1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почна чудно да се однесува

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од stefi22, 11 април 2011.

  1. stefi22

    stefi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Вака пред се да кажам дека сум 5 годишна врска со момче 8 месеци помало од мене и се беше супер но последниве неколку месеци можам да кажам дека почнав многу да се сомневам во него. Неговото однесување е мн чудно значи почна да ми скрива мн раб телефонот кога е со мене му е на тивко звонење или воопшто не го носи, на фб постојано некои девојки нешто на зид му ставаат и незнам мн почнав муабети да слушам дека ме изневерува. Спрема мене некогаш е крајно нежен романтичен и секогаш се однесуваше добро но сега е ладен некогаш, мн ретко и се гледаме не се ни труди нешто да направи освен ако не се налутиме па да се извади... пробав да разговарам со него но ништо од тој муабет добро не излегува само кавги... ве молам помагајте !!!!!!!!! :( :( :( :(
     
  2. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    долги врски

    Сите се крајно романтични од почеток. Искрено,можеби веќе му е здосадено во врската па нема сила да се бори за тоа што било. Сепак овие години се тие години каде што треба да "лудува" ... Предлагам да седните да си направите сериозен муабет,да знаеш на што си.И никако да му викаш која е оваа или која е онаа, каде ти е телефонот... Смирен муабет за ВАС ДВАЈЦАТА,а не за други личности. Ако не сака да се смени, девојче имаш 21 година, има многу рипчиња во морето ;) Поздрав.
     
    На agirl17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. stefi22

    stefi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    понекогаш ме фаќа нервоза и му викам се и сешто значи но тој е смирен не реагира ми вика дека претерувам дека сум била љубоморна и такви работи мн пати имам пробано да направам сериозен муабет и после тоа недела две е совршен ништо нема да имам замерка но сепак...
     
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Кога веќе си осетила така чудно да се однесува.да не те нервирам и јас-ама би требало да има нешто :( а да не има еве и нешто проблеми од дома,па така да е чуден...
    Убаво распрашај се за тие девојчиња прочепкај му го телефонот-уствари да не се правиш детектив убаво прашај го-зошто го крие телефонот,и кои се тие што му постираат на фб...испитај ја убаво ситуацијата
     
  5. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269

    Kога ќе машко ќе ја има мувата на капата,нонстоп ова го вика. Те тера да мислиш дека е твоја вина и дека се карате заради тебе, дека ти преувеличуваш. Епа чим си имала направено веќе муабет, ти самата треба да си ја испиташ ситуацијата и да видиш дали си спремна да го оставиш или ќе продолжиш да го трпиш неговото понашање ..Ние тука искрено неможеме да ти кажиме што да правиш, мислам дека си доволно зрела за да знаеш
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Али сепак сама кажа дека разговорите најчесто завршуваат со караница или со она дека е таа љубоморна.
    Јас би изигравала детектив ако веќе со разговор не може да се реши тоа, а веќе е сомнителна ситуацијата, не велам да го следиш, ама телефонче, фб, распрашај се убаво за муабетите дека те варал, мене у целава ситуација тие ми се она најмногу што ми остави впечаток. Ако зборат за дечко ми дека ме вара и тоа како ќе се распрашам има подобро и од ФБИ агент да бидам ]:)
    Не се малку 5 години за ти ова да го оставиш така, подобро е да знаеш на што си. Очигледно не е како порано.
    Али не е на арно работава. Секој има лош период, ама ти велиш дека тоа се месеци, значи подолго е. Подобро да се реши на време, да не испадне ти добрата девојка која верно го чека, а тој ѓаволчето на кој газето му шантра лево десно.
     
  7. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    очигледно дека повеќе не му значиш
    сигурно има некоја друга или неколку други
    но 5 години не се малку можно е само да сака да се излудува и пак да ти се врати
    е твое е да размислиш колку го сакаш и дали си спремна да чекаш да му помине таа бубачка у главата :fubar:
     
  8. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269

    Па сигурно дека се разладува. Да сакал да биде со други, самиот ќе и раскинел. Таков е периодот на машките,мила.Се плашат од сериозност и мораат да прават глупости пред да се заозбилат. Ти препорачувам да се разделите,да оладите малце. Прошетајте со други,и после некое време бидете пак заедно со истата страст како и порано..
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Ти имаш 21 година, тој е 8 месеци помал од тебе, а имате врска од 5 години?
    Проблем?
    Има.

    За машко и тоа како.
    Во сериозна врска е од неговите 15 години.
    Не знам што е за чудење, порано или подоцна овој момент мора да дојде.
    Периодот од 15-25 (земам некој просек, онака од ракав) е време кога максимално треба да се забавувате, необврзувате, лудувате и не велам - да се пронајдете, туку да се искреирате самите себе.
    Како тој или ти сте имале можност да се креирате и обликувате во зрели луѓе, кога целото време сте биле заедно, почнувајќи од периодот на адолесценција, досега?

    Против сум за ваквите долги и сериозни врски, посебно започнати на 15 години.
    Просто не ме интересира колку романтично е сето тоа, лично мене не ми се допаѓа.

    Порано или подоцна (не мора секогаш да значи), ама со голема сигурност некој ќе мрдне, некому ќе му здосади, ќе сака да искуси нешто ново, туѓо, забрането, што е сосем нормално.

