1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Причини поради кои еден маж не ја пушта сопругата да работи

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 17 јуни 2021.

  1. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.506
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека во темава малце се мешаат работите во однос на тоа која сака да работи а мажот и не ја остава од х причини и тоа која не сака да работи и сака да биде домаќинка по избор. Јас во претходните свои постови зборувам за тие првите, дека таквите се често контролирани што е нормално очекувано. Ако вие од некоја здраствена причина или друга причина не работите не знам што толку се пронаоѓате во постовите.
     
    На Glowy, Milobebence, Luminary и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Знам уште потажен пример, дечко и девојка во врска, девојката 18год само што се запиша на факс, дечкото и нареди (да, нареди) да работи за минимална плата. Картичката беше во него, цела плата и ја вадеше и штедеше пари кај него на сметка заеднички демек. Девојката од сабајле патуваше 1 саат до факс, од таму директно на работа, па вечерта до касно учеше. Како што беше слаба, за кратко веќе не личеше на човек. И остај тоа, туку и кажуваше колку смее да потроши за храна, за облека, мораше да ги откаже цигарите, му се јавуваше да го извести кога ќе стигне на факс/работа/дома, изненадно и се појавуваше секаде, не смееше да има семинарски и проекти со колеги, смееше да се дружи само со една колешка која беше во сериозна врска. И јас тогаш бев во врска ама за него не бев доволно добра другарка зашто 'имав слобода' од дечко ми.
    Таа се трудеше да го прикрие сето тоа, го прикажуваше како најдобар дечко на цел свет ама од авион се гледаше такво сељачко понашање. Додека не пукна еден ден и ми призна низ какво психичко малтретирање поминува секој ден, како скришно јаде сникерс или бурек, наместо геврек. Пази, девојче од 18год кое реално е дете и добива џепарац од дома, плата да не смее да јаде што ќе посака. Греота.
    За брзо после тоа дознав случајно дека и шамари јаде некогаш, ги начекав во кавга ама не сакаше да признае дека ја тепа. Му одржав лекција, после и дечко ми му се закани и од тогаш ниту ја видов, ниту ја слушнав. Си го одбра него и еве после 6 години сеуште се заедно и следи само девојчиња на инста. Е вакви ги читаме после во темите брак, при очи - слепи.
     
    На Glowy, nena2010, Stressed Out и 11 други им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти кажам за двата примери кои ги напишав, дека лично мажите ги имам слушнато кога имаа доаѓано кај нас дома, си раскажуваа, ко да се нормални нивната љубомора и постапките. Да љубомориш на муштерии ми е најголемата ненормалност што сум ја слушнала и поради тоа да ја натераш отказ да си даде. Или тој другиот мисли дека на жена му некој ќе и дозволи да го остави дуќанот и во работно време да се швалерисува, па на пола саат и ѕвони на фиксниот телефон во продавница за да ја провери. И не смее автобус да испушти и да закасни дома, зашто одма ќе биде голема работата. Да не раскажуваат наоколу, никој нема да знае што им се случува во животот.
     
    На Orthophill, MarijaMi90, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.667
    Допаѓања:
    116.479
    Пол:
    Женски
    За трошење на негови пари може да дава насоки како да се трошат,ама секако дека нема право да ја уценува и да се изживува.
    Ама,темава е за некоја што сака да работи,ама мажот не ја пушта.
     
    На mode-kristina и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  5. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    19.457
    Пол:
    Женски
    Во право си. Инаку не се пронаоѓам во постовите, ако мислеше на мојот пост :) Се надоврзав зошто во повеќето постови меѓу редови го прочитав тоа, жената мора да е самостојна, 21ви век сме, треба сама да заработува итн. Кон никого немам ништо против, на некои места е така кажано во однос на конкретната тема, дека сме 21ви век за некој на некого да му забранува да работи.

    А, за тоа конкретно се изјаснав. Според мене само љубомора е причина за такво нешто и кажав дека таков однос не треба да се толерира. :)

    @nextredstyle во ред, те сфаќам. Сепак сметам дека тоа не се негови, туку нивни пари.
     
    На WildMk, nextredstyle и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.732
    Пол:
    Женски
    Ова ми е дефинитивно најтажна тема на форумов. Срам, жал, јад, чемер осеќам кога читам.

    Катастрофа над катастрофите.
     
    На Glowy, nena2010, Doozy и 30 други им се допаѓа ова.
  7. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    19.457
    Пол:
    Женски
    Инаку еве да кажам и нешто во врска со конкретнава тема. Ние живееме во Мкд и реално не знаеме мн такви случаи.

    Но, другарка ми има кажувано за некоја жена што одела со неа на курс во Германија. Жената била имигрант, не знам точно од каде. Им кажувала таму дека таа имала мн среќа со нејзиниот сопруг, зошто бил многу добар, не ја тепал, ја пуштал на курс. Во нејзината земја имало многу случаи кога жените се буквално малтретирани од мажите и не можеле но збор да кажат, на работа пак ни да помислат. Ако сакале да се разведат пак, најчесто немале никаква поддршка од фамилијата, нивните татковци и браќа сметале дека откако ќе се омажат повеќе не се дел од својата фамилија и за нив одлучува нивниот сопруг. Е, до толку е на мн места во светов, само нас тоа за среќа ни е далечно.
     
