Најбитна е самодовербата! Кога си посамоуверен и стануваш дупло попривлечен во очите на некоја жена. Не губи надеж и пробај си ја среќата кога имаш шанса, ништо не губиш.
Абе јас претпочитам наши,најдобри ми се ама четов е од цела бивша Југославија,а ич не сум видел наши,чат пат некој ќе се појави ама крајно ретко...
Па добро, не бркај по чет само девојки. Излези малку, види надвор што има. На крај Крстева пробај друг чет. Фејсбук пробај. Било што друго.
38 year old VIRGIN ????? Собери кешовите и почасти се една дефоларација. После тоа ќе ти тргне - ти ветувам! ; у склоп со советите кој би ти ги дал понатаму. Почни да живееш човеку.. искористи го потенцијалот. Ме разбираш ли ????
Најди друг чат... со Македонци Си и' се удварал ли на некоја во живо некогаш? Си бил ли некогаш во некоја заљубен?
Никогаш Вајлд.Ако го сметаме она платонското на 14 години ама тогаш првпат почувствував топлина по телото и како морници да ме полазија кога и ја подржав раката едно две секунди на девојката на која и јас и се допаѓав,а и таа мене ми се допаѓаше ама ми беше срам да излезам следниот ден од една флиперница,а таа ме чекала со другарките од наш клас,а еден другар дојде да ми каже дека сакала да се фатиме,а јас најмногу ми беше срам од другарот,а и од нејзините другарки.И уште една нејзина другарка ми рече дека сакала да се фатиме ама јас од срам не излегов и тоа никогаш нема да си го простам.Девојката беше ем по мој вкус,убавка,ем премила со прекрасен глас.Не дај боже случајно да чита фемина и да ме препознае...Би пропаднал под земја од срам...Да почнев уште тогаш да излегувам со девојки немаше да бидам веројатно толку години без никого ама што би било кога би било е нешто сосема друго...
Абе не е касно.. Сеуште си жив, здрав и потентен Само викни некоја на кафе.. Сигурно има некоја која ти се допаѓа... во нешто барем... Најстрашно што може да се случи, е да ти рече 'не'. Се преживува тоа... И јас сум го преживеала
Здраво сакам кратко да раскажам нешто и да прашам мислење. Имам 18 години оваа година завршувам со средното.Имам дечко со кој што сум 3 години,тој сега отидее во странство и аплицираше за документи.Ме вика и мене да отидам после средното.А јас незнам што да направам од една страна сакам да сум до него и да не одам на факултет а од друга страна сакам да ги живеам најубавите години овде со пријателите и да одам на факултет.Што да направам совет?
Треба да се преиспиташ самата себе си дали доволно силно го сакаш за да тргниш со него, или сакаш да си слободна и запознаваш нови личности и не си за сериозна и долготрајна врска, и секако ако сакаш да учиш? Тоа можеш само сама да си го сфатиш и одлучиш.
Оваа одлука можеш да си ја донесеш само ти самата, во зависност од тоа што го сакаш повеќе. Размисли си убаво, дали би сакала да живееш во странство, дали би работела, бидејќи не верувам дека ќе отидеш таму и тој ќе те издржува, туку ќе морате и двајцата да се трудите. Реално, ако си ЗА заминување, можеби и подобро е воопшто да не трошиш пари и време за да се запишуваш на факултет, за на крај да го оставиш на средина и да заминеш како многу што направиле. И секако многу битно, дали се гледаш во иднина со тој човек, дали имате добра врска и дали би се осеќала сигурно таму сама со него. Од друга страна ако сакаш да студираш и не се гледаш себеси во странство, мислиш дека нема да се снајдеш или не сакаш да се делиш од фамилија, друштво, итн, тогаш остани тука.
Zdravo Sakam da razgovafam za mislenje Dolgo vreme sum vo vrska Ziveeme zaedno i se Se sakame i tn No vo 3 meseci imavmr takvi kavgi ednas zaminav jas od doma ednas toj.sega toj otide.Veke mi e smaceno na sekoja kavga odma poludyva kraj i sl .Nz kako da se postavam so nego da razbere deka nemoze da si odime od doma nasekoe
Бегањето, правење сцени и сл. не е решение. Застанете, малку свестесе проблемите се решаваат со разговор како зрели особи штом веќе живеете заедно а не со бегање. Незнам кој колку е виновен во ситуацијата ама единствено со смирен разговор без инает обиди се да му кажиш да се врати и да разговарате отворено што на кого му смета и да ги решите проблемите. Заеднички живот бара труд не иде сам по себе, особено не ако си бегаш од домот.
Cel den neznam kade e mu pisyvam go baram.Stanov e negov .Nz dali da go cekam ili i jas da si otidam Se skaravme za sitnica i nastana kavga ogromna
Штом е негов станот ќе се врати..гарантирам. Немој повеќе да го бараш пробај малку ти среди се и немој да си одиш ти оти тоа ќе биде крај. Нема смисла после да се враќаш пак. Штом олади и тој ќе се врати. Па ќе разговарате смирено.
Vi blagodaram. Znaete kako sme pominale niz padovi i ubavi mon.Eve si dojde a jas legnav vspalna.Pijan e kamen.Kako da zapocnam razg.Periodov so biznisot mu odi slabo i denes mi rece vreme e da rabotis a jas 2 nedeli ne rabotam eve i toa toj me terase da ostavam bidejki mala plata sum zemala podobro da idam kaj nego na dujkan.Jas pocnav da placam bidejki se cuvstvuvav ugnetena mu rekov sakam da izgradam kariera i nesto ako neamam pari ne me sakas? I toj se navredi oti sum go navredila deka e materijalist i bil nesreken so mene bla bla.ova e prvpat da me navredi.Obicno me vrednuva pred lujge me fali kako e gord na mene bla bla naednas e povreden ris.I vidov vcera deka nautro gledal porno.Mislite deka ima nekakvi znaci za drugo?