Знам дека во врска е досадно и монотоно без кавги, но ова нашето не е нормално скоро секој ден се караме т.е јас се лутам без причина, а тој ме моли да му простам мислам дека ако продолжиме така за брзо време ке раскинеме..многу го сакам и не сакам да го изгубам..не знам што да правам во тие мигови кога сум му лута губам контрола и му кажувам секакви работи а тој не ми ни возвраќа, не ми се ни лути..потоа за 2-3 часа се смириме и ми е криво..плсс хелп, девојки кажете ми како да си помогнам и да не бидам толкава лутка има ли некоја со сличен проблем???
Добро и ти си свесна дека се лутиш без причина и упорно се лутиш! Знаеш што? За таквите како тебе некој што ќе те искрши од мавање па да му приќутуваш шо викаат нозете да му ги миеш од страв!!! Ете така за таквите. Оти не сте накапале на најлошото претерувате!
хах..ма не се тие некои пре големи кавги но сепак.. инаку мислам дека тој еднаш треба да ми се налути па да сватам што губам и му го имам тоа кажано, а тој ми вели дека не му сметаат тие кавги и дека никогаш нема да ми се налути..
Возраста има врска со однесувањето Те разбирам потполно, млада си, дозволени ти такви испади на оваа возраст. Уживај и помалку нервирај го дечко ти , ама немој скроз да го олабавиш да ме му се уарни... давај му дневна доза нервоза и се ќе биде ок Поздрав
Има една интересна изрека за твојот случај : Нашла па зашла... опрај се додека е време и додека трпи дечко ти..значи добар е чим не му сметаат таквите испади ама не значи дека нема граница и не е фер ти тоа да го злоупотребуваш. Стави се малку на негово место..он така да ти прави за се да ти се лути а ти да го молиш.. потруди се .. мора да има компромис и толеранција во врската и јас како тебе сум во врска 11 месеци имам претстава што како.. поздрав до тебе немој да се лутиш добро намерен беше мојот совет
Баш така! И јас на овие години бев во врска,и тоа со постар дечко и постојано лутење,откачување без око да ми трепне и оп ми раскина. Трпеше, трпеше ама на крај пукна. Така да добро е од време на време да се испукате ама лутење за без врска и тоа секој ден, мислам дека претеруваш !
Јас на таа возраст бев исто таква љутка и нормално го загубив оној вистинскиот е сеа за гз се јадам што бев толкава глупача. Ништо, мораш да се смениш да не се лутиш, или пак пробај тоа да биде со нормален раговор место со караница. Ако толу го сакаш не ја прај мојата грешка, многу ке се каеш, а никогаш нема да го заборавиш. Јас никогаш не престанав да го сакам
баш ми е жал Саншајн ..и фала за советите од сите..верувам, сакам, можам и знам дека ке се сменам ..не можам да дозволам да го изгубам, навистина премногу го сакам..
Навистина ако несакаш да го изгубеш мора да се промениш и тоа за брзо време.ЗАтоа што кога на некој му дојде преку глава навистина е крај,тешко полсе назад.Не дозволувај секој момент кој може да биде убав да го уништеш од каприц,од неоправдано однесување.Во ред е да се караш но кога имаш причина за тоа и тоа вистинска причина.А доколку сакаме секој момент може нешто да смислеме и да упропастеме се.Едноставно опушти се и не мисли премногу туку само уживај.