Да, тој престана да го прави тоа и поради мене(поради нашата врска) а и поради самиот себе. Ама, интересно му е и уште повеќе го возбудува ако го прави тоа со мене. Незнам зошто, ама нели е исто што и п*рно да гледаме? Зошто п*рно филмовите не ми сметат, а тоа ми смета? Едно исто е, глумици и селебрити личности Секој би рекол оти е нормално да се гледа тоа дури и во врска. Зошто ми смета мене, неможам ни сама да разберам
Знаеш како, немој да си ги потиснуваш сопствените чувства. Како се осеќаш така. Секој од нас има сопствени стандарди и граници. Ако ти се чуствуваш љубоморно и не можеш да го разработиш тоа самата со себе, прифати се како таква и оди кон она што ти одговара. Ако мислиш дека тоа решение до кое сте дошле е добро, океј, ама немој така да зборуваш за себе дека немаш право да се лутиш, што имало врска... ако ти смета има врска. Ако на некоја друга не и смета, нема врска. Сите си правиме како што ни одговара.
Ете баш така. Ти благодарам за подршката. Го решив проблемот и сега ми е полесно од било кога. Колку и да звучи смешно и непотребно, мене тоа ми сметаше. Сега сум на чисто со мислите знаејки дека човекот што го сакам го прифати тоа и престана да ги прави нештата што ме повредуваат на некој начин.
Не би му верувала дека ќе престани. Знам по мене. Ако нешто сакам да правам, ја нема таа сила што ќе ме убеди да биди поинаку.
Како инаку би функционирала без доверба? Сите се различни, само ние самите можеме да процениме дали човек е за верување или не. Јас лично му верувам пошо го познавам човекот каков е. А, верувај ми, сум имала лажговци претходно што можам да кажам дека немаше сила што мене ќе ме натера да им верувам.
Здраво девојки.. Имам еден проблем незнам кому да се обратам... Јас и дечко ми сме во врска 4 години.. Повремено сме знаеле да се скараме па пак да се смириме. Е сега, пред 3-4 недели му најдов разговор во телефонот. Премолчив и ја посматрав ситуацијата ама знаев да му напомнам понекогаш. Му најдов разговор со една девојка која не живее тука меѓутоа се договараат таа да дојде овде. Притоа разговараат цело време на видео, буквално цело време, му најдов скринови од нив двајца додека прават муабет на камера. На крај му кажав дека се знам и тој се ми призна. Дека мисли постојано на неа, дека многу е среќен кога зборува со неа дури и дека секоја вечер пред спиење се слушале. Иако се немале запознаено во живо му бил многу убав муабетот. И нормално настана караница по што ја избриша од секаде и ѝ кажа дека сум дознала бла бла.. Е сега јас не сум мирна и незнам дали ќе можам да преминам преку тоа бидејќи се чуствувам изневерено.. Ние бевме буквално пред брак.Сега ми кажува колку му е криво и се кае, такви муабети.. Хелп, совети ќе полудам.. Што да правам ?
Па и на некој начин изневерена си. Како може 4 години во врска и наеднаш тој да почне да мисли на друга, малку ми е нелогично. Сепак мислам дека си доволно возрасна за да размислиш што и како, седнете разговарај и одлучете си што е најдобро.
Штом тој се слушал со неа и бил среќен кога разговарал со неа, не гледам иднина на врската. Значи тој всушност би те изневерил тебе доколку ти не дознаеше. Искрено според мене и ова е неверство. Нормално дека нема да имаш доверба повеќе.
Да си чепне нешто настрана и ти да немаше поим за тоа..? Нема што да се мислиш. Неверство е, нема врска дали си или не си во брак.
Гнасно однесување. Изневерена си. Уствари, биди благодарна што си дознала сега, тој и на физички начин ќе те изневереше ако не дознаеше ти, а имале планови да се видат. Не си троши време, цени ги убавите моменти ама искрено, постојат многу подобри од него кои ќе ти ја дадат почитта која ја заслужуваш.
Да му простиш после признавањето дека е среќен со нејзе кога зборува и цело време мисли на нејзе, сама себе ќе се понижиш и згазиш со тоа, што во иднина истото ќе се случува реално и ќе те изневерува постојано, а ти пак ќе му простуваш. Седни размисли си, ама јас мислам најдобра опција ти е да му раскинеш и пушти го нека биде среќен со таа, а ти ќе си ја најдеш среќата со друг.
Zdravo na site...se nadevam deka vasite soveti mnogu ke mi pomognat,so decko mi odime povejke od 1 godina na pocetokot nemase nikakvi problemi se si spodeluvavme.Imav golema doverba vo nego i mnogu go sakav pokraj se sto mi imase kazano za nego deka e na antidepresivi i ima pominato losi raboti mene ne mi bese nikakov problem i go sakav takov kakov sto si e.Poslednava nedela bese haoticna,pocna da ne mi vrakja na poraki i da ne se javuva poradi tow sto sum pisuvala so kolegite od fakultet....A toj postojano koga bevme vo drustvo kazuvase kako mu bilo so bifsata devojka,ne izreagirav nikako.koga pocnavme da se karame vo nervoza mu kazav deka nemue griza za mene i deka e ist kako ostanatite decki koj gi iskoristuvat devojkite.napravi ogromen problem zosto eden od kolegite pratil slika od nego vo teretana a taa slika bese pratena i na drugi devojcinja.Posle ova mi kazuva deka jas ne go sakam vooposto i deka vooposto ne mi veruva so denovi go baram ne mi kreva samo ednas i toa 2 minuti gi izbrisa site sliki od socijalnite mrezi.Ne se nadevav deka vaka ke ispadne vrska od 1 godina.Navistina mie tesko placam vekje 5 dena i nemozam da se sozemam se izviniv ako napraviv jas greska ama zaludno.Seuste e lut i veli deka ke mi kaze dali ke prodolzime ili ne me drzi vo neizvesnost a mene taka mie mnogu potesko......
Класичен манипулатор. Ќе ти се смири, но колку и да се докажуваш тој никогаш нема да биде задоволен. Подобро нека биде 1 година, отколку 5-6 или брак во кој ти секогаш ќе бидеш грешна во неговите очи. Ќе си најдеш некој со кој ќе ти биде убаво и нема да се чувствуваш како да газиш на јајца околу него секоја секунда. И да ти се јави, не му дигај.