    Совет?
    По никоја цена немој да трчаш и да молиш.
    Подобро раздели се некое време, размисли и ти самата што навистина сакаш и дали тој е целиот твој живот на само 21 година.
    Според неговото однесување, слободно можам да кажам дека он сфатил - дека ти не си.

    Звучи грубо, но подобро отколку да се самозалажуваме дека таму има Љубов и бла бла бла.
    Некому му здосадило од петгодишна врска која трае од 15 годишна возраст.
    Факт!
    И вистина.
     
    На marama, Hipica, Springy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. stefi22

    stefi22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    i jas go delam istoto mislenje so tebe no sepak sakam da se osiguram dokolku e toa taka bi sakala da mozam da go dokazam negovoto neverstvo ama pr e so neznam kako :worried:
    [mod-kirilica:1adcbp3e][/mod-kirilica:1adcbp3e]
     
  11. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.462
    Девојки сакам да ве прашам нешто...како да откријам дали дечкото ме изневерува...значи вака, во врска сме речиси две ипол години но тој во последно време почна чудно да се однесува...едноставно како да е оладен од мене, секој ден се гледаме меѓутоа не е тоа тоа, не сака многу да се гушкаме и да се бакнуваме(што не беше така порано), некогаш по цел ден е недостапен на мобилен и вечерта дури ке ми се јави како ништо да не било и вечерва остана да спие кај мене и ми вика дај ми го мобилниот да го исклучам сакам убаво да се наспијам ќе ми ѕвонат сабајле од работа(никогаш порано кога спиел кај мене или јас кај него не го исклучил мобилниот)...ве молам дајте ми совет што да правам, како да откријам дали ме изневерува???? :(
     
  12. bornthisway

    bornthisway Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    30
    Сигурно веќе си ги прочитала постовите од останатите девојки. Така да нема друго решение освен малку да поработиш на случајот и да испиташ што навистина се случува. Пробај најпрвин да поразговараш со него и по тој разговор сиурно или ќе одлучиш да му веруваш или пак не. Доколу од разговорот не успееш да извлечиш каква било информација тогаш пробај сама да испиташ. Некогаш проверувај му го телефонот или фејсбукот и сл. Вкни го повторно да спие кај тебе и ако повторно го исклучи телефонот, тогаш прашај го то навистина се случува, кажи му дека неговото однесување те изненадува и доколку нешто не е во ред дека сакаш да знаеш. Пробај нешто вака, па потоа се само по себе ќе дојде ;)
     
  13. aliciakeys3

    aliciakeys3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    21
    Со оглед на тоа дека уште сте заедно, а се понаша топло-ладно ,има некоја причина.Ако тој не сака да биде со тебе чао пријатно ќе ти каже.Мислам дека треба отворено да разговараш,или му е некаков период или било што,се може да биде....
     
  14. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.462
    Значи, многу пати сум му вршела контрола и никогаш не ме излажал, меѓутоа во последно време се тој има некои обврски или ми вика имав нешто работа и ќе го прашам каква работа и несака да ми каже..инаку вечерва разговаравме и му реков дека ако нареден пат биде недостапен цело време никогаш повеќе да не ме бара и ми вика добро тогаш како си одлучила ти така нека биде, нема јас тебе да те молам, а за мобилниот тој го стави до него и јас му го земав и го уклучив па ќе видам дали некој ќе се јави, а исто почна и да ми се лути зашто му го чепкам телефонот, нонстоп му е на вибрации и во џеб...и така да незнам што да правам...во секој случај фала ти на советот :*
     
  15. bornthisway

    bornthisway Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    30
    Значи, многу пати сум му вршела контрола и никогаш не ме излажал, меѓутоа во последно време се тој има некои обврски или ми вика имав нешто работа и ќе го прашам каква работа и несака да ми каже..инаку вечерва разговаравме и му реков дека ако нареден пат биде недостапен цело време никогаш повеќе да не ме бара и ми вика добро тогаш како си одлучила ти така нека биде, нема јас тебе да те молам, а за мобилниот тој го стави до него и јас му го земав и го уклучив па ќе видам дали некој ќе се јави, а исто почна и да ми се лути зашто му го чепкам телефонот, нонстоп му е на вибрации и во џеб...и така да незнам што да правам...во секој случај фала ти на советот :*[/quot

    Верувај, ниту една лага не останала скриена. Доколу тој нешто крие или пак лаже, тоа кога тогаш ќе изникне од некаде. Немој да се нервираш, едноставно само исклулирај, пробај малку и да бидеш ладна кон него, па можеби и тоа ќе запали, па тој ќе се најде во таа ситуација да изиграва детектив. Кога тогаш се ќе се среди, а тој на крај краева или ќе биде или нема да биде за тебе. Па нели секогаш може да се најде нешто подобро? ;)
     
  16. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.462
    Во право си, ќе те послушам, ќе оладам малку да видам како ќе реагира...инаку заборавив да пишам и дека денес цел ден не му се јавив :) и кога заврши тој со работа ми се јави :) и ми се налути зашто цел ден не сум му се јавила...ќе продолжам така и ќе видам дали има подобрување...фала ти многу за советите :* :*
     
  17. bornthisway

    bornthisway Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    30
    Нп и ајде сега на спиење ;) Ете продолжи некој период така и се надевам дека се на крај ќе испадне во твоја полза :*
     
  18. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    835
    Допаѓања:
    1.462
    Дај Боже да испадне се како што треба, времето ќе си го покаже своето...ајде отидов сега да спијам,Добра ноќ :*