По кој пат да тргнам?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Angells bejb, 1 февруари 2017.

  1. Angells bejb

    Angells bejb Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Значи вака,одев со дечко ми 1 година и многу го сакам ама проблемот е во тоа што тој не ми верува за ништо,се не му е погодено а никогаш не сум го изневерила ни па сум направила нешто со што ќе го навредам.Се правев за него и тој пак ми велеше дека не сум искрена.Многу често си го менуваше расположението,еден ден ќе биде добар со мене а другиот ден ќе ме расплачува.Искрен беше и знам дека ме сака ама ми направи многу проблеми.Стално се нервирав и си одев дома расплачана заради тоа што се караше со мене за глупости дека одам со друг го изневерувам а нема врска, а мајками нормално не сака да ме гледа ваква и ми забрани да одам со него.Исто така, у една наша кавга тој почна да ги навредува моите дома и тоа многу ме погоди,а сега бара да му простам.Не знам што да правам, дали треба да му дадам уште една шанса последна ( веќе не знам која по ред) и да се спротиставам на моите или да ги послушам и да се оттргнам од него. Многу го сакам, ама не можам ни да завртам грб на моите дома... Помогнете ми дајте ми некој совет,стално размислувам и не знам што да правам веќе.;(;(;(
     
    На Strong25didi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.618
    Допаѓања:
    48.986
    Пол:
    Женски
    Јас имав еден таков, го сакав и јас многу но кога раскинавме ми беше подобро. Ти го препорачувам истото, заслужуваш љубов а не измачување.
     
    На ku4ence, mira.mira, Bozica1980 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.639
    Допаѓања:
    135.840
    @Angells bejb има еден правилен пат... на десно и назад..
    Излези од врскава..
    Тебе ниту те почитува, ниту те сака.
    Да ги навреди моите без причина, ни момент нема да чекам, раскинувам.
    И не е проблем фактот дека ги навредил, туку дека нема никаква почит.
    Според мене, навредата упатена кон моето семејство е и навреда кон мене, а барем до толку имам самопочит..

    А згора на се, станува посесивен..
    Од такви подалеку..

    Колку години имате?!
     
    На coki35, mira.mira, tina-63 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Angells bejb

    Angells bejb Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    јас имам 18 а тој 26
     
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.639
    Допаѓања:
    135.840
    Крајно незрело од 26год маж:puke:

    Не си го губи времето, не верувам дека воопшто чувствува нешто за тебе
    Појди од себе, што треба да (не) чувствуваш за да му ја навредиш фамилијата?
    Да се однесуваш кретенски? Да не добива дечко ти ни трошка доверба од тебе..

    Љубов е тоа?!
     
    На Bozica1980, Antebellum, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    Најлесно е да кажеш остави го,ама тој за негови 26год малце како дете се понаша,што треба ти да трчаш по него?да не треба и да клекнеш на колена да го молиш?Ма дај! Не смееш да дозволиш да кажува било што за твоите родители без разлика дали му било криво или не од после,иако мислам дека до тебе е целиот проблем,знаеш...како е кога некој ќе те праша нешто ,на пример каде си,со кого си?и ти објаснуваш и пак објаснуваш се правдаш..и тој така и те има навикнато па сега намерно така се понаша со тебе,покажи и ти заби малце,ти постојано ако така оставаш и се објаснуваш тогаш тешко тебе!Ако дечково стварно те сака ,нема да му биде сеедно кога ќе му речеш нема да ти простам чао....а ,ако треба постојано ти да бидеш таа што објаснува и трча по него и простува,извини ама сама си се осудуваш да се враќаш плачејќи
    На крај краева млада си имаш само 18год,за некоја година тој ќе треба да се жени,а ти ќе бидеш во фаза да бираш факултет,така да не е ни прв ни последен.Поздрав,се најубаво
     
