1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Предвремени избори

Дискусија во 'Политика и настани' започната од noli, 5 февруари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Во секој случај нема надеж дека изборите ќе бидат реални.
    Проблемите околу регуларноста на државната комисија,( изборот на претседателот на ДИК) одлагањето на пописот, спремноста на најголемата опозиција од повлекување на изборите, сето тоа те наведува дека и овој пат демократијата ќе потфрли и ќе имаме привидно демократски избран политички субјект.
    Точни се мислењата на некои дека е потребно нов модел на управување, иако во суштина на зборот не знам што значи тоа, немавме многу изживеани опции, па не сме свесни за доблестите и мани на тој нов модел, израснавме во духот на комунизмот, кој по независноста на Македонија, имаше продолжена рака во сегашната опозиција, која на почетокот го спроведуваше марксистичкиот принцип “секому според трудот“ а со настапот на реформистичките методи ( законски реформи, укинување на самоуправувачкото уредување, тргање на државата контрола од секој сектор) и преодот во мизеријата кај што сме, на површина ја исфрлија нивната лакомост и од дотогашните фирми со огромен капитал кои контролирано и етапно беа створени во комунизмот од нашите дедовци и татковци, успеаја незаслужно да го извлечат кајмакот.
    Другата опција која сега ни е реалност и живееме со неа, ја избравме самите за подобра иднина, се измени во лик но суштински се надоврза на започната градба на претходната власт.
    Што се однесува за тоа кој би бил победник на изборите, третата опција покрај двете политички гиганти кои се шлепаат на стара слава, како трето освежување, реално нема никакви шасни и покрај добивањето на 24 % неопределено население.
    Според некои шушкања, наводно и на овие избори се очекува тактизирање во смисла на тоа што власта настојува да се зацементира, па не и се непознати нечистите игри, а како контраудар да добие шамар од опозицијата со заканата со бојкот кој би и послужил како параван за да ги поклони своите гласови на конечно третата опција, како заслужена награда за народот, на кои му е доста од партиските игри.
    Прилично луда опсервација, продукт на моите желби и нереални очекувања, не верувам во тоа, сепак во суштина на партиската борба се крие желбата за власт, политички срамен потег би било откажување и доделување на гласовите на некои си маргиналци. А под претпоставка новиот модел да дојде на власт, што ќе добие во наследство, 15 години мањак, не му се предава благосостојба, да ја продолжи, ќе мисли која дупка попрво да ја закрпи и улица да ја смете од изметот на претходните власти.
    Лажирањето и фалсификувањето на изборните резултати е сосем друга тема, бев сведок на фалсификувани избори, во единица каде гласачкото тело во мнозинство беа роми, и на избирачките списоци беа заведени починати луѓе, со чии гласови се манипулираше, преку заокружување на редниот број на починатиот и натаму ливчето отпловуваше, па гласаа стари, неподвижни лица, душевно болни, кои во раце ги носеа до кутиите и во нивно име се заокружуваше, имаше финта и со мобилните, се организираа комбиња кои одвезуваа прехранбени продукти во Ромското маало а истие се враќаа наполнети со гласачи до избирачкото место, намерно се инфилтрираа луѓе да прават нереди, во случаи кога имаше сомневање дека некој води, со цел да се оди на поништување и повторно прегласување, и тоа пред странските набљудувачки мисии и Мост а полицијата не интервенираше. Има разни начини да се фалсификуваат изборите и на крај се да течело глатко во фер и демократкса атмосфера, како не.
     
