Се сложувамм! Нормално маж да се појави на работа со откопчана кошула до под груди, ќе имаат сите предрасуди дека е сељак исто како и девојка ако се појави на работа со градите на мегдан ќе речат тоа што ќе речат. Што не кажат за секоја жена дека спиела со директорот? Се гледа паметна жена, се гледа жена која ништо не разбира, а го држи тоа работно место. Се гледа кои ништо не знаат, а поминувале со 10ки или предале празен лист, а имаат оцени. Сега се зборува за советничката на Нина групер, но се зборуваше и за Калаѓозовски. А и да, некако се извитопери сликата за буквалано се, се е на тацна се е на мегдан сега. И сите се исти, сите мора да се вклопат во таа коцка и нема искачање од неа. До гардерба, до боја на коса, до напумпани усти, до се. Секако не верувам дека предрасудите кон жените се поголеми, од предрасудите кон мажите. Па и маж да напумпа усти исто е со предрасудите. Мислам дека општо кон луѓето се има предрасуди, а во последно време за сето она што излага од коцката.
Се додека 'тој е маж' - е 'оправдување за еден куп пропусти, нема да видиме бел ден. @Feminka22 , оптимист си... 10 години се ништо... уште 1000 малку ќе требаат за да постигнеме вистинска рамноправност. Тргнете од прости примери како: Колку сопругот ви помага околу бебето? Колку сопругот ви помага околу домот? По дифолт овие обврски се на жената, а мажот 'помага' Шо поќе?
Ете, предрасуди куп. АПсолутно никој не помислува дека некоја жена е способна за нешто, оти маж е способен да го унапредат, ама жената спиела со директорот. Сами си правиме вака, не ни треба маж да не дискриминира, сами сме си доволни. Зарем жените не се способни сами да се изборат за работно место?
Ne e vazno tolku masko zensko. Ko ce nemas vrski ne mozis da si mnogu uspesen,mnogu e tesko ko ce nemas koj da te turni napred i i pojceto se otkazuvaat.Lujdzeto so nemale vrski se nerviraat i zato zboruvaat neubo i vrejdzaat.
Прва и основна предрасуда од која започнува се, е дека на една жена за општествена и лична егзистенција и е неопходен машки полов орган, пардон кур, до нејзе, кој ќе и биде водилка низ животот. Тажно е што дури и многу жени слепо веруваат во ова, па се потчинуваат на разно разни понижувања и ултиматуми, само колку да не се сами, јер не се осеќаат доволно силно за да егзистираат и функционираат сами, а веројатно и подобро би го правеле тоа без некој до нив да ги влече надолу. Сето ова, а и претходните постови, не се резултат на никаква биолошка или полова супериорност, туку исклучиво на канцерот наречен патријархат, чии негативни страни и последици секогаш ги сноси женското. Уште многу децении години, додека смрадов почне да изветрејува од овие простори и полесно ќе се дише.
Не може никој да каже дали е вистина, оти никој не бил у кревет со нив. Некои и лажат, па вадат муавети, а со ова што го кажуваш, сами ги потврдуваш лагите. Како знаеш дека е вистина? Никако. Туку еден муабет на македонсите јавни фаци. Ужас. Голем дел од жените се курваат за позиција? Среќа што 12 години имам жени директорки и шефици
А како одредуваш кои? Сигурно не им светиш у кревет, значи чисто субјективно, со други зборови како тебе ти одговара во моментот. Твојата претпоставена се ебела да стигне до таму, а ти си стигнала со труд и знаење. Инаку ако веќе генерализираме, такви муабети претежно вадат жени кои не можат да се пофалат со успешна кариера, ниту па со изгледот ( читај грдички и неуспешни). Јбг, одбранбен механизам.
Полека малце, ова е само форум, пишав мое мислење, не се знаеме ниту кои сме ниту што работиме, почитувај туѓи мислења па макар и различни од твоите. Никаде не напишав до кај сум стигната, и дали е со труд и знаење. Очигледно имаш мало животно искуство, пак ќе ти пишам-читај она што е напишано, а не она што ти одговара. Во делот кај што си пишала за мојата претпоставена, само ќе се насмеам
У кревет не им свети aмa сигурнo нaвечер видени пo хoтели, темни улички или нaчекaни вo кaнцелaријa е дoвoлен знaк. Зa пaртиски и рoднински врски требa ли дa збoриме, aмa тoa гo имa пoдеднaквo и кaј мaжите a темaвa зa жени е пa дa се зaдржиме. Тие грдички жени кaкo штo ги нaрекувaш не би биле фрустрирaни никoгaш нa рaбoтнo местo дoкoлку се вреднувa сaмo и сaмo труд и спoсoбнoст. Вo привaтен живoт мoжеби, нивнa рaбoтa, aмa aкo нa рaбoтнo местo влaдее климa нa успех пo тoa кoј кoлку шaрмaнтен е, кoј кoлку се упикувa, кoј кoлкaвa мoќ нa зaведувaње имa a вo тoa секaкo пoмaгa и изгледoт нo не е прaвилo, нa крaј и кoј кoлку е спремен дa крене нoзе или нaпрчи г'з зa бенефиции, тoгaш сo прaвo се. Без рaзликa кaкo изгледaaт.
Па нема потреба да напишеш, жена си, а сите жени успеваат преку кревет. А боли вака некој со твој камен коа ќе те акне по глава а?
