1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Премногу сум осамена

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Barbice17, 5 јули 2011.

  1. Barbice17

    Barbice17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Значи готово полудев ќе пукнам :sweat: Се ми оди лошо од рака..се !! На мои 17 години животов го гледам без смисла..Откако ме остави момчето кое го сакав со цела моја душа и бев спремна на све за него за да го задржам од нигде никаде го изгубив и така поминаа неколку месеци додека се прибрав,додека скроз не се понижив и тој си фати девојка а јас си тргнав по мојот пат.Додека ја пишував новата страница од мојот живот неговото име скоро никаде не го запишав.Една вечер бевме излезени со друштво и со другарот наш заеднички почнавме да правиме муабет како демек тој никогаш не ме сакал мене а он вели демек во некој средби ми докажал дека ме сака ама јас не сум забележала и го прашувам во кои средби и одма ми смена тема и после повторно кога го прашав рече демек онака рекол и вистина било она што го мислам тој мене никогаш не ме сакал НИКОГАШ ! И сето тоа време што бил со мене толку добар,мил,нежен да неможеш да поверуваш дека машко може така да се понаша кон девојка,било само за да го добие она што го сака -ДА МЕ ЛЕГНЕ ! ама не успеа,бидејки немаше прилика,потоа се искаравме и така заврши...Сега излегувам со едно момче но....слушам од други дека тој е заљубен во некоја..а и на фејзбук си објавува такви песни и статуси што добро јас фб не го сметам како мн мн озбилна работа..До сега 3 пати се имаме видено но..не е тоа тоа..како нешто да недостасува..По цел ден се карам со домашниве заради секакви глупости,требаше да почнам на работа ама дознав дека сопственикот не плајќал на време или воопшто не плајќал,а ми требаат пари..Немам ни некој баш баш другарки..Две што ми се најблиски-едната оди на работа а другата има забрана од дечко е да се гледа со мене но ние секако се слушаме но тајно..Се што ке фатам-уништувам...Си играм со машкиве но...џабе ! ..Сакам љубов,сакам дечко,сакам некој кој ќе биде покрај мене и во добро и во лошо сакам да имам некој на кој можам да се потпрам..Девојки многу сум осамена..многу ми е тешко..се ми фали во животов..и другарска љубов,и ЉУБОВ,и мајчинска и таткова љубов..Ништо материјално не ми недостасувало се што сум посакала сум добила ама љубов...НЕ !! Си најдов и хоби за да не ми е досадно..трчам секое сабајле потоа танцувам но пак фали нешто..Сакам да разговарам со сегашново момче што излегувам да видам што намери има со мене но страв ми е зашо може да ми рече дека не сака ништо сериозно и пак да си продолжам со стара приказна..сите со кои сум излегувала сакале само на мување да останиме..секогаш погрешни одбирам..и како јас да сум ГРЕШКА во цел живот..Ве молам девојки ако можете некој совет да ми дадете..многу сум осамена,и на моменти ми се чини како никој на светов да не ме сака... ;( ;( ;(
     
  2. kalinka89

    kalinka89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    8
    Немој да рзмислуваш толку негативно. ти сеуште си млада има време и за сериозни врски и за се останато. подобро сега убо проживеј го =ивотот менувај дечковци излегувај со другарки ако веке твоите сегашни другарки неможат да излегавт со тебе види запознај нови смени средина ужувај во животот излегувај забавувај се поминувај си убо. имаш време потаму за сериозна врска мој совет од лично искуство ти е првин убо да го проживејш животот па после да бараш нешто сериозно. но те сфакам и јас ко бев помала сакав сериозна врска некој кој ке ме сака и етеми добив сериозна врска за сега да имам проблеми и да бидам не изживеана саламски.шири познанства и шетај оди по забавби журки концерти поминувај си лудо а и ако силно посакуваш сериозна врска верувај ке ја добиеш работите кои силно и искрено ги посакуваме најчесто на крајот се исполнуваат. поздрав и дај биди по позитивна како тоа никој не те сакал незнам што сигурно добро ако размислис има барем 10 луге на кои многу им значиш
     
    На Barbice17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ееееееееееј кочница стисни одма. Прво не си грешка, ниту едно живо суштество не е грешка, па и она најгрешното.
    Речи си стоп, излези од депресијата. Дечките со кои си на мување, ако ти е убаво мувај се, не можеш да знаеш дали тоа ќе прерасне во нешто друго.
    Тој што те оставил, ради ова или она биднало. Нема враќање назад. Остави го.
    Ти самата мора да речеш крај, од моментов почнувам нов живот. Смеј се, најди некоја нова другарка, излегувај забавувај се, прави спомени, читај, пеј, трчај, се што ти сака душата.
    Затоа што ти си една, и вредиш повеќе од тоа да полачеш и да мислиш дека ис ништожна. Ноу веј.

