Остави го, девојко. Си имаш работа со психопат. Јас бев со таков една година во врска, а една година пред тоа се дружевме. Мислеш подобар дечко од него, пофин, покултурен не може да се најде, а всушност скриен талент. Се нешто не му беше погодено, баш како твојот се лутеше за глупости, се јас се извинував, како и да ја вртеше приказната секогаш тој беше жртвата, а јас виновна. Не те сака, те лаже, таквите како него само себеси се сакаат, а со тебе е оти знае дека друга нема го трпе, туку ќе го откачи како партал.Собери храброст и раскини му, не си ги губи нервите на 22 години и внимавај оти ако останеш со него, навистина ќе бидеш безгласна буква како што си се потпишала.
@BezglasnaBukva I jas imav takva vrska,duri mozhebi i polosho. Nekogash e dobro malce da se oddalechish od nekogo, ne zboruvam vo bukvalna smisla na zborot,da prekinesh vrska ednash zasekogash,tuku da imash svoj stav i po nikoja cena da ne dozvolish nekoj da ti go rushi prvenstveno mirot, a posle se drugo. No,edno e sigurno spored ti ova shto go kazha, tvojot dechko nema osnovna pochit sprema tebe. Napravi da ja pokazhe istata, nemoj sekogash da se izvinuvash i da si na pregazuvash gordosta,vo edna vrska ne e mozhno samo ednata persona da e sekogash za se i seshto kriva. Prestani so toa odnesuvanje, za pochetok ne se izvinuvaj za se. Pokazhi malce zabi, toj sekako deka toa kje go primeti i kje razbere deka treba da odredi nekoj limit vo negovoto nesoodvetno odnesuvanje. Treba da nauchime kako da se pochituvame sebesi, za da ne pochituvaat drugite. Se nadevam kje se podobri situacijata. Huggs!
Јас да ти кажам драга пријателќе воопшто не е смешна твојата приказна. Јас неодамна завршив врска со таков човек. Секогаш е тој во право, секогаш е тој жртвата и секогаш е тој повреден а мене никогаш не ме прашуваѓе како јас се чувствувам На крај јас бев таа која стави крст на нашата врска затоа што не можев да ја толерирам секојдневната тортура. Велиш сте разговарале за тоа но безуспешно, јас ќе ти кажам да пробаш уште еднаш па ако не иде знаеш што треба да направиш. Размисли дали заслужуваш да плачеш секој ден за ситници? Знам, знам дека е тешко, затоа што и јас се уште се обидувам да најдам решение и заеднички компромис, а уште повеќе се обидувам да го преболам ама не ми иде,но ги правам сите напори за да успеам во тоа. Знам дека е тешко кога се караш и чекаш во неизвесност дали или нема да ти се јави. Биди ти таа која ќе го фати на финта, таа што нареден пат ќе изигра мудро. И не дозволувај вината да ја префрла на тебе. Мене ми е јасно како ти е.. Ама треба и тебе да ти биде јасно дека не си ничија играчка за да некој така со тебе да постапува. Натаму си е твое, одлуката е твоја.
Fala vi na site za sovetite izvinete za fontot, od tel sum. Sega za sega sme ok, sleden pat kje se obidam da ne popushtam lesno
Ок сте, велиш? До кога? До утре, задутре? Пак истото ќе ти го прави, таквите не се менуваат никогаш, ама изгледа не сакаш да разбереш иако ти дадовме совети тука. Можеш да си најдеш многу подобар, некој кој навистина ќе те сака и почитува. Како и да е, ти си знаеш што правиш.
Ne te razbiram fala za sovetite sega sme ok. Daj boze da ste cel zivot ok. No da ne gresam dusa mislam deka nema da bidete. Podaleku od tie fraeri Ke si ja treskas glavata vrska odenje guskanje i mazenje ne e isto sto i brak. Neznam kon sto celi vasata vrska no zatoa sto ova e forum a kazuvame nase mislenje ISKRENO jas ni minita ne bi bila so takva osoba. Nekoj da vika da se odnesuva loso kon tebe a ti so navednata glava se za ljubov a prva prilika koga ke najde podobro ke bide cao mala. Koga ke vidi deka ti si (ozbilna) on se menuva e fino mace. Zosto? Ima nekoj koj se grizi za nego, redoven seks, .....takov tip ne e tip koj bi sakala za vo brak. Vo brak nema koj e vo pravo nema skini vrzi ti pak ke bides so navednata glava a toj ili nema da bide doma ili ke bide iskuliran a ti cukaj si ja glavata. Ako me razbra ke si baras podobra prilika zivotot e eden i vredi da si najdes nekoj koj ke go ceni tvoeto jas
Малтретирање, освен физичко, може да е и психолошко. Двете се подеднакво лоши. Мислам дека тоа правење на чувство за вина кај тебе после секоја ситница е токму тоа. Abuse. Тргни се подалеку од таков човек, ако барем малку се почитуваш себе.
