Бенигна дисплазија на лева града биорадс 5. Мора ли да е тумор и колку чини во Систина биопсија и хируршко отстранување
Јас имав BIRADS5 категоризација, беше рак. Јас се надевав на бенигно туморче, ама за жал не беше. Претпоставувам те насочија кон биопсија? За Систина не знам цени ама ќе ти кажам моите колку беа од прилика оти исто бев приватно, да имаш ориентација. 26к денари кор биопсија во Плодност (резултати во два дела, еден за то каков вид на тумор е, и втор дел од тестот на шо е реактивен, истото беше испитано и постоперативно на целиот примерок). 210к денари за операција, постоперативен период таму и контроли во Ремедика за мастектомија. Ако те интересира плус нешто комотно пиши ми тука или во порака.
Ми открија фибраденом на левата дојка. Опасно ли е? Се лечи ли? Докторот ми кажа за сега само ќе го следиме.
Генерално се пратат на 6 месеци најчесто и многу жени ги чуват со години. Хормонални се, бенигни, после менопауза често и сами исчезнуваат. При вадење имаат тенденција да се враќат. Во другата тема членките споделуваа и ставање зелка и масло од рицинус за намалвање на големината. Тема: https://forum.femina.mk/threads/Грутка-на-градата.1287/page-31#post-7274134 Важно не се плаши.
Здраво, има ли некој правено мамографија преку програмата за брсплатен скрининг, во Скопје? За колку време ви стигнаа резултатите. Јас правев на 12.11 и сеуште немам резултати. Искуство некој ?
Да, многу многу Седнав сама со себе и викам ова нема ни 50 ден надолу, се горе Јас последно кога бев пред 2 год скоро 4800 беше А сега дојам 4 месеци е бебе ама имам голема болка на лева града инаку таму пратам од 2012 год нешто има ама не е опасно до сега, па си закажав
Јас не дојам, ама уште има некоја капка кога стиснам. И јас следам и затоа одам кај Маја веќе 4 година, ама од ехо што беше 3000 стаса 6000. Искрено многу е. Го фатија народот во тесно, знаат нема термини на државно, а штом ги бараш имаш мака и ајде удри по џебот...
@Aschenputtel дали беше на преглед Мене докторката рече на 6 месеци преглед Некако се исплашив што така во брзо Дали и на сите викаат сега на 6 месеци контроли за ехо на гради И рече после завршување на доење мр да правам 31 год имам
Да, бев. Контрола догодина со мамографија. Поради историја со мајка, од 36 ќе почнам со мамографија. Конечно бирадс 1, исчезнале цистите. Имаш ли наод? Мора да имаш штом контрола на 6 месеци. Кој бирадс си? Ти кажа ли зошто магнет? И јас правев во 2022, ама бев бирадс 4, сомнителни беа цистите.
Сега погледнав за ова бирадс Што значи? Инаку пишува бирадс 1 За магнет мислам дека што мајка ми е со карцином на дојка и е тројно негативен тип (најлош) Направи мр? каде во систина? Јас имам нешто повеќе од 10 год нешто тврдо и ми смета боли на лева, ја прашав дали е фиброаденом или масно ткиво нешто вика не( а на ехото нели има слики беше означено со нивно тоа што означуваат како плусови) Некако се осеќам многу лошо тажно, нели повеќето викаат завршете со доење па по 3 месеци од престанување дојдете на преглед А јас отидов на 4 месеци од породување и дои уште и ми рече по 6 месеци пак Јас инаку децата по 2 години скоро си терам на доење Нормално ако биде нешто ќе морам и да престанам А на мајка ти кој тип и е И како е?
Nisto ne e Birads 1, ne se opteretuvaj tolku, na majka mi cel zivot i pisuva taka pa eve ja 60 godini nisto nema. . BI-RADS 1: This means your study was negative and you should continue your routine screening.
Бирадс 1 како што пишале погоре, ама контроли мора да си правеме. Ти викам, јас бев бирадс 4 на првото ехо кај неа, да се осигураме дека нема дел малигно правев мр со контраст. Во Систина, да. После тоа бев бирадс 2 и оттогаш до ова последното ехо бев 2. Сега сум 1. Нема цисти, кратко доев, може нешто тоа помогна, пиев чај за цисти, користев рицинусово за масажа. Не знам од што, битно ги нема. Оди кога ќе завршеш со доење, ама ако немаш ни циста, ни фиброаденом или нешто сомнително, зошто да правеш магнет? Не ми е јасно. Јас поради мајка ми, наместо од 40, ми кажа од 36 мамографија, догодина полнам 36. Како кажала, така. На мајка ми беше инвазивен дуктален, естроген и прогестерон позитивен, хер2 негативен. Беше 3ц стадиум по операцијата.
Женски осетив некоја болла во гради денеска при допир, отидов на ехо и искочу циста, не била страшна рече, ама мене ако ја стиснам градата ме наболува, ми дадоа серапептазе само 7 дена, други симптоми немам. Ама многу ми е страв, имате некое искуство?