Не сакам да се карам, ама едно погрешно напишано зборче во ова мислење, не значи дека личноста е неписмена. Ако гледаме на тој начин, и ти имаш грешки во пишуваното. Немаш ставено запирки пред буквата а.
Проблемот е што некој не се ни труди за нешто повеќе да научи. Тој така си се научил да пишува и оди ти сега натерај го да пишува правилно. Како не бе, ќе се замара он сега... Ехее знаеш колку треба да го уклучиш мозокот за една запирка или точка правилно да ја ставиш во реченица? Тоа е многу за некој. И не знам што е толку тешко правилно да се пишува? Јас и така и така сум решила да го напишам постов, така? Губам време? Губам. Зошто тогаш да не е барем малку од малку разбирлив? Никој не бара 100% точност. Ама точка, запирка, нормално склопена реченица... Да, да, некој се' уште не знае ни реченица да склопи. Зошто кога знам дека нешто се пишува правилно како што се пишува, јас да го напишам како мене што ми одговара? Само зашто е форум, фб, твитер? Што има тоа врска? Јас ако пишувам правилно и ако сум писмена, нема да ми прави разлика за која социјална мрежа станува збор и дали тоа што го пишувам е во врска со правопис, миленици или дефицит на вода и храна во светот. Ако сум писмена, секаде ќе бидам, ако сум неписмена, ќе ме исмеваат сите, и со право. Тој што знае за правопис и знае правилно да стави интерпукциски знаци во една реченица, секаде ќе го практикува тоа. И нема да му биде тешко. Тоа е навика едноставно. Штом тебе не ти бодат очи тоа точките или неправилно напишаните зборови, значи дека не ни знаеш како треба да ги напишеш. На научен труд па ич нема да знаеш. Тоа се вика неписменост, и тие луѓе се неписмени, а не дека не се замараат само зашто било форум, фб или која и да е социјална мрежа.
Чекај сега малку, навистина ме збунуваш. Како во овој твој пост викаш дека се нервираш кога некој пишува неправилно како: сватив, оделение и сл. и дека е срамота да не се знаат, а сега викаш дека не се нервираш од ЕДЕН неправилно напишан збор како ДРЗНАТ и МИЛЈОН. И ако тргнуваш од тоа дека можеби станува збор за печатна грешка, тогаш многу поверојатно е да настане печатна грешка помеѓу сватив/сфатив (со оглед дека В и Ф се прилично блиску на тастатура) одошто помеѓу дрзнат/осмелат. Или можеби имаш двојни стандарди за тоа што е за тебе прифатливо(се нервираш или не), во зависност од тоа од која личност доаѓаат .
Форум не е место за докажување писменост, но по дефиниција е мрежно место за дискусии каде што луѓето може да дискутираат на одредени теми со испраќање на пораки. Не се работи за социјална мрежа, кој пак е место каде помеѓу пријатели (или пошироко) се разменуваат мисли, слики, чувства... Два различни медиуми се и во никој случај не се истоветни. На Фејсбук, може никој да не те чита, освен друштвото, при што можат и да одлучат да не те читаат. На форум, сите те читаат, најавени или не. Те читаат не само од земјата, туку и од светот. Нормално дека ако ти, јас и сите останати не се грижиме, сите ќе мислат дека Маќедонија е правилно. Можеби не знаеме совршено, ама барем треба да се трудиме колку што е можно, да ги почитуваме правописните правила. Мене најмногу ме нервира незнаењето да се стави точка или запирка во реченицата. Мислам дека рекордот во најдолга реченица беше во Богородичната црква во Париз, ама некои мислења на форумов го имаат поминато тој рекорд минимум стотина пати. Најтажно е што ако ги прашаме сите оние кои напишале такви неразборливи мислења, ќе кажат дека имале петка по македонски јазик.
