Не е смешно, него за плачење е. Ни први сте ни последни. Почетокот на приказната ти е тој. Сега имаш шанси да ја продолжиш понатаму како сакаш. Само ти можеш тоа. Пример број 1, од вистински настан ова ти го кажувам. Останувате заедно, од навика, од љубов која несомнено ја има ама изумрела и почнува и по мала омраза признала ти или не но така е. Не можеш со него, без него па никако, се влечите, се сожалувате... И се што е почнато само ќе расте. Па ќе почнете кариери, нови познанства, љубомората ќе расте, ќе те кочи во многу полиња. Па брак, па деца... Да, во брак ќе се смени- ќе видиш дека не! Деца ќе го сменат-ќе видиш дека не, барем кон тебе. И ќе си бидеш една од многуте уништени жени, разочарана, со згрешен живот..... Пример број 2..... повелете вие...
Не се согласувам дека човек не се менува. Наjчесто да:што направил еднаш ке направи пак, но не секоj и не секогаш.
Секако дека е така, но, има едно многу гласно но овде - ако од сега на твои 22 години место да уживате и лудувате во младоста и љубовта вие се карате за без причина* значи имате проблем, тоа е причината, не си се залажувај девојко, најдобронамерно ти кажувам... читај погоре, вистина е! Ако нешто што го правиш во животот не ти пружа задоволство значи не треба да го правиш. Тебе врскава те прави задоволна? Среќна? Исполнета? Сакана? Ценета? Одговори си на себе, твој живот, твој избор! Знам, *сум била таму, благо речено!*
Да. Мене врската ме прави срекна, сакана... караниците се моменти што ме прават нервозна. Те разбирам што ми кажуваш с не ги разбирам само советите од типот остави го одма готово. Jас побарав совет како би можела да ги поправам работите а не како да ставам краj. Во секоj случаj фала, за поголемиот дел од твоjот коментар се согласувам
Кратко и јасно, убаво велат - за врска се потребни двајца. Не можеш ти да поправиш ништо сама. Верувај ми! Слушај паталец
@BezglasnaBukva Каков совет очекуваш да добиеш од нас? Кога и сама велиш дека не сакаш да го оставиш, а јас, како и повеќето други феминки не гледаме друго решение. Патем, ако сега се карате за ситници, помислуваш ли што те очекува утре? Не сакам да те плашам, но со посесивни момци никогаш не се знае. Бидејќи со тек на време не е мала веројатноста психичкото малтретирање да се преточи во физичко. Тоа е така, бидејќи машките почнуваат своите девојки да ги доживуваат како плен, или подобро кажано сопственост. И, од муабетов она што можев да го приметам, овој твојов не само што те манипулира, туку те врти на малото прсте како од шала. Но, тоа е така, само затоа што ти си му дозволила. Како и да е, нема уште многу да должам, и веднаш ќе ти кажам дека ова не се одлики на една добра врска. А тоа што другите ве посочуваат како идеален пар, тебе треба да те стави во мисла, бидејќи знаеш дека е тоа далеку од вистината.
Баш тоа го кажав, мислам дека не е решението остаj го и се ке биде подобро. Не викам ни дека не сте во право, или дека нема да биде полошо. Ама зошто да не пробам со промена на моjот однос кон него да го променам неговиот. Што не значи дека понатаму планирам да трпам ни псиxичко ни физичко малтретиране. Туку она: даj му време на времето. И мислам дека напоменав, ако во брзо време не се смени ништо нормално дека ке биде краj
Па да, и јас мислам дека треба да го смениш. Да се поставиш како девојка со која не може да се манипулира на пример.
Не се согласувам дека нема друго решение. Значи според тебе после секоj проблем во врска, треба да се остави партнерот!?
Сaкaниoт е тешкo дa се oстaви, пoсебнo пoсле дoлгa врскa, пoсле тoлку прекрaсни мoменти пoминaти зaеднo. Никoј не е сoвршен, секoј си имa свoи мaaни. Велиш тoј е тaкoв нa крaткo a пoсле сaaт, двa се јaвувa се извинувa и е нaјдoбaр нa свет. Нели се нaвикнa дo сегa?Зoштo се нервирaш сеуште? Акo се нaлути тoј зa ситницa нaлути се и ти кaжи му декa претерувa, спушти слушaлкa и не му кревaј. Сaм ќе си ги сфaти грешките и ќе се прoмени.
@BezglasnaBukva јас само би ти поставила едно прашање. Дали можеш за една година да се замислиш во брак со него? Ако одговорот е не мислам дека знаеш што треба да направиш. Немаш 16-17 години па врските да ти се само за забава. Имаш 22 години секоја врска може да премине во брак (планирано или непланирано).
Jас го сфатив ова, ако не можам да се замислам со него во брак да ставам краj со време да не си го трошам времето без потреба а не дека нешто ке се смени
И како би изгледал тој брак? Тој е 8 саати на работа, ти исто така(дај Боже двата да сте вработени), имаш дете за кое треба да се грижиш и домашни обврски, чистење, готвење, перење, пеглање и ако си од оние понесреќните жени чии мажи се многу повеќе уморни од нив и само седат и гледаат телевија и за ништо низ дома не им помагаат, уште карање за глупости ќе ти фали како што се карате сега? Уште да бидеш обвинувана од негова страна ќе ти фали во такви моменти кога ќе се налутиш или пожалиш за нешто или побараш помош за нешто? И на крајот кога ќе легнеш преморена тој тогаш да ти се извини и да ти каже колку те сака само за да те наведе на исполнување на брачни обврски. И така ем тој ужива кога е дома, ем за ништо НИКОГАШ НЕМА ДА Е КРИВ, ти да си негов роб и ти СЕКОГАШ ДА СИ КРИВА, без право да ги искажеш твоите емоции и чувства и да не наидуваш на разбирање ОСВЕН кога тоа е во негова корист? Машките не се менуваат во бракот. Какви се во врската такви се и во бракот некогаш дури и полоши. Затоа добро размислиувај, како за овој дечко, така и за другите во иднина ако ги имаш. П.С. Како што сега ти се заканува со раскинување на врската, тогаш ќе ти се заканува со развод?! Вреди да си со човек што толку брзо се откажува од битки?
Ако тој проблем е непочитување и понижување на мојата личност тогаш ДА. Едноставно мислам дека заслужуваш некој подобар дечко
Фала за мисленjата, не викам дека не сте во право, ама направив сериозен муабет КОНЕЧНО и му обjаснив што и како ми смета, заедно ке поминеме преку сите глупости и ми вети дека нема веке така да ми прави. Сега знам сите ке речат да не верувам на едно ветуванjе, ама како што кажав и претxодно ако продолжи по старо ке биде краj. Мислам дека jа заслужува оваа Последна шанса