    На Annath и Offspring им се допаѓа ова.
  2. Alek13

    Alek13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    11
    Без разлика кој ке победи на овие предвремени избори мислам дека еднаш за секогаш после изборите Македонските политичари ке почнат да се однесуваат позрело а не детинесто како сега.
    Де сакаме избори па некеме па ова ни пречи па ова....... Луге до кога овака овие нашите политичари ке си играат како мали деца ... ке се налутатнешто па јас не играм веке.
    Е па после сево ова мислам дека ке созрееме како Држава со здрави политичари кои навистина ке се борат за интереесите на народот и пред се да и служат на Државата за кое и се избрани а не ПАРИ ДА ЗЕМААТ ОД К*РОВ ШТО ГО КЛАТА...... Неможам повеке да зборам затоа што веке почнав да се нервирам
     
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Позрело?
    Човекот има човечност се додека не му дадеш сила и пари на дланка.
    Другото е за подобро утре.
    За подобро утре на тој следниот на кој ќе му ја препишеме власта.
     
  4. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Абре смешни ми се политичариве...Грујоо, излези на предвремени избори...А овој вика избори сега не и требаат на Македонија....После неколку дена, Грујо му вика на Бране-Бранко, ајде на избори...Е ама сеа па Бранко нејќе, сеа на него му е рано
    ХАхаххахаха и очекуваме напредок со ваква политика? Епааа нема! Иста песна со секои избори, исто се фаќа дали едните или другите...Не трета, него десета опција ни треба, ако сакаме барем мал напредок во државава ни македонска!
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Незнам дали постои друга земја на светов со политичари - паљачовци како нашите кои служат за сеир? Господ да чува се, навистина :|
     
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Eeхеее, во другите земји обичниот народ си има свои занимации, си гледа лепче да си заработи, и абер нема кој му е президент, а уште помалце премиер |( А ние, кај два милиони, едвај, па уште и пола од нив политичари и експерти. Патем, што професија е тоа експерт? Сега решија или не, ќе има избори? Не следам нешто тв во последно време :^)
     
  7. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Не можеш да останеш рамнодушен кон политичките случувања, кога живееш во во земја каде вработувањата, егзистенцијата, брачните, семејните односи, ти зависат од економијата, за кое спроведување Државата е должна, а таа нема ниту сили, волја или е просто без идеја да ја изгради. Да не навлегувам во многу деловни зделки, тендери реализирани не по најповолни понуди туку по најповолни провизии склучени со државата од кои многу се офајдија или пари злоупотребени во стечајните постапки на големите фирми, кои не се употребија наменски за стопански цели, стимулирање земјоделство, сточарство или искористување на потенцијалите на земјата кое е во директно последична врска со економската политика.
    Денешните земји со одличен економски стандард своите политички превирање ги имале 50 години претходно и немаат посебен интерес да се бават со политика или да влезат во неа како примамлива профитабилна професија, а за волја на вистината биле во истата ситуација како што сме ние сега, Македонија е ретроспектива на минатите случувања во Западноевроспките земји, кога секое делче и клетка во општеството се бавеле со политиката, тоа се историски факти. Здравје, кога ќе си начекаме подобро утре, светогледот ќе ни се ограничи на мачниот избор каде оваа година да заминеме на Бора Бора или Хаваите или дилемата околу тоа - стан во Скопје или Битола и некои примери кои ги мачат Скандинавија или Германија, а експертизмот и политиката ќе ја оставиме на оние што ги бива за тоа.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    politika-i-nastani/premierot-na-rm-t2074/260.html

    Offspring, имам по нешто напишано тука нешто за тоа што прашуваш (околу приватизацијата), па ако не те мрзи читни.
     
  9. DivineChaos

    DivineChaos Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    60
    Леле леле леле колку митови чуФме .
    Ај сега дел по дел да ги разглобам .
    Најголемата приватизација, е случена во 1998 - 2002 погоди кој беше министер за финансии . Законот за приватизација беше донесен пред Б.Ц. стане премиер .Од експертска влада. Да б.ц. е крив можеше да смени законот и да ги гони. Нормално. Може и сега да се смени законикот, да се испита се по список да се конфискува се по список ако се сака. Нормално кога народот не притиска и мисли дека судбината им е во рацете на некое божанство тоа го добиваш - олигархија .

