1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Премногу караници за ништо

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од BezglasnaBukva, 1 мај 2015.

  1. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски

    Вака сега потполно те разбирам јас.. и нема да ти речам : „одма остави го, ајде готово е, утре замини си и не го барај“, зошто многу добро знам дека не е толку лесно да се направи, колку што е лесно да се напише, знам исто колку се бориш сама против себе за да не се јавиш ти, кога него го нема да се јави еден, два часа после расправија. Знам дека во такви моменти не сакаш да се јавиш, не сакаш да го бараш и се прашуваш зошто не можи да бидете еднаш како оние нормални парови кои проблемите ги решаваат со разговор. Морам да кажам дека не знам зошто сите погоре коментари се : остави го, што ќе правиш во брак, па деца, па живот.. можеби се во право, нема да оспорувам ниту едно мислење. Но мора да знаеш дека тој е човек кој е учен проблемите да ги избегнува место да ги решава, а исто така сигурно и е голем егоист (научен да биди секогаш во центар на внимание, како и од дома, така и од твоја страна) а сигурна сум дека ти тоа го виде и го знаеш, тоа се менува во зависност од околината.. Доколку сакаш да се смени, макар и да не слуша, макар и да не ти одговора со никаква реакција ќе зборуваш, мораш да му објасниш дека тој не е сам во врска и дека постоиш и ти, сигурно си пробала многу пати, но пробај најди ги вистинските зборови, и најважно од се дај му простор, кога се лути остави го неколку часови, денови ако треба ќе му помини и не му објаснувај во тој момент, почекај нека оладат работите. Верувам дека кога не се тие кавги (дај боже да не се многу чести) вие сте најсреќниот пар, толку си исполнета и среќна што забораваш на се и тогаш не ти битно дека тој 1% од вашата врска не е како што треба, ти кажувам од искуство.. пробвам да го спроведам ова што го пишувам во мојата врска и верувај дека функционира.
    П.С Немој никако преку фб и тел да се расправаш зошто само полошо ќе биди.
     
    На BezglasnaBukva му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.951
    Пол:
    Женски
    Фала ти што кажа се што jас не знаев да обjаснам, што напиша точно како се чувствувам :)
    Точно кога не се тие кавги jас сум наjсрекната личност на светов :)
    Фала ти наjмногу, многу ми помогна твоjот коментар :)
     
  3. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
    ТВОИ ЗБОРОВИ:"(да разjаснам:секогаш тоj е лутиот, а jас сум таа што се нервира и се извинува, дури и кога нема за што). Караниците се базираат на наjголемиглупости, освен тоа што е претерано ljubomoren, се лути на пример ако повишам тон по тел, не за да се карам туку за да ме слушне убаво, ако jас се налутам или префрлам за било што одма jа врти приказната и он е лутиот, знае да се налути ако за било што му речам се заебавам..
    Пазам на секоj збор што ке го кажам, зошто не можам да знам за што ке се налути. После секоjа караница следи муабет како многу сум го нервирала и дека е краj, а jас му обjаснувам ...
    Jас се нервирам,плачам,молам да се смени..он се дере...."
    ПАК- ТВОИ ЗБОРОВИ:" Било каков совет е добредоjден. " - Совет од мене - читај , размисли, и одговори си сама на себе, искрено - ќе смени БРАК нешто?
     
  4. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.951
    Пол:
    Женски
    Не реков дека брак ке смени нешто, туку дека пробувам да сменам нешто пред да доjде до брак
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Good luck with that.

    Очигледно селективно читаш постови тука.
    Возрасна личност која се лути кога не е по нејзино, се дере, изиграва жртва и кога не е, прави другите да се чувствуваат виновно.... тешко дека некој може да ја промени. Тој е, драга моја, премногу тврдоглав за ти да промениш било што кај него. Тој омекнува само кога ќе почувствува сериозна закана дека ти сериозно можеш да му се налутиш, ама таа фаза поминува штом ти ќе му се смириш. А му се смируваш за брзо време.
    Од волк јагне не бидува.