Не, немам двојни стандарди. Како прво, јас зборот дрзнат, не знам што значи, сега прочитав, од тебе, па така не знаев како е всушност правилно. Тоа сфатив со В (сватив) го имам сретнато, не само на интернет, туку и по тетратки, во состави. А, ако зборуваме за тоа милјон, и буквите Ј и И се блиски, па се случува грешка. Инаку, не знам дали ги имаш читано другите мислења на Лела за да видиш дека девојчето знае да пишува правилно. Спојлер Немој да мислиш дека сакам да се карам, нормална дискусија водиме.
Охохо, што се случува овде? rrrrrrr, извини драга, не се расправам за правопис со луѓе што пишуваат „незнам“. Маќедонија, а? И ми велите печатна грешка. Тој што не знае да си го напише правилно името, презимето и основните негови податоци е неписмен. Како што кажа Срцката, во тој случај два пати ја има повторено истата грешка, значи не станува збор за печатна грешка. Како се викаш? Анѓел. Државјанство? Маќедонец. Кацјушка, од форум до социјална мрежа има разлика. Да не се повторувам, Чка си кажа се. И јас правам грешки (повеќе правев порано, ама не велам дека не правам и сега), секој прави. Глупаво е да се нафаќаме на грешки како дрзнам итн., значи... Прво нека се научат на „не знам“, „сфатив“, зборовите со обезвучување итн. па после ќе зборуваме за дрзнат. Дејдрим, цело време го кажувам тоа, ако ми разгледа некој во претходните мислења во темава, ќе види дека постојано докажувам дека ако некој знае да пишува правилно - ќе пишува насекаде. Просто нема причина за која не би пишувале. Јас тоа се’ уште не можам да го сфатам, а она „ова е форум“, не ми е никакво ојаснување. Јас ни во дневник не можам да се натерам да пишувам неправилно.
Лелла смени си го никот во не знам. Значи, добро, знаеме дека знаеш како се пишува не знам. Во буквално секој пост на темава го имаш зборот не знам и нагласуваш како правилно се пишува и како тие што пишуваат незнам се неписмени. Кога веќе пред некое време си научила како правилно се пишува се' уште си можела да пишеш: Еј дечки не сум знаела дека правилно е вака, ми изгледа необично, ако не разгледав можев да продолжам да пришувам неправилно. Наместо да осудуваш некој што напишал така подучи ги другите што не знаат. Сепак не се работи за обичен збор, се работи за правила во Македонскиот јазик. Спојлер Еве ти сеуште наместо се' уште. serii-i-emisii/x-faktor-adria-sitel-t18343/6520.html?hilit=%D1%81%D0%B5%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5#p2002029 Значи за промена, барем на форумов, престанете да осудувате форумџики, туку подучете ги. Еве на пример јас те подучувам дека милјон не се пишува така, туку се пишува милион. А да беше ти на пример во случајов ќе го пишеше ова: Леле колку се нервирам значи луѓе разлистајте малку пред да напишете нешто. Милион а не милјон, не знам а не незнам, сфатив а не сватив, се'уште а не сеуште. Многу се нервирам, неписмени. И зошто толку сте се фатиле за правописниот јазик? Зошто не ги цените дијалектите? Јас на пример, сметам дека дијалектите се богатство на секој јазик. Секој јазик си има повеќе дијалекти и сите си ги ценат, зошто вие не? Мене баш ми е интересно кога ќе прочитам или слушнам некој да дава изјава на телевизија со дијалект. Можеби звучи смешно но не сте размислиле ли дека ако буквално секаде почне да се користи правописот дека ќе се загуби богатството на јазикот, дијалектот? Јас се придржувам до правописот на форумов колку што знам, колку што сум учела и чисто за да се разбереме (до некаде и немам дијалект но ајде...). Никогаш не ни приметувам ако некој не остави простор после запирка пример. Зошто да го правам тоа? Не сум лектор јас овде и не ми е тоа работа на форумов. Јас сум дојдена за да споделувам мислења и да научам нешто повеќе од форумов а не да запазувам на правописните грешки.
