Какви совети за понатаму мори сестро. Да не планираш и деца да му раѓаш на мрднатиов. Абе бегај спасувај се додека не си завршила два метра под земја. Заслужуваш да те третира како Господ а не како ѓаволот.
Овој мислам дека е манипулатор, освен ако нема лекарски документи дека е болен. Не знам со што заслужил ваков третман и да те гази ама ти си знајш..
Ова гнидата не заслужува да го погледнеш, собери се психички и вади забрана за пристап. Како бе така модринки нека оди мажи нека тепа па да видиме шо напади ќе има на паника. Одма забрана зс пристап и бриши го од животот, не постои.
Емпатија можиш да имаш само до одредено ниво. Да, не е крив дека има мака ама не значи дека ти си должна да трпиш ако тој не работи на себе. Биди нежна и кон себе. Сите имаме одредени проблеми и маки ама се трудиме максимално да не ги засега партнерите и блиските. Особено не вака. Мој совет е да бегаш. Шо подалеку. А јас ќе болдирам во цитатот се проблематично: Пак не болдирав се. Ама доволно. Б е г а ј.
@monami74 сама си свесна, ние за жал од тука ништо не можеме да правиме. Разгледај си ги опциите таму кои ти се на располагање, најверојатно имаш луѓе на кои можеш да се обратиш. Таму барем ако ништо друго реагираат службите. Мој совет ти е да си извадиш лекарско (за секој случај) ако веќе имаш ептен видливи модринки. И не чекај од никого, преземи си ги сама работите в раце и барај си го чарето.
Фала ви на сите!!!! За жал немам никој тука... .. Од коа ми го забрани телефонот тогаш прекинав и со моите доле контакт (тое друга приказна исто ради и него). Јас сеа свакам колку тоа ме направило лом,и он сака сеа се да направи тргна на боље не сака да одустави Вика : сеа доага новиот..... Таков како шо бев ке се заборави со времето. Сакал да се смени. 50пати му раскинував. 4 пати до нож ми доагаше сакаше да се убие зашо ќе го оставам......... Тоа е гомила свашта што треба психолог да ме слуша. И сеа јас се понашам ладно и он тоа не го разбира дека сакам да си идааааам ми вика психолог да види како ми се понашаш нема да те разбере........ Вии читам пораки... И еве сеа после 8месеци забрана прв пат сум во вц со телефон и пак имам страв дека ќе влезе нагло......
Девојко, ова е она што говикаат гаслајтинг. Тебе ќе те прави дека преувеличуваш или дека нешто не е во редсо твојот начин на мислење. Батали го, и мисли план да бегаш за да се спасиш. Сериозно е пва неговото.
Па воспостави контакт сега, викни полиција, спаси се бегај од таму и подалеку под него дури е телефонот во тебе
Па очигледно нему му треба стручно лице, гаслајтинг на максимум. Ако до толку не можеш да излезеш замоли ги твоите да дојдат да те видат и тогаш кажи им. Ова не е здраво ич, умоболен е скроз човекон. Ваквите ич не се самоубиваат немај гајле, ништо нема да му биде.