    Ако бидеш таква, депресивна и за нигде цело време можеби тоа е причината што ги тргаш машките.
    Опушти се и уживај, биди весела, позитивна и насмеана. Најди друштво и терај. Ќе најдеш и дечко.
    Нема човечко суштество кое пружило а не добило љубов. Можеби не одма веднаш но се ќе дојде на свое место. Прочитај си го постот, и заклучи дека така не смееш да продолжиш.

    За крај држ една гушка :hug: , и една песна што мене многу ми се допаѓа, мотивирачка е :D
    http://www.youtube.com/watch?v=w3zcypsjO8o
    Ти си тоа што си, и совршена си, Господ грешки не прави.
    Ааајт фрли се на размислување :*
     
    На srcekrsacka, easyyyyy, Barbice17 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Barbice17

    Barbice17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Девојки вии благодарам многуу премногу !!! Ми го кренавте расположението до врв !!! Ви благодарам стварно од се срце... :*
     
  5. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
    Дечкото што си го изгубила, си го изгубила баш поради таа причина што ја наведе на почетокот - си направила се да не го изгубиш :!: машките буквално имаат сензори кога ти премногу се трудиш и даваш се од себе да го задржиш....може викаат дека сакаат девојки кои им угодуваат ама верувај ми длабоко во себе посакуваат да бидеш малку остра и да го задржиш сопствениот став без оглед на тоа дали истиот на него му се допаѓа или не. Твојата независност и способноста да не се откажеш од работите кои ти причинуваат задоволство само поради тоа што он сакал да се видите, ќе придонесе хемијата меѓу вас уште повеќе да се зголеми, а и он ќе те почитува многу повеќе поради тоа. (ова беше мал совет од мене за твоите идни дечковци) ;) а што се однесува до сегашниов дечко со кој се гледаш повремено....дај му до знаење дека не сакаш ништо сериозно моментално (така ем нема да го исплашиш, ем после ќе си рече: "зашо бе нејќе врска со мене, што ми фали?" :D ) ми ја сфаќаш поентата? а во меѓувреме биди многу пријатна со него, опуштена и расположена - целта е да се осеќа пријатно во твое друштво и да посакува што почесто да те гледа :) само никако не избрзувај и не му допуштај повеќе отколку што треба (знаеш на што мислам).
    за другарките......секој човек е магнетно привлечен од позитивни луѓе, така да, брзо ослободи се од ова расположение во кое моментално си, мн си млада за да запаѓаш во вакви меланхолии и затоа уживај во животот до максимум. Биди лојален другар, добар слушач, внимателно одбери си го друштвото во смисол луѓе кои и тебе би ти биле лојални, биди поотворена и комуникативна. Шармот е неодолив accessorize

    Поздрав и се надевам помогнав :)

    ова последниов совет за дечково со кој се гледаш важи само ако стварно ти се свиѓа :) заборавив да напоменам
     
    На easyyyyy и Barbice17 им се допаѓа ова.
  6. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
    и немој да ме сфатиш погрешно, сите во животот (кој порано, кој покасно) сме ја напрвиле таа грешка да се трудиме максимално околу некого :) ама па ако нема грешки, не би имале од што да учиме ;)
     
    На Barbice17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Barbice17

    Barbice17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Девојки вии благодарам многуу премногу !!! Ми го кренавте расположението до врв !!! Ви благодарам стварно од се срце... :*
     
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    КОлку се препознав во твојот пост и колку мои другарки препознав таму кога сме биле на твои години. И уште се среќаваме со такви машки а по дваесет и кусур години имаме. Зошто бе да му ја дигаш цената а во исто време да си ја спушташ твојата. Значи ти си го направила тоа што требало да го направиш и сега не се замарај со која е и што е. А кога тогаш ќе ти тропне на врата. Уживај си дружи се и пази вака кога ти се моменти на слабост да не направиш некоја грешка за која ќе се каеш цел живот. А за секс ќе добие некој што навистина те сака и цени и го заслужува тоа.