Јас имав ваква другарка. Измачување. Емоционални вампири. Како психопати се на моменти. Ако се налутиш за нешто, пак таа ќе биде лута зашто ти си се налутил. Страшно. Кога ќе се видев со неа, сета енергија ја цицаше од мене. Се враќав дома без желба за живеење. Најсериозно. Ставив крај. И не знаете кое олеснување го почувствував во мојот живот. Дури тогаш сфатив каква личност сум имала до мене. Додека ваквите личности се до вас, не чувствувате какво влијание имаат на целокупната ваша личност. Бегајте од такви. Тие ни самите себе не се сакаат. А можам само да замислам како е да си во врска со таков. Типично малтретирање.
Fala za sovetite i ok sme.. sakav da kazham neka bide ok dur mozhe, nareden ispad kje probam da ve poslusham. Sfakjam deka e losho ova shto mi go pravi, ama ne e ni taka lesno da se stavi kraj. Mislam deka kje me razberete
Znaes vo zivotot ni zbori iskustvoto okolinata i pred se ete mnogu feminki go kazaa licnoto iskustvo. Tvoj zivot tvoja igra. Nie sme tuka samo da ti go kazeme ona sto spored nas e pravilno. Ne bi sakala za 5 godini da te sovetuvame vo bracni neversva razvod i psihicko maltretiranje.
Јас мислам дека ти грешиш со тоа што кога ќе се налути му ѕвониш, му се извинуваш, па и одиш кај него да видиш што е работата. Кога ќе е тој лут, остави го! Ако ти затвори телефон, не му ѕвони не го барај остави го нека си се лути сам. И јас сум во 2 годишна врска и знам дека првата година од врската дури е се ново е рај, е сега натаму треба труд малце и компромиси за да успее. Но во никој случај не треба да го оставиш да прави будала од тебе. Знам дека монотонијата си го прави своето, можеби ете и него малце му здосадило. Мој совет кој стварно функционира, барем во нашата врска, е кога ќе се кара тој така без веза нешто кога не му е погодено јас го сечам дирек со давање на простор. Во смисла ќе му пишам/речам добро душо така нека е. Одам јас да го шетам кучето/излегвам со другарките/ќе одам до на пазар да си купам нешто/ќе одам кај тетка ми итн. И крај. Не го бараш. Му даваш до знаење дека ти имаш свој живот и свои активности и дека и без него можеш да опстанеш. Секако не злонамерно или за инает или во обид да го правиш љубоморен. Туку стави си во главата една мисла дека секој без секој може! И дека ако дојде до тоа, и ти ќе можеш без него. Не го ставај во центарот на твојот живот и не му оди по газот не му паничи кога се лути. Оставај го да олади и терај си свој кеф. Ако е фаза ова тогаш ќе помине на тој начин со смирување на топката, а ако не е фаза ако дечкото стварно си има други работи на ум, кога-тогаш ќе пукне. Само потсетувај си се колку и да е тешко дека ако се мора, секој без секој може!
@s1a1n1d1r1a1 Туку стави си во главата една мисла дека секој без секој може! Наjдобро нешто што прочитав до сега! Фала ти наjмногу.
Тоа е најголемата вистина која ја научив на потешкиот начин. Кога сум успеала да пораснам и опстанам без мајка, знам дека кога мора секој без секој може! Затоа малце фокусирај се на себе. Најдувај си активности и давај му повеќе простор и ако му е само период ќе видиш како ќе се сврти кон тебе кога ќе види дека ти и сама можиш. И јас ја направив таа грешка на кратко, го направив приоритет. И тогаш си даваат преголема важност мислејќи дека што и да направат ние таму ќе сме. Поправи си ја таа грешка и ако треба да биде, ќе биде.
Тоа е моjата наjголема грешка, го направив приоритет во моjот живот, го ставив пред себе и мислам дека е свесен за тоа. Во последно време се почесто 'покажувам заби' и се е по различно. Ако функционира вака, и ако успеам да сменам нешто ке биде добро. Ако не наjдобро да ставам краj пред да биде полошо.
Сфаќаш дека е лошо, ама изгледа според тебе не е доволно лошо, чим ти е тешко да му раскинеш. Чиниш треба од апарати да исклучуваш некого, па не било лесно. Нема да те советувам да испробуваш вакви или онакви тактики. Ќе се сложам со неколку феминки кои ти рекоа дека треба да го оставиш, ако сакаш да си ја зачуваш и онаа малце животна енергија што ти останала, дури не те шекнал психички дечково.
Јас само уште нешто ке додадам.Твојот ник..зборува за твојата моментална емотивна и психичка состојба.Безгласна буква..токму тоа си во неговиот живот.
I kako planuras ponatamu , cel zivot ke broes do 100 I nazat pred da kazes nesto? Cel zivot ke zivees pod stres dali ke ti se naluti za nesto? Cel zivot ke mu se izvinuvas? Postavigi ovie prasanja samata na sebe I se ke ti bide jasno.
Точно така.. моментална емотивна и псиxичка состоjба. Никот го направив во момент на нервоза, заради темава, очаjно ми требаше да слушнам совет од луге со слично искуство
Сега за сега пробувам да бидам поjака и да не попуштам толку лесно. А за понатака ке видиме, ако вака не успеам да сменам нешто дефинитивно ке биде краj. Како што кажаа некои од вас, никоj не може да ми биде приоритет во животот, и никоj не заслужува да си игра со мене цел живот