    Нормално Бране можеше потоа од 2002 кога дојдоа на власт да ги гони, наместо тоа направи лајт шоу уапси по некоја ситна риба и ги затвори случаите Окта и Национална платежна картичка со кои требаше да го апси Николчето и Љупчо.
    Исто така Николчето ги има сите докази во фиоче и за Али и за Бране исто така и Никола Младенов кој јадеше ќутек бидејќи објави сметките на Бранко каде седат имињата на сите што ги ограбија. Никој не се потегна да истражува . НИКОЈ. Ни дијаспората која ни го дрви 24/7 со името, ни Никола кој дрви бране е крив за се . НИКОЈ. Народот најмалце .
    Каде бевте кога се крадеше ?! Ќутевте
    Каде беа твоите ?! Ќутеа

    Додека не ви пораснат случајно јајца и не ги фатите за гуша тие што го ограбија народот , до тогаш има да ќутиш и плаќаш еднакво твоја вина како што на олигарсите . Ќутењето е поголем криминал од ограбувањето бидејќи дозволуваш да се случува повторно и повторно. Кога ќе ги фатат сите за гуша олигарси тогаш имаш право да се буниш.
    Дотогаш не мрчи затни ја тоа муцката и плаќај .
     
    На Offspring и Staredad им се допаѓа ова.
  10. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    А бе луѓе факт е дека Груевски и компанија си имаат пуштено длабоки корења, не се даваат лесно... туку си велам подобро нека останат тие , бидеќи ако дојдат овие од Б.Ц и неговата тајфа како гладни кучиња, ништо нема да остене од нас обичните.... туку мене некако сеедно ми е кој ќе биде, работава КОЈ ЌЕ ГИ СЛУША, кога ке се разгракаат по телевизииве,па спотчиња ќе си снимаат, па овде собир па онде собир, јас вака јас онака,, тој е за никаде....оо неее ....тоа не можам да го издржам :headbang:
     
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Море какви предвремени избори!!! Па ова што се случува во државава е срамота, 100,000 денари месечно од уплатно место ( кладилница). Сега се ке затворат и сите ние вработени на улица.Единствен спас за народот е да ги бојкотира изборите, затоа што сите трошоци што ќе бидат направени за време на кампањите, ќе бидат на грбот на народот. Жално и срамно!!!!!
     
  12. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Марсовка, малку ми смета тоа „не мрчи и затни си ја муцката“ ама малку ти навлегов во стилот, те читав на неколку места и ОК е, остро. Невкусно, ама така пишуваш, слободен уметник-нели. Јас сум само еден мал обичен човек, ништо повеќе. И се бунам, навистина, ама никој не ме слушна. Кога татко ми и брат ми ги држеше Хари Потер со кордон од 2500 полицајци, јас сакав да се пробијам, ама.... не успеав. Моите беа од ретките кои останаа позади кордонот, беа тепани, дома ги видовме после две недели, не знаевме што се случува со нив. Државата, во 2004 ја даде фирмата на двајца мафијаши кои ја испустија фирмата. Државната полиција таму не ги бранеше правата на работниците и воопшто не го бранеше интересот на државата. И немој да ми кажуваш да се бунам, или да си ја затнам муцката. Јас еднаш се бунев, плачев пред полициски желки, ги молев, ги колнев па ги пцуев- кај што има сила знаеш што нема-нели.
    Марсовка, не планирам да си ја затнам муцката, ќе зборувам, плаќам ама и ќе зборувам.

    П.С. Никој не може да ги суди олигарсите, законот е на нивна страна. Се направиле законски и никој ништо не им може. А и тоа што им се може не се сака (иако е малку).

    П.П.С. ЗАборавив за што воопшто почнав да ти реплицирам (упс-се зазборав). Сакав да те прашам на кој начин ти се бунтоваш, ево јас ќе ти се придружам, заедно сме посилни.
     