    На Bozica1980 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Mari*

    Mari* Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.591
    Допаѓања:
    44.637
    Пол:
    Женски
    Оххх колку ми е позната приказната :tmi:
    Сигурна сум дека те држи надежта дека ке се смени,дека еден ден ке ти верува и дека ке си среќна
    Но верувај ми ако продолжиш,ке треба уште многу солзи да пролееш,и уште 10 пати полошо да доживееш од ова што си го напишала многу време да помине и ке останеш со истото прашање
    Го сакам и дали да продолжам
    Има и такви кои се мењаат,но тоа се случува кога прво ти ке се смениш уствари тогаш тој сам ке ти го даде одговорот на твоето прашање
    Заземи став (доколку можеш со твоите години) и застани на свои нозе покажи му и ти него дека неможе да се понаша така со тебе него дека треба да те цени и почитува ако сака да продолжите
    Тогаш ке го најдеш одговорот кој го бараш
    Или ке прифати и ке се смири или ке пукне врската трето нема
     
    На Strong25didi, sanjaeva и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  8. Angells bejb

    Angells bejb Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Фала вии:D
     
    На Aleksandar1212 и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  9. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    7.406
    Пол:
    Женски
    @Angells bejb нема тука баш многу или-или. Едноставно оди си од него, што поскоро - тоа подобро.
    Девојче мило, дечко ти треба да биде тука за уживанција и опуштенција, а не да се стегаш како да му објасниш дека сакаш да одиш кај другарка ти на кафе и притоа да мораш да напоменуваш дека НЕМА ДРУГИ МАШКИ!
    Има 26 години и се понаша како да има 16! Има две работи: или е психо или е неизживеан и не знае како да се понаша со една жена.
    Дај бре, опушти се... Млада си и перспективна. Немаш потреба од вакви гушења!
    Не ме чуди ако те удрил. Обично таквите знаат и да удрат. Ако и тоа го направил, јас немам ништо друго да додам сем да ти кажам са сречом у даљи живот, али без њега!
     
    На mira.mira, sanjaж, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.821
    Пол:
    Женски
    Тоа не е маж, туку детиште.
     
    На buba4e89, Aleksandar1212, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Angells bejb

    Angells bejb Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Да, ме има удрено и после демек се каел дека сум го изнервирала и така му дошло у моментот. Многу ми е тешко... Ми фали;(
     
    На Strong25didi и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  12. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    Тој те удира,ти ги вреѓа родителите,а ти се надеваш на нешто со дечково?Мислам дека имаш огромен проблем со самата себе.
     
    На Alisa22, mira.mira, Bozica1980 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Tiniiic

    Tiniiic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Нема што да се мислиш по кој пат да одиш...како прво ти ги вреѓа родителите, второ се понаша како дете а има 26 год, 3то не ти верува те измачува и 4то што е најлошо да те удри! Не ти треба ваков, млада си животот е пред тебе ќе си најдеш подобар кој ќе те сака и цени. Знам тешко ти е го сакаш ама ќе мораш да издржиш, ќе боли одреден период ама ќе помине ќе видиш, кога ќе го најдеш вистинскиот ќе сфатиш дека не си згрешила што си му раскинала.
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    7.406
    Пол:
    Женски
    @Angells bejb не ми е јасно како може да ти фали после се што ти прави?
    Не биди будала.. Ејј.. Имаш 18 години, животот е пред тебе. Не си го загорчувај со некој како него! Тој тебе не те заслужува! Ти си млада и ќе најдеш 1000 пати подобар од овој.
    Немој сестро, немој душо. На ваквиот му посакувам од срце три ќерки и сите истото ова да го доживеат. Ама, па и што се криви децата подоцна..
    Нејсе, те има изневерено? Чим толку нема доверба у тебе, може да си ја има и мувата на капата..
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    8.639
    Допаѓања:
    135.840
    Ти девојче, не се почитуваш самата себе
    Затоа и тој не те почитува..

    Аман бре, јас викам многу гордост не е на арно во врските, ама ова твоево?! Сама себе се понижуваш..
     