    Уште па некој имаше пишано: не грижи се ако се расправам со тебе; грижи се ако воопшто не се расправам (нешто во овој контекст). Кога го прочитав, не знаев дал да плачам ил да се смеам. Ова е точно, да, ама за мали ситни кавги, за мали несовршености, за слатки караници кои водат до жежок бакнеж. Но истово не важи за љубоморни испади и за дерење без потреба.
    Ако некој секогаш прави да се чувствувам виновна, ако некој предизвикува такви грди чувства на пониженост кај мене, ни две секунди не размислувам да останам покрај него. Та не ми е прст од ракава, па да не можам да го откинам.

    Може кога не се карате, ти си пресреќна со него. Ама штом си фатила да пишуваш на форум за твојов проблем, значи тие кавги баш и не се ретки. Всушност, може почесто се карате отколку што НЕ се карате.
     
    На Kala22, crazylady, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Значи вака за џабе и викате да раскине кога по нејзините постови и сами гледате дека нема да раскине ниту го сака тоа, таа само сака да знае дали можи да се смени таков тип на човек, а јас тврдам дека можи, но не на начин на кој таа се обидува да го направи (кажав и јас и погоре прочитав дека ќе се смени ако останиш само ладна на неговите испади).. таа бара помош за да остани со него, а не за да го напушти без оглед на тоа колку им е тешка ситуацијата. Барем јас така ја сфатив ситуацијата. Значи јас, ти или било кој од форумот можеби да е на нејзино место ќе го напушти, но таа не може и не сака така да нема потреба од СКАРАЈ МУ СЕ, ЗАМИНИ и слично. Тоа сакав да го кажам.
     
    На BezglasnaBukva му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.951
    Пол:
    Женски
    @Hipica фала ти за мисленjето, се согласувам дека не е лесно да се смени некоj, но ништо не губам ако пробам, може само да не успеам. Ако сега ставам краj кога се е и повеке од добро, како што ти и повекето феминки ме советуваа ке го изгубам дечкото што ме исполнува и што ме прави срекна и покраj сите глупи караници, и долго време ке се прашувам Што можев да направам за да биде подобро. Затоа неколку пати кажав ке пробам се што можам (што не значи да трпам цел живот) ако успеам ке биде супер, а ако видам дека ова не ме води кон подобро тогаш до тука било, секоj по своjот пат. Се надевам ке ме разбереш, не е дека не ги читам и не ги прифакам советите на оние кои ми викаат да го оставам, туку цело време ги читам сите совети за да од сите искуства и мисленjа сфатам коj е наjдобар и наjпаметен начин да си jа спасам и подобрам врската. :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    Samonna krarko imav drugarka koja deckobi piese i stalno vikase ke vlezeme vo brak ke go sredam jas. Dali mislis se promeni nesto.....? Ne e dete da smeni karakter karakterot de gradi so godini
     
  9. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.951
    Пол:
    Женски
    Аj пак. Нигде не реков дека ке се мажам со него па ке го сменам!
     
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
    Па целта на сеκоја подолга вρсκа е нели да напρедува` а бρаκот е следниот чеκоρ на ноρмален теκ! И ние (баρ јас лично) не те напаѓаме и навиваме пρотив твојата вρсκа туκу најдобρонамеρно споделуваме исκуства' јас знам' бρаκ не менува личност и однос меѓу паρтнеρи' ни дете ни две ни тρи.. веρувај ми.. знам.
     
