Според мене не е лут, туку му одговара ситуацијава во која ти се трескаш по него.Манипулатор е.Бара почит а не ја пружа истата. Вие немате ни дефинирано што ви смета а што не поточно...Не знам дали си го храни егото вака со тоа што те држи во неизвеснот ама очигледно ти го сакаш него повеќе него ли он тебе.И не знае да работи на проблемот.Не ти треба човек што не знае да комуницира.Да му беше него тешко и да беше повреден ќе зборуваше со тебе било што и немаше да те остава да чекаш.Во најлош случај ќе раскинеше.Изводи нешто...
Здраво, мојот проблем баш и не е проблем во самата врска туку проблемот произлегува од моите родители. Доколку темава е за некое друго место ве молам препратете ме таму. Ситуацијата е ваква: моите се луѓе со големо разбирање и знаат да сослушаат и да ме разберат за било што. Но се луѓе кои се доста религиозни, но не онака „претерано и ограничено“ што викам јас, туку навистина имаат разбирање и не размислуваат воопшто ограничено (барем за тоа досега што сум видела). Тоа што го применуваат од религија е постење (ама редовно баш најредовно секоја среда, петок и сите големи пости), одење во црква редовно, често разговор за религија по дома и слично. И сега јас почнав да излегувам со ром, кој е личност која досега ме има највеќе почитувано и чувано и полека но сигурно се заљубувам во него. Детето е всушност полуром односно има и македонски корени, и воопшто ама воопшто не е религиозен (значи ни христијанство ни ислам ни ништо). Што е до мене, јас без размислување би била и останала со него доколку остане ваков каков што е во овие 5 месеци, но неизмерно ги почитувам моите и не знам како би реагирале на сево ова доколку им кажам бидејќи станува збор за сериозна врска во која гледам иднина и е работа која е посериозна (нормално). Од друга страна, него не можам така лесно да му кажам како стојат работите и што ме кочи, бидејќи не знам како ке ме сфати и не сакам сликата за мене да биде дека ги делам луѓето по вера бидејќи не е така. Човек сум кој си ја почитува својата вера и ќе си ја почитувам и празнувам и да бидам со него, но никогаш не би го присилила на тоа и он да ја прифати или пак да го осудувам зашто не ја прифатил. Исто така дел од мојата фамилија е претерано религиозен (значи осуда за секој кој има свое мислење, не пости, муслиман е итн.) и тоа исто така многу ме вознемирува од аспект ако утре застанам и кажам дека тој е мојот избраник. Личност сум која страда од анксиозност и има доста трауми од детството од аспект на психата па тоа е тоа што делува да размислувам длабоко и во далечна иднина. Ве молам за било какво мислење или совет за целава ситуација. Инаку имам 22 години и не ми е лесно да си кажам „ајде рано е, ќе терам дур ми е убаво па ќе видиме“, бидејќи 5 години потрошив на врски кои ме изморија ментално и од мене направија уште поанксиозна личност, па се плашам дека времето ми тече.
Ќе пробам да ти помогнам колку можам, јас сум доста религиозна особа инаку православна христијанка. За вакви работи не само што немам предрасуди туку и ги поддржувам ако навистина вреди. Ти имаш 22 години значи не си мала и можеш сама да расудуваш за себе си што е добро а што не. Според мене тоа што ти си во врска со човек од друга религија или боја не ја намалува твојата почит и љубов кон родителите. Ти како возрасна особа ако сметаш дека тој човек има предиспозиции да биде со тебе без разлика на се, те почитува тебе и твојата вера, не те присилува на нешто што не сакаш да го направиш тогаш мислам дека немаш пречки да бидеш со него. Со родителите ќе разговараш отворено не мора одма сепак 5 месеци не се многу, дај си време на себе си и на врската меѓу вас да видиш како ќе се одвиваат работите и какви планови има дечкото со тебе. Кога ќе бидеш 100 % сигурна дека човекот вреди, значи сигурна во себе и во него и во вашата иднина заедно разговарај со нив, отворено кажи им дека сте во врска и какви ви се плановите. Можеби ќе им биде на почеток шок ама според тоа како ги опиша би требало да бидат отворени за разговор и можеби добро би било и да го запознаат ете и тој да се изјасни за вашата врска ако оди во тој правец на нешто посериозно. Не е ништо трагично и страшно, не си ја сфаќај ситуацијата како таква, едонставно во животот не можеме да предвидиме кого ќе сретниме и со кого ќе ни биде убаво. Не брзај, одете полека. Него ќе мораш да му кажеш исто за она што го размислуваш, ако навистина е со тебе не може да биде исклучен од ова. Кога и на кој начин мислам дека ќе осетиш сама кога е вистинско време
Седни разговарај со твоите, но и со дечкото. Кажи му и на него се отворено и на твоите. Па после види како ќе стојат работите, кој ќе попушти, кој нема да попушти и ќе каже ,,доста е". Вака во себе ако го чуваш поопасно е.
Мора оваа тема со дечко ти да ја започнеш. Се плашиш како он ќе реагира и дали ќе олади, ама џабе ќе правиш муабет со родителите ако на него ме му одговара целиот религиозен аспект од вашата врска и реакциите на твојата фамилија. Односно, можеш за џабе да си направиш проблем со родителите и фамилијата. Така да, лично би те советувал прво со него да видиш на што стоите, и ако успеете таа пречка да ја прескокнете, тогаш на ред се семејствата
Повеќе сакате дечко смирен кој е грижлив за вас или дечко кој не е заинтересиран за тоа дали сте добро и сл?
Ова нема потреба да се прашува, секако дека првата опција. Никој не сака личност покрај себе на која не му е воопшто гајле за другата личност во врската.
Бидејќи гледам некои луѓе кои си играат, се шетаат по тавани. Не сакале се да им е достапно, сакале да се борат за тоа. Не можам јас така. Или те сакам или не, мразам игри. Тоа ми е за дечиња.
Едно е да се бориш во врската и да вложуваш во неа, а друго е ако само едната страна трча по другата која е многу желна за внимание. Во секоја врска треба постојано да се вложува и да се труди од двете страни. Инаку и јас не сум фан на топло-ладно. Или сакаш, или не сакаш.
Активна на социјални мрежи, ти гледа сториња, а не ти враќа на пораки. А притоа те сакала? Зошто голем дел од жените сакаат мажи кои не се замараат за нив? Зошто се палите на такви луѓе, кои мува не ги лази и не ви е гајле ни кај сте, ни со кој сте? ... Ми се повраќа од такви ситуации....
Жал ми е што си во ваква ситуација. Ваквите луѓе секогаш ќе ја заробуваат твојата среќа. Никогаш нема да бидеш доволен.
Не се тоа голем дел од жените. Најголем дел од жените сакаат нормална врска и љубов, ко што сакаат мажите. Овој пристапов - голем дел од жените се вакви, такви, а мажите сме грижливи, нема ништо добро да ти донесе. Една ако се погодила таква, не треба да генерализираш.
Голем дел од случаите се такви. Не ми е јасна мене таа филозофија. Да се палиш на некој што не те забележува. Понекогаш луѓето беспотреба си ги комплицираме работите. Секако, секоја чест за исклучоците
Како да не. Глупости. Никогаш не ме инересираат такви луѓе Или сакаш или не сакаш. Како викаше Бранко: Или си СДСМ или не
Со личноста не сме во врска, се има случено нешто поради што има проблем со доверба или како што би рекла јас trust issues, се гледаме одвреме навреме, ми рече да немам контакт веќе па планирам после извесен период да контактирам пак. Некој совет или искуство?