    На Bozica1980, NOVAVON, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Angells bejb

    Angells bejb Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2017
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Глупава сум знам, пред се многу наивна. Ги изгубив другарките, се спротиставував многу пати на семејството само за да бидам со него и тој ме научи дека имам меко срце и можеби затоа така ми правеше.Ме нема изневерено, од него прв пат сум осетила вистинска љубов, како е чуството некој да те сака искрено ама ете секој ден кавги, разочарувања. Како да си поигруваше со моите чуства. а после се каеше..
     
  17. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    585
    Пол:
    Женски
    Најтешко е да му се помогне на некој,кој е свесен за проблемот,бидејќи ниту еден совет нема да биде прифатен,самата си кажа дека си наивна,ти сакаш да продолжиш со ова темпо?Дечко ќе дојде и ќе пројде,а другарството се гради постепено,значи ти го одбра дечко ти,без разлика што ќе немаш другарки,ќе ти ги омаловажува родителите,и ќе те тепа...сериозно?!
     
  18. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    7.406
    Пол:
    Женски
    Вистинска љубов, сериозно? Неее, душо... Ова е далекууу далеку од тоа... Немој да бидеш наивна!!
     
    На sanjaж и crimson им се допаѓа ова.
  19. Liu

    Liu Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.353
    Пол:
    Женски
    Прво за една врска да опстојува и да е стабилна покрај љубовта мора да постои и доверба. Дечкото според ова што си го напишала нема никаква доверба во тебе и сама кажуваш дека тоа не се должи заради тебе бидејќи ти си посветена на врската и се трудиш да успее и покрај се. Отворено разговарај со него која е причината за неговата недоверба или сомнежите кои ги има за тебе. Мораш да знаеш од каде потекнува проблемот за да се потрудиш да го решиш. Инаку мислам дека никој нема право да ги навредува твоите без причина и зошто воопшто сте ги вмешале твоите родители во вашите расправии кои најчесто идат од недовербата. Мајка ти нормално како и секоја мајка сака да го заштити своето дете и да го гледа насмеано а не расплакано особено не од некој си типац кој има проблем да ти верува тебе и покрај сите работи кои ти си ги направила за него и трудот кои си го вложила во оваа врска. Отворено разговарај со него за потеклото на неговата недоверба и дали тој сака навистина да остане со тебе во врска или си бара рачки за да ја прекине врската а при тоа ти да излезеш ,,лошата во филмот'' . Незнам колку години си но претпоставувам дека си млада можеби околу 20 години, ако не оди не оди немој многу да си земаш при срце дај си време и најди некој кој ќе ти верува ќе биде стабилен и ќе ти ја пружи сигурноста која ти треба при тоа ќе ги почитува и твоите бидејќи е во врска со нивната ќерка :) :*
     
  20. BlondPrincess

    BlondPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Најискрен совет,ако те обвинува без причина и постојано бара отчет од тебе тоа е зошто тој прави нешто настрана тоа е таа обратна психологија машка.И нема тука доверба,јака врска,муабети,разговори.Со човек што најпрво не те почитува тебе како човек нема што да разговараш.Во една сериозна врска (однос) со друг човек рака не се крева.Јас на животно не кревам рака не па на човекот што го сакам и ги делам сите нежности и грижи. А потоа тоа што не ги почитува ни твоите родители. И не не водиш војна ниту со твоите ниту со другарките,водиш војна самата со себе затоа што знаеш што е правилно а што погрешно а сепак се бориш за погрешното и тоа те боли свесно и подсвесно.Не барај совет затоа што сите ќе ти кажат да го оставиш а ти чим до сега не си го оставила нема ни од сега,подобро кажи сакам онака само да си го кажам проблемот да ми се олесни.Штета е што жените многу пати сакаат да бидат робинки и така се чувствуваат подобро и стварно многу ми е жал што сум сведок на вакви ситуации кога не се сакаме и почитуваме себеси доволно..жално.
     
    На Strong25didi му/ѝ се допаѓа ова.