    На BezglasnaBukva му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.951
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право! Само што изгледа погрешно сте ме сфатиле, не ни помислив дека бракот ќе промени нешто, туку неколку пати кажав дека ќе пробам да ја подобрам врската пред да дојде до брак. Свесна сум дека после ќе биде мн касно, не дека сега е лесно да се смени некој ама барем е многу полесно отколку во брак :)
     
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    Девојката НЕ рече никаде дека ќе се мажи па ќе го смени човекот... не знам зошто сите со таков муабет. Упорно читам, истите совети... остави го - во брак не се менува. Таа рече ќе проба да среди СЕГА, ако не бива, ќе се скара. И не... прво нека се 'исчеличи', нека научи што значиш да застаниш цврсто за себе. Ете таа ќе му се скара сега, ќе фати друг дечко па 2-3 месеци, новиов ќе види дека таа е многу повлечена и попушта на се, па и тој ќе почне да го користи тоа во своја полза.
    И не правете дека на сите мажите/дечковците тука се совршени, без никаква маана, и дека нема нешто што би сакале да промените кај нив. Совршени луѓе не постојат.
    Е сега, не викам дека ова што го прави дечкото е добро, ама мојот став е дека треба да застанеш цврсто пред него, и да докажеш дека ти си цврста личност и со тебе не може да се игра. Да го спуштиш малку 'алфа мажјакот' на земја. Не е само да трчаме на разводи и раскинувања одма... нека се проба да се среди нештото, ако не може... со сила убавина не бидува.
    И може да се смени човек, само треба и самиот тој да сака да се смени!!!
     
    На 1209, Alison.Di, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  13. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    31.187
    Вака со дечко ми сме заедно скоро 5месеци, во почетокот се каравме а глупости, ама разлчни карактери ај рековме ќе се потрудиме сакаме да бидиме заедно. Но, тој се лути за е и сешто, се караме на секое и тоа кавги големи после тоа јас само се нервирам, вчера и имав за полагање и толку ме изнервира не можев да учам и јас пак крива. И кога ќе се скараме ми вика, му велам да не ми го повишува тонот и секако ме навредува со секакви зборови кога се караме. Преѓеска пак се скаравме и јас не сум го почитувала мојот збор немалои тој да ме почитува и така ќе се однесувал со мене да видел шо ќе сум превземела, му реков дека ќе се обидам да поправам нешто и дека ако тој ен го смени однесувањето дека нема даб идам со човек кој не ме почитува. Од една страна ми вика дека ме сака, ама многу се лути за се, т.е. за него не се глупости и многу ме оптерестува психички, еве и денеска сум нервозна напната, вчера заради него на полагање незнам ни што направив не можев да се концентрирам и размислував да му раскинам не знам што да правам, мислев дека ќе се смени ќе се поправи однесувањето и сега ако тој не го смени однесувањето, не можам јас да бидам со таков човек кои не ме почитува и ме навредува секако, не знамдали сега ад се потрудам не знам што да правам
     
  14. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    7.730
    Убаво си кажа дека не можеш да бидеш со човек кој те навредува и не те почитува, а тој човек нема да се смени никогаш. Затоа, стави крај колку можеш побрзо за да не си ги кинеш нервите, а пак ништо нема да направиш. Тој си е со таков карактер и така ќе си тера оти секогаш тие се жртвите, а ние виновни. Батали го, најдобронамерно ти велам, да имаше мене кој да ми каже да не си губам една година од животот во нервоза и солзи арно ќе беше.
     
    На joy1, crazylady и deskarada им се допаѓа ова.
  15. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.166
    Допаѓања:
    105.726
    Пол:
    Женски
    Безглсна буква, како пдат работите со момчето? Намалија караниците?
     
  16. BezglasnaBukva

    BezglasnaBukva Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2015
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    1.951
    Пол:
    Женски
    Се е добро :) многу добро :D
     
    На ♡BuBaLe♡ и Lile_05 им се допаѓа ова.
  17. Lile_05

    Lile_05 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Верувај дека тој никогаш нема да го смени однесувањето,ти кажувам од искуство...Најдобро е да се разделите затоа што подоцна ќе дојде до поголеми караници...Ниту си венчана за него ниту имаш деца со него што се врзува за него? НИШТО....Не вреди да се нервираш за глупости најдобро раскини му и подоцна ќе сватиш дека уште порано требало да го направиш тоа... :)
    Тоа е мој совет, а останатото е твое :)
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  18. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    933
    Допаѓања:
    18.562
    Пол:
    Женски
    Истото се дешава и кај мене,премногу караници за ништо .. :(
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.