Боли вистината срцка а? Ајде без лоши мисли ќе ти помини лутината, а во меѓувреме ќе научиш правилна употреба и на некои други зборови :geek:
Мене ми е напорно кога читам цели постови напишани на дијалект, и не мислам дека сите треба така по форуми да пишуваме, но неколку нафрлени зборови не се воопшто проблем, напротив делува симпатично. Она што мене ме иритира во темава е она што ариела веќе го кажала на некој начин, а тоа е што повеќе постови ми се чини има за тоа колку неписмен народ сме, значи цел реферат напишан за на крај да се потенцираат зборови како незнам, сватив и сл. Мислам дека секој втор пост за нив е. А кога од истите тие кои проповедаат за тотална писменост и тоа на доста арогантен начин, уште во истиот пост без да им разгледуваш други, ќе видиш дека има очигледни грешки, што да кажеш повеќе?
Точно така, се согласувам со тебе. И мене не ми е јасно, како тоа им пречат едни зборови како: сватив, незнам и сл. кои се само погрешно напишани, а не им пречат зборови кои не се дел од македонскиот јазик туку се турцизми, србизми итн., кои и пишано и говорно се погрешни за употреба . Јас не критикувам, и не омаловажувам поради пишани или говорни грешки, но, ми бодат око постови каде се навредува на основа на писменост, а во постот постојат правописни грешки .
Познавањето на македонскиот литературен јазик е многу повеќе од не знам и сфатив. Јас лектор не сум, со часови по македонски јазик завршив во средно, но се трудам колку што можам да пишувам правилно и се информирам кога нешто не ми е јасно. Кога ќе отворите книги за правопис и граматика на нашиот јазик, ќе видите всушност колку правила постојат што не сте ги знаеле. Почнувајќи од правилна употреба на интерпукциски знаци, правилно распоредување на зборовите во една реченица, слеано и разделно пишување на зборовите, едначење по звучност, образување на зборовните групи, множина на именките... Згора на сѐ, постојат и многу отстапувања од тие правила. Не можете да очекувате на форумов да се пишува на македонски литературен јазик и сите мислења да бидат без ниедна грешка, кога прво медиумите објавуваат нелекторирани вести со еден куп грешки, а да не почнувам за преводи на странски книги. Грешки ќе најдете и во службени документи - баш другарка ми пред извесно време ми кажуваше дека добила документ во кој пишувало дека треба да се потпише на секоја страна (наместо страница). Темава треба да служи за дискусија, а не за навреди и докажувања кој колку знае. И оставете ги веќе не знам и сфатив, милион пати е кажано во темава за тоа, излишно е. Дајте да дискутираме за зборови и правила кои навистина ќе ве стават во недоумица, а и во различни книги ќе ги најдете во различна форма. Патем, ако не сте членови, еве една група каде често има интересни дискусии.
До денес упорно ја игнорирав темава, ама денес ме испровоциравте ... Ако странците биле толку многу писмени, како што зборувате, немало да имаат потреба од опцијата spell and grammar check на компјутерите. Зар мислите дека им е ставена за украс?! А да не збориме т.е. говориме за фактот дека скоро сите паметни телефони, самите, Ви даваат опција за зборовите кои сакате да ги употребите. Според Вас ова сигурно е направено затоа што се многу писмени така.... Е сега, мислите дека сеуште вреди да си плукаме по писменоста?!.... Драги мои, да престанеме да се препукуваме на форумот за тоа кој како го напишал зборот, кој каде ставил запирка а каде неставил. Затоа што ако ова го правиме тогаш ќе треба да се обраќаме и на Вие. Затоа што не се познаваме и не сме најдобри другари. Па логично би било да се обраќаме на Вие. А со тоа целосно ќе ја смениме функцијата, намената на форумот. Веќе ако сакате да збориме за писменост ајде да видиме колку нови писатели имаме. Дали имате прочитано некоја книга од некој македонски писател а да не е Венко која ве воодушевила во поново време...За ваква писменост се слагам да збориме и да плукаме. Ама за писменоста по форумите не.
