој совет немој да се враќаш по истиот пат по кој си чекорела и си била оставена одамна,нема ништо поболно од тоа да се надеваш на нов почеток со некој кој ти значи премногу и за кој си мислел дека по толку време е друга личност,а всушност е полош и од порано! Сум поминала низ слична ситуација,те разбирам најдобро ама сепак скршеното колку и да го лепиш ке пукне на ново не го заборавај тоа никогаш ;)
     
  7. femina92

    femina92 Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    jas imam slucaj mnogu slicen na tvojot i sekako ispadna poloso od sto ocekuvav. Ma da seuste ne se znae na sto sme, trkaloto se vrti a karmata e kucka :) go cekam denot koga ke moli ama znaete "everything that you want comes after you, after you stop looking for it" taka da ne e ni vazno vekje, samo sakam da vidi kako e. Se zainteresirav za tvojov slucaj moze barem kaj tebe dobro ispadnalo.. koga ke vidis pisi ili odgovori tuka :D
     
  8. kike19

    kike19 Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    vikaat NIKOGAS DA NE SE SOPINJAS PO VTOR PAT NA IST KAMEN....... A JA SE SOPNAV VEKJE POVEKJE PaTI :/
     
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.388

    Тоа значи дека не си ја научила лекцијата :)
     
    На kike19 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.259

    Ова е далеку зад мене.
    Се читам и си велам, Валерин ти ова сериозно? :^) Ама знаеш, претежно секогаш е така и на крајот се излегува добро. :)
    Еве на пример, меѓу нас толку добро испадна на крајот, што сега просто умирам од среќа што воопшто и не морам да го гледам.
    Во потрага сум по нов партнер, веќе имам еден нов потенцијален, а претходно опишанава случка е само една шега на која денес слатко си се смеам. :D
     
  11. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.317
    Допаѓања:
    8.388
    Здраво Валерин :)
    Долго време те немаше на форумот :)
    Драго ми е што е така,гледаш времето лече се :)
    Инаку и јас сум во таква ситуација,се смејам слатко на минатото,кое веќе го знаеш ;)
    Ти посакувам многу среќа во потрагата,па се надевам ќе не израдуваш со нови вести наскоро! :hai:
     
  12. Lucijabella

    Lucijabella Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Ќе сватиш колку големи грешки правиш, кога ќе наидеш на некој што нема да ти ги прости.
     
  13. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.259
    Ме немаше зошто фатија уписи, поднесување документи патувања и ред други обврски кои времето си ги носи само по себе. :)
    Инаку драго ми е и за тебе. Се надевам дека супер ти е и не мислиш веќе на него. Јас некако сум сега повеќе насочена кон учењето и гледам да не го запоставам, бидејки ако почнам нова врска сега познавајки се себе си ќе ми ја исцрпи енергијата до максимум и нема да оставам простор за други работи.
    Затоа е подобро вака сега засега па за понатака ќе видиме. :)