Девојче викни полиција па уште ако имаш друго државјанство ќе го суредиш мајмунот. Не седи веќе таму, или пиши некој од овде да ги исконтактира твоите со психопат си имаш работа загрижена сум за тебе
Здраво девојки, не знаев во која тема да пишам па затоа пишувам овде. Значи се гледам со едно момче веќе пола година, студираме на ист факултет(тој е поголем една година) па така се запознавме, инаку сме од различни градови. Проблемот е што тој е многу тежок тип ако можам така да кажам, многу време се мачам да му се проближам повеќе но тој одбива да комуницира, до степен што понекогаш немаме ни што да правиме муабет. Исто многу тешко изразува емоции, од околу кажува пример кога се враќаш, требаше да се видиме тогаш, ми пишува но му е тешко да го изговори тоа дека му недостигам. Дали некој знае како да постапам да ја подобриме комуникацијата, сакам да му се приближам но не дозволува
Здраво девојки, немам кој да прашам па затоа пишувам тука. Во врска сум 2 години, ова ми е прва врска и не знам дали е нормално тој да гледа нонстоп во други. Имаме разговарано милион пати и вика дека не е намерно или дека не ни знае дека се случило, а мене многу ми смета. Нормално дека може да му се убави и сл. но навистина не ми изгледа нормално да ги гледа ко да не видел женско и тоа пред мене. Бидејќи се случува веќе 2 години, почнав да губам самодоверба, се чувствувам одлично пред да излеземе и кога ќе излеземе се чувствувам несигурно и грдо нонстоп се споредувам со сите. Сакам да мислам дека ме сака бидејќи освен тоа се друго е прекрасно. Некаде читам дека е океј дека такви биле сите пак ќе кажам јас немам искуство со други и немам појма дали е така. Исто така не мислам дека е до мене во смисла јас да сум премногу несигурна во себе бидејќи не се чувствувам така никогаш кога сум сама, со друштво и сл. Не знам дали е добра причина за да му раскинам оти многу ми смета а од друга страна можеби е нормално и треба да се навикнам. Ве молам споделете искуство.
@Anonimnq Според мене, зависи. Односно, голема е разликата меѓу спонтано/ненамерно здогледување во други девојки (и општо луѓе) и манијакално зјапање како првпат да гледа женско. Ако е првото, мислам нормално и човечки е да погледнеш во некој на секунда додека сме во маркет, на улица, во кафуле. Ако е второто, според мене тоа е црвено знаменце. @Carrie^^ Не ви требало вака да ви е на почеток, туку баш да ви оди комуникацијата. Сепак, ти подобро го знаеш. Каков е со другите луѓе? Дали е само со тебе ваков, дали му е прва врска, дали е интроверт или? Официјална ви е врската или сепак не?
Проблемот е што не го знам, не ми дозволува на некој начин ни да го запознаам Не знам ни дали има смисла сега ова како што го кажувам но не знам како би ја објаснила ситуацијата на друг начин. Инаку преќинав контакт со него еден период и тој пак упорно ме бараше, мислам дека му значам но не знам како да го разберам за да можам да функционирам со него.
@Carrie^^ Како би ја опишала таа половина година заедно со него? Дали ти се чини дека си во врска или не? Дали имаш запознаено некој од неговото друштво? Колку често се гледате? Еве сега идат одмори, тој што ти вели? Колку се труди да поминете време заедно? Преиспитај се и зошто си ја еднаш прекинала комуникацијата со него
Не е нормално, иако манипулаторите не убедуваат во спротивното, како ние сме луди. Јас ги приметувам реално сите такви мажи, таквите тоа го прават без разлика дали се со девојка, жена или сами. Нема врска со тоа дали си ти убава или не. Мене ми е тоа непочитување и безобразлук. Се знае зошто зјапа некој по туѓи жени.. Како беше она со Гоце Тодоровски "многу ве има ви падна цената..."
Zdravo sakam da go kazam mojot problem. Vo vrska sum skoro dve godini ova e decko koj go odbivav dolg period i nemozev da zamislam nisto so nego no resiv da mu dadam sansa. Na pocetokot bese se prekrasno do eden moment kade se javuva fetis na noze kaj mojot partner odnosno (gazenje na poloviot organ so stikla) jas nemozev da go prifatam toj fetis no za negovo zadovolstvo iako znaese deka nesakam go pravev. Od toj moment nasata seksualna aktivnost e namalena od nekolku pati dnevno do ednas mesecno. Nekolku pati me ima odbieno a jas nego nikogas. Za nego fetisot pretstavuva zadovolstvo i uziva samo za toa na nekoj nacin ne mu e bitno sto sakam jas, negovoto mislenje e zadobolime ti mene pa jas tebe so seks vo koj ne uzivame vekje ni dvajcata.