    Последна измена: 18 јуни 2021
    На mode-kristina и WildMk им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.267
    Допаѓања:
    37.091
    Пол:
    Женски
    И јас знам таков пример, картичката кај мажот и така функционираат.
    Да земам плата и да му дадам на дечко или на маж да ми раководи со финансиите, односно да му барам да ми даде пари од сопствената заработка, треба да сум или многу глупа или страшно изманипулирана.
     
    На nena2010, MeowMeow, baby-star и 6 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Заприметувате дека скоро во сите примери каде мажот не и' дава на жената да работи оти е љубоморен, има и други забрани и наредби?

    Има доста жени што вака живеат кај нас.
    Море и фамилии цели... на децата им кратат, само и само жената да не го 'посрами'.
    Сенкир мораш да одиш на работа, за да напрајш нешто |(
    Сама дома, ако имаш големки деца и излегуваат, тој на работа, ти можеш циркузи да направиш на сред бел ден.
    Ама нема врска тоа со сексот... туку со потребата да имаат контрола врз жената.
    Да ја микроменаџираат за се' и сешто.
    Имам бивши таков.
    Со забрани, за се' и сешто, со расправии за пет денари кој платил повеќе... а работев тогаш, не зависев од него и ништо не барав да ми плаќа.

    Затоа поназад реков: На потешкиот начин научив кои се црвените знаменца.
     
    На Glowy, mode-kristina, S.W.A.G и 8 други им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.667
    Допаѓања:
    116.479
    Пол:
    Женски
    Да,има.
    Најбедно е кога го прави тоа преку децата.Децата не треба да патат ради тоа што тој нема доверба во жена му.
    Генерално,за вработена жена е полесно да го остави мажот и да си тера сама ако не потпаѓа под негово влијание и ако не му ги дава парите.
    Жално е кога жената го трпи мажот само ради околината оти било срамота да му се спротивстави и да си замине. |(
     
    На WildMk, mode-kristina, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.790
    Воопшто не е вака.
    Едноставно некои жени сакаат да работат и работата ги исполнува. Нема врска со отупување или не, ама некои луѓе сакаат и друга стимулација освен да бидат дома. И не е таа ништо помалку мајка ако прави нешто што ја исполнува. Две многу блиски жени што ги знам едвај чекаа да си почнат на работа, едноставно си ја сакаат работата и не се гледаат себе цел ден дома. Да останеа повеќе дома со гугу гага, мислам дека ќе беа многу несреќни и неисполнети (тие лично, не генерализирам, двете едвај чекаа да почнат после породилно). Децата им одат во градинка, не знам зошто толку дека мора жена да ги чува.

    Така да, секој нека си избере што сака да прави зошто секој има различни желби и не значи дека за секоја мајка е најдобро да остане дома со децата, ако има поинакви желби.
     
    На Glowy, MeowMeow, cresa-jagoda и 19 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Па во воведот си навела три членки, а не сакаш тебе да те спомнеме:D

    Ти даде пример за љубомора, еве јас давам друга причина.
    ...или освен љубомора друго не смее да е причина?
     
    На Leat и DAngel им се допаѓа ова.
  13. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    3.141
    Пол:
    Женски
    1. Љубомора од колеги.
    2. Психолошко насилство ( во смисла јас сум мажот и ќе правиш како ќе кажам).
    3. Поради обврска домот-децата.
    4. Плата на мажот да е доволна за живот.
    Не ми текнува уште, ова се само примери кои јас лично сум ги сретнала. Како ќе ги читам мислењава ќе ми идат идеи :)
     
    На cresa-jagoda и mode-kristina им се допаѓа ова.
  14. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    3.141
    Пол:
    Женски
    После завршување на факултет, одев за бедни 4000-5000 ден во сметководствено биро приватно да поднаучам пракса. Моите кои се работници цел живот душата ги болеше дека ваделе од уста јас да завршам.
    Но како што кажа не сум дозволувала да зависам од нив. И вредеа како милон да зимам. Првите 4000 ден кога ги земав им се радував како мало дете.
    Сега далеку е подобро, но секој почеток е ваков. И таман работа во тој момент да имав партнер кој ќе ми каже седи дома не оди за минималец. Јас вложив време и труд а моите родители финансии во моето образование, некој неадренталец со неизлечени комплекси да ми го ускратува тоа.
     
    На Glowy, Izaabella, nena2010 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    166.082
    Темава е за маж кој не ја пушта жената да работи.
    Член од блиска фамилија - мажот не ја пушти да работи кај брат и, јер работа со странки била, заглави цел работен век во погон, јер таму странки нема. Дефинитивно лош рол модел, и ќерката се омажи за таков копук. :doh:
    Во случај на смрт, недај боже, постои семејна пензија, полошо сценарио е ако копукот остане не работоспособен , па ќе зависат од приходите на жената.
     
