Што се случува со форумов? Сабајле пишував некој мислења и лајкав нешто, сега ништо од тоа нема се избришано. И известувањата стари ми ги даде
https://forum.femina.mk/threads/Технички-проблем-03-10-2019-Решено.30746/ Прочитај тука, и сите на кои не им е јасно нека го сторат истото.
Што е проблемот што не добиваме нотификации? Имам штиклирано да добивам нотификации а не ги добивам, 1-2 у денот ако добијам ОК, откако имаше крах се случува ова.
Избришано ми е мислење во МЈФ со слабо образложение дека било оф топик,а не беше.Тоа беше коментар за јавна фаца каков што дадоа и други.Во МЈФ има мислења и за жени кои не се јавни фаци,а модератор не ги брише.Или прекинете со селективни мислења или ќе има жалби.
Јас ја средував темата и беше ПРЕполна со оф топици, клетви и муабети за сметка на нечии деца. СЕ што беше во рамките на цитирано и цитат на цитат беше избришано. Доколку сте забележале дека нешто треба да се брише, можете да пријавите слободно, секоја пријава подеднакво се разгледува заеднички.
Од компјутер сум уклучена, кога ќе стиснам на празно место од форумов (сивата позадина) ми се отвара реклама за болница? Само кај мене е ова?
Најверојатно имаш ограничување на компјутерот и не гледаш дека има банер (one hospital), па кога случајно ке кликнеш се отвара
Зашто е темава заклучена? И кога мислите да ја отклучите? https://forum.femina.mk/threads/Провинцијалци-и-Граѓани-на-метрополата.3314/
Зашо од темата ,,introverts united” ми е избришано мислењето? Тек сега приметив, после ПЕТ испишани страни. Не сум добила никакво известување дека е избришано. И да било оф топик можело да ми пишете.. Као се понашате со форумов, ко ваш да е еј.. @RainBow ?? Кој е одговорен таму? Преиспитај малце кој ти го води форумот
Јас сум таму модератор, но ти немам избришано мислење, ако е избришано тогаш сигурно @RainBow избришала