    Имаме еден живот не вреди да го губиш времето на некој ПРОСТАК
     
  9. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    aaww... ;(
    И јас така се чуствував едно време, поминав низ тежок период, ме остави дечко ми по втор пат, ме отпуштија, паднав на испити, и се ми беше мрачно. Сега немам сила ни да се надевам дека ќе биде добро.
    Ама издржувам некако, издржи и ти. Барем тука ни кажа што те мачи, и сигурна сум дека и другите ќе те советуваат и ќе ти кажаат да бидеш силна. Се надевам дека нашата поддршка ќе ти помогне. :)
    Со среќа! :*
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Сите сме поминале низ такви периоди... Нормално е понекогаш во животот да се почувствуваш сама, тажна, разочарана па дури и депресивна. Значи не постои човек кој е постојано среќен. Знаеш како викаат, нема среќен живот има само среќни денови.

    Љубовта ќе дојде, ти самата не треба да ја бараш и постојано да мислиш на тоа. Ќе дојде кога најмалку ќе очекуваш. И не вреди заради машко да паѓаш во депресија. Никој, ама баш никој не го заслужува тоа. Колку и да те повредил некој, треба да продолжиш, да гледаш само напред затоа што сите тие работи се минливи. Те оставил, тоа е тоа, затвори го тоа поглавје од твојот живот.

    Среќата ќе ја најдеш во најмалите нешта. Треба да му се насмевнеш на животот, и тој ќе ти возврати со насмевка. Значи мисли позитивно, не се затварај дома и обиди се да стекнеш нови познанства, кои можно е да ти го разубават животот. И нема ни да бидеш свесна како тој депресивен период од животот поминал.

    Само биди храбра, издржи и не се откажувај! Тоа што е твое ќе си дојде. :)
     
  11. SilverGirl

    SilverGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    7
    оваа тема е како за мене.
    ме погоди скроз.
    девојки, премногу сум осамена и јас, добро е што постои форумов па може ке ми олесни малку ког ке споделам што и како ..
    девојки, имам околу 10 кг повеке од што требам .. неможам да ослабнам, пробав све и свашта ама не успева, и на крај имам проблеми со притисокот и со срцето па несмеам и да се заморувам ни да трчем. значи едноставно неможам да се прифатам ваква како што сум... :(
    неможам, сакам и јас да бидам слаба и витка како останатите :( многу ми викаат дека не треба поради тоа да се ѕатварам во себе и дека е важно она што сме, мислам внатрешно а надворешниот иѕглед дека е пролаѕен.. но јас тоа неможам едноставно да го прифатам и премногу ми е тешко ;(((
    а да наведам, имам 19 години и сум со околу +10 вишок кг а сум со средна висина
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Како прво, не треба да се затвараш во себе, друго, да се сакаш самата себе си таква каква што си а како трето ќе те искарам зошто не водиш грижа за здравјето.Имаш само 19 год. како што пиша а имаш проблем со притисок - ти си толку млада за такви проблеми. Под хитно треба да го решиш тој проблем.
    Јасно е дека не постои магично стапче за топење на вишок на кг, али со труд и јака воља е возможно. Мислам дека нема поголема мотивација за ослабнување кога е во прашање здравјето.
    Социјализацијата ќе си дојде сама по себе кога ти ќе дозволиш некој да ти се приближи (другарка, другар) или пак ти го направиш првиот чекор.
    Оди шетај, дружи се, сексај се :) има кога да седиш дома ( чуваш деца)
     
  13. SilverGirl

    SilverGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    7
    ти благодарам за советот.
    морам да признаам дека подобро се осекам после вашиот пост.
    премногу се осудувам од тој аспект, притисок имам веке подолго време и за жал некогаш ми се качува и до 190 со 160 верувале или не :( дури и докторите се чудат толку млада и толку притисок. внимавам посебно на исхраната, но ме убива психата. А установено е само да напоменам дека од тие 10 кг вишок не е предиѕвикан притисокот...
    и сигурна сум дека све ке се среди како што кажа и самата да излагам со пријатели, другарки.. дечко итд...
    но премногу се осудувам и едноставно као нешто да ме вракја од пат :( а да напоменам само, јесте да имам околу 10 кг вишок, али сум стегната, немам стомак и слично.
    насабајле идам до стадион и шетам по некои 2 часа, али се што успеав е се затегнав, но не и да ослабнам. :(

    мислам дека кога ке испаднам сите ке гледаат во мене и ке ме осудуваат поради тоа?? :((
    некогаш и самата мислам дека ми е потребна стручна помош.
    за жал.
     