Чка, мојата поента беше јасна и немаше никаква потреба да бараш ситници за да ми држиш лекции. Дали знаеш дека ако ги пребараме твоите мислења ќе пронајдеме далеку повеќе грешки отколку кај мнозинството редовни членови на форумот? Честопати голташ букви и употребуваш србизми како и некој чуден дијалект кој не можам да го дефинирам точно затоа што го мешаш со литературниот јазик. Ама смешно е на форум да трчаме зад некого и да му вадиме правописни грешки пред нос. Јас не мислам дека тоа те прави тебе неписмена, туку знам дека ова се места, виртуелни катчиња каде и да сакаш, не можеш да одвоиш доволно време и внимание за да ги лекторираш сопствените мислења. Форумите ги сфаќам како занимација, пишувам тоа што имам набрзина, а не секогаш ниту тастатурата на апаратот ми била наклонета за да губам минути на запирки и да ја чекам точната буква, па импровизирам. Не е нормално некој да се замара со тоа. Подобро енергијата насочете ја да ги критикувате вашите професори, вашите колеги и претпоставени на работа кога е нивната недооописменетост во прашање. Ама тоа не верувам дека ви држи да го направите и се испукувате од дома на форум. МаЧедонија не вреди да се коментира. Не ми е гајле ако некој непознат е навистина неписмен, искрено. Интернетот им е достапен на сите, и на луѓе од различен сталеж и со различен степен на образование. Да си го јакнам егото омаловажувајќи ги оние кои немале можност своевремено да научат некои работи во животот и нормално да се образуваат? Лелла, да не биде дека не ти одговорив, научи како се пишуваат броевите и дури потоа врати се на темата.
Од почеток ја следам дискусијава, па викам ајде да искоментирам и јас нешто. Никој не е доволно писмен и сите реално правиме грешки, се случува, колку запирки имаме пропуштено, ја после ако си прочитам некое мислење, тек тогаш си ги гледам грешките, ама некогаш од брзање и сл. се случувам, или пак некој збор да згрешиш сосема во ред е според мене. Се сетив сега и ја едно време кога се замарав со тоа дали имало грешки во пишувањето или не, затоа сега не ни приметувам кај имало грешки кај не. Сега кај мене можеш да најдеш 101 грешка, не се ни трудам ко порано нешто литературна и писмена да бидам, туку да може мислењето колку толку да се разбере кога се чита. Стварно, глупаво е да се расправаме за зборчињата не знам или сфатив, кога ете тоа сфатив или сватив, често некогаш ме буни и си викам со ф или в се пишуваше, па ми текнува дека сВаќа беше со в, а сФатив со ф, ама го имам и згрешено, ако ми пребарате ќе видите и тоа баш писмена кога сум се правела. Ја основно не сум завршила, тука лектор сум глумела, стварно онака глупаво ми е по малце и смешно, ама добро де дете сум била, стварно 1-2 години голема разлика прават во однесувањето и сл. да не забегам сега од темата. Писменоста не се гледа од тоа дали сме згрешиле неколку зборчиња, или сме заборавиле запирки на некои места... Не се карајте за ова или повторно фемина ја фати групен ПМС, односно заборавив де водиме дискусија.