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Почнаа политичките реклами.
    СДСМ изненадуваат се повеќе и повеќе.
    Замисли поради Груевски поскапела струјата(иако Бранко го продаде ЕСМ), поради Груевски поскапела НАФТАТА.
    Нафтата бре човече -.-
    НАФТАТА!
    Јао уште неможам да си поверувам на глупоста нивна.
    Кога собираш политички поени кажи нешто асолно,намами го народот нека ти се ложи на нешто креативно и добро,а не да се заплеткуваат во сопствените лаги.
    Ко што е тргнато со рекламиве, не ќе ми се излегува на избори.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Глуп народ јака држава. Колку сака нека има предвремени избори - нешто ќе се смени? Новите помалку ќе крадат од претходните, ќе важат Законите....сите се исти, алчни за пари и моќ :x
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Не е виновен Грујо ни ВМРО затоа што нафтата поскапе. Но може да направи како што направија во Хрватска, а не да троши додатни 9 милиони за глупион проект. |(
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Колку што сум да има, толку и не сум во последно време...Кој и да е на власт нема ништо да се смени...
    Сите кој од кој се... Јас разбирам да се кради (чесен политичар немало, нема и никогаш нема ни да има), ама барем народот некој аир да има од сето тоа. Вака се кради на мртво, а народот едвај крај со крај крпи. Срце ме боли искрено да кажам што кај нас одморот во Охрид е луксуз. Еј еден обичен одмор, на езеро, луксуз!
    Кој и да дојде, пак народот ќе трпи... Жалосно и гревотно. Ниту Грујо, ниту Бранко, ниту ПДП, ЛДП, ЧКЉДП, БлаБлаДП...

    И едно ми е многу парадоксално... Во болниците нема чаршави, пациентите лежат сите на едни исти, закачуваат бактерии што не може повеќе, а се гради Букефал од Александар... Изгледа не сфаќаат луѓево дека единствен "на коњ" е Александар, друг од овој проект корисно нешто нема да види.
     
  17. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Леле аман више го преполитизиравме форумов. Наместо да земеме здив овде, само вмро и сдсм гледам, кај весници телевизии и секој друг облик на медиум ми прави психички терор уште и овде да читам и гледам партики препукувања.
    Малце сум уморна веќе, да не цитирам наши познати политичари кои неславно цитираа други -вистински политички фигури, - НЕ ОД ФРИЖИДЕР веќе и од супата очекувам да ме ѕиркаат. Се осеќам психички угушено од празното вртоглаво верглање про и контра со лабилни дискутабилни и изветвени аргументи...
    Веќе стварно.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    ^ Во право си Дафни, ама да ти кажам искрено, овде ако не кажам, ќе пукнам. На улица страв ми е, страв ми е да влезам во дебата затоа што одма ќе ми се залепи етикета дека поддржувам една или друга страна, и од сето тоа како што е дојдено времево на тоталитаризам, знаеш што може да произлезе. Една моја другарка е определена, пред некое време ќотек на сред улица ќе изедеше затоа што кажа лош збор за спротивната партија, чии бранители веднаш скокнаа.

    Не дека не сакам да дебатирам во живо, ама досега погоден човек за дебата не сум нашла, од причини што погоре ги наведов. Кога гледам дека некој со две здрави, прави очи сосила слеп се прави, Зевс да го симнам од Олимп за да му каже, пак ќе остане со истото мислење.

    Ако не се изјаснам негде, ќе пукнам верувај, ми се смачи кнедли да голтам. Знам дека форумов не е за да се политизира, и точно е 102% дека го исполитизиравме, и дека политиката е сегде навлезена, и дека замор се створи едноставно, ама мижи, мижи, цел век мижиме и затоа на ова дереџе сме. Вака, анонимен форум, си се изјаснуваш, не дека ќе смениш нешто, ама барем ќе си кажеш што мислиш, без страв дека ќе пиеш етикета или ќотек.
     
