Леле Дечко од 26 години со толку детски мозок. Абе остави го таму.. Тој според мене не те сака тука нема љубов. Ако те сака зошто да те навредува тебе и твјата фамилија. Па + и те удрил Јас да сум на твое место одма го оставам ама ич нема да се двоумам таков не те заслужува. Ти го сакаш и се правиш за него а тој едноставно те понижува и те удира па после демек се каел.. заеби тоа
Тебе родителите не те израснале до овие години за ти сега да немаш доволно мозок и самопочит па да дозволуваш на некое недоквакано говедо да се изживува врз тебе. И ајде, на страна кавги и љубомори, ама те удрил и ти уште го правдаш тука и велиш дека ти фали? Па и друштво си откачила и против родителите одиш? Ако ти треба тебе ќотек, тоа е од твоите дома, да ти го дотераат умот, а не од тој идиот на кој треба да му се отсече раката која ја кренал врз тебе. Отвори ги очите со време и откачи го тоа ѓубре!
Poslusaj gi tvoite,kamo da se vrakase vremeto nazad.Znam deka i pokraj sovetite ovde mozebi pak ke si teras po tvoe,no nemoj da si go unistis zivotot,ljubovta znae da ne zaslepi pa koga ke progledame da bide mn kasno za zal
@Angells bejb извини вaкa aмa плесни си 2-3 шaмaри и свести се.....ги нaвредувa твoите(кaкви тaкви рoдители ти се и те бoле),те oбвинувa зa неверствo,те имa удaренo a ти упoрнo гo сaкaш,не е сaмo oн мaж имa и други.Не требa ниту дa пoмислиш кoј пaт дa гo фaниш,рaсчисти и гoтoвo.Пoчни дa излевaш дa се дружиш,ќе си нaјдеш некoј штo ќе те цене .
Раскини му. Ако ти е толку тешко, затвори се дома, исклучи го телефонот, гледај тажни филмови, плачи, куби коси, но истрпи. Не вреди да се дава шанса по сто пати на некој што не ја заслужува. Сега си млада и ти се чини дека е крај на светот. Не е. Издржи, утре ќе се смееш колку си била наивна.
ко шо рече една членка погоре, или дечко ти е психо или неизживеан будала која не знај како да се понаша со жени па и те удрил ....МАЖ ШО КРЕВА РАКА НА ЖЕНА НЕ Е МАЖ !!!!!! ама ко шо рече и друга членка, те нашол тинејџерка, морам да речам наивна и те игра ко шо ќе му текни. не се залажвај дека ова е љубов. тортура е!!! мене така некој да ме навредва или моите одма му раскинвам без око да ми трепни! а не па да му дозволам да крени рака на мене... но дел од проблемов е и во тебе. свесна си дека ти ги навредва твоите, те малтретира психички и физички а ти згора на се велиш дека ти фали и дека го сакаш ете поради него сеа ти патиш. имаш проблеми со самопочитта. ти го праел то шо ти го праел а ти ни малку не си покажала заби и не си се спротиставила. освен то, си дозволила да ги изгубиш другарките заради маж......ако продолжиш вака можи и дома да ве раскара, да те остај сама на себе препуштена, НЕМОЈ убо ти забранила мајка ти. прекини го секој контакт со него. оди на психолог (оти ти треба, ќе се уништиш вака заради некој шо не вреди) и побарај поддршка од твоите. почни да излегваш, да запознаваш нови друштва. ама пази, кај тебе уште трај пубертето, не давај лесно поверење, не биди наивна! и поќе време со мајка ти да поминваш! се надевам брзо ќе се среди
На темава свратив дека мислев се работи за некој правец или насока, Скопје-Велес или Скопје-Тетово, можеби Скопје-Австралија, ма да нема таква насока. Но се најдов во многу тешка и незавидна ситуација. Абе шо има врска, таков си е човекот, табиетот таков му е. Како воопшто можеш да размислуваш дали семејството или човекот на твојот живот?
Ај што одел со малолетна па уште и те тепал... Однеси го мајмунот у зоолошка се ослободи едно место сега таму имаат некој мајмун - убиец што ќе го дотера на памет.
Не раскинувај, оддалечи се само некое време од него, не му се јавувај на телефон освен преку смс порака или фејс со не повеќе од две три реченици.Остави времето да му ги среди мислите па после ќе си се договорите за средба во четири очи.Знаеш, некогаш времето поминато без оние што ги сакаме знае да ни влее доверба и почит кон личностите кои сакаме да бидат околу нас.Кога и двајцата се спремни на компромис, тогаш се раѓа и напредок во една врска.За да функционирате заедно и да се борите со предизвиците кои ви ги налага времето, пред се треба да се навикнете еден на друг, да се осознаете колку сте спремни да си верувате еден на друг.Токму според пишувањето ти се изјасни дека тебе тој не ти верува, па ете, оддалечи се од него, и види колку тој може без тебе, и обратно колку ти можеш без него.Караниците се нормален дел од една врска, токму преку нив се откриваат многу работи во една врска.Она што кренал рака на тебе не му чини, и во првиот момент во четири очи, почнете го разговорот од таа случка.Побарај да ти го објасни моментот, што си ти предизвикала кај него за да крене рака на тебе, и види ти дали во тоа можеш нешто да смениш.Најмалку месец дена без да се видите треба за да легнат работите.