Првиот дел од постот беше наменет за тебе. Ако се пронајде во последниот пасос, навистина ми е жал После ова морам да ти кажам две нови дефиниции: 1. Правопис или ортографија на еден јазик е збир симболи за запишување на еден јазик, како и збир правила за тоа како се запишуваат, интерпункција и капитализација. 2. Печатна грешка е техничка грешка во пишувањето, испуштање на буква или нејзино заменување со друга, при што зборот не е напишан правилно. Едно со друго немаат поврзаност. Не може два пати да напише некој „контак центар“ и да каже дека е печатна грешка. Ако имаш желба, повели, барај во над 900 мислења колку печатни грешки имам, а колку правописни, па можеме да дискутираме. За тоа што не можеш да дефинираш дијалект, тоа не е мој проблем. Освен ако не си убедна дека ги знаеш сите дијалекти во Макединија. За болдот... Во мојов живот не се случило да некој да не му укажам на грешката ако ја приметам, без разлика на тоа дали ми е надреден или подреден. Јас сум позната по тоа што немам влакна на јазикот и околината ме сака за тоа. Имам храброст да кажам се што мислам, па кажувам. За правописна грешка најмалку ми замеруваат. Се извинувам за ваквиот пост, ама бев именувана како некоја која има повеќе правописни грешки од кој било од членовите на форумот, што особено ме изненади, без претходно да навредам нечии чувства намерно.
и повторно Ариела, ќе размислам за твојот предлог за промена на никот. ррррр, те молам, ама стварно те молам, престани мене да ми предаваш за правопис. Значи како што и првиот пат си напиша, прно нека погледнеме во своите грешки, а потоа во туѓите толку. Да, напишав милјон. Сите грешиме, јас не сим лектор, обичен човек сум и не може се’ да ми биде точно, под конец. Едноставно не може. Се помислив пред да напишам, и на крај напишав со ј. Ама нема да се оправдувам итн., кога ги гледам другите што се пишуваат и како пишуваат. Зборувањето да дијалект во телевизија било симпатично? СИМПАТИЧНО!? Луѓе, што е ова што слушам. Тоа не е локална програма, и мораат да зборуваат литературно и точка. Ариела, напишав и во претходниот пост, правев, правам, и ќе правам грешки... Сите ќе прават. Ама најверојатно, нема да ги правам најосновните. Оние подлабоките, АнаКаренина што ги спомна, секако ретко кој ги знае, не ги знам ни јас, многу ќе се трудам да ги научам. Јас зборувам за најосновите, оние што насекаде што викате сум ги спомнувала. Се изморив од „укажување“ и гледам дека веќе не помага културно објаснување. Состојбата е многу лоша... И мило ми е што дискусијава барем привлече повеќе да ја посетат темава.
^ Јас кажав симпатично за дијалект ама на форум. Зошто не читаш добро или само се правиш наивна? Лошо е кога ќе те стават во групата неписмени? Не требало таа да се правда оти имало бетер од неа Има и пописмени, и за нив ти си она што за тебе се оние што пишуваат незнам.
Хмм, не знам, изгледа ми се причинило така, како и да е. За кој како - мене никаков дијалект не ми е симпатичен. И не ми е гајле кој ме смета за неписмена или што ти ја знам, кога јас сум задоволна со тоа што го пишувам, и наместо овде мене да ми велите, одете кажувајте им на другите, колку што гледам ним повеќе им треба. И ајде сега, повелете најдете ми неколку грешки, баш би сакала да ги видам.
^ Па ти нели си за тоа да се наоѓаат грешки и да се поправаат, зошто смајли што врти очи ако ти најдеме и тебе?
Зборот ми беше дека премногу се фаќате за ситници. Работава со ррррррр беше „Магарето му рекло на зајакот имаш големи уши“. Па уште и вика те боли вистината. И која е целта да веќе да поправаме и укажуваме, кога оној што пишува неправилно, ќе пишува неправилно колку и да му викаш. Сите вие се фативте за мојот милјон, а самите не си ги гледате грешките. И ако целиот правопис не се должи на „не знам“ и „сфати“, не е ни во „милјон“. И ако земеме сега да се фаќаме за гуша за секоја грешка, тогаш што ќе биде? Најважно е веќе да не ги повторуваме направените грешки, а јас сум сигурна дека уште еднаш ни Господ нема да ме натера да напишам милјон. Сите грешиме, ама најважно е да учиме од грешките и да запаметиме како правилно се пишуваат, и секако, повеќе да не ги повторуваме. Јас како што гледам, ова воопшто не се практикува.