И јас имам впечаток дека предлозите само ни се губат низ страниците... Имам јас уште еден. На секоја тема да има опција што ќе ги прикажува најкорисните (највисоко рангираните) мислења. На пример денес ми требаа информации за употребата на Фејсбук и знам дека на форумов има повеќе од доволно, но во соодветната тема најголем број од мислењата се кратки и некорисни, плус што има и многу прашања и одговори. Многу би се олеснило пребарувањето на корисни податоци на овој начин.
Еве фино, лепо еден најискрен предлог. Бидејќи темата „Критики и забелешки“ е затворена поради сензитивноста на персоналот кој се пронашол во критиките, затворете ја и оваа. И онака за ништо не служи освен за еден те ист одговор: „Треба да добиеме одговор од администраторите.“ Не знам дали администраторите толку ги рецкаат модераториве или овие толку се трудат да им пренесат нешто (не дека админиве се слепи па не прочитале, ама ај) или пак цел персонал си се во договор: „Кажете чекате одговор од админите, тие и онака ја имаат сета моќ па никој не може да им се спротистави.“ Па не е мајку му стара тешко да се одговори со 2-3 реченици на прости прашања што се бројат на една рака и цело време се вртат по форумот. Не е тешко да се најдат ИП адресите на корисници што замараат со дупли профили и тролање и додатно го уништуваат форумов. А додека нема никој да се погрижи за ваквиве работи, од другата страна пак, во секој момент имаш член на персоналот кој од ведро небо ќе се појави да заклучи тема или избрише мислење кога ќе стане поостра дискусијата. Затоа, да се скрати секоја мака, целиов подфорум може комотно во канта, а како едно и единствено правило на форумот да стои: Ние свириме, вие плешете на шупелката. ktnxbye
^ Прво што ми падна на памет беше: Билката ја отворила темава, па најверојатно следат што пишуваме...
и мене исто, уште кога прв пат ја видов темата....ама некако не гледам одговори, па затоа и прашав, со која цел се сите ови предлози.
Редовно ги читаме сите предлози, идеи и критики, но не успеваме да пронајдеме време за да одговориме, за што искрено се извинувам. Со сите сили работиме на подготвување на нова платформа за форумот, со што многу работи ќе се променат (кон подобро, се разбира) и многу проблеми ќе се решат, а секако во предвид ќе бидат земени сите ваши предлози, идеи и критики. Засега не би откривал повеќе детали, но можам да кажам дека до средината на март форумот ќе добие ново лице и еден тон подобрувања и новитети. Btw, промената на корисничкото име е комплицирана процедура која одзема прилично долго време со оглед на тоа што имаме имплементирано деликатен систем за поврзување на сајтот со форумот. За промена на секое корисничко име, потребно е да се направат промени во неколку различни таблици директно во базата на податоци, при што постои ризик да се наруши структурата на базата и да се појават посериозни проблеми. Се обидуваме да пронајдеме соодветно решение.
Е ај ве молам, овој одговор со промена на корисничко име може да му го презентирате и наметнете на некој кој нема познавање или кој не го работел тоа. Но ете одговорно тврдам дека тоа и не енекоја филозофија, т.е. воопшто не е филозофија. Туку одзима време кога ќе се напнат повеќе од 300члена, па треба некој да седи и 4дена само да менува кориснички имиња. А БТВ што сте се запнале за менување на името, како да по овој ник ве знае цел свет и ви е лична идентификација
Потпис на ова дека не е некоја филозофија. А воедно, сигурно секој има некоја добра причина штом се бара таква опција од повеќето членови...но да не навлагам во дебата, еве тимот рече ќе се потрудел да најде решение,па да видиме. Најпрво гооолемо БЛАГОДАРАМ Искрено многу значи што одговоривте, и што знаеме дека нашите предлози и идеи не летаат во воздух Сега останува само да чекаме на деталите ... Па и на "коплицираното решение". Благодарам уште еднаш на одговорот.
имам еден предлог Зошто не отворите пофорум за фотошоп па потоа да отворите галерии и членовите ке си отвараат свои теми за галерии и ке си порачуваме од некој слики на пр .аватери пописи анимации и други работи галерија ке отвори тој што знае да работи на фотошоп, пикник и на други страници. Па ваше мислење за предлогов?
Би можело да се разгледа што со полу-офтопиците.Значи некои мислење не се офтопик за да ги избришеш или блокираш а сепак не се соодветни.Што мислат администраторите во врска со членот s.t.e.f.a.n.j.a?
Овој предлог веќе е даден за сајтов од повеќе феминки. Зошто кога ова е женски сајт, редовно ни давате прилози за Викторија`с Сикрет, разни манекенки, убавици, а никогаш не сте објавиле згодни и секси машки???? Голем минус е за еден женски сајт и форум! Ако овде не видиме, каде ќе видиме? Сите сајтови, а посебно машките се преполни со жени, а ние загреота и во очи и во рацете празни.
Не знам дали сум на вистинското место, но имам еден предлог. Темата правопис да се стави како важна тема, бидејќи има многу мислења, често се бара помош во врска со правописот, темата е одлична за оние кои сакаат да научат повеќе или да се потсетат на заборавеното.
Погледнете колку се слични темиве, vrski/ljubovni-problemi-i-soveti-t243/ ljubovni-problemi/mi-treba-sovet-i-mislenje-t338/ дајте малце да се среди форумов, вакви примери 100 ги има...од типот (пример) -Маскара -Каква маскара користите -Маскара за волумен -Водоотпорна маскара
Баш вчера истово го зборев со мајка ми И сакав да го дадам како предлог, ама веќе било предложено од страна на maja8. Кога и се пофалив на мајка ми дека сум победила, прво што ме праша е: А како подарок за победата што ќе добиеш? И јас и одговорив, па ништо.. И на тоа ми врати: Па која е целта да се избира победник, без некаква симболична награда? И да ви кажам право, ме стави во мисла Сите девојки кои вложуваат труд да насликаат на одредената тема и сето тоа да им донесе победа, мислам дека заслужуваат некоја награда. Се сложувам со maja8, дека тоа ќе биде мотиватор плус да се приклучат повеќе натпреварувачки и да се постигне вистинската цел на натпреварувањето. Поздрав
А кој ќе ја купува наградата? Како ќе стигне до таа што победила? Давајте предлози што можат да се остварат, не онака, колку да напишете нешто.
Предлог - да има еден општ пребарувач на форумов. Понекогаш не ми текнува во која категорија да ја барам темата. Мислам дека ќе биде полесно за сите.
Јас дадов предлог, а доколку администраторите би го прифатиле предлогот, тогаш можеме да даваме идеи како сето тоа би се остварило.
За ова со наградите... Не мора ова да се однесува само на темата нокти, а за тоа по кој основ би се делеле наградите, сметам дека имате креативни луѓе во тимот на фемина, кои би пронашле начин наградите да стигнат до вистинската личност. Јас ова го замислувам како во некои списанија - компаниите рекламираат дел од своите производи на вашиот сајт, и нудат некој свој производ како награда. Замислете, фемина е голем сајт, нема кој не го посетува, сметам дека би постоела заинтересираност од многу фирми (од типот на веледрогерии на пример), бутици, шминкери, фризери, продавници за долна облека или шминка... не мислам дека и на помалите бутици би им било проблм да подарат некое парче кое не го продале или е по екстра ниска цена, а при тоа да ја имаат можноста да бидат видени од сите жени низ Македонија...