  19. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Глумат кавга, а спремаат нова влада

    Во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека на предвремените избори нема да освојат 61 пратеник во Собранието и нема да бидат комотни сами да формираат Влада. Затоа со договор сакаат да го врзат Али Ахмети дека после изборите нема ни да се обиде да ја изолира ВМРО-ДПМНЕ

    Коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја растураат постојната Влада, а веќе се договораат за постизборна соработка. Растурањето на коалицијата пред изборите е во интерес и на двете партии оти раскарани како најнационални партии ќе можат да освојат повеќе гласачи, објаснуваат партиски извори.
    Истите извори вчера во Собрание тврдеа дека тензијата што се крева во јавноста од евентуалното излегување на ДУИ од Владата во суштина е реприза на 2008 година, кога Никола Груевски и Али Ахмети, прво се договорија за постизборна коалиција, а потоа го распуштаа Парламентот. И тогаш ДУИ креваше тензија, пред Собранието организираше протест, преку кој прати порака дека тие треба да влезат во Владата како мнозинска партија на Албанците во Македонија.
    Според истите извори, разликата сега е што ДУИ е во Владата и на неа не $ одговара на избори да оди како конструктивна албанска партија која постојано му прави отстапки на премиерот Груевски. Затоа од позиција на опозиција во предизборната кампања ќе ги напаѓа политиките на Груевски за да ја зајакне позицијата пред гласачите.
    Со напуштањето на Владата, Али Ахмети пред членството, но и пред Албанците ќе сака да покаже дека нема да го трпи Груевски во недоглед. Со тоа ќе го исполни ветувањето што тој им го дал на потесното раководство на ДУИ дека ќе дојде време кога ќе му сврти грб на Груевски. Тој постојано ги убедувал нив дека Владата ќе ја напуштат тогаш кога тоа ќе им одговара на ДУИ и на Албанците, а не кога тоа ќе го сакаат Груевски или лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
    И ВМРО-ДПМНЕ ќе профитира од евентуалното излегување на ДУИ од Владата, бидејќи со тоа Груевски пред членството и симпатизерите ќе покаже дека ја избркале ДУИ и дека не паѓале на нивните уцени.
    Истите извори велат дека постизборен договор посакуваат и двете партии. Три години добро соработуваа во Владата, но сепак сакаат да се осигураат со договор за да нема изненадувања.
    Во ВМРО-ДПМНЕ биле свесни дека на предвремените избори нема да освојат 61 пратеник во Собранието и нема да бидат комотни сами да формираат Влада. Затоа со договор сакаат да го врзат Али Ахмети дека после изборите нема ни да се обиде да ја изолира ВМРО-ДПМНЕ. Груевски се плашел дека Ахмети после изборите може да се зближи со СДСМ на Црвенковски и да се обидат да формираат влада минус ВМРО-ДПМНЕ.
    Предизборен договор одговара и на ДУИ. И тие не се многу сигурни дека ќе можат да го повторат изборниот резултат од 2008 година кога како жртви на Груевски освоија 18 пратеници. Пред сe, загрижени биле од расцепкувањето на гласачкото тело кај Албанците, бидејќи на избори, освен вечниот ривал ДПА, ќе се појават и Нова демократија и партијата на Руфи Османи.
    Наши извори велат дека евентуалната одлука на Централното претседателство на ДУИ за напуштање на Владата и евентуалното враќање во Собранието за да го изгласат претседателот на Државната изборна комисија, ќе биде потврда дека договорот за постизборна соработка е постигнат. Интересно е што ДУИ ќе може да ја напушти Владата, но ќе остане во Собрание. Со тоа ќе му се одземе легитимитетот на СДСМ да зборува во името на целата опозиција и со тоа ќе се зголеми притисокот врз Црвенковски да се врати во Собрание и да се откаже од дел од условите за распишување предвремени избори.

    извор: vest.com.mk

    Останав без коментар.
    Која би била воопшто поентата народот да излезе на избори?
     
  20. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    23.963
    Закажани се изборите на 5 Јуни.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.