Одма да бегаш од него без размислување. Подобро сега да ти биде тешко дур го заборавиш отколку цел живот да патиш како тетка ми. Исто таков тетин ми бил во младоста, буквално ист, љубоморен без причина, посесивен, лош на уста. А таа мирна, душа од жена, заљубена, наивна никого не слушала тогаш, демек љубов е ова се ќе биде во ред. И сега знаеш каде е? После милион тортури психички а веројатно и физички, цел живот вреѓана од него и неговите, живее со баба ми и дедо ми веќе неколку години. Грев ми е да ја гледам, се мачи работи за мизерна плата затоа што од таа нејзина љубов и факултетот го оставила а била супер ученичка. Децата возрасни ама психички и тие оштетени од таков живот. Немој да направиш ваква грешка и да мислиш дека тој од љубов ќе се смени, нема шанса.
Се надевам дека си саркастичен, после сето ова што го прочитав!! @BayernKa ме потсети и ти на тетка ми.Отишла како бегалка за него... Но, за жал и ден-денес се заедно.. Кои трауми се тоа, чоече..
Toj stom se drznal na 18 da te udri, toj ke te mlati na 40 sigurno. A toj sto tepa zena ima problem so samodoverba i mushkost. Ne si bokserka vreka. Tvojata samopocit e zaspana i ja nema. Prvo koj bi me udril ocite mu gi vadam a ne da legnam so nego u krevet. Ako treba i posledno mushko u zivot da e nema da dozvolam da se izzivuva so mojot zivot. BEGAJ OD NEGO A NE PAK DA TI FALI... Devojce nekoj te rodil i bdeel nad tebe, se grizel te hranel te cuval ko zenica vo oko a ovoj nashol uste i da te psihicki i fizicki maltretira.Ako ednas krenal raka na tebe toj pak ke krene.
Здраво, во врска сум година ипол меѓутоа пред пола месец бев скарана со дечко ми не зборевме скоро цел месец,откако се скаравме после една недела му пишав го побарав кај е што го нема а он како да ме откачи нешо ми врати кај треба да ме има нели си ваква за мене нели си таква за мене и сфатив дека не сака да се смири,во тој момент си помислив готово крај е не сака веќе со мене да ја продолжи врската. Ми беше тешко некој период отприлика 2 недели го преболував на некој начин си искачав со другарки и почнав да учам да живеам без него,меѓутоа во меѓувреме се појави друг што стварно почна многу да ми се свиѓа,почна да ми пишува,пошо и тука блиску живееше у населбава кај мене штом го видев одма затреперував некако од внатре ми идеше така незнам ни јас ама посилно беше од мене тоа,решив да идам на кафе онака другарски и ништо поише немаше меѓу нас таа вечер. Ама точно по еден месец се појавував дечково шо идев година ипол и као кај си ти шо те нема и ја као идам му кажувам дека сум сфатила дека ми раскинал дека ств бев повредена што го немаше еден месец сепак тоа е долг период дека си тргнав по мој живот и дека ми треба сега мене малце време да се видам кај сум па ќе го побарам. Коа му го кажав ова не ми остави никаков простор да го побарам туку одма почна да трча по мене,да се јавува,да ме прашува дали иам друг и сфатив дека стварно се покаја и дека му е криво и дека не очекувал дека вака ќе му направам,ама стварно бев оладена од него али сепак решив да му дадам шанса во име на тие година ипол што сме иделе.Сега многу се труди во врската иако мене тоа не ми значи толку сега,кога ми значеше не се замараше толку. Ама сега е друг проблемот сум со него али не ми е тоа тоа и постојано мислам на другиов што излегов на кафе,он ме прашуваше што е ситуација му реков ја продолжив врската дека сакам да дадам шанса. Помина еве пола месец откако решив да дадам шанса многу сум збунета и расеана и ми се мешаат мислите незнам што да правам,кој пат да го фатам. Од друга страна не сум сигурна ни во другиов и незнам какви му се намерите спрема мене ама се гледа има интерес за мене а и мене ептен ми остави впечаток,иначе 24 сум и не ми е времето да си го губам само сепак треба посериозно малце да размислувам,ама мислам на детево постојано иако знам дека не е фер тоа спрема мојот дечко иако тој допринесе за тоа.Ве молам помогнете ми што како да постапам.Ви благодарам однапред
Не си требала веднаш да му се вратиш на бивши ти и не си требала да донесеш избрзана одлука. Таа фаза низ која поминуваш сега е истата која ти се појавил новиот дечко. Ако сакаш да си ја спасиш врската, прекини ги контактите со новиот дечко и дај си време на себе си за да ти слегне се. Но доколку се чувствуваш меѓу два огна подобро прекини со двајцата секаков контакт и стабилизирај се. Ти одлучуваш на кому ќе му припаднеш.
zdravo sakam da prasam ,kako da se odnesuvam so ceovek koj eden den mi simnuva zvezdi i mi dava se sto sum zamisluvala, a dr den poluduva ako za nesto se nalutam ili imam svoe mislenje Po karakter sum mn izbuvliva i teska ama so nego sum premila sekoja nasa mala kavga zavstuca so toa deka saka toj kraj