  14. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    Немој да бидеш осамена бидејќи секогаш доаѓа нова љубов и нови пријателства. И работа ќе најдеш! Сите имаме по некој сив период, за момчето воопшто да не се грижиш бидејќи колку повеќе форсираш толку повеќе далечна ти стои. едноставо застани за момент и живеј го животот. Се што треба да ти се случи ќе ти се случи... Најубавите нешта се случуваат кога најмалку очекуваме! :)
    :hug: гушкааа и ти посакувам се најубаво. ..
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ма истерај тие бубачки од глава. Возможно е да, да на психичка база го качуваш притисокот. Тоа е веќе психологија. Па и да разговараш со некој психолог ништо страшно, не си ни прва ни последна. Сигурно проблемот има некој корен кој и самата го знаеш или пак несвесно влијае на тебе и треба да го откриеш.
    Малку повеќе самодоверба во себе, главата горе и ич да не тие гајле што другите ќе мислат за тебе. Не се замарај со другите туку гледај тебе да ти е убаво. Живеј го својот живот како што ти сакаш.
    (види ја темата психологија можеби некаде ќе се пронајдеш)
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Ти само мислиш дека проблемот се килограмите. Проблемот е подлабоко, верувај. Самодовербата се состои околу 10% од изгледот и 90% од самото размислување. Ти, сребрена девојко, мораш да се цениш како вистинско злато, како вистински редок и ценет елемент. Немој да мислиш дека вредиш помалку од другите затоа што имаш нешто вишок на тебе.

    За да не мислиш дека млатам слама на празно, да ти кажам, дека сум имала периоди кога сум била со вишок од 25+ кг а сум имала и дечковци и симпатии и се ми било таман. Сега сум некои 5-8кг вишок и морам да признаам, ако мислев дека килограмите ми се пречка за нешто, сум била грешка. Единствената пречка која што јас самата ја имам се наоѓа во мојата глава.

    Самиот притисок кој ни го врши општеството не тера да веруваме дека сите се идеални, слаби и витки. Остави ти тие работи. Никој не е идеален. Мој совет ти е да си го гледаш здравјето, со самиот здрав живот ќе се стопи се нездраво на тебе. :D 10кг и не се нешто многу, со добра диета, би ги снемало за 2-3 месеца. Ако мислиш дека тоа ќе направи да се чувствуваш подобро, тогаш направи го. Ама немој да очекуваш дека веднаш ќе бидеш највитката и најсекси девојката во Македонија. Пак ќе речам, се е во главата и во психата.

    За храната, доколку ти е проблем, размислувај како предмет врз кој ти ја имаш контролата. Значи, ти си таа што одлучува кога ќе јаде, што ќе јаде и колку ќе изеде. Не треба да и се предадеш. Тоа е само начин да преживееме, а животот нуди многу повеќе задоволства од храната. ;)
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Јас мислам дека сите поминуваме во вакви периоди кога ништо во животот не ни излегува добро..кога се чуствуваме осамено..но тоа се периоди врват така и на двете ќе ви помини
     
  18. SilverGirl

    SilverGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    7
    ви благодарам на сите што ми дадовте подршка!!

    ултра, кај мене не се работи веке за одреден период.. веке како поминува времето изминаа неколку години.. и премногу се повлеков во себе, затворена,повлечена, страмежлива.. и ред други работи... кои ни малку не ми користат.... :(
    за жал за сето тоа сум свесна, Но едноставно неможам да излагам тоа ми е некој комплекс набиен... и неможам да го сркшам мразот... а веке уште некој месец сум 20 години ...

    и затоа некогаш мислам дека ми треба стручна помош за истава.. а бидејки ова првпат го немам споделено со никој нити потражено совет... сепак мислам дека е голем чекор за мене... + вашите совети ми пријат :)