    На cresa-jagoda, mode-kristina, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Според Уставот на Р Македонија секој граѓанин има право на работа.

    Не постојат причини поради кои некој може да ти забрани да работиш, слободно да се движиш и да ти ускратува основни човечки права освен ако тој истиот си дозволил да се однесува кон тебе како сопственост, односно ти си му се покорил. Ова е честа одлика на земји каде сеуште владеат варварски закони, колку што знам ние не сме таква земја, така да останува причината за ваквите состојби е дека жените не си ги знаат основните права. Впрочем колку што следев темата започна со случајот со 60 годишната жена која сега после развод нема кај да оди, работи за 10000, неосигурана и под минималец затоа што некој си мочко ѝ кажал немаш врски за да бидеш осигурана. За ваквите постои анонимно пријавување ( https://dit.gov.mk/?page_id=202) за кршење на работничките права, па нека ги тегне тој после неговите "врски".

    Да заклучиме, ако не се почитуваш сам, никој нема да те почитува. Така и со женичкиве заглавени во лоши бракови со мажи без самодоверба и со психички проблеми. Сами ако не си помогнат, никој ништо не може.
     
    На Idedemja, cresa-jagoda, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  17. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    19.457
    Пол:
    Женски
    Аиии ич не мислев дека е помалку мајка. Секако дека треба да си прави нешто што ја исполнува.
    И не само тоа, туку и да ги остави децата на мажот, да си излезе со другарки, немам апсолутно ништо против тоа...напротив.

    Ако жената е таа што носи повеќе приходи и мажот може да се грижи за децата е исто океј. Тогаш нека работи таа. Е сега каков став ќе има сопругот за тоа не знам. Но убаво е барем еден да има време да се посвети на фамилијата повеќе во одреден период.

    Треба да се поделиме на 2 ако немаме помош. Не е баш така глатко, пошло во градинка и од утре сум слободна преку ден. Се нешто ќе испадне. Затоа нагласив дека тоа го кажувам за мајки на помали деца и кога немаат помош родителите.

    Секако дека некој ќе размислува различно од мене. Уствари, веројатно повеќето. Но, еве неколку примери зошто сметам така:

    -Затоа што мн убаво се сеќавам на една колешка на моето прво работно место која буквално немаше кој да и го чува детето, а беше веќе вратена на работа. Буквално секој ден и беше стрес како ќе се снајде. За смешна сума. Па детето ќе се разболеше и таа бара боледување, па тамам ќе се вратеше, па пак се разболело итн. Мн примери со странство ми се собраа, ама ајде....си заминаа после странство со маж и, и таму си најде работа на 5 мин од дома, некоја си со 4 сати дневно, колку за џепарац.

    -Друга колешка ми рече неколкупати: Детето ми порасна, не си го видов. Во стилот не бев покрај него ни приближно колку што треба и колку што сакав.
    И вистина беше така, особено зошто таа работеше во смени.

    -Другарка ми доби дозвола да започне со курс за јазик, којшто и беше платен од агенција за вработување. Едното дете нашкола, др во градинка. Ама само што почна, во градинката корона случај, па ајде цела група во изолација. Таа дома со детето 2 недели, нема кој да го чува. Пак почнала, па детето малку кашлало, па сега пак не може во градинка, не дозволуваат, се плашат од корона. Уште две недели ништо. Е, после не можеше ни да се врати, максималната фора за отсуство веќе ја искористи.

    Друга другарка пак има јака кариера. Е, да, ама ќерка и секое утро ја носеше кај мајка и, која беше млада и здрава, можеше да се грижи за внуката и буквално цел ден и ја чуваше. Таа после работа само си ја земаше. Ќерка и порасна, таа си направи кариера, сега веќе и 3 работи истовремено тера, ама имаше помош и тоа многу.
     
    На 9797 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.732
    Пол:
    Женски
    Сериозно сме потфрлиле како генерации ако сме дозволиле млади, работоспособни, паметни и убави жени да дремеме дома пошто мажот има толку фрагилно его и не сака да си го искористиме потенцијалот.

    Ужасно е ова, едноставно толку сум запрепастена и затечена што зборови не ми доаѓаат колку е ова ужасно. Па ќе сум имала колеги, туго мајко. Или некој знае дека можеби со жената некој ќе пробува како тој што си пробува со други, па да си ја брка мувата од капата.

    Не смеете да дозволите ваков некој покрај себе. И не смеете ваков да воспитувате. Срамно и жално е ова.
     
    На Glowy, nena2010, Doozy и 33 други им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.087
    Допаѓања:
    11.247
    Будала. Не смее никој да се доведе во ваква ситуација.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ја отворив темата затоа што членките побараа засебна тема, за жени на кои мажите им забрануваат да работат.
    Вие како модератори треба да ги пратите овие работи и вие да отворате теми.

    Маж ми не ми брани да работам.
    Апро-по, нема што да ме 'дебатираш'.
     
    На mode-kristina, deskarada, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.