Не бе зашто да ме боли, ниту се осеќам акната од глава и не би да ти објаснувам каде работам ниту која позиција ја имам, а уште помалце што се мои очи виделе
Еве ти неодамна си унапредена, а јас тебе наводно те имам начекано со шефот во темна уличка и сега ќе го пуштам тој муабет. И нормално луѓе што не те познаваат лично, ќе поверуваат. И?
Штo и? Акo ме фaтиш живa сo негo, слoбoднo збoри. Вистинaтa јa кaжувaш, немa зoштo дa се вoздржувaш дa не кaжеш.
А како би знаеле другите дали јас ја зборам вистината или едноставно ти завидувам? Сакаш да ми кажеш дека сите што зборат за Нина Групер дека Анѓушев и бил швалер и дека преку кревет стигнала до студент на генерација ја виделе со свои очи? Хммм, па таа сигурно во Борис ТРајковски се ебела, на бина.
Од прва рака знам за оние кои сами ми се пофалиле за да ме „насочат“ што да правам иако уште тинејџерка сум била. Ти кога е вистина, оправдуваш такво пробивање во животот, или не? Оти другиот дел од моето мислење кој не си го цитирала е поважен. Само што, мене не ме тангира кој што мисли и зборува за другите жени, гледам мојот живот да го поминам најдобро и најубаво. Не ме интересира ниту за мене ако зборуваат нешто во тој стил, сѐ дури мојот карван врви по мојот план. Оти под претпоставка дека успеваш преку секс, едно 70% од население се доволно глупи да ти се восхитуваат и да те бранат и шо ќе се потресувам. Кој ме знае, ме знае, кој не ме знае - нека лае, негово е што мисли. Ако некој претера, се изјаснив дека нема да остане на ширење лаги и ќе се извинува.
Барем во бомбите слушнавме како Мијалков разместува згодни судијки, и како тие му се лигават. Можеби од страв можеби од опортунизам. На факултет сум видела како професори се однесуваат со навистина убави студентки и дека различен третман добиваат. Фризерки вработени во есм или сопруги на важни луге, вработени во државни фирми. Во суштина и тоа е преку кревет, сопругов кревет. Партиски лигавешки за лепење плакати удомени,хммм што знам, можеби варат кафе на посредникот, можеби не. Да се правиме слепи е смешно. Дека не е 100% вака секако не е , има многу способни жени вредни за почит кои ако не во мк, и надвор да ги оставиш во игра, ке напредуваат, дури и со жени шефици и директорки. Од двете страни сум ја видела играта за жал, и како - ако легнеш подобро ќе си поминеш во перспектива, maybe,( не сум легнала) исто и пред очи да се одигра драмолетка со секси амбициозна аспирантка и дртав вепар во позиција на моќ. Ич не е пријатно од двете перспективи. А за трач дали ќе верувам, гледам кому.
Рекoв декa имa и лaжење aмa тoa мoже и кaј мaжи, не е резервирaнo сaмo зa жени. И кoмпетентнoстa се гледa нa лице местo, aкo не е спoсoбнa a упoрнo држи функцијa, нештo третo мoрa дa е. Пoштo сaмo еднo е мерилo зa тoa дaли зaслужувaш рaбoтнo местo или не. Дaли си тaму исклучивo зaрaди пaртијa, врски, секс...сееднo е. Вреднa си зa oгoвaрaње.
Мажите никој не ги ни обвини за такво нешто, напротив се потепаа да ги бранат како заслужено стигнувале до позиции. Компетентност се гледа на лице место, се согласувам. Колку проценти од тие што ги вадат тие муабети се на лице место и имаат познавања да проценат дали некој е компетентен? Седат Петкана и Стојанка на кафе и еднава и вика на другава "Еј абе знаеш дека Рајна што ја стаија министерка се ебела со Станко и Петко и така стигнала до позицијата." И ти сериозно мислиш дека одговорот би бил "Не Петканооо, не суди пред време, треба да ја видиме компетентноста на лице место"? Гајле им е нив за компетентност и за вистината, битно е да си го пополнат времето и да си се утешат самите себе (можда она е мн. поуспешна од мене, ама зашто е курва, не зашто е способна) И не е сеедно дали ќе те обвинат дека си таму партиски, со роднински врски или секс. Навредата е сосема поинаква, уствари првите две не се ни сметаат за навреда, туку за нешто сосем нормално, па ете ти ја темана за наставничките сами си кажуваат дека се така примени. А тврдење дека некоја се ебела за позиција, тоа е нешто сосема друго и наивна си ако мислиш дека таквите муабети некој ги шири од алтруистички мотиви (демек загрижен за компетентност), многу често мотивите се сосема други. Еден куп полуписмени неспособни дебили биле поставени досега за министри и директори, никој не се замарал нешто посебно...имаше еден министер за образование Адеми, иначе магистер по металургија, не знаеше да каже колку елементи има во периодниот систем. Никој нит се запраша сериозно како овој човек стигнал до магистратура, или до фотеља, битно за жена министер уште неседната на фотеља се тврди дека преку курови стигнала на таа позиција. И тоа е уствари поентата на темава, дека кога жена, особена ако е млада и убава, ќе стигне до повисока позиција, априори е осудена дека успеала преку кревет, без притоа да се имаат некои подлабоки познавања од таа бранша или пак увид во нејзините способности.