sekogas koga davam svoe mislenje koe e razlicno od negovoto toj reagira so ajde kraj e gotovo ti ne se razbiras neznam so
Во машки работи и не треба да се мешаш. Ако треба да работи машка работа испрати го со арно. За друго треба да разговарате и да донесувате одлуки заедно. Ти како девојка би требало да знаеш како со итрина да те слуша.
Па нека е крај де Ако не може да се носи со тоа дека ти имаш свое мислење, не ти треба таков. Тој си бара безгласна буква до него
I jas taka mislam. dvajcata imame svoi biznsi izgradeni licnosti toj znaese jas koja sum sega pocnuva da mu smeta ako mu recam da go isplanirame denot bidejki imam obvrski mi vika ajde ko ke se oslobodam ke izlezime ili ke odime vamu , i jas imam svoja rab koja nemozam da ja ostavam ,nekni spremni za vikend mi otkaza pred 2h jas se nalutiv fala bogu bidejki bev spremna spakuvana i toj me napravi kriva kako sum mozela da nemam razbiranje i n emi digase cel den na telefon
skoro godina sme zaedno pred 3 meseci pocnaja problemive Inaku imavme epten dobra vrska i komunkiacija nesto nekade pukna
Знај дека додека не стапите во брак , работата и обврските се на прво место. Си требала да имаш разбирање зошто не дошол. Единствено си можела да му се понудиш да му помогнеш. Па потоа заедно на викенд ако не сте утепани од работа. Во секој случај во право ти е партнерот, си требала да имаш разбирање. И јас не би ти се јавил после таква твоја реакција.
Здраво на сите.Како што гласи темава,не знам по кој пат да тргнам иако имам 38 години.Никогаш не сум имал девојка и од една страна од што сум очаен по женско би се оддал на било која ама од друга страна си викам за што ја чекав толку години својата принцеза за сега да се откажам...Не сум фрлал со камења по господа па да не заслужувам нешто убаво на лик,добродушно...И така се раскинувам помеѓу овие две дилеми,а годините си минуваат,а јас живеам ко на шкрги,од фантазии само...Што да правам?
Излагај од дома. Незнам како стоиш со социјланиот живот и дружбите, ама немоја да пребендисуваш многу. Не ситничари. Има многу немажени на тие години кои си го поставуваат ова прашање.
Сериозно? дури и не ми се верува дека постојат вакви луѓе, ама како што кажа @referentka и јас ќе ти кажам, излегувај од дома, шетај по кафичи, дружи се и да, не ситничари
Која е твојата принцеза што не си ја дочекал? Зошто не си ја нашол? Ни една девојка не ги исполнила твоите критериуми до сега? Излегувај, склучувај контакти со луѓе. Работи на себе.
Ги идеализираш врските, ја идеализираш љубовта... Затоа ти е така. Секоја врска, ма колку 'чудна' или површна да е на почеток, има потенцијал да прерасне во 'вистинска љубов'. Никогаш, никој, не може унапред да предвиди кај ќе го однесе патот. Мораш да им даваш шанси, да си даваш себе шанси и да и даваш шанси на љубовта да се 'роди'. Се додека чекаш 'принцеза' , ќе биде вака... Ни ти си 'принц', ни жените 'принцези'... Луѓе сме. Не си го ускратувај живеењето.
За женачка не ни сакам да размислувам зошто го немам потребното животно искуство.Ме интересира дали и жените како мажите го имаат она размислување да смениш неколку партнери,да научиш различни карактери па врз основа на тоа да одлучиш каков би им одговарал најмногу.Дали жените поемоционално и со срце се приврзуваат за мажот без разлика дали им е прв или стоти? Знам дека сите сме различни,не може да се даде еднозначен одговор ама дали сум во право што мислам дека жените повеќе се приврзуваат,повеќе веруваат во љубовта? И на крај сакам да прашам,дали да променам неколку различни карактери па после да размислувам за посериозни чекори како женачка? Зошто вака како што ми е првпат каква и да е,јас ќе бидам заслепен од сите убавини што ги нуди женското тело,нема да можам да не ја сакам ама и многу размислувам ако се презаситам како да ставам крај на врската,а да не ја повредам? На тоа многу мислам,а во исто време не сум си го проживеал животот ич...Значи не е работата само што се плашам ако ме повредат туку и ако јас некого повредам...И само се измачувам со вакви прашања,а времето си тече... Нема веќе да идеализирам...Само сакам некому да му изразам љубов...Имам очајна потреба од тоа,а не ми се чека да минувам низ сите етапи на запознавање,зближување за да изразам љубов и уморен сум од анализирање,каква сака нека е...До толку ми е с.урчено,ќе ми изгори желбата од долгогодишно потиснување на емоциите,потребите...
@Pacifist Од тоа што сум ти сретнала мислења по други теми, воопшто не ми се допаѓа твојот однос кон женскиот род. Пасивно-агресивен, идеализирачки, со нереални стандарди и комплекси, конзервативен под маска на претерано дури до неприродна мерка џентлменство (а јас сум инаку личност што и тоа како почитува здраво џентлменство и манири). Искрено, многу имаш да промениш кај себе да бидеш атрактивен за квалитетна женска личност. П.С. Малку ми личиш на трол, а и се надевам на тоа... али нвм.
Ти благодарам за мислењето.Ме интересираат што повеќе женски мислења за да знам што да променам кај себе.Јас сум личност што сака да работи над себе. Ми се допаднале многу ама сум немал храброст да им пријдам.Имам страв од одбивање.Се плашам таа мала самодоверба што ја имам да не ми се зголеми уште повеќе од евентуален неуспех.И кога кажувам се плашам од одбивање тоа не значи дека јас се сметам себеси за некој центар на вселената па како тоа мене некој да ме одбие,не сакам да се создаде погрешен впечаток.
Епа треба да се спремиш и кога ќе бидиш во врска да покажиш машкост. Впрочем чуден си ми малку и не ми се верува како досеа не се нашла една да преземи таа прва чекор или па ти веројатно си пребарувал многу идеализирал. ( и јас идеализирам ама..)
Како да покаже 'машкост'? Иначе, од други места што сум го читала, му приоѓале девојки, ама не сакал да се сведува само на секс...
Не знам, не секогаш да прашувам што е мааната во него и слично, тоа може да го искористат како слабост подоцна.