Скоро сите мажи гледаат порно и не е знак дека има друга. Во врска со работата, ти прави го она што ти го сакаш не може тој да те натера што да работиш дали да откажиш и сл. Имај свое јас во врската. Работи она што го сакаш ти а не тој. За навредите,не се некои големи и страшни навреди. Кога двајца се караат за жал се кажуваат многу работи кои не ги мислиме во состојба на афект, плус дечкото бил пијан во таква состојба нормален муабет нема. Напнувате и двата безпотребно, ова е криза што треба трезвено да се помине...пак ќе речам оладете и разговарајте како луѓе, не пијани, нервозни, напнати и сл. Не сакам погрешно да бидам сфатена, незнам на која возраст сте ама живеењето заедно подразбира одговорност и педантност а не детски испади со лупање на врати, заминување, тргачење. Заедница се одржува на подруг начин.
I jas trpev nesto slicno ali na kraj mu raskinav pa pocna da mi se zakanuva ali jas znaev mnogu tajni za nego i go preduprediv i se otrgna od mene i fala bogu zasto sega e propalica
Значи не знам зошто се карате са банални работи,како некои мали деца...Или си со него или не,скрати си ги маките уште кога ти е време инаку после тоа многу ке ти биде криво за времето кое си го оставила така да ти тече...Или подобра варијанта разговарај со него и види до каде сте,а инаку со кавгви и бегање еден од друг само си ги правиш проблемите ПОГОЛЕМИ
Девојче ти или си ненормална или будала што го трпиш... Сум била у иста ситуација и мене еден бивши ми имаше кренато рака и ме напаѓаше за се и сешто.. Ама кај мене иде онаа златно правило "Кога те кршат, биди стакло, сечи ги".. На почетокот лизен, мазен после ми 'ржи тука, го трпев 2-3 месеци па сака да ми дигне рака кога му ја опалив една и му кажав гласно и јасно ИДИ ЕБИ СИ МАЈКУ У ПИЧКУ извините на речник, и му кажав дека ако тргне по мене ќе му викнам полиција и ќе пријавам дека ме малтетира...Башка после тој ден ми беше тешко 2-3 дена па се освестив дека не вреди за ѓубре да се потресувам...така и ти глава горе и ПИЧИ МАЧКО, ГРМИ си...
Си најдов,само не знам дали и таа го мисли истото за мене.А не сум и кажал за оваа моја состојба зошто таа личност е многу силна,препаметна и преубава и мислам дека заслужува да и го кажам тоа кога ќе соберам сили и ќе се наоружам со поголема самодоверба,а не да треперам како лист на гранка пред неа.Нејзе и треба човек покрај кого ќе се чувствува како зад камена карпа,да се чувствува заштитена,а не да има впечаток како да влегло дете во нејзиниот живот,да биде нежен но сепак силен.Да не претера во нежноста и романтичноста и да знае да увиди дека ако претерал со изливите на нежност да заземе посериозен и помажествен став и однесување за да не се расипе магијата,да не и стане досаден......
Имам еден чуден проблем. Се гледам со девојка, која не е мажена, но има свое дете (таткото не го признал детето). Искрено, ептен ми е погодено со неа, и малце ми е хаос во умот.... Совет?
Јас ова дури не го ни гледам како проблем. Тоа што така излегло у животот нејзин не е нејзина кривица и ниту е помалку жена ниту помалце добра. Напротив, да се одлучи да роди сама е херојски чин. Ако ви е убаво, не знам зошто би те одвратила мислата дека има дете.
Абе таа е прекрасна, ама не знам како би се одвивале работите ... имаме по 25 години.... а сакам да трае ова нашево, затоа што ми е убаво ...
Зошто хаос ако ти е убаво со нејзе? Детето и таа не се виновни што таткото не го признал детето. Терај додека ти е убаво, не барај залудно проблеми. Ако детето ти е пречка, тоа е веќе друго.
Што ти е хаос, детето? Додека си на почеток одлучи се дали ја сакаш таа жена заедно со детето, бидејќи одат во пакет. Ако не си подготвен да го прифатиш нејзиното дете како свое (како што ја прифаќаш и нејзе) подобро прекини на време, во спротивно само ќе ја повредиш а не верувам дека и е потребно тоа. Ако си искрен во љубовта, детето не би требало да ти прави хаос во емоциите и плановите.
Воопшто не ми смета детето, срцка е тоа. Но, не знам како родителите мои ќе гледаат на ова нашево... Ова е прва личност што ептен ми одговара И детето воопшто не е криво. Баш ми се допаѓа малиша
Ќе си заземеш став, не си мало дете. Ако јас одлучам така, така има да биде. Не може вечно за се да се прашуваат родителите и да бараш одобрение. Ако се спремни да те изгубат, нека им.
твоите родители ке гледаат како ти ке представиш ако со цврст став застанеш и кажеш дека ја сакаш ти е убаво со неа и не ти смета детето и си го сакаш исто како да е твое и они ке го прифатат како такво а ако осетат дека ти се колебаш се тегниш ке почнат да те влечат на таа страна како она не е за тебе
Нема што како ќе гледаат родителите . Ќе им кажеш уште од старт - Се гледам со една девојка , убаво ми е , имаме искрени чувства еден кон друг и сакам да не ми се мешате во изборот . Кога и тие ќе ги видат вашите искрени намери , ако се вистински родители , не би требало воопшто да те кочат во твојата среќа