Не е само дали е срцка, сите деца се срцки. Проблемот е дали ти ги сакаш доволно двајцата. Бракот си носи одговорности ама и децата исто. Утре здравје ќе имате и свои деца, треба да бидеш сигурен дека сите ќе ги гледаш со исти очи. А тоа што ќе речат твоите е повеќе нивни проблем, гледај си ја ти твојата среќа, немој на крај да останеш со празни раце и без љубов само затоа што одиш по советите на твоите. Ама, мораш ти сам да донесеш одлука откако ќе ги преиспиташ сите можности. Да се биде сопруг е напорна работа а да се биде татко уште понапорна. Твоите утре ќе остарат, ќе се имаат само еден со друг а ти ќе најдеш твој животен сопатник и не треба да дозволите ни твоите ни ти, нивното гледање на твојата среќа, да направи да погрешиш и да се каеш цел живот.
Ќе видиме. Уште сме тазе со девојчево, ама јас свесно почнав да се гледам со неа. Веќе знаев дека има дете и тоа некако не ми претставува проблем. Но, ќе видиме понатаму, иако во последно време се адаптирам полесно на некои ситуации
Roditeli ko roditeli, sekogas nesto ke im preci i ke najdat mana. Zatoa neka ne te sprecuva nivnoto razmisluvanje. Ako te pravat sreken i ispolnet devojkata i detenceto ostavi da trae i imaj svoe "Ja" sekogas. Trgni go"haosot"od tvojata glava ako e poradi roditelite. Koga togas ke se pomirat so situacijata. Ti bidi sreken, retko se naoga srodna dusa, cuvaj gi i uzivajte. Mnoguuuu sreka ti posakuvam vo odlukite koi ke gi doneses
Ми звучиш како сеуште да не си сигурен. Затоа ти реков, прво преиспитај се себеси дали ти би можел да ги сакаш како што на нив им е потребно. А тоа дали тебе моментално ти е убаво, забавно и не знам што е помалку важно од тоа да се решиш дали 100% би ја прифатил одговорноста. За вакви работи подобро е на почеток да пресечеш и да одлучиш. Не се врзуваш само за жената туку и за детето. Не можеш да си играш со нивните емоции ако не си сигурен. Осигурај се прво на што си, не биди себичен.
Супер. Тоа значи дека можеш сам да одлучуваш за твојот живот. Секогаш биди искрен со нејзе, за секоја недоумица која ја имаш. Како што ти кажаа погоре, таа доаѓа во пакет со детето. Нема се' да биди киси, хаги, факи.. Мора да си спремен да бидеш инстант татко.
Детето не ја прави ништо помалку добра прилика од некоја девојка, напротив, поради животното искуство може да излезе да е позрел партнер, свесен што сака од животот, иако има само 25 години. Еве ти позитивни работи две во едно, млада, а зрела. Јер бројот на жени што се одлучуваат на самохрано мајчинство, а се незрели е минимален, доколку и постои. Сигурно е покарактерна од врснички нејзини на пример што уште не почнале со работа на пример (ова доколку воопшто не побарале работа важи, знам кај живеам). Твоите кога ќе видат дека си донел зрела одлука, тогаш ќе престанат со мешање. Кога ќе го видат тоа? Кога место проблеми, од тебе ќе слушаат решенија, кога ќе видат конструктивен став. Наместо „ама зошто вака ни праите“, да слушнат „аа во врска со тоа, ние тоа и тоа планираме“. Ова последново што ти го кажувам од лично искуство. Само со пристап ориентиран не кон посочување проблеми, туку предлагање решенија може да докажеш на луѓе дека си доволно зрел и информиран за некоја одлука, било дома, било на работа, било со другари. Не го заборавај ова. Ама, најпрво, расчисти си со самиот себеси. Да се биде самохрана мајка во милата ни наша, воопшто не е лесно, не ѝ требаат на девојката и твоите несигурности. Расчисти си што навистина сакаш и влези во работава како маж. Без чекори назад у заден момент. Среќно.
Кој па вели дека таа бара татко за детето? Можеби само сака партнер за уживање и не сака тој да има одговорности кон нејзиното дете. Секоја врска си е различна и треба да си